битка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Mar 2022 15:18:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png битка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Борба за престолот во ДУИ: Артан Груби vs. Бујар Османи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borba-za-prestolot-vo-dui-artan-grubi-vs-bujar-osmani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borba-za-prestolot-vo-dui-artan-grubi-vs-bujar-osmani/#respond Tue, 22 Mar 2022 09:46:53 +0000 https://kurir.mk/?p=651128

Откако во Македонија шпекулациите стануваат се погласни дека ДУИ по повеќе од 20 години во власта редно време е да одмори малку во опозиција, а со тоа и нивниот лидер Али Ахмети да се пензионира, борбата за престолонаследник во партијата започна... Имено ако добро ги согледаме работите, со одредени постапки на политичарите, слободно може да заклучиме дека на Македонија и претстојат предвремени парламентарни избори, а се поизвесна е промена на власта. Актуелната власт на СДСМ и ДУИ од ден на ден се повеќе тоне, иако дел од аналитичарите го пофалија фуриозниот почеток на Ковачевски како премиер, сега по нешто повеќе од два месеци со него на чело на македонската влада, таа фуриозност е сведена на издишан балон. Кога се мисли на фуриозен старт, добро се сеќаваме дека Ковачевски премиерската функција од Зоран Заев ја презема на 17 јануари, а веднаш наредниот ден имаше посета од бугарскиот премиер, Кирил Петков, потоа тој отиде во Бугарија, па сите оние средби на министрите, средба во еден ден со неколку битни амбасадори... навидум си помисливме дека конечно СДСМ ќе почне да работи за она што народот ги плаќа. Но, оваа офанзива на СДСМ и Ковачевски не траеше долго, што е типично за СДСМ. СДСМ меѓу народот за канцелариска и неработничка партија, нејзините функционери во јавноста важат за луѓе кои денот го поминуваат седнати на своите удобни фотелји, наместо во служба на граѓаните. За разлика од нив, нивниот коалиционен партнер, „недопирливиот“ ДУИ, повеќе од 20 години не го дава тронот. Не го даваат тронот, но за тој трон не бираат средства. Имено во светот партија која на власт е подолго од 6-8 години се смета дека лесно може да „забега“, а со тоа корупцијата да стане нивен заштитен знак. Таков е случајот со ДУИ. Али Ахмети, или попознат како премиер во сенка, не дозволува ДУИ да замине во опозиција, а со тоа и нејзините функционери да „забегуваат“ лево-десно. Во моментот кога тоа ќе се случува, Ахемти реагира. Па на пример, Изет Меџити екс градоначалникот на Чаир, во момент кога се навестуваше дека може да „забега“, веднаш доби „воспитна“ од Ахмети. Денес тој Изет Меџити мирно седи во пратеничкото столче и слуша наредби. Но, кога се поизвесно е дека ДУИ има големи шанси да замине во опозиција, на површината испливаа две познати имиња од таа партија. Артан Груби и Бујар Османи, двајцата исклучително лојални на Ахмети. Имено Бујар Османи кој по професија е лекар, на македонската јавност и стана познат откако ја доби функцијата министер за здравство во владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а Артан Груби по оние немили настани на скопското Кале, по тепачката на навивачките групи. Јавноста добро се сеќава кога пред очите на полицијата Груби им нареди да ги извадат лисиците на еден член на навивачка група. Потоа Артан Груби од обичен вработен во една странска амбасада или како што тој милува да каже, ПРЕВЕДУВАЧ, станува најблизок човек на Али Ахмети, малтене се однесуваат како татко и син. На сите настани на кои е присутен Ахмети, таму може да се види и Груби, нормално како преведувач, бидејќи Али Ахмети „не зборува македонски јазик“. Во ДУИ како и во повеќето партии, постојат неколку крила, Изет Меџити и Теута Арифи од една страна, а Артан Груби и Бујар Османи од друга страна. Али Ахмети првите двајца ги изгоре, па така борбата за престолот во ДУИ остана да се води помеѓу вторите, Груби и Османи. Едниот е министер за надворешни, а другиот е министер за политички систем, министерство кое ако добро се сеќаваме беше дел од онаа фамозна „Тиранска платформа“ која добро се спроведува во Македонија. Бујар Османи во Министерството за надворешни работи го заменува Никола Димитров, откако вториот го потпиша договорот од Преспа, па така Османи сега ќе има задача да се договори со Бугарите. Артан Груби пак има една многу полесна задача, што ќе му овозможи предност пред Османи во битката за тронот во ДУИ. Груби има задача да ги спроведува сите оние политики кои ДУИ смета дека ќе им донесе поени кај Албанците, оние националистичките иако од неодамна се декларираа како зелена партија, „З“ од зелено немаат, но тоа е тема за некоја друга прилика. Најтазе е објавата на Груби за двојазичните униформи на полицијата. Направи невиден спектакл, се пофали на Фејсбук, мислиш издејствувал датум за преговори со ЕУ. Артан Груби не пропушта ниту една прилика во која ќе се пофали со одредена националистичка реформа зад која ДУИ цврсто стои. За разлика од неговиот партиски колега Османи, кој се фали со електрични тротинети во Министерството за надворешни работи. Кај Албанците ваквите зелени агенди не палат. Артан добро си ја знае работата. Двојазичност, изградба на училиште во претежно албански средини... тоа пали кај нив. Тротинети и слични мерки се народски кажано „секое чудо за три дена“. А, се сеќаваме и на една национална телевизија кога Груби „леташе орли“, знаете она гестикулација со рацете кога покажувате двоглав орел, кој Албанците често го користат. Потоа фотографиите од неговиот нов кабинет за кој се потрошени илјадници евра, па средби со неговиот партиски шеф со кечињата на глава итн. Артан Груби не губи време, секојдневно работи и во моментов е во голема предност пред Османи за борбата за освојување на тронот во ДУИ. А дали Али Ахмети со „елиминирањето“ на Изет Меџити и Теута Арифи намерно му ја олесни работата, знаејќи дека Османи му е слаб противник останува времето да покаже. Во ДУИ ќе има промени, во ДУИ мора да има промени, бидејќи сите политичари имаат рок на трање, никој не е вечен, вечен е само интересот!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borba-za-prestolot-vo-dui-artan-grubi-vs-bujar-osmani/feed/ 0
Битката за Тронот Почна: Стариот Волк Против Струмичкиот Кмет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bitkata-za-tronot-pochna-stariot-volk-protiv-strumichkiot-kmet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bitkata-za-tronot-pochna-stariot-volk-protiv-strumichkiot-kmet/#respond Tue, 04 May 2021 10:18:06 +0000 https://kurir.mk/?p=505045

Битката за тронот на СДСМ почна многу одамна, само што сега таа е се поочигледна. Од една страна струмичкиот кмет кој сака да ја приватизира партијата, а од друга стариот волк кој долго молчеше. Зоран Заев против Бранко Црвенковски, „битка“ која многумина не ја очекуваа, а потајно ја посакуваа. По се изгледа Зоран Заев имал добро скроен план. Дојде на чело на партијата со помош на Радмила Шекеринска, дојде кога партијата живееше на вересија, долгови, криза, едноставно пукаа по сите шавови во тоа време, ама тоа не беше проблем за Зоран Заев. Планот му бил добро скроен, а по се изгледа и бил подготвен по секоја цена да дојде на премиерската функција.  Вака-така Заев во 2017 година дојде до посакуваната позиција, дојде ама позади себе ги имаше сите од партијата, вклучувајќи го и Бранко Црвенковски, „стариот волк“... но, по се изгледа Црвенковски и неговите луѓе не го знаеле целиот план на Заев, па така по интервјуто на Заев за БГНЕС Црвенковски го прекина молкот и привремено го замрзна членството во партијата, а испрати и остри пораки кон Заев. Дали ова беше причина за Заев да почне битка против „стариот волк“, кој пак важи за икона во партијата или како тој милува да каже, татко на СДСМ. Оттогаш па наваму, Зоран Заев прави се, ама буквално СЕ за да се ослободи од луѓето на Црвенковски во партијата, а пред само две недели тоа му успеа и со најтврдиот камен во СДСМ, Радмила Шекеринска, која пак со таква леснотија ја отстапи функцијата и многумина остана зачудени поради ваквата нејзина одлука. Но, Зоран Заев покрај тоа што се ослободува од луѓето на Црвенковски и Шекеринска, дел од нив се обидува да ги придобие, бидејќи имаат висок рејтинг и голема доверба кај народот, а тоа му треба за избори.  Еден од тие е Венко Филипче. Сакале ние или не, мора да си признаеме дека Филипче се уште има висок рејтинг кај народот, а тоа му го овозможи коронавирусот и неговиот ладнокрвен однос пред камерите. Па така во послениве неколку месеци станаа најдобри другари, ако до вчера возеше мотори со Љупчо Николовски, Драги Рашковски… месеците наназад тоа го прави само со Венко Филипче. Се сеќавате и на онаа фамозна случка кога ги казни сообраќајната полиција за неносење кацига, па во последно време турите кои ги прават се низ Македонија. Не дека Зоран Заев и Венко Филипче имаат многу заеднички теми на муабет, ама рејтингот на Филипче му е потребен на Заев, па и потпретседателското столче во партијата би му го понудил само да го задржи. Па така, Зоран Заев со забрзано темпо му задава удари на Црвенковски, кој пак се уште делува притаено и преку неколку безначајни потези успеа да му даде до знаење на Заев дека не се предава во оваа битка. Еден од тие удари е и случајот со Стојко Пауновски, кој предизвика мала бура во јавноста, но како викаат Србите, „свако чудо за три дана“. Тоа помина, Стојко се заборави. Изминативе денови почнаа муабети дека Црвенковски ќе формирал нова партија, па така ќе му се спротивстави на Заев. Ниту Црвенковски е луд, а ниту Заев наивен. Нивната битка ќе се води стриктно преку крилата во СДСМ. Црвенковски е свесен, а и паметен политичар, па знае дека доколку формира нова партија, ќе заврши како “големиот војвода“ ЉуБчо Георгиевски, а со тоа само ќе му го зацврсти местото на тронот на Заев во СДСМ. Во мај во СДСМ има избори, Зоран Заев ги бира имињата на новите соработници. Можно ли е „стариот волк“ да има “Тројански коњ“ меѓу кандидатите кои ќе му бидат десна рака на „струмичкиот кмет“ останува да видиме во времето што следи. Но едно е јасно, оваа битка ќе биде интересна и тешка. Победникот ќе добие СЕ, губитникот можно е да заврши зад решетки!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bitkata-za-tronot-pochna-stariot-volk-protiv-strumichkiot-kmet/feed/ 0