биткоинт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 Jun 2021 08:41:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png биткоинт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Салвадор биткоинот ќе стане официјално средство за плаќање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-salvador-bitkoinot-kje-stane-oficijalno-sredstvo-za-plakjanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-salvador-bitkoinot-kje-stane-oficijalno-sredstvo-za-plakjanje/#respond Sun, 06 Jun 2021 08:41:32 +0000 https://kurir.mk/?p=519577

Претседателот на централноамериканската држава Салвадор, Наџиб Букеле (39) преку видео порака на конференцијата за биткоини во Мајами објави дека следната недела ќе предложи закон според кој биткоинот ќе стане законско средство за плаќање во таа земја. Тој смета дека овој потег може да му помогне на Салвадор да оди напред. – Следната недела ќе испратам закон до Конгресот за да го официјализира биткоинот како средство за плаќање во Салвадор. Ова за краток временски рок ќе создаде нови работни места и финансиска помош за илјадници луѓе во зоната надвор од официјалната економија , а среднорочно и долгорочно се надеваме дека оваа мала одлука ќе ни помогне да го турнеме човештвото барем малку во вистинската насока, рече Букеле. Американскиот долар е официјална валута во Салвадор, а една четвртина од населението на земјата живее во САД – само минатата година тие испратиле дома повеќе од шест милијарди долари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-salvador-bitkoinot-kje-stane-oficijalno-sredstvo-za-plakjanje/feed/ 0
Биткоинот му парира на златото подобро од регуларните валути, растот продолжува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bitkoinot-mu-parira-na-zlatoto-podobro-od-regularnite-valuti-rastot-prodolzuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bitkoinot-mu-parira-na-zlatoto-podobro-od-regularnite-valuti-rastot-prodolzuva/#respond Wed, 11 Nov 2020 10:14:40 +0000 https://kurir.mk/?p=427857

Биткоинот е во исклучително позитивен ритам последните денови и лесно го надмина нивото од 15.500 долари, јавуваат светските медиуми. Вредноста на првата криптовалута деновиве е на рекордно ниво во последните две години, а растот несомнено беше поттикнат од претседателските избори во Америка. Апсолутната рекордна вредност на биткоинот е забележана на 17 декември 2017 година – на ниво од 20.089 долари за биткоин. После тоа, цената постепено паѓаше и една година подоцна, на 15 декември 2018 година, биткоинот можеше да се купи за само 3.126 американски долари. Ова лето, вредноста повторно нагло се зголеми – во август со криптовалутата се тргуваше за 12.000 долари, а во средината на октомври достигна 12.400 долари, пренесува СЕЕбиз (SEEbiz). Според аналитичарите, цената на биткоинот се очекува да го скрши отпорот меѓу 16 000 и 16.500 долари и да продолжи да расте на околу 20.000 долари по единица. Аналитичарите на инвестициската банка Џеј Пи Морган (JPMorgan) претходно во извештај нагласија дека биткоинот има голем потенцијал за раст затоа што подобро му парира на златото од другите валути. Експертите се убедени дека цената на биткоинот ќе продолжи да расте.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bitkoinot-mu-parira-na-zlatoto-podobro-od-regularnite-valuti-rastot-prodolzuva/feed/ 0