битлси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 09:21:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png битлси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најавена нова песна на „Битлси“, денес ќе го чуете гласот на Џон Ленон https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/najavena-nova-pesna-na-bitlsi-denes-ke-go-chuete-glasot-na-dhon-lenon/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/najavena-nova-pesna-na-bitlsi-denes-ke-go-chuete-glasot-na-dhon-lenon/#respond Thu, 02 Nov 2023 09:21:22 +0000 https://kurir.mk/?p=895668

Нова песна на „Битлс“, произведена со мала помош од вештачката интелигенција и со вокалот на Џон Ленон, ќе биде објавена денеска, повеќе од четири децении откако првично била снимена како демо-трака. „Now And Then“ (Сега и тогаш), е една од неколкуте песни на касета што Ленон ги снимил за Макартни во својот дом во Њујорк, 1979 година - една година пред неговата смрт. Снимката на Макартни му ја подарила вдовицата на Ленон, Јоко Оно во 1994 година. Напишана и испеана од Ленон во 1978 година, песната ја завршија неговите колеги од поп-рок бендот, Пол Макартни и Ринго Стар - и ВИ. Макартни (81) го најави објавувањето на песната во јуни, во видео под наслов „Последната песна на Битлс“.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/najavena-nova-pesna-na-bitlsi-denes-ke-go-chuete-glasot-na-dhon-lenon/feed/ 0
Благодарение на ВИ, „Битлси“ се враќаат со нова песна https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/blagodarenie-na-vi-bitlsi-se-vrakaat-so-nova-pesna/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/blagodarenie-na-vi-bitlsi-se-vrakaat-so-nova-pesna/#respond Wed, 14 Jun 2023 11:29:54 +0000 https://kurir.mk/?p=845593

Додека можностите на вештачката интелигенција предизвикуваат, од една страна стравови, а од друга - љубопитност и воодушевување во музичката индустрија, Пол Макартни кој наскоро ќе го прослави својот 81. роденден, откри дека 50 години подоцна, „Битлси“ се враќаат на сцената. Имено, оваа година ќе биде објавена досега непозната песна на четворицата од Ливерпул, снимена со помош на ВИ којашто ќе го создаде гласот на Џон Ленон. Пол тоа го објави во интервју за „Би-би-си редио 4“ (BBC Radio 4). - Решивме да ја направиме последната снимка на „Битлс“. Успеавме „да го извадиме“ гласот на Џон и да го усовршиме користејќи ВИ и да ја измиксаме снимката... Замислата дојде по еден документарен серијал во режија на Питер Џексон во 2021 година, изјави Макартни. Британскиот пејач Стинг неодамна предвиде дека уметниците ќе мора да се борат напорно за да ги заштитат своите човечки способности од вештачката интелигенција. Пол Макартни ја смета таа појава за „доста занимлива“. - Тоа е нешто што денес сите се обидуваме да го сфатиме... Тоа има добра страна, но и страшна страна, ќе видиме каде ќе води сѐ ова, додаде тој. Инаку, од 10-те години на Пол, Џон, Џорџ Харисон и Ринго Стар минати заедно (1960 - 1970) произлегоа 14 албуми, речиси милијарда продадени плочи и неколку филмови. Од познатата „ливерпулска четворка“, Пол и Ринго (82) се живи и сѐ уште активни, но како соломузичари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/blagodarenie-na-vi-bitlsi-se-vrakaat-so-nova-pesna/feed/ 0
Пол Макартни за Битлси, откри кој член е виновен за распадот https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pol-makartni-za-bitlsi-otkri-koj-chlen-e-vinoven-za-raspadot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pol-makartni-za-bitlsi-otkri-koj-chlen-e-vinoven-za-raspadot/#respond Mon, 11 Oct 2021 08:35:49 +0000 https://kurir.mk/?p=576889

Пол Макартни изнесе бомбастично тврдење, дека починатиот Џон Ленон е виновен за распадот на Битлси. Познатиот рокер вели дека Ленон еден ден само дошол и кажал дека заминува од групата. -Не го покренав јас растурањето. Тоа беше Џони, вели Макартни. Фановите на бендот долго време расправаа за одговорноста, а многумина го обвинуваа токму Макартни. Меѓутоа рокерот вели дека желбата на Ленон за слобода била главна причина за распадот на легендарниот бенд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pol-makartni-za-bitlsi-otkri-koj-chlen-e-vinoven-za-raspadot/feed/ 0
ВИДЕО: Ринго Стар го прослави својот 80. роденден со специјално шоу https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-ringo-star-go-proslavi-svojot-80-rodenden-so-specijalno-shou/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-ringo-star-go-proslavi-svojot-80-rodenden-so-specijalno-shou/#respond Wed, 08 Jul 2020 09:06:30 +0000 https://kurir.mk/?p=371516

Поп-рок легендата Ринго Стар го прослави својот 80. роденден со видеонастап во живо на интернет. Овојпат, тоа мина без другиот член на поранешната група „Битлс“ – Пол Макартни. Стар обично своите родендени ги прославува со концерти пред своите обожаватели, но корона-пандемијата го направи годинешниот јубилеј малку поинаков. – Оваа година не е баш најдобра за таква забава. Овојпат тоа ќе мине во кругот на најблиските. И, ќе ја почитуваме физичката оддалеченост, им рече славниот тапанар на своите интернет-обожаватели пред да ги почести со неколку хитови од „Битлс“. Другиот преостанат од славната „четворка од Ливерпул“, Пол на Твитер му го честита роденденот на Ринго: „Среќен роденден, Ричард! Ти посакувам незаборавен ден, стар мој пријателе.“ (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-ringo-star-go-proslavi-svojot-80-rodenden-so-specijalno-shou/feed/ 0
Акустична гитара на „Битлси” проценета на 400.000 фунти https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/akustichna-gitara-na-bitlsi-proceneta-na-400-000-funti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/akustichna-gitara-na-bitlsi-proceneta-na-400-000-funti/#respond Mon, 02 Mar 2020 08:13:28 +0000 https://kurir.mk/?p=310870

Aкустична гитара, што им припаѓала на членовите на легендарниот поп-рок бенд „Битлси” – Џон Ленон и Џорџ Харисон, е проценета на 400.000 англиски фунти на емисија на Би-Би-Си. Сегашниот нејзин сопственик Реј работел музика за филмска компанија, чиј соосновач бил Харисон. Лично тој и го најмил… – Отсвирив неколку ноти и тој ми рече: „Да, очигледно подобро се справуваш од мене. Подобро е ти да ја имаш, раскажа Реј во емисијата. Познавачот на стари и вредни инструменти Џон Бадли смета дека битното тука е тоа што гитарата е снимена во рацете на Џорџ Харисон. Притоа, тој го процени антиквитетот меѓу 300.000 и 400.000 фунти. – Мислам дека за 25 години, тоа е најскапото нешто што сум го видел, нагласи тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/akustichna-gitara-na-bitlsi-proceneta-na-400-000-funti/feed/ 0
Погледнете го заедничкиот настап на поранешните членови на Битлси и Стоунси (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/poglednete-go-zaednichkiot-nastap-na-poraneshnite-chlenovi-na-bitlsi-i-stounsi-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/poglednete-go-zaednichkiot-nastap-na-poraneshnite-chlenovi-na-bitlsi-i-stounsi-video/#respond Wed, 19 Dec 2018 09:04:38 +0000 https://kurir.mk/?p=142219

Пол Макартни заврши со европскиот дел од својот турнеја Freshen Up на распродадатниот концерт во лондонска О2 арена, а на публиката и приреди големо изненадување. Поранешниот член Битлси на концерт во неделата вечер во Лондон изнесе речиси 40 хитови од својата повеќедецениска кариера – песни на Битлси, Вингс, како и соло творби, но вистинското изненадување следеше на бис. На сер Пол на бина му се приклучи колегата од Битлси – бубњарот Ринго Стар и гитаристот на „конкурентскиот бенд” – Рони Вуд од Ролинг Стонс. Заедно ја изведоа песната „Get Back”, а како звучеше, погледнете на видео-снимката: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/poglednete-go-zaednichkiot-nastap-na-poraneshnite-chlenovi-na-bitlsi-i-stounsi-video/feed/ 0
ФОТО: Ретко селфи на синовите на двајца од легендарните Битлси https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-retko-selfi-na-sinovite-na-dvajca-od-legendarnite-bitlsi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-retko-selfi-na-sinovite-na-dvajca-od-legendarnite-bitlsi/#respond Wed, 15 Aug 2018 18:46:23 +0000 https://kurir.mk/?p=88321

Шон Оно Ленон и Џејмс Макартни, синовите на познатите Џон и Пол од „Битлс“, објавија заедничко селфи на Инстаграм, што кај многумина ќе побуди носталгија, оти веднаш, дури и за оние кои не знаат, се препознава кој е кој. Шон (лево) е единствено дете на Џон Ленон и Јоко Оно... Решил да ги следи стапките на неговиот татко, па така и тој денес е успешен соло музичар, како и продуцент на неколку познати локални групи, иако многу помалку познат од светски познатата „бубачка“ - Џон, пишува „Дејли Меил“. Џејмс исто така ја докажува теоријата дека „крушката под круша паѓа“, па и тој е автор на повеќе албуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-retko-selfi-na-sinovite-na-dvajca-od-legendarnite-bitlsi/feed/ 0
Селфи кое буди носталгија за фановите на „Битлси“: Веднаш ќе знаете кој чиј син е (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/selfi-koe-budi-nostalgija-za-fanovite-na-bitlsi-vednash-kje-znaete-koj-chij-sin-e-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/selfi-koe-budi-nostalgija-za-fanovite-na-bitlsi-vednash-kje-znaete-koj-chij-sin-e-foto/#respond Wed, 15 Aug 2018 08:49:42 +0000 https://kurir.mk/?p=88075

Шон Оно Ленон и Џејмс Макартни, синовите на познатите Џон и Пол од „Битлси“, објавија заедничко селфи на Инстаграм, што кај многумина ќе побуди носталгија, оти веднаш, дури и за оние кои не знаат, се препознава кој е кој. Битлси синови Шон (лево) е единствено дете на Џон Ленон и Јоко Оно... Решил да ги следи стапките на неговиот татко, па така и тој денес е успешен соло музичар, како и продуцент на неколку познати локални групи, иако многу помалку познат од светски познатата „бубачка“ - Џон, пишува „Дејли Меил“. Џејмс исто така ја докажува теоријата дека „крушката под круша паѓа“, па и тој е автор на повеќе албуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/selfi-koe-budi-nostalgija-za-fanovite-na-bitlsi-vednash-kje-znaete-koj-chij-sin-e-foto/feed/ 0