битола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 08:42:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png битола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Приведен разбојник во Битола, одземеното вратено на сопственичката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-razbojnik-vo-bitola-odzemenoto-vrateno-na-sopstvenichkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-razbojnik-vo-bitola-odzemenoto-vrateno-na-sopstvenichkata/#respond Fri, 03 Nov 2023 08:42:42 +0000 https://kurir.mk/?p=896064

На 02.11.2023 во 18:00 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Н.Д.(36) од Битола. Тој се сомничи дека околу 10:10 часот во Битола физички ја нападнал В.В.(73) од Битола и ѝ одзел чанта со пари. Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во Битола, при што било пронајдено одземеното и било вратено на сопственичката. Лицето било приведено и задржано во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-razbojnik-vo-bitola-odzemenoto-vrateno-na-sopstvenichkata/feed/ 0
Општина Битола во 2024 година ќе има буџет од околу една милијарда денари https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-vo-2024-godina-ke-ima-budhet-od-okolu-edna-milijarda-denari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-vo-2024-godina-ke-ima-budhet-od-okolu-edna-milijarda-denari/#respond Thu, 02 Nov 2023 13:28:33 +0000 https://kurir.mk/?p=895818

Во 2024 година буџетот на Општина Битола ќе изнесува околу една милијарда денари, информира градоначалникот Тони Коњановски на буџетски форум што се одржа во Битола. Министерството за финансии врз основа на прибраните приходи и солидниот начин на реализација кој е над 70 насто, дава можност општинскиот буџет во наредната година да биде проширен за нови 40 милиони денари, и генерална околу една милијарда денари ќе бидат на располагање на Општина Битола, посочи Коњановски. -Буџетскиот форум се одржува како знак на една голема транспарентност, отчестност за тоа што планираме да го работиме. На форумот учествуваа сите релевантни структури од градот кои треба да придонесат во формирањето на буџетот за 2024 година, а тоа се советничките групи, академската фела, спортски и културни работници, урбаните заедници...Форумот е најдоброто место каде и како треба да се планира општинскиот буџет, и тоа да биде направено на транспарентнен начин, истакна Коњановски. Градоначалникот Коњановски нагласи дека буџетот ќе биде во границите на можностите, но со една милијарда денари сите заедно може да направат многу за градот и ги повика советниците на седница да дадат поддршка на буџетот што ќе биде предложен. -Битола е град со специфична инфраструктура и старо градско јадро и затоа доминираат инфрастуктурните проекти кои ги бараат граѓаните. Секому сакаме да посветиме внимание, а со ставките во буџетот, да излеземе во пресрет затоа што Општина Битола е солидна општина со солиден буџет, и верувам дека сите советници ќе дадат поддршка на предложениот буџет. Граѓаните и понатаму бараат велосипедски патеки, а Битола остана еден од ретките градови кој е без велосипедски патеки. Во завршна фаза е и прифатилиштето за бездомни кучиња и веруваме дека и тој проблем ќе почне да се решава, како што постепено се решава и проблемот со планинарскиот дом Копанки, рече Коњановски. Буџетскиот форум е редовна активност на локалната самоуправа во пресрет на донесување на буџет за наредна година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-vo-2024-godina-ke-ima-budhet-od-okolu-edna-milijarda-denari/feed/ 0
Приведен крадец во Битола, одземеното вратено на сопственикот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradets-vo-bitola-odzemenoto-vrateno-na-sopstvenikot-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradets-vo-bitola-odzemenoto-vrateno-na-sopstvenikot-2/#respond Mon, 30 Oct 2023 20:43:48 +0000 https://kurir.mk/?p=894651

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола денеска (30.10) го лишиле од слобода Г.В.(45) од Битола поради основано сомнение за извршена тешка кражба во угостителски објект во Битола. Г.В. во службен разговор го признал делото, а пронајдени се и парите што ги одземал и вратени се на сопственикот. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradets-vo-bitola-odzemenoto-vrateno-na-sopstvenikot-2/feed/ 0
Приведени крадци во Битола, го признале делото, одземеното вратено на сопственикот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-kradtsi-vo-bitola-go-priznale-deloto-odzemenoto-vrateno-na-sopstvenikot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-kradtsi-vo-bitola-go-priznale-deloto-odzemenoto-vrateno-na-sopstvenikot/#respond Sun, 22 Oct 2023 14:09:26 +0000 https://kurir.mk/?p=891943

Денеска (22.10.2023) во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола ги лишиле од слобода Е.А.(31) и Ѓ.В.(30) од Битола. Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во земјоделски комбинат во Битола, при што одзеле повеќе предмети, а извршиле и оштетување на дел од објектот. Двајцата биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против истите ќе биде поднесена кривична пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-kradtsi-vo-bitola-go-priznale-deloto-odzemenoto-vrateno-na-sopstvenikot/feed/ 0
Пронајдени различни видови дрога, пушка и куршуми – приведен дилер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdeni-razlichni-vidovi-droga-pushka-i-kurshumi-priveden-diler/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdeni-razlichni-vidovi-droga-pushka-i-kurshumi-priveden-diler/#respond Sun, 22 Oct 2023 09:57:38 +0000 https://kurir.mk/?p=891859

На 21.10.2023 во 19:45 часот во Битола полициски службеници од Криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А.Ј.(34) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени: ловна пушка „застава“ кал.12, дрвен кундак од пушка, куршуми, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, нож со остатоци од бела прашкаста материја, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети. А.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pronajdeni-razlichni-vidovi-droga-pushka-i-kurshumi-priveden-diler/feed/ 0
Коњановски: СДСМ со неоснована кривична пријава се обидува да ја манипулира јавноста за велосипедските патеки https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konanovski-sdsm-so-neosnovana-krivichna-prijava-se-obiduva-da-ja-manipulira-javnosta-za-velosipedskite-pateki/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konanovski-sdsm-so-neosnovana-krivichna-prijava-se-obiduva-da-ja-manipulira-javnosta-za-velosipedskite-pateki/#respond Wed, 18 Oct 2023 14:13:09 +0000 https://kurir.mk/?p=890385

Битола заслужува велосипедски патеки. Тоа го ветувавме сите за време на политичките кампањи, а денес кога имаме можност да го реализираме овој значаен проект, не само што ја немаме поддршката од СДСМ, туку повторно ги имаме нивните лаги, кои граѓаните ги препознаа уште пред две години, поради што не им ја дадоа поддршката, истакнува градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. -Поднесената кривична пријава за проектот за изградба на велосипедски патеки е само уште еден доказ за блокирачката политика која СДСМ ја води во континуитет во овој советнички состав, со поддршка токму од оние кои беа најгласни во заложбата за чиста животна средина и вело град. Додека општината и општинските служби вложуваат максимални напори да реализираат активности со кои ќе се подобри животот на битолчани и тоа според европски стандарди, за што имаме голема поддршка и од ЕУ, СДСМ неуморно се обидува да ги закочи сите иницијативи дури и по цена на губење на европските пари, посочи тој „Со целосна одговорност ја сметаме поднесената кривична пријава како деструктивен обид за собирање на евтини политички поени кои сите нас, а особено граѓаните на Битола ќе не чинат многу скапо“ - вели Коњановски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konanovski-sdsm-so-neosnovana-krivichna-prijava-se-obiduva-da-ja-manipulira-javnosta-za-velosipedskite-pateki/feed/ 0
Приведен крадец во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradets-vo-bitola-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradets-vo-bitola-3/#respond Thu, 12 Oct 2023 17:18:40 +0000 https://kurir.mk/?p=888171

Денеска (12.10.2023) во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А.С.(25) од Битола. Тој се сомничи дека во куќа во Битола извршил „тешка кражба“, при што одзел повеќе предмети, а извршил и оштетување на дел од покуќнината. Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradets-vo-bitola-3/feed/ 0
78 санкции за сообраќајни прекршоци на територија на СВР Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/78-sanktsii-za-soobrakajni-prekrshotsi-na-teritorija-na-svr-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/78-sanktsii-za-soobrakajni-prekrshotsi-na-teritorija-na-svr-bitola/#respond Thu, 05 Oct 2023 08:32:37 +0000 https://kurir.mk/?p=885450

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (04.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 78 возачи, меѓу кои 20 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 8 мерки за возење без возачка дозвола, 2 возачи за управување под дејство на алкохол, 12 санкции за непрописно паркирање. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/78-sanktsii-za-soobrakajni-prekrshotsi-na-teritorija-na-svr-bitola/feed/ 0
Маж направил грубо насилство во Битола – обвинителството откри детали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-napravil-grubo-nasilstvo-vo-bitola-obvinitelstvoto-otkri-detali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-napravil-grubo-nasilstvo-vo-bitola-obvinitelstvoto-otkri-detali/#respond Wed, 04 Oct 2023 11:16:18 +0000 https://kurir.mk/?p=885065

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 30 септември, во кафе бар на улицата „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола, осомничениот извршил грубо насилство и ја загрозил сигурноста на едно лице. Додека оштетениот седел на маса во угостителскиот објект, осомничениот му се приближил и без повод и причина започнал да го удира со тупаници по главата, нанесувајќи му телесни повреди. Потоа подигнал стол и се обидел да го фрли кон оштетениот, но бил спречен. Со насилството предизвикал вознемиреност и кај останатите присутни гости во објектот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор спрема осомничениот. Судијата го прифати предлогот и донесе решение со кое определи притвор во траење од осум дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-napravil-grubo-nasilstvo-vo-bitola-obvinitelstvoto-otkri-detali/feed/ 0
Општина Битола е дел од Европската недела на мобилност https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-e-del-od-evropskata-nedela-na-mobilnost/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-e-del-od-evropskata-nedela-na-mobilnost/#respond Fri, 22 Sep 2023 12:33:04 +0000 https://kurir.mk/?p=880755

Со низа настани во кои се вклучени повеќе институции и организации, во Битола се одбележува Европската недела на мобилност, во чии рамки се промовира користењето на алтернативни видови на превоз, а пред се велосипедизмот и пешачењето. Во соработка со општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, општинскиот совет за превенција на детско престапништво, вклучување на учениците од битолските гимназии, но и со поддршка на останатите учесници, локалната самоуправа, ја потенцира својата активна заложба за подобрување на инфраструктурата и изградба на тротоари и велопатеки преку кои ќе се создадат потребните услови за поголемо користење на велосипед, но и зголемена безбедност за пешаците, како учесници во сообраќајот. Во оваа насока и со цел одржлива мобилност, градоначалникот Коњановски, нагласи дека општина Битола за првпат е проектно подготвена за изградба на тротоари и вело патеки во должина од над 5 километри. „Општина Битола ги поддржува сите активности: на локалниот совет за безбедност во сообраќајот, советот за превенција од детско претстапништво, како и другите учесници во рамките на Европската недела на мобилност. Тука сме да дадеме поддршка на сите овие настани, затоа што Битола, навистина е желна за вакви настани и манифестации со кои ќе дадеме целосен придонес за безбедност во сообраќајот, поддршка за пешаците и велосипедистите. Во таа насока се и сите активности кои ги преземаме и како локална самоуправа и со проектот кој го предложивме до Советот на општина Битола за велосипедските патеки. И тоа не се само велосипедски патеки, туку и реконструкција на тротоарите. Тоа е во склоп на се она што градот го бара, зошто да напоменеме дека сите имавме иста заложба и во предизборието и сега, дека на градот му треба многу подобра организираност во делот на сообраќајот, се разбира во соработка со МВР, а со тоа да обезбедиме и простор за пешаците и велосипедистите,“ изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Активни учесници во одбележувањето на Европската недела на мобилност, се УКЛО и останатите соработници: СВР Битола, Народна техника Битола, ИМКА Битола, Велосипедски клуб Пелистер 15 МАЈ, Црвен крст Битола, Општинските совети: за безбедност на сообраќајот на патишта и за превенција од детско претстапништво, Националната мрежа за спорт и млади, во соработка со училишни сообраќајни единици од основци и средношколци од повеќе битолски училишта, потпомогнати од јавните претпријатија Стрежево и Комуналец. Меѓу поддржувачите и учесниците на настанот беа Македонско-Американската алумни асоцијација, Europe House Bitola Podcast Corner и Американското катче Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-e-del-od-evropskata-nedela-na-mobilnost/feed/ 0