Битолски музеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 May 2022 13:17:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Битолски музеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Невестински соништа“ на Битолскиот музеј за граѓаните од Драч https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nevestinski-sonishta-na-bitolskiot-muzej-za-gragjanite-od-drach/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nevestinski-sonishta-na-bitolskiot-muzej-za-gragjanite-od-drach/#respond Thu, 19 May 2022 13:17:03 +0000 https://kurir.mk/?p=679036

Во организација на Македонската амбасада во Република Албанија, вчера во Драч беше отворена изложбата „Невестински соништа, касели и ковчези од Битола и Битолско“ од богатиот фундус на Заводот и Музеј Битола. Мери Стојанова и Наде Геневска-Брачиќ се авторки на изложбата која се реализираше во соработка со градоначалничката на Драч, Емиријана Сако, и Археолошкиот музеј на Драч. Како што објави Амбасадата на Република Македонија во Тирана, уникатноста на поставката во која беа претставени градски носии и ковчези од крајот на 18 и почетокот на 19 век, предизвикаа внимание не само меѓу жителите на градот, туку и кај туристи кои престојуваат во овој медитерански град. – Во своето обраќање амбасадорот Данчо Марковски, потенцирајќи го значењето на овој вид соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, повика на потребата од заеднички туристички настап на двете земји на меѓународниот туристички пазар, кои меѓу другото се поврзани и со Виа Игнација, стои во објавата на Амбасадата. Изложбата беше повод и за потпишување Меморандум за соработка меѓу двата музеја, коишто на пригоден начин го одбележаа и Светскиот ден на музеите – 18 Мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nevestinski-sonishta-na-bitolskiot-muzej-za-gragjanite-od-drach/feed/ 0