Битолски спасители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Feb 2023 07:04:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Битолски спасители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Битолските спасители се вратија од настраданите подрачја во Турција https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bitolskite-spasiteli-se-vratija-od-nastradanite-podrachja-vo-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bitolskite-spasiteli-se-vratija-od-nastradanite-podrachja-vo-turtsija/#respond Wed, 15 Feb 2023 07:03:22 +0000 https://kurir.mk/?p=800637

Тимот битолски спасители, Петар Нолев, Зоран Балуловски, Владо Николовски, Петре Илиоски и Игор Радичовски се вратија од турскиот град Адијаман кој настрада во неодамнешниот земјотрес во Турција. Првата средба по враќањето од Турција ја остварија со градоначалникот Тони Коњановски и го информираа за спасувачката акција во разрушениот турски град каде учествуваа во спасувањето човечки животи. -Нема зборови со кои може да се искаже големината на овие наши луѓе и нивното херојство. Битола е горда, што има вакви луѓе, обучени за брз одговор за спасување од планина и високи објекти кои можат и сакаат своето знаење и подготвеност, да ги употребат за најхуманата работа - спасување на човечки животи. Големо благодарам за се што направија и за нивната подготвеност, секогаш да бидат на висина на задачата и професионално да одговорат, истакна градоначалникот Коњановски на средба со битолската спасувачка екипа и ги награди со по една просечна плата. Со одлука на Советот на Општина Битола, за настраданото население во Турција и Сирија издвоени се 500.000 денари, а битолчани со повеќе доброволни акции ја покажаа хуманоста на дело. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bitolskite-spasiteli-se-vratija-od-nastradanite-podrachja-vo-turtsija/feed/ 0