битолски театар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jun 2023 06:40:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png битолски театар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во битолскиот театар премиера на претставата „Брод за кукли“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-bitolskiot-teatar-premiera-na-pretstavata-brod-za-kukli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-bitolskiot-teatar-premiera-na-pretstavata-brod-za-kukli/#respond Mon, 05 Jun 2023 06:40:20 +0000 https://kurir.mk/?p=842070

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ. „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ е приказна за една или за сите женски судбини, или за сите човечки судбини - како една жена го доживува својот живот како серија на неостварени бајки, вели режисерот Младеновиќ во пресрет на вечерашната премиера во Битола. -Сите ние сме во позиција да го преиспитаме нашето живеење, и малкумина од нас сме задоволни од сопствениот живот. Тие бајки без среќен крај го одбележуваат животот на луѓето на овие простори, тука каде што ние живееме, каде сѐ се случи по распадот на земјата, со распадот на економскиот и политичкиот систем и создаде нервозни, гладни и понижени луѓе кои живеат несреќен живот. Таа потрага по смислата на сопствениот живот во серии на неоствареност е нешто што ја прави величенствена оваа поезија на Милена Марковиќ, како литературно така и како сценско дело, посочи Младеновиќ. „Брод за кукли“ - во седум заплети и седум различни амбиенти се однесува на седумте инкарнации на хероината и седумте метаморфози на нејзиниот пасивен женски принцип. Во претставата ќе настапат актерките Сандра Грибовска – Илиевска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска, Валентина Грамосли и актерите Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-bitolskiot-teatar-premiera-na-pretstavata-brod-za-kukli/feed/ 0
Претставите „За нас почнува живот“ и „Божиќна песна” на сцената на Народниот театар – Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavite-za-nas-pochnuva-zivot-i-bozikjna-pesna-na-scenata-na-narodniot-teatar-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavite-za-nas-pochnuva-zivot-i-bozikjna-pesna-na-scenata-na-narodniot-teatar-bitola/#respond Fri, 30 Dec 2022 06:57:00 +0000 https://kurir.mk/?p=782398

Во Народниот театар – Битола денеска ќе бидат изведени две претстави. Во дневната програма, со почеток во 10:13 часот, ќе биде изведена претставата „Божиќна песна“, а во вечерниот термин, од 20 часот, „За нас почнува живот“. „Божиќната песна“, која раскажува за скржавецот Скруџ и неговиот вработен Боб Крачит, е една од најгледаните новогодишни и божиќни приказни. Претставата е креирана според истоимениот роман на Чарлс Дикенс, во копродукција со Културниот и информативен центар – Битола и со поддршка на Општина Битола. Претставата „За нас почнува живот“ на авторот Ѓерг Шпиро, пак, е во изведба на актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви, а во режија на Дејан Пројковски. И оваа претстава е во соработка со битолскиот Културен и информативен центар и Општина Битола.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavite-za-nas-pochnuva-zivot-i-bozikjna-pesna-na-scenata-na-narodniot-teatar-bitola/feed/ 0
„Татко на татковината“ нова премиера во битолскиот театар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tatko-na-tatkovinata-nova-premiera-vo-bitolskiot-teatar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tatko-na-tatkovinata-nova-premiera-vo-bitolskiot-teatar/#respond Tue, 20 Dec 2022 12:59:18 +0000 https://kurir.mk/?p=778155

„Татко на татковината“ е нова премиера на ансамблот на битолскиот театар која утрвечер ќе биде изведена на сцената „Благој Стефановски-Баге“. Автор и режисер на претставата е гостинот од Хрватска Иван Пеновиќ кој на прес конференција во Битола посочи дека претставата е адаптација на култната драма на Алфред Жари, „Кралот Иби“. -Оваа претстава во претстава ги доведува во судир двата света, оној отворено фиктивниот и оној што се преправа дека не е тоа. Во таа хаотична средба гледаме приказна што речиси со детски јазик ги отвора прашањата за идентитетот, како индивидуалниот, така и колективниот. Мама и Тато Иби го покренуваат дејствието во оваа претстава преку незаситното барање внимание, поставувајќи го чувството за припадност како основа во формирањето на цврст идентитет, истакна режисерот Пеновиќ. До крајот на годината НУ Народен театар-Битола ќе подготви и премиерно изведе претстава за деца со наслов „Божиќна приказна“, а со претставата „Демони“ ќе учествува на театарски фестивал во Сараево.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tatko-na-tatkovinata-nova-premiera-vo-bitolskiot-teatar/feed/ 0
Импресивен настап на битолскиот Театар на европски фестивал во Темишвар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/impresiven-nastap-na-bitolskiot-teatar-na-evropski-festival-vo-temishvar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/impresiven-nastap-na-bitolskiot-teatar-na-evropski-festival-vo-temishvar/#respond Tue, 24 May 2022 08:19:32 +0000 https://kurir.mk/?p=680817

Со долготраен аплауз и овации, синоќа во романскиот град Темишвар е награден ансамблот на НУ Народен театар-Битола чии актери ја изведоа претставата History of motherfuckers по Кориолан од Вилијам Шекспир во режија на Андраш Урбан. Од НУ Народен теара-Битола информираат дека битолските актери Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска- Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски, по завршувањето на претставата невообичаено долго останале на сцената поздравени од домашната публика. На регионалниот театарски европски фестивал во Темишвар годинава настапуваат ансамбли и театарски групи од Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Данска, Франција, Хрватска и Србија, а македонскската театарска сцена ја претставува НУ Народен театар-Битола со претставата која е одиграна на повеќе сцени во земјава и странство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/impresiven-nastap-na-bitolskiot-teatar-na-evropski-festival-vo-temishvar/feed/ 0
Претставата „Мајка“, нова премиера во битолскиот театар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-majka-nova-premiera-vo-bitolskiot-teatar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-majka-nova-premiera-vo-bitolskiot-teatar/#respond Tue, 05 Apr 2022 12:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=658750

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е подготвен за премерна изведба на пиесата „Мајка“ од Флоријан Зелер во режија на Благој Мицевски. Според режисерот Мицевски претставата се занимава со проблемите на едно семејство за кое на специфичен начин пишува авторот Зелер. -Флоријан Зелер во моментов е еден од најпознатите драмски автори чии претстави се играат низ цел свет, а критичарите го посочуваат како најзначаен автор. Зелер е добитник на Оскар, снима многу филмови, а со неговите претстави е актуелен регионот, пред се на сцените во Белград, Љубљана, Крањ, Софија и други градови. Режијата во претставата се базира на почит и респект кон генијално напишан текст, како и со респект кон екипата која ја подготви премиерната претстава, истакна режисерот Благој Мицевски на прес конференција во Битола. Во претставата „Мајка“ главните улоги ги толкуваат Соња Михајлова и Петар Горко, а заедно со нив ќе настапат и Марија Стефановска и Антонио Китановски.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-majka-nova-premiera-vo-bitolskiot-teatar/feed/ 0
Публиката се враќа во Битолскиот театар, вечер премиера на „Ноќта кога ја убив месечината“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/publikata-se-vrakja-vo-bitolskiot-teatar-vecher-premiera-na-nokjta-koga-ja-ubiv-mesechinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/publikata-se-vrakja-vo-bitolskiot-teatar-vecher-premiera-na-nokjta-koga-ja-ubiv-mesechinata/#respond Fri, 19 Feb 2021 06:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=470793

Публиката се враќа во Битолскиот театар, и пред аудиториумот во овој град, актерите премиерно ќе ја изведат театарската претстава „Ноќта кога ја убив месечината“. Театарскиот проект инспириран и работен по „Мостот“ од Лорен ван Велтер ќе се одигра на големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге“, а ќе настапат Марјан Ѓорѓиевски кој воедно е режисер на претставата, Александар Копања и Валентин Светозарев, воедно и сценограф на првата театарска премиера во оваа година. Во подготовката на „Ноќта кога ја убив месечината“ која финансиски е поддржана од Министерството за култура, учествуваа и кореографот Валентино Апостоловски, костимографот Благој Мицевски, тон-дизајн Николче Терзиевски, светло-дизајн Горан Петровски и инспициентот Димитар Михајловски. Претставата е поставена на редовниот театарски репертоар и ќе се игра секоја вечер од 20 часот, на големата сцена „Благој Стефановски-Баге“, со примена на мерки за заштита од Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/publikata-se-vrakja-vo-bitolskiot-teatar-vecher-premiera-na-nokjta-koga-ja-ubiv-mesechinata/feed/ 0
Битолскиот театар гостува во НР Кина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bitolskiot-teatar-gostuva-vo-nr-kina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bitolskiot-teatar-gostuva-vo-nr-kina/#respond Wed, 06 Nov 2019 07:19:40 +0000 https://kurir.mk/?p=260648

НУ Народен театар Битола ја почна втората театарска турнеја во НР Кина на која до 18 ноември ќе гостува на неколку театарски сцени во Шангај и Пекинг. За време на гостувањата во НР Кина, актерите на битолскиот театар ќе ја играат претставата „Детето сонува“ од Ханох Левин, во режија на Итаи Дорон. Според програмскиот престој, до 12 ноември планирани се гостувања во културниот центар во Шангаj, првите настапи се закажани за 8 и 9 ноември, а од 12 до 18 ноември, битолчани ќе гостуваат во Пекинг. Гостувањата на НУ Народен театар-Битола во НР Кина се совпаѓаат со свеченостите посветени на јубилејот 70 години од формирањето на Кина како современа држава, но и со денот на основањето на битолскиот театар, 14 ноември 1944 година. Театарската турнеја на ансамблот од Битола е овозможена и поддржана од македонското Министерство за култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bitolskiot-teatar-gostuva-vo-nr-kina/feed/ 0
Гостување на Битолски театар и две соло-претстави вечер на МОТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gostuvanje-na-bitolski-teatar-i-dve-solo-pretstavi-vecher-na-mot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gostuvanje-na-bitolski-teatar-i-dve-solo-pretstavi-vecher-na-mot/#respond Tue, 25 Sep 2018 05:56:06 +0000 https://kurir.mk/?p=105442

Битолскиот театар вечер пред скопската публика од 20 часот во Македонската опера и балет ќе ја изведе својата најнова претстава - „Но(е)ва Македонија“ која на матичната сцена премиерно ја изведе во јули во режија на гостинот од Србија Кокан Младеновиќ. Авторскиот проект „Но(е)ва Македонија“ е  ангажирана општествена сатира чија цел е да ги истражи механизамите на политичката грандоманија, манипулација, злоупотребата на историските документи и фалсификување на историските факти, што се во интерес на одредена група луѓе. Српскиот режисер Младеновиќ по повод премиерата пред два месеца изјави дека заедно со актерската екипа се обиделе во претставата да бидат комични, а во вториот дел - сериозни и да понудат драма. - Се навикнавме на политичките елити кои наместо народот се претставуваат самите себе и својот капитал, сервираат идеи од кои страдаат невини луѓе, а ним им е се подобро и подобро. Со оваа претстава сакаме да испратиме потсмев и да спречиме некои нови изопачувачања на историјата, рече Младеновиќ. Алтруистична На МОТ вечер се и „Прва алтруистична претстава“ - соло-проект на Марко Булц од Љубљана (МКЦ, сала „25 Мај“ од 21 часот) и британската „Пасија по Биби“ во режија и изведба на Петар Милошевски (Кино Култура од 22.30 часот). „Првата алтруистична претстава“ произлегла од фрустрацијата на Булц и незадоволството со повеќе авторски проекти (вклучувајќи ги и своите), што се некажани, неправедни и од слични ситуации каде што другите се експлоатираат за себепромоција и си го јакнат уметничкото его. „Пасија по Биби“, пак, е претстава за секс-робот. - Луѓето ја изгубија идејата за несебично да го понудат своето тело. Затоа ја измисливме иднината на сексот... Без разлика на вашата сексуалност или пол, со Биби покрај вас, никогаш повеќе нема да се чувствувате неисполнети, пишува во највата за соло-проектот на Милошевски. Биби на МОТ На премиерата на годинашниот „Camden Fringe Festival“ во Лондон „Пасија по Биби“ беше селектирана во топ 10 претстави според Time Out London и London’s Evening Standard. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gostuvanje-na-bitolski-teatar-i-dve-solo-pretstavi-vecher-na-mot/feed/ 0
Премиера на претставата „Јулие Цезар“ во Битолскиот театар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-julie-cezar-vo-bitolskiot-teatar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-julie-cezar-vo-bitolskiot-teatar/#respond Sat, 28 Apr 2018 06:56:06 +0000 https://kurir.mk/?p=47231

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер премиерно ќе ја одигра претставата „Јулие Цезар“ дело на Вилијам Шекспир во режија на гостинот од Србија, Златко Паковиќ. Во претставата „Јулие Цезар“ главната улога ја толкува актерката Соња Михајлова, а заедно со неа ќе настапат и Иван Јерчиќ, Петар Горко, Елена Моше, Борче Ѓаковски, Мартин Мирчевски, Маја Андоновска Илиевски, Валентина Грамосли, Илина Чоревска, Никола Пројчевски, Александар Стефановски, Христина Христова Николова, Викторија Степановска Јанкуловска, Сандра Грибовска и други членови на ансамблот на НУ Народен театар-Битола. Сценографијата е на уметникот Филип Јовановски, костимографијата на Благој Мицевски, музиката ја компонираше Оливер Јосифовски, а драматург Билјана Крајчевска. Преводот на Шекспировиот Јулие Цезар го направи Драги Михајловски. Театарската претстава „Јулие Цезар“ (Res publica или Cosa Nostra) финансиски е поддржана од Министерството за култура. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-julie-cezar-vo-bitolskiot-teatar/feed/ 0