Битолско културно лето – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jun 2023 07:59:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Битолско културно лето – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Коњановски: Губењето на мнозинството во Советот ја скрати програмата за Битолското културно лето, реакциите од уметниците не стивнуваат https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konanovski-gubeneto-na-mnozinstvoto-vo-sovetot-ja-skrati-programata-za-bitolskoto-kulturno-leto-reaktsiite-od-umetnitsite-ne-stivnuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konanovski-gubeneto-na-mnozinstvoto-vo-sovetot-ja-skrati-programata-za-bitolskoto-kulturno-leto-reaktsiite-od-umetnitsite-ne-stivnuvaat/#respond Fri, 09 Jun 2023 07:59:35 +0000 https://kurir.mk/?p=843903

Политичката криза во Битола „засвири“ и во културата, па бројни врвни музички уметници останаа извисени да настапат на Битолското културно лето. Реакциите на врвни македонски уметници кои останаа без настапи на годинешното Битолско културно лето се разочарани, па дури и гневни. Меѓу нив се пијанистите Марија Вршкова, Петар Макариевски, Иван Трајковски и виолинистот Владимир Костов. Тие во изјави за „Независен“ не го кријат револтот поради вмешувањето на политиката. Иван Трајковски вели дека „политиката да не претставува пречка во ширењето на културата и уметноста“ Со новото прегрупирање во битолскиот Совет, откако ВМРО-ДПМНЕ остана без мнозинство и новата неформалната коалиција меѓу СДСМ и независните од „Поинаку“ го доведоа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во позиција да им се извини на сите уметници кои покажаа интерес да настапат на Битолското културно лето, а нема пари за нивните настапи. Коњановски тоа го образложува со „недостаток на поддршка од Советот, која ги ограничува и финансиските ресурси кои општината треба да ги издвои и реализира за висококвалитетните музичко-сценски и уметнички настани, како и за дополнителна офф програма, што би значело фестивалска поддршка и за алтернативната сцена и младите уметници од нашиот град“. Во средата на прес конференција Коњановски разочара истакнати и докажани македонски уметници кои години наназад ги полнеа концертните сали во Битола како дел од Битфест. Пијанистката Вршкова вели новите случување за Битолското културно лето е обид на одредена група политичари кои сакаат да ја замрат културата во градот на клавирите. „Изјавата на градоначалникот Коњановски, кај мене, како и кај другите уметници предизвика огромен револт. За град, кој и не случајно е познат како ‘Град на клавирите’, кој секогаш важел за културен центар и каде настапувале светски имиња, за град во кој публиката е желна за културни случувања, неправедно е да не се одвојат средства за културни настани кои го издигнуваат градот на мапата на значајни културни дестинации. Како уметник кој излегол од Битолското музичко училиште, и токму првите чекори на музичката сцена ги направил во салата на Офицерскиот дом, од особено задоволство ми беше идејата за аплицирање и презентирање на составот ‘30 прсти’ пред битолската публика, особено знаејќи дека се работи за 15-годишен јубилеј на Битолско културно лето. Овој чекор само ја девалвира работата на уметниците на кои единствена желба им е да ја разубават и збогатат културната понуда на градот, наспроти одредена група т.н политичари, кои истата пак сакаат да ја замрат. Битола не го заслужува ова“, реагира Вршкова. На настапот во Битола и концертот во акустичната сала на обновениот Офицерски дом са радувал и пијанистот Трајковски, роден битолчанец. Но вели дека „неискажаното содејство за програмата од страна на одредени советници, има негативно влијание како на уметниците, така и на градот и битолчани. Апелирам политиката да не претставува пречка во ширењето на културата и уметноста“, апелира Трајковски. Петар Макариевски, пијанист и професор реагира дека непријатно се изненадени како уметници од одлуката на Општина Битола да бидат изземени сите камерно-солистички проекти од музичко-сценската дејност како настани и манифестации на Битолско културно лето 2023 година. „Од мое лично, но и од име на моите соработници во ‘Пијано трио’, Татјана Петрушевска-Караскаковска, прва обоа при МОБ и Марјан Милошевски, прв фагот при МОБ и вонреден професор на ФМУ, најодговорно изјавуваме дека нашата желба да бидеме дел од овогодинешната програма на Битолско културно лето произлегува од почитта кон музичкиот легат кој градот Битола го има оставено и задолжено севкупното културно наследство во Македонија. Заснувањето на овој тип на културни манифестации катастрофално ќе се одрази во севкупното културно и социјално битисување на еден народ“, вели професорот Макариевски додавајќи дека „сите понатамошни одлуки кои директно се однесуваат во зачувувањето на нематеријалното, како и материјалното културно наследство, многу сериозно ќе бидат разгледувани и носени единствено во интерес на зачувувањето на културниот идентитет на државата“. Mакедонскиот виолинист и концерт мајстор на Македонската филхармонија Владимир Костов реагира дека со години наназад, Битолското културно лето е најголемиот културен двигател во градот во текот на летниот период и е „најжив“ град во државата, па од тука не разбира зошто се прават опструкции на сметка на културата, затоа што со тоа никој не добива ништо, а губи градот. Пред два дена градоначалникот Тони Коњановски изјави дека поради тоа што не се зголемени средствата за реализација на сите планирани настани за Битфест Општината ќе го организира во рамките на одобрените финансии. Фестивалот оваа година ќе започне на 23 јуни со спектакуларен настан на Хераклеја, но програмскиот концепт, главно ќе вклучува традиционални настани и манифестации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konanovski-gubeneto-na-mnozinstvoto-vo-sovetot-ja-skrati-programata-za-bitolskoto-kulturno-leto-reaktsiite-od-umetnitsite-ne-stivnuvaat/feed/ 0
Заврши Битолско културно лето „БитФест“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshi-bitolsko-kulturno-leto-bitfest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshi-bitolsko-kulturno-leto-bitfest/#respond Sun, 04 Sep 2022 08:40:40 +0000 https://kurir.mk/?p=728446

Со концерт за паметење кој го приредија членовите на групата „Меморија“, синоќа во Битола заврши битолското кулурно лето „БитФест“. Во изминатите два и пол месеци на повеќе летни сцени во Битола се одржаа концерти на класична, поп, рок, џез музика, театарски претстави, ликовни изложби, уметнички перформанси, фестивали… -Граѓаните дадоа поддршка на сите манифестации, на 140 настани со повече од 44.000 посетители, 77 денови, 9 фестивали…Почнавме спектакуларно со Каролина Гочева, фасцинантно завршивме со „Меморија“, групата на нашата младост, групата која ја возвишува македонската рок музика, истакна градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на последната фестивалска вечер што се одржа на ракометното игралиште. За време на сите фестивалски денови, во Битола гостуваа уметници и културни работници од Израел, Полска, Чешка, Швајцарија, Турција, Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија, Полска, Црна Гора, Албанија, Франција…]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshi-bitolsko-kulturno-leto-bitfest/feed/ 0
Започна 14 издание на Битолското културно лето „Бит Фест“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zapochna-14-izdanie-na-bitolskoto-kulturno-leto-bit-fest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zapochna-14-izdanie-na-bitolskoto-kulturno-leto-bit-fest/#respond Mon, 20 Jun 2022 07:57:26 +0000 https://kurir.mk/?p=693001

Над 2000 гости, синоќа го исполнија амфитеатарот на античкиот локалитет Хераклеја, на свеченото отворање на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ кое од оваа година има нов концепт. Концертот на Каролина Гочева потврди дека, ваквиот пристап почнува да се реализира уште од првиот ден на фестивалот, а истиот соодветствува со очекувањата на публиката, за културно лето кое нуди квалитетни содржини. Главен иницијатор за новиот содржински пристап во организација на БИТ ФЕСТ е градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој вчеравечер го означи почетокот на културното лето во Битола. „Битола и вечерва потврдува дека е град кој живее со културата, град во кој низ различни историски периоди се создавале, надградувале и промовирале, карактеристични културни обележја, кои и денес се наше богатство, гордост и должност. Токму затоа и културните настани кои се случуваат во Битола, секогаш треба да бидат одраз на спецификите со кои се гордееме, а преку нив да ја промовираме македонската култура и традиција, притоа водејќи грижа за градење силни меѓународни врски, кои ќе овозможат континуиран напредок во сите области. Во оваа смисла, годинава воведуваме нов концепт на културното лето, кој верувам дека ќе го привлече и задржи вниманието на публиката. Солстис, Битола отворен град, Битола Шекспир Фестивал, Илинденски денови, Локум фест, Фестивалот Браќа Манаки, Балкан Гала Фестивалот и гостувања на еминентни изведувачи, годинава се само дел од културните случувања на Бит Фест. До 31 август, неколкупати со музички настапи ќе ја исполниме Хераклеја, ќе бидеме заедно со повеќе концертни настапи во нашиот Офицерски дом, ќе овозможиме културно раздвижување на повеќе отворени сцени, а во соработка со националните институции од културата низ повеќе филмски проекции, театарски претстави, изложби и други културни настани, верувам дека ќе имаме навистина посебно Битолско културно лето, за кое сите ќе зборуваме со суперлативи, што очекувам да биде поттик за секој од нас, во секоја следна година да даде мал креативен влог кон неговиот раст, професионализам, идентитет - карактеристичен за Битола. Настаните нека бидат потврда на нашите напори да реализираме културно лето какво што и доликува на Битола, а притоа да направиме, културата во Битола да живее во текот на целата година“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на отворањето на Битолското културно лето. На отворањето на БИТ ФЕСТ 2022, присуствуваа голем број битолчани, но и гости од другите градови во државата. Меѓу присутните беа и Министерката за култура Бисера Котадиновска Стојчевска, градоначалниците на неколку соседни општини, претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска, членови на Советот на општината, како и претставници на националните институции од културата и јавните претпријатија од градот. Каролина Гочева, која е еден од најдобрите женски вокали во Македонија, успеа да внесе прекрасна двочасовна атмосфера низ нејзините големи хитови, меѓу кои „Да е сон“, „Од нас зависи“, „Кажи ми“, „За нас“, „Знаеш колку вредам“ и многу други, а на барање на публиката, со повторно враќање на бис, Каролина Гочева, концертот го заврши со песната „Кој да ми запее“. Битолското културно лето оваа година се реализира во заедничка организација на општината и културно информативниот центар од Битола. Квалитетните содржини, кои за време на летниот период ќе се случуваат во Битола, најавуваат високо естетско издигнување на фестивалот, креативност, професионализам, негување на традицијата, но и грижа за културниот напредок на градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zapochna-14-izdanie-na-bitolskoto-kulturno-leto-bit-fest/feed/ 0