бизнис форум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 May 2023 12:46:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бизнис форум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонско – фински бизнис форум во организација на Стопанската комора https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonsko-finski-biznis-forum-vo-organizatsija-na-stopanskata-komora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonsko-finski-biznis-forum-vo-organizatsija-na-stopanskata-komora/#respond Wed, 17 May 2023 12:46:44 +0000 https://kurir.mk/?p=835349

Компании од ИКТ секторот, рударството, заштита на животната средина, производство и продажба на медицинска опрема и градежништвото, заинтересирани за воспоставување на деловна соработка и размена на искуства се присутни на денешниот македонско-фински бизнис форум што се одржува во Скопје во организација на Стопанската комора. -Нема подобар чин од одбележување на 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Македонија и Финска освен преку Бизнис форум. Високото ниво на меѓусебна политичка доверба и разбирање, без отворени прашања или билатерални проблеми, е одлична основа за унапредување и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји преку поврзување на македонски и фински компании, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на почетокот на бизнис форумот. Тој посочи дека финските компании на денешниот форум ќе се запознаат со економските политики на Владата за поттикнување и поддршка на странските инвестиции во земјава, кои минатата година постигнаа историски резултат од 753 милиони евра. -Реализацијата на инвестиции во нашата земја може да ги интензивира економските врски и да создаде заемно корисни партнерства помеѓу бизнис заедниците. Нашиот фокус е преку нови странски инвестиции да отвориме работни места, кои ќе обезбедат повисоки плати за нашите граѓани. Воедно, ја поддржуваме иновативноста и конкурентноста на економијата, притоа водејќи грижа да ја зголемиме соработката помеѓу домашните и странските компании, рече Битиќи. Денешниот бизнис форум, додаде, дава можност преку дијалог да се споделат вредности кои се од особено значење за одржливиот раст и развој на економиите во 21 век, а кои имаат обединувачки потенцијал за македонската и финската економија. Финскиот амбасадор во заминување, Кимо Лахдевирта посочи дека се надева оти форумот ќе биде првиот чекор за поголема и поинтензивна соработка меѓу македонските и финските компании. -Денешниов форум докажува дека се повеќе има интерес во Финска за инвестиции во Македонија и токму затоа на него има фински компании од различни сектори како што се рударството, енергетиката, здравството, ИКТ секторот, изјави Лахдевирта. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonsko-finski-biznis-forum-vo-organizatsija-na-stopanskata-komora/feed/ 0
Заврши 27-от Копаоник бизнис форум https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-27-ot-kopaonik-biznis-forum/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-27-ot-kopaonik-biznis-forum/#respond Thu, 05 Mar 2020 16:24:25 +0000 https://kurir.mk/?p=312655

Со обраќањето на српската премиерка Ана Брнабиќ и завршното излагање на Александар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти од Србија, заврши 27-от Копаоник бизнис форум, што досега привлече најголем број учесници. Посебни гости на Форумот беа поранешните претседатели на држави и влади од регионот меѓу кои и поранешниот претседател, Бранко Црвенковски. На форумот присуствуваа повеќе од 1.300 учесници, околу 200 панелисти, беа организирани 28 панели на кои се одвиваа интересни дискусии. – Копаоник бизнис форум години наназад се обидува да постави платформа за дијалог на различни учесници во општествениот и политички живот и во склад со тоа на Форумот присуствуваа стопанственици, академици, луѓе што доаѓаат од науката, од меѓународни финансиски организации но и оние кои ја креираат економската политика. Сметаме дека само низ аргументирана расправа на овие учесници може да се дојде до квалитетни и одржливи решенија, заклучи Александар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти од Србија и на програмскиот одбор на КБФ. Како што соопштија организаторите, и овогодинешниот Копаоник бизнис форум имаше регионален карактер. Централна тема на Форумот беше четвртата индустриска револуција – предизвици на иднината. – Ќе настојуваме сѐ повеќе да го регионализираме собирот, и сѐ повеќе простор да им дадеме на регионалните и заеднички теми. Оваа година дефиниравме централна тема која е подеднакво важна за сите земји во регионот, бидејќи во тек се големи и важни промени кои ќе го изменат светот, ќе го модифицираат начинот на кој се произведуваат, дистрибуираат и разменуваат вредности и ќе ги променат односите меѓу поединците, а потоа и сите институции и самиот поединец, истакна Влаховиќ. Темите кои се покренаа на Форумот беа прилагодени на централната, се говореше за образованието, кое според Влаховиќ, мора да биде столб на развојните политики на сите земји во регионот, се зборуваше за вештачка интелигенција но и за потребата посебно внимание да се посвети на климатските промени, стои во соопштението. Од регионалните теми се зборуваше за потребата од инфраструктурно поврзување на регионот како и прилагодување на законските регулативи со цел да се олеснат економските врски меѓу земјите. Копаоник бизнис форумот го организира Сојузот на економисти на Србија во соработка со Мастеркард. Форумот претставува своевидна интерактивна платформа за размена на мислења, за аргументирана, конструктивна дискусија и согледување на клучните реформски предизвици од политички, деловен и економски аспект. Како секогаш досега, Копаоник бизнис форум и оваа година беше саем на идеи и место на кое се сумираат резултатите од економските политики во изминатата година на регионално ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-27-ot-kopaonik-biznis-forum/feed/ 0
Бизнис форум насочен кон интензивирање на соработката меѓу Македонија и Финска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/biznis-forum-nasochen-kon-intenziviranje-na-sorabotkata-megju-makedonija-i-finska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/biznis-forum-nasochen-kon-intenziviranje-na-sorabotkata-megju-makedonija-i-finska/#respond Thu, 04 Oct 2018 06:08:08 +0000 https://kurir.mk/?p=110478

Стопанската комора на Македонија  во соработка со Финската амбасада во Република Србија и „Finnpartnership” денеска во Скопје организираат бизнис форум „Doing Business with Finland“ со цел интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Финска. Целта на бизнис форумот е да се претстават можностите за соработка со компании од Финска и од останатите нордиски земји и да се овозможи директно поврзување на македонските компании со потенцијални партнери од тие земји. На настанот, покрај презентацијата на бизнис климата во Финска, ќе бидат претставени и можностите за соработка со фински компании коишто го познаваат македонскиот пазар и бараат деловни партнери во Македонија. Бизнис форумот е наменет пред се за компании од информатичко-комуникациски технологии, прехранбената индустрија, животната средина и металната индустрија. На форумот најавено е присуство на министерот за економија Крешник Бектеши, амбасадорот на Финска во Србија, задолжен и за Црна Гора и Македонија, Перти Иконен, почесниот конзул на Финска во Македонија, Светозар Јаневски и претседавачот на Собранието нa Стопанската комора на Македонија, Антони Пeшeв.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/biznis-forum-nasochen-kon-intenziviranje-na-sorabotkata-megju-makedonija-i-finska/feed/ 0