бизнис сектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Jun 2022 05:23:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бизнис сектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бизнис секторот со предлози за ублажување на ценовниот шок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/biznis-sektorot-so-predlozi-za-ublazuvanje-na-cenovniot-shok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/biznis-sektorot-so-predlozi-za-ublazuvanje-na-cenovniot-shok/#respond Fri, 03 Jun 2022 05:38:13 +0000 https://kurir.mk/?p=685868

По зголемувањето на цените на храната и горивата во изминатите два дена и најавите на Владата и опозицијата за нови антикризни мерки, вчера со предлог мерки излезе и бизнис секторот. За полесно да се пребродат ценовните шокови, од Сојузот на стопански комори бараат активирање на државните резерви, зголемување на домашното производство и елиминирање на непотребните бирократски процедури за инсталирање на обновливи извори на енергија. -Бараме решителна реакција, сега и веднаш. Има најави, но бараме дела. Ако сакаме да се заштитиме од ценовни шокови, треба да одиме во еден правец – домашно производство и на енергенси и на прехранбени производи. На тој начин, шоковите би биле помали и ситуацијата би се држела некако под контрола. Производството може да се зголеми, можеби не драстично, но секојдневно секако да, изјави претседателот на ССК Трајан Ангелоски. Од ССК сметаат дека компаниите можат добар дел од енергетските потреби сами да ги задоволат, а неопходното да го купат. – Нема потреба да имаме толку сложени процедури, да губиме време по општини за градежни дозволи или по институции за вадење документи. Чекаме по 60 – 90 дена. Според неофицијални информации, само во една од скопските општини има 30 – 40 предмети за обновливи извори. Денес не е проблем да се обезбеди опремата, но на обезбедена опрема и можност таа да се монтира, ние сме закочени во административните процедури, рече Ангелоски. Ценовниот шок, според ССК, е резултат на непродолжувањето на антикризните мерки поврзани со ДДВ-то и маржите. Очекувањата на ССК, како што изјави Ангелоски, биле постепено да се нивелираат даночните ослободувања. Од Владата најавија нови антикризни мерки во најкус можен рок по донесувањето на ребалансот на Буџетот. Мерките, како што појаснија, ќе бидат потаргетирани и во согласност со последните препораки на меѓународните финансиски институции. Од Министерството за финансии вчера информираа дека во ребалансот се проектирани околу 76 милиони евра за антикризни мерки, како и за субвенции за покачување на минималната плата, пари за зголемување на пензиите и дополнителни средства за субвенции за земјоделците. – Грижата за граѓаните и економијата ќе продолжи, додека исто така ќе продолжи определбата за водење прудентна фискална политика, која е во насока на намалување на буџетскиот дефицит на среден рок, наведоа од Министерството за финансии. Оттаму појаснија дека со ребалансот, и покрај одреденото проширување на дефицитот, тој сепак е под нивото во 2021 година и значително под нивото од кризата 2020 година. И премиерот Димитар Ковачевски на гостувањето на телевизија Канал 5 потврди дека мерките ќе бидат насочени кон оние на кои им се најпотребни. Порача дека ќе бидат навремено подготвени и презентирани со цел да се заштити животниот стандард на граѓаните. Откри дека ќе бидат дизајнирани така што дел ќе бидат продолжени до крајот на годината, а дел ќе бидат редизајнирани. – Ние ги следиме трошењата, ги следиме движењата на цените во текот на сите периоди во годината, бидејќи едни се ценовните притисоци во текот на зимските месеци, а други во текот на пролетните, летните, есенските месеци. Така што, согласно движењата и побарувачката, мерките ќе бидат како и досега навремено подготвени и презентирани со цел да го заштитиме животниот стандард на граѓаните. Меѓутоа, повторувам, тие сега ќе бидат потаргетирани и ќе можеме да ги насочиме кон оние кои што најмногу им се потребни, истакна Ковачевски. Од друга страна, опозицијата бара итна собраниска седница на која ќе се разгледа нивниот предлог за намалување на ДДВ-то за горива од 18 на 5 проценти и преполовување на акцизата, како и нула ДДВ за основните прехранбени производи до крајот на годината. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски вчера соопшти дека поднеле барање за итна седница до претседателот на Собранието. -Бараме оваа седница да биде свикана што е можно поскоро зашто секоја помината минута, откако Владата реши да не ги продолжи антикризните мерки за горивата и основните продукти, претставува невидена голгота за граѓаните. Нашите граѓани страдаат, доведени се до ситуација да очекуваат некој нешто да преземе, бидејќи со ситуацијата во која Владата ги стави можат да преживеат едвај една недела, а не цел месец, изјави Мицевски. Антикризните мерки што Владата ги воведе на почетокот на март за ублажување на последиците од кризата престанаа да важат на 1 јуни по што се зголемија цените на основните прехранбени производи и на горивата. Со поскапувањата во изминатите два дена, цената на горивата сега се движи околу 100 денари за литар. Поради растот на цените на храната и горивата и нереализирањето на барањето за зголемување на платите за 2.806 денари, Сојузот на синдикати на Македонија најавува генерален штрајк за што одлука денеска ќе се носи на седници на Претседателството и Советот како највисоки тела на синдикатот. Претставници на ССМ вчера се сретнаа со економскиот тим на Владата, но средбата заврши без договор. – Бараме итно зголемување на платите. Ценовните шокови и двоцифрената инфлација ни даваат право да бараме усогласување на платите веднаш, бидејќи веќе не се издржува, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски по средбата. Од Владата најавија дека социјалниот дијалог продолжува и оти остануваат на ставот за усогласување на платите, но дека во тој процес не смее да се заборави на моменталната ситуација, солидарноста и ефективноста на јавната администрација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/biznis-sektorot-so-predlozi-za-ublazuvanje-na-cenovniot-shok/feed/ 0
Владата ги раскара бизнис секторот и синдикатите за иницијативата недела да стане неработен ден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-gi-raskara-biznis-sektorot-i-sindikatite-za-inicijativata-nedela-da-stane-neraboten-den/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-gi-raskara-biznis-sektorot-i-sindikatite-za-inicijativata-nedela-da-stane-neraboten-den/#respond Tue, 17 Nov 2020 09:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=430514

Владата со иницијативата недела да биде слободен ден ги раскара бизнис секторот и синдикатите. Неодамна Владата ја прифати иницијативата на синдикатите недела да биде прогласена за неработен ден, а Министерството за труд и социјална политика веќе работи на измени и дополнувања на Законот за работни односи. -Веќе одржавме неколку средби со Синдикатите како претставници на работниците, со претставници на работодавачите, Сојузот на Стопански комори, но и со претставници од министерствата за економија, финансии, информатичко општество. Сите овие консултативни средби се во насока да се слушне ставот и мислењето на сите страни и се дојде до одржливо решение кое нема да го наруши функционирањето на општественото живеење од една страна, но од друга страна неделата навистина за доминантен број од работниците ќе биде неработен ден и ден за семејството, велат од Министерството за труд и социјална политика од пред неколку дена. Претставниците од синдикатите сметаат дека недела треба да биде ден за одмор, но бизнис секторот алармира дека ова законско решение треба добро да се обмисли, да се направат проценки за влијанието врз економијата. Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), претседателот Дарко Димовски пред неколку дена за медиумите рече дека пандемијата всушност покажала оти целокупното општество може да функционира и доколку недела се прогласи за неработен ден. Ова решение, ќе овозможи работниците да бидат позадоволни, поодморени, а со тоа и попродуктивни. Воведувањето на неработна недела според невладината организација „Гласен текстилец“ е потребно бидејќи според нивни истражувања и согледувањето има многу поплаки за прекувремена работа или неплатен труд на вработените. Такви одговори добиле особено од вработени во текстилната индустрија, моловите, градежништвото. Но, за оваа иницијатива бизнис секторот и самите работодавачите велат дека ова решение за недела да стане неработен ден мора добро да се обмисли, да се увиди кои дејности тоа може да го прифатат, а кои не. Според најавите на бизнис секторот намалувањето на приходите ќе доведе до намалување на бројот на вработени во продажбата, во логистиката, во администрацијата на тие компании, и до намалување на примањата на вработените, затоа што ќе има помалку средства, а и нема да земаат 50 отсто зголемена дневница за работа во недела како што сега е предвидено во законот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-gi-raskara-biznis-sektorot-i-sindikatite-za-inicijativata-nedela-da-stane-neraboten-den/feed/ 0
Бизнис секторот потврдува дека Владата не им помогнала во кризата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/biznis-sektorot-potvrduva-deka-vladata-ne-im-pomognala-vo-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/biznis-sektorot-potvrduva-deka-vladata-ne-im-pomognala-vo-krizata/#respond Fri, 11 Sep 2020 10:45:10 +0000 https://kurir.mk/?p=401980

И додека состојбата со ликвидноста на компании во Македонија е сериозно влошена и бизнис секторот сериозно предупредува и и укажува на Владата, опозицијата предлага конкретни чекори. За истите пак власта нема слух. Деновиве претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска тврди дека фирмите едвај ги покриваат основните месечни трошоци и секојдневно ги зголемуваат долговите, а дел од фирмите се принудени и да стават клуч на врата. Дека е тоа така, говори и последниот извештај на Народна банка во кој може да се види дека над една третина од македонските фирми имаат блокирани сметки. Во извештајот стои дека, во месец јуни биле блокирани сметките на околу 34% од вкупниот број активни фирми во земјата. Колку е лоша состојбата во македонската економија ни говори и бројката од околу 40.000 луѓе кои, од почетокот на пандемијата со корона вирусот, останале без своите работни места. Бизнис секторот, многу пати апелираше, дека потребно Владата да донесе сет на мерки кои ќе им помогнат на стопанството, но од таму не ја свати сериозно целата таа работа. Имено на вчерашната средба со министерот за економија, Крешник Бектеши тие побараа конкретни и навремени мерки за сите дејности од стопанството за да можат да ја надминат кризата. Арсовска побара Владата интервентно да делува со директна финансиска поддршка за најпогодените сектори, за да се ублажат ефектите од пандемијата колку што е можно повеќе, бидејќи има дејности кои се пред пропаѓање. -Стопанството се соочува со нарушена ликвидност, а за неговата лоша кондиција доказ е и регистрираниот пад на БДП во вториот квартал. Очекуваме интервентно да се делува со директна финансиска поддршка за најпогодените сектори за да се ублажат ефектите од пандемијата колку што е можно повеќе бидејќи има дејности кои се пред пропаѓање. Кризата во континуитет трае повеќе од шест месеци, постојат дејности кои се уште се принудно затворени од Владата за што е неопходно што поскоро по примерот на земјите од регионот и светот да се креираат прецизни протоколи за работа за остварување на дејноста, но и здравствена превенција и да им се овозможи да функционираат, рече Арсовска. Една од причините според Арсовска е што стопанствениците решиле да не ги отпуштаат вработени и тековно да продолжат со работа, со надеж дека работите набрзо ќе се вратат во нормала. Таа додава дека очекува, со 4 пакет, на компаниите да им се овозможи директна финансиска поддршка, особено тие кои се принудно затворени, а ќе се овозможи и бескаматен кредит. Неколку пати бизнис заедницата реагираше дека помошта, која приватниот сектор ја доби од државата, е минимална и недоволна. Арсовска, и на вчерашната средба со претставниците на власта, им укажа дека финансиската помош од Владата, која до сега ја добиле, не е доволна за да можат фирмите да ја пребродат економско-финансиската криза. На ова предупреди и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој пред некој ден, за најавите на владата дека потготвува четворти сет мерки, истакна дека ниту мерките од третиот пакет не се реализирани а камо ли да проектираат нов, сеопфатен пакет. Тој потенцираше дека од третиот пакет, реализирани се само само ваучерите кои кои требаше да се направи предизборен поткуп на граѓани, но дека ги нема мерките со кои треба да им се помогне на стопанството. Инаку, бизнисмените цело време тврдеа дека процентуално, во однос на земјите од регионот и пошироко, владата во Македонија одвоила најмалку пари за спас на економијата. Компаниите, до сега, финансиска помош добија во вид на субвенции на плата, во висина од минималец, и можност за аплицирање за бескаматни кредити.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/biznis-sektorot-potvrduva-deka-vladata-ne-im-pomognala-vo-krizata/feed/ 0
Во Скопје трка на бизнис секторот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-skopje-trka-na-biznis-sektorot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-skopje-trka-na-biznis-sektorot/#respond Sun, 23 Sep 2018 07:22:54 +0000 https://kurir.mk/?p=104615

Во Скопје денеска ќе се одржи Business Run 2018, штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор. Во трката учествуваат компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и останати субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Македонија. Трката ќе биде штафета со четири измени, а компаниските тимови ќе бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга 8 километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2000 метри. Минатата година најбрз беше тимот на Министерството за финансии предводен од министерот Драган Тевдовски, втор беше тимот на Seavus, а третото место го освои екипата на Телеком. За сите учесници на трката, претходно се организира нетворкинг забава за запознавање и дружење, која иницирана од трчањето може да донесе нови деловни релации за бизнис заедницата во нашата земја. Најбрзите три тимови на Business Run 2018 ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, како и со вредни подароци за тимот, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција, оние кои истрчале најбрз круг.Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените. Стартот е закажан за 10 часот, на рекреативната патека на кејот на Вардар кај хотел Парк. Организатор на Business Run 2018 e здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-skopje-trka-na-biznis-sektorot/feed/ 0