бизнис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Jun 2023 12:21:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бизнис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бизнисот бара одговорност од функционерите, укинување на управните одбори и ревидирање на неработните денови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/biznisot-bara-odgovornost-od-funktsionerite-ukinuvane-na-upravnite-odbori-i-revidirane-na-nerabotnite-denovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/biznisot-bara-odgovornost-od-funktsionerite-ukinuvane-na-upravnite-odbori-i-revidirane-na-nerabotnite-denovi/#respond Thu, 08 Jun 2023 12:21:43 +0000 https://kurir.mk/?p=843690

Да се подигне на највисоко ниво одговорноста на функционерите и административците, да се заштити земјата од злоупотреба на моќ, да се укинат управните одбори во институциите кои ги има вкупно 1 320 со 129 000 вработени, да се спречи нерегуларното користење на службените возила со воведување посебни регистарски ознаки, да се ревидираат неработните денови и да се „разбудат“ корективите на власта, порача денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески. Пред голем број претставници од бизнис секторот, науката и институциите, Азески, во третото месечно обраќање што го организира Комората, уште еднаш потенцира дека извозот мора да стане врвен национален приоритет, алфа и омега на македонската економија. Тој констатира дека постои голема поларизација меѓу власта и опозицијата, како и дека земјава од 2006 година е во континуирана кампања што многу лошо, рече, се одразува врз бизнисот. Се осврна и на „популизмот во економските политики“, напомена дека државата не смее да му се меша на бизнисот и апелира дека секој мора да се занимава со својот домен, соодветно на функцијата што ја извршува. Неопходно е, дополни, и воведување економска дипломатија. Азески упати порака и до европските лидери - „ако ни помагаат да ни помагаат, а не да не понижуваат“. Претседателот на Комората ги повика сите засегнати страни да се обединат околу бизнисот „како единствен кохезивен фактор кој може да ја разбуди државата и да ја натера да излезе од нејзината конфорна зона“. Воедно потсети на Декларацијата донесена минатата година, која е вид рамковен договор за економски реформи кои би требале да се спроведат во наредните најмалку десет години. Декларацијата, рече, ја потпишаа МАНУ, сите државни универзитети и бизнис асоцијациите, треба да ја потпишат уште политичките партии застапени во Парламентот. Клучна точка, оцени Азески, е менувањето на менталитетот. -Тешка фрустрација влечеме, дека сме неспособни сами да си ги решиме прашањата па мора да доаѓа некој од страна да ни ја крои судбината. Тоа е исто како дома да го викаш соседот да ти ги реши проблемите, а се знае како тој ги решава. Мора да собереме сила да поведеме сами иницијатива. Изборивме 74 иницијативи за регулирање на односите на Балканот и ниедна не е наша автентична, туку е од надвор. Постои и голема поларизација меѓу власта и опозицијата - видовте вчера, не можеме да разберме за што беше разговарано, „два месеца, три месеца, со ДУИ, без ДУИ“, јас не можам да разбреам што 40 години се занимавам со ова, па не обичниот граѓанин, истакна Азески. Тој подвлече дека извозот мора да стане врвен приоритет. -Оваа економија без извоз не може да издржи. Доста е од поделби, да се обединиме околу бизнисот ако тој е единствениот кохезивен фактор за да излеземе од ситуацијата во која се наоѓаме. Да склучиме договор со државата за да се регулираат односите меѓу неа и приватниот сектор. Она што ни се случува со мешањето во работите, го уништува бизнисот. „Нема да работите во недела, толку ќе ставате маржа, толку ќе плаќате минималец,...“ Се што се прави се прави за ограничување на самостојноста на субјектите кои создаваат и така не можеме да излеземе од ситуацијата. Извозот мора да се дигне на пиедестал. Да се воведат посебни таблици за службените возила. Службените возила во сабота и недела ви се наоѓаат по нивите, по швалерај и не знам каде за недозволени активности. Ќе заштедите и тие пари ќе ги дадете за извоз. Пари ќе се заштедат и со укинување на сите управни одбори во државните претпријатија, државни органи, заводи, институции, агенции кои во моментов се 1 320 институции со 129 000 врабтени, наместо политика да се направи економска дипломатија. Имам порака и до европските лидери кои ни наметнуваат решенија. Тие во пракса многу пати направија преседан на малите земји. Ние во нив гледаме надеж, но и преседани кои беа направени на штеа на малите земји во интрес на големите. Затоа, треба јасно да им порачаме, ако ни помагаат да ни помагаат, а не да не понижуваат, рече Азески. Според него, еден од проблемите е и што не постои лојалност кон државата. -Очекуваме, како бизнисмени, еднаш во три или шест месеци да ни се каже визијата на државата за ние да го следиме тој процес. Мене не ми треба премиерот да излегува по шест пати и да коментира работи кои не би коментирал ни заменикот на помошникот на потсекретарот на Министерството за локална самоуправа. Мора секој со својата одговорност и габарит да ги постави работите. Мене ме интересира дали јас вам ќе можам да ви кажам дека можете слободно да ги продолжите бизнисите и инвестициите со Бугарија зашто тоа ќе го направиме и покрај политичките процеси. Бараме таква личност, не да се зборува за локалните проблеми, за тоа нека зборуваат општините. Исто така, популизмот во економските политики, се е врзано со изборите кои најчесто се предвремени, а кампањите траат континуирано. Ние сме од 2006 континуирано во кампања, немаме одржано редовни избори. Се ова го дрма системот во основа и мора да го надминеме ако сакаме раст на извозот како краен производ кој ќе ни овозможи повисок стандард и вклучување во евроинтеграциите, нагласи претседателот на Комората. Азески, кој е и претседател на Националниот совет за извоз, зборуваше на темата „Извоз, Извоз, Извоз!”. Негови гости беа академик Гоце Петрески, професорот од Економски факултет – Штип и претседател на Клубот на извозници при Комората Дарко Лазаров, професорот на University College London UCL Славо Радошевич, претседателот на Белгиската стопанска комора Оливер Вилокс, извршниот директор на Тиквеш АД - Кавадарци и потпретседател на Клубот на извозници при Комората Радош Вуќикевиќ, како и генералниот директор на компанијата „Актива” Штип Иле Николов. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/biznisot-bara-odgovornost-od-funktsionerite-ukinuvane-na-upravnite-odbori-i-revidirane-na-nerabotnite-denovi/feed/ 0
Истражување: Бизнис довербата во Европа за 2023 година е најниско историско ниво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-biznis-doverbata-vo-evropa-za-2023-godina-e-najnisko-istorisko-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-biznis-doverbata-vo-evropa-za-2023-godina-e-najnisko-istorisko-nivo/#respond Wed, 23 Nov 2022 14:10:00 +0000 https://kurir.mk/?p=765457

Бизнис довербата во Европа за следната 2023 година е помала отколку за време на финансиската криза 2008-2009 година и екот на пандемијата со Ковид-19 односно е на историски најниско ниво. Загриженоста за пристапот до енергија и суровини, недостиг на квалификации и трошоците за работна сила се меѓу клучните предизвици кои ги обликуваат наодите, врз основа на ставовите на повеќе од 42.000 компании во 25 европски земји. Податоците се од триесеттото годишно издание на Економското истражување на Асоцијацијата на европските стопански и индустриски комори (Eurochambres EES2023). Сите индикатори ЕЕС2023 покажуваат дека бизнисмените очекуваат работите да се влошат пред да станат подобри. Претприемачите се борат со зголемените плати и трошоци за производство, како и со неизвесноста за синџирите на снабдување и економските изгледи. Како одраз на ова, на европско ниво се забележува силен годишен пад на очекувањата за извозот, вработеноста и инвестициите, додека прогнозите за домашната продажба се пониски во споредба со 2021 година. Во истражувањето компаниите од сите сектори одговорија на низа прашања за тоа како очекуваат да се претстават во 2023 година во однос на домашната и извозната продажба, работната сила, деловната доверба и севкупните инвестиции. Тие исто така беа прашани за импликациите што произлегуваат од пандемијата со коронавирусот и главните предизвици што ги очекуваат во 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-biznis-doverbata-vo-evropa-za-2023-godina-e-najnisko-istorisko-nivo/feed/ 0
Бизнисот бара итни мерки за помош, инфлацијата на ниво од 11,9 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/biznisot-bara-itni-merki-za-pomosh-inflacijata-na-nivo-od-11-9-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/biznisot-bara-itni-merki-za-pomosh-inflacijata-na-nivo-od-11-9-otsto/#respond Wed, 08 Jun 2022 05:41:18 +0000 https://kurir.mk/?p=688066

Државата веднаш да преземе мерки за пресретнување на евентуална ескалација на состојбите што би можело да се случат следната зима, апелираа вчера од Стопанската комора на Северна Македонија, од каде побараа штедење особено на електричната енергија и од државата, граѓаните и од компаниите. Во меѓувреме, Државниот завод за статистика објави дека инфлацијата во мај достигна 11,9 отсто, а од Владата најавија одлука за евентуална интеревенција кај цените до крајот на неделава. Со ребалансот на Буџетот се очекуваат нови мерки за поддршка на најпогодените категории граѓани. Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески предупреди дека економската активност може да биде погодена многу и оти може да дојде затворање на компании и намалување на работни места. Според него, државата е насочена да ги спасува граѓаните, но ако не се сфати дека е потребна и поддршка на компаните и ако тоа не се случи, тогаш, како што рече, ќе има сериозни проблеми. -Мора да се задржи економската активност затоа што без тоа, со затворање на капацитетите, ќе создадеме поголем гап кој во ваква неизвесност која претстои може да биде катастрофален. Државата треба да се одрече од некои комодитети веднаш и не треба да размислува за никакви алтернативи освен за запрегнување на ракавите и за фаќање во костец со проблемот, рече Азески во одговор на новинарско прашање. Тој порача дека треба да се штеди и да се користат сите механизми за справување со состојбите, односно, како што рече, до пресретнување на ситацијата која може да ескалира со доаѓањето на зимата. Особено проблематичен, според него, може да биде порастот на цената на струјата која влијае на работата на компаниите. -Ние имаме дефинирани предлози, бараме намалување на потрошувачката веднаш со директни акти на државата затоа што кај нас не може да се намали нешто со убедување. Државата да најде механизам да ја намали потрошувачката за 10 до 20 проценти, а да го зголеми нивото на производтсво на електрична енергија за 20 отсто. На таков начин би се створил гап од 40 проценти, кој би се употребил за некакво регулирање на цената на струјата што се испорачува кон фирмите, рече Азески. Укажа и дека има сериозни индикации за невообичаени движења кај фирмите во делот на трансакциите, особено кај оние кои се занимаваат со трговија и оти е можно да има инфлаторен притисок од таа страна. Затоа, смета Азески, потребни се контроли кои ќе бидат во таа насока да се направи обид да се спречат определени процеси кои можат да влијаат на севкупната економија. Во меѓувреме, мнозинството во Собранието вчера не гласаше за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за потребата од носење на Законот за акцизите со кој оваа давачка за течните горива треба да се намали за 50 проценти, и Законот за ДДВ со кој се ослободува храната од ДДВ, а за течните горива да се намали од 18 проценти на 5 проценти. Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија најавија дека веќе на утрешната седница повторно по итна постапка ќе бараат да се разгледаат двата закона. -Доколку нашите предлози заглават во собраниските лавиринти, ќе побараме и амандмански да се интервенира во Ребалансот со цел намалување на цената на горивата и ДДВ за основните прехранбени производи. Како пратеничка група сме подготвени овие предлог закони да бидат предложени и од владеачките пратеници и истите веднаш да се најдат на собраниската комисија за финансирање и буџет. ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата ќе направи се што е потребно во интерес на граѓаните, изјави Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. За полесно да се пребродат ценовните шокови, на почетокот на месецов од Сојузот на стопански комори побараа активирање на државните резерви, зголемување на домашното производство и елиминирање на непотребните бирократски процедури за инсталирање на обновливи извори на енергија. Ценовниот шок, според ССК, е резултат на непродолжувањето на антикризните мерки поврзани со ДДВ-то и маржите. Со ребалансот на Буџетот што треба да биде усвоен се предвидени средства за креирање нови мерки со цел, како што изјави завчера министерот за економија Крешник Бектеши, да се ублажи притисокот и да им се излезе во пресрет на граѓаните, посебно на категориите кои имаат најголема потреба. Од 31 мај нема мерки во делот на ограничување на цените и маржите бидејќи заедно со стопанските комори било одлучено тоа да биде оставено на пазарот слободно да ги утврди. – Ако се здружат одредени трговци и производители за пазарно функционирање и уредување на цените, ние секако ќе ги донесеме тие мерки, кои и не се многу популарни, во делот на ограничување на цените и маржите, изјави Бектеши. Тој најави дека до крајот на неделата ќе биде донесена одлука дали ќе се интервенира во делот на цените. Секторот за трговија во Министерството за економија заедно со Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и другите надлежни институции од почетокот на кризата со цените на дневна основа ја следат ситуацијата. За вчера беше најавен координативен состанок на овие институции за да се разгледаат сите податоци, а ќе има состаноци и со стопанските комори, со трговците на големо и на мало, и со производители на основни прехранбени производи, за до крајот на неделата да се донесе одлука. Доколку се покаже дека има манипулации од одредени трговци и самите не ги вратат цените согласно некоја нормална маржа на добивка, тогаш државата ќе интервенира за тие да не бидат на грбот на граѓаните. Државата, посочи министерот, има влијание само за домашните производи, за кои се следат и влезните цени на суровините и производствените цени, додека за увозните производи не може да се влијае, освен во делот на давачките, каде државата целосно се откажа од тие придонеси. Државниот завод за статистика вчера објави дека трошоците на животот во мај годинава во однос на претходниот месец се зголемени за два, а цените на мало за 1,5 проценти. Во однос, пак, на мај лани трошоците на живот се поголеми за 11,9, а цените на мало за 12,1 отсто. Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 6,7 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 6,2 проценти, млекото за 5,4 проценти, лебот и житата за 3,7 проценти, кафето, чајот, какаото за 3,1 проценти, сирењето и урдата за 2,9 проценти…. Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 19 проценти, услугите за сместување за 7,5 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7,4 проценти,…]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/biznisot-bara-itni-merki-za-pomosh-inflacijata-na-nivo-od-11-9-otsto/feed/ 0
САД: Србија треба да ги разбере ризиците и цената од бизнисот со Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-srbija-treba-da-gi-razbere-rizicite-i-cenata-od-biznisot-so-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-srbija-treba-da-gi-razbere-rizicite-i-cenata-od-biznisot-so-kina/#respond Tue, 12 Apr 2022 12:25:30 +0000 https://kurir.mk/?p=661861

Водењето бизнис со компании со седиште во Кина е суверена одлука, но српската влада треба да биде свесна за краткорочните и долгорочните ризици и цената, изјавија од Стејт департментот за Гласот на Америка во врска со наводите дека на Србија и била испорачана кинеската воена опрема, јави дописникот на МИА од Белград. Портпаролот на Пентагон Џон Кирби претходно во Вашингтон изјави дека САД не можат да ја потврдат кинеската испорака во саботата во Белград, која официјален Пекинг ја опиша како вообичаена воена опрема или, како што наведе, да шпекулира за влијанието на Русија и Украина. Министерството за одбрана на Србија досега не даде одговор на прашањето на Гласот на Америка дали и каква воена опрема и е испорачана на Србија од Кина и дали за тоа се користени авиони на кинеската војска. Првите информации за тој случај се појавија во саботата на порталот Tango six и на социјалните мрежи, чии корисници објавија фотографии од поголеми летала што го прелетуваа Белград. Tango Six соопшти дека на воениот аеродром Батајница крај Белград слетале повеќе (најверојатно 6) тешки транспортни авиони Y-20A на кинеското воено воздухопловство. Нивниот лет до аеродромот Батајница можел да се следи на јавните сервиси за следење летови. По Батајница, неколку авиони слетале на аеродромот Никола Тесла за да наполнат гориво и околу 9 часот полетале назад во Кина. – Ова е најверојатно првиот дел од испораката (се очекуваат повеќе летови) на кинескиот ракетен систем за противвоздушна одбрана ФК-3, кој Србија го договори и плати во 2019 година, а преговорите за оваа набавка започнаа во НР Кина во 2018 година. Србија, барем официјално, ќе стане првата земја-корисничка на FK-3 што ќе ја претставува извозната верзија на системот HQ-22, соопшти Tango Six. Агенцијата Асошиетед прес објави дека кинеските воено-транспортни авиони Y-20 на Србија и го испорачале кинескиот ракетен систем HQ-22, чија извозна шифра е FK-3, но таа информација засега нема официјална потврда. Единствено што е познато е вчерашната информација од Кина дека нејзините воени авиони испорачале „редовна воена испорака“ на Србија. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан изјави дека операцијата е дел од годишниот план за соработка на двете земји, дека не е насочена против трета страна и дека „нема никаква врска со моменталната ситуација“. Тој не даде никакви дополнителни детали. Во врска со кинеско-српските односи е и саботното соопштение на помошникот министер за надворешни работи на Кина и портпаролка на кинескиот МНР Хуа Чунјинг, дека Кина силно ја поддржува Србија во донесувањето одлуки врз основа на фундаменталните интереси на земјата и нацијата. – Ние се спротивставуваме на надворешните сили кои вршат политички притисок врз суверените земји и се спротивставуваме на принудувањето на другите земји да застанат на едната страна, напиша Хуа на Твитер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-srbija-treba-da-gi-razbere-rizicite-i-cenata-od-biznisot-so-kina/feed/ 0
Од идеја до бизнис на „Startup Weekend Skopje“ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/od-ideja-do-biznis-na-startup-weekend-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/od-ideja-do-biznis-na-startup-weekend-skopje/#respond Tue, 12 Apr 2022 10:14:22 +0000 https://kurir.mk/?p=661795

Оваа година ќе се одржи 11то-то издание на Startup Weekend Skopje! По 2 години онлајн издание, оваа година настанот ќе се одржи во живо од 6ти до 8ми мај во Инофеит! Startup Weekend Skopje e 54 часовен настан каде младите претприемачи имаат можност да ја презентират и разработат својата иновативна стартап идеја! Многу повеќе од настан - Startup Weekend Skopje преку претприемништвото и тимска работа, инспирира и ги мотивира младите да разработат нешто свое. На настанот младите имаат можност да ја презентираат својата стартап идеја, да формираат тим и со помош на менторската поддршка да го разработат концептот околу идејата! Картите за овогодинешниот Startup Weekend Skopje се веќе во продажба и можете да купите - ТУКА. Во периодот од 6-ти до 8-ми мај во просториите на Инофеит, младите претприемачи и креативци ќе добијат уникатна шанса да развиваат и тестираат своите стартап решенија. Исто така, учесниците ќе имаат можност да ја споделат својата идеја со локалните и странски ментори, кои несебично ќе го споделат нивното искуство и ќе ги советуваат учесниците како да ја разработат својата идеја. На крајот од настанот, решенијата кои ќе бидат оценувани од судии-експерти, ќе се стекнат со вредни награди, како и реална можност за реализирање на нивната идеја. Теchstars Startup Weekend е интернационален настан поддржан од Google for Entrepreneurs. До сега се организирани повеќе од 3,000 настани во 150 земји, низ кои поминале над 400,000 млади претприемачи. Скопје е град домаќин на Techstars Startup Weekend по 11-ти пат. Tимот Солвео, кој 5-та година по ред го организира Startup Weekend Skopje вели дека ова е искуство кое не треба да се пропушти. Исто така, тие додаваат и дека не постоjaт лоши идеи туку постојат само лоши одлуки. Затоа и ги повикуваат сите млади иноватори да направат чекор напред и да се пријават на настанот. Kaртите се во ограничен број, веќе пуштени во продажба и можат да се купат на следниот линк За повеќе информации околу настанот, посетете ги официјалните профили на Facebook и Инстаграм ]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/od-ideja-do-biznis-na-startup-weekend-skopje/feed/ 0
Азески: Влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот, компаниите се во многу тешка позиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/azeski-vleguvame-vo-neizvesnost-koja-e-katastrofalna-za-biznisot-kompaniite-se-vo-mnogu-teshka-pozicija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/azeski-vleguvame-vo-neizvesnost-koja-e-katastrofalna-za-biznisot-kompaniite-se-vo-mnogu-teshka-pozicija/#respond Tue, 08 Mar 2022 08:38:02 +0000 https://kurir.mk/?p=643109

Влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот. Компаниите во овој момент се наоѓаат во многу тешка позиција, бидејќи ваквите неизвесности се смрт за инвестициските активности и за нивниот развој, смета претседателот на Стопанската комора и копретседавач на Коморскиот инвестициски форум, Бранко Азески. Тој ваквиот став го соопшти на Бизнис форумот во Копаоник, во рамки на 10. панел насловен „Регионалната соработка како предуслов за одржлив раст“. Азески укажа дека пред регионалното економско обединување сѐ уште има многу неодговорени прашања и дилеми на кои земјите од Западен Балкан треба да работат. За да се примени концептот „Отворен Балкан“, порача Азески, неопходно е секој да го прифати како свој, а не како наметнат. Колку заостануваме зад другите, што подразбираме под регионална соработка, дали различните статуси што ги имаат државите на Западен Балкан можат да ги попречуваат процесите (СТО, НАТО, ЕУ), каква е улогата на државите во однос на заедничката инфраструктура, заедничкото железничко поврзување, заедничкото снабдување со гас, која е крајната цел – дали создавање некаква царинска унија, дали за странските директни инвестиции ќе изградиме заедничка политика и дали некој ни пречи на тој пат како бизнис, се само некои од отворените прашања, кои, според Азески, го оптоваруваат регионалното економско обединување. -Ако на овие отворени прашања, за кои сѐ уште постои потреба од дебати, разговори, усогласување ставови и политики меѓу државите, им се додадат и економските случувања во светот (пандемијата која резултираше со економска, финансиска и енергетската криза), како и последните случувања во Украина за чиј исход засега никој не го знае одговорот), влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот. Компаниите во овој момент се наоѓаат во многу тешка позиција, бидејќи ваквите неизвесности се смрт за инвестициските активности и за нивниот развој, порача претседателот на Комората. Четири дена на балканскиот Давос, организиран од Алијансата на економисти на Србија, под директно водство на претседателот на Српското здружение на економисти, Александар Влаховиќ, под слоганот „Србија 2030: агенда за одржлив развој“, се реализираат вкупно 33 панели со 200 панелисти и со осум пленарни говори, на кои ќе се дебатира за тековни и стратешки теми битни за економскиот развој на Западен Балкан и за поствизијата на новата нормалност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/azeski-vleguvame-vo-neizvesnost-koja-e-katastrofalna-za-biznisot-kompaniite-se-vo-mnogu-teshka-pozicija/feed/ 0
Лепа Брена 29 години има таен бизнис: Пејачката поседува локал надвор од Белград – никогаш нема да поверувате за што се работи https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/lepa-brena-29-godini-ima-taen-biznis-pejachkata-poseduva-lokal-nadvor-od-belgrad-nikogash-nema-da-poveruvate-za-shto-se-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/lepa-brena-29-godini-ima-taen-biznis-pejachkata-poseduva-lokal-nadvor-od-belgrad-nikogash-nema-da-poveruvate-za-shto-se-raboti/#respond Tue, 11 Jan 2022 14:29:19 +0000 https://kurir.mk/?p=618051

Пејачката Лепа Брена наводно има таен бизнис во Нови Сад. Поранешната газдарица на Гранд Лепа Брена во 1993 година отворила киоск за брза храна во кој се продаваат плескавици . Како што се наведува, по продажбата на продуцентската куќа таа одлучила да се реализира и во оваа работа. -Иако сите знаат дека Брена ја продаде „Гранд продукција“ ретко кој знае дека таа има и друг бизнис на кој одлучи сега да се посвети. Полни 29 години има локал во Нови Сад во кој се продаваат плескавици и брза храна, вели извор близок на пејачката. Инаку, Брена неодамна откри дека започнала со нов бизнис кој се однесува најмногу на жени и како што истакна на пролет ќе го презентира во јавност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/lepa-brena-29-godini-ima-taen-biznis-pejachkata-poseduva-lokal-nadvor-od-belgrad-nikogash-nema-da-poveruvate-za-shto-se-raboti/feed/ 0
Хелена Топаловиќ започнува голем бизнис: Ќе заработува брдо пари, а нема да верувате за што се работи https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/helena-topalovikj-zapochnuva-golem-biznis-kje-zarabotuva-brdo-pari-a-nema-da-veruvate-za-shto-se-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/helena-topalovikj-zapochnuva-golem-biznis-kje-zarabotuva-brdo-pari-a-nema-da-veruvate-za-shto-se-raboti/#respond Wed, 10 Nov 2021 15:35:33 +0000 https://kurir.mk/?p=593762

Ќерката на пејачот Милан Топаловиќ Топалка, Хелена Топаловиќ реши да влезе во сериозни деловни води. Таа се осврна во бизнисот со недвижнини, исто како и нејзиниот сопруг Драган Гага Алексиќ, кој работи низ целиот свет. Базата на Хелена сепак ќе биде Белград, а преку нејзиниот Инстаграм профил веќе почна да рекламира станови. Станува збор за бизнисот „стан за еден ден“. Извор близок до ќерката на Топалко за „24седам“ открива дека од оваа работа можела да заработи илјадници евра, а направила сериозен бизнис план пред да се впушти во се. Станува збор за луксузни апартмани на Врачар, каде што гостите ќе имаат на располагање џакузи, сауна, сопствен паркинг, како и рент а кар. Изворот за гореспоменатиот портал додава дека Хелена веќе има завршено четири стана, луксузно и модерно опремени и затоа цените ќе бидат во согласност со она што таа го нуди. Доколку гостите сакаат да користат џакузи и сауна, тоа задоволство ќе ги чини 80 евра дневно, додека за нешто поскромни желби младата пејачка ќе наплаќа по 60 евра дневно. Исто така, на гостите кои доаѓаат од странство ќе им биде обезбеден превоз од аеродром до стан и назад. Издавање се уште не почнала, но наскоро ќе почне, а становите се веќе резервирани за дочекот на Новата година кога Хелена ќе се обогати. Да потсетиме, ќерката на Топалко кон средината на септември се омажи за Драган Алексиќ, а веста за нивната венчавка изненади многумина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/helena-topalovikj-zapochnuva-golem-biznis-kje-zarabotuva-brdo-pari-a-nema-da-veruvate-za-shto-se-raboti/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Розевите очила на Заев треба да ги симне – Македонија на дното во Европа! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-rozevite-ochila-na-zaev-treba-da-gi-simne-makedonija-na-dnoto-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-rozevite-ochila-na-zaev-treba-da-gi-simne-makedonija-na-dnoto-vo-evropa/#respond Wed, 28 Apr 2021 18:16:34 +0000 https://kurir.mk/?p=503464

Бизнисот и населението во Македонија немаат доверба во економските политики на државата. Розевите очила на Заев треба да ги симне. Економското расположение во Македонија во март 2021 година е најниско во Европа. Тоа го покажуваат податоците од индикаторот за економско расположение (ESI – economic sentiment indicator) којшто го изработува Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Неговата цел е да го следи растот на БДП на земјите-членки, на ниво на ЕУ и еврозоната, и на земјите кандидат - членки. ESI е пондериран просек на салдото на одговори на избрани прашања упатени до фирми во пет сектори опфатени со Анкетите за деловно работење и Анкетите на потрошувачи. Опфатените сектори се индустрија (пондер 40%), услуги (30%), потрошувачи (20%), трговија на мало (5%) и градежништво (5%). Индикаторот е скалиран на долгорочна средина од 100 и стандардна девијација од 10. Вредностите над 100 укажуваат на натпросечно економско расположение и обратно. Податоците се сезонски прилагодени, стои во соопштението. Според индикаторот, ударот на кризата во март и април 2020 година врз економското расположение на бизнисот и населението беше најголем во Македонија од сите земји во Европа. Исто така, на дното на индикаторот сме во однос на тоа како се враќа довербата во економијата. Од април 2020 година до март 2021 година вратена е само 60% од економската доверба. Ова јасно укажува на неуспешни економски политики од страна на Владата кои не можат да креираат околина за заживување на економијата. Фијаското во здравствената и економската политика од почетокот на кризата испаднаа на површина!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-rozevite-ochila-na-zaev-treba-da-gi-simne-makedonija-na-dnoto-vo-evropa/feed/ 0
„Филипче позади донираните вакцини го турка својот бизнис за стерилизација, која ќе ги чини здравствените установи 5-7 пати повеќе“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-pozadi-doniranite-vakcini-go-turka-svojot-biznis-za-sterilizacija-koja-kje-gi-chini-zdravstvenite-ustanovi-5-7-pati-povekje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-pozadi-doniranite-vakcini-go-turka-svojot-biznis-za-sterilizacija-koja-kje-gi-chini-zdravstvenite-ustanovi-5-7-pati-povekje/#respond Wed, 17 Feb 2021 09:18:26 +0000 https://kurir.mk/?p=469970

Владата и министерството за здравство продолжуваат со штетните договори за демонтирање и приватизација на јавното здравство. Министерот за здравство, Венко Филипче не се откажува од идејата за приватизација на јавното здравство. А, истата приватизација ја прикрива со ПР техники и одвлекување на внимание на јавноста со почнување на вакцинација против КОВИД-19. По неуспешниот обид на министерот за здравство, Венко Филипче да ги приватизира Итната помош, биохемиските лаборатории, Рендген институтот и воопшто како специјалистичка служба, сега се осврна на стерилизацијата. Станува збор за 31 здравствена установа од целата држава. Но, од почетокот на постапката во 2019-тата година кога ВМРО-ДПМНЕ побара одговори од министерството за здравство ништо не се случи, освен зделки кои само одговараа на сметките на министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев. Иако министерот за здравство, Венко Филипче велеше дека презема чекори за унапредување на јавното здравство, освен физибилити студии, тендери или сомнителна приватизација на јавното здравство, граѓаните друго ништо не видоа. А, сега новиот договор кој е донесен во Заклучок на Влада и нема обврзен ефект за директорите и раководителите на јавните здравствени институции. „Дали со договорот кој што Ве тераат да го потпишете и ве уценуваат, а со цел за да си ги зачувате работните места, буџетот кој се троши за стерилизација во ЈЗУ ќе биде 5-7 пати поголем од оној кој што го трошевте до сега? Кои се предностите од договор за стерилизација? Според која типологија ќе биде изведена? Зошто немате никакви информации за видот на сетови и комплексноста за која ќе се користат? Според кои стандарди и препораки се форсира употребата токму на ваквите сетови, за кои што ве тераат да потпишете договор? Каде се медицинските директори и тие потпишуваат и подеднакво одговараат“, ги запраша Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи организациските директори и другите раковидители на ЈЗУ, како и медицинските директори. Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ дополнува дека очигледно е за премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче се се врти само околу парите. Очигледно е тие не се заинтересирани за здравјето на граѓаните, ниту во период на пандемија со корона. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-pozadi-doniranite-vakcini-go-turka-svojot-biznis-za-sterilizacija-koja-kje-gi-chini-zdravstvenite-ustanovi-5-7-pati-povekje/feed/ 0