бизниси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Oct 2022 12:39:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бизниси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Исени: Бизнисите во моментов имаат две опции, да работат со загуба или да се затворат привремено или целосно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/iseni-biznisite-vo-momentov-imaat-dve-opcii-da-rabotat-so-zaguba-ili-da-se-zatvorat-privremeno-ili-celosno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/iseni-biznisite-vo-momentov-imaat-dve-opcii-da-rabotat-so-zaguba-ili-da-se-zatvorat-privremeno-ili-celosno/#respond Tue, 25 Oct 2022 12:39:18 +0000 https://kurir.mk/?p=750193

Бизнисот очекува в петок, на 28 октомври, да се одржи редовна седница на Платформата за јавно-приватен дијалог и Владата да каже кои ќе бидат следните чекори за поддршка на стопанството. Како што вели за МИА претседавачот на Платформата и извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија Дриљон Исени, засега нема информација од фирмите членки за отпуштања, но сите работат минимално, со 30 – 40 отсто од производствените капацитети, за да одржат кондиција и да заштедат струја. Според Исени, бизнисите во моментов имаат две солуции, да работат со загуба што не може да трае долго или да се затворат привремено или целосно. -Бизнисите немаат пари, треба да ги покачат платите за да ги задржат вработените и да плаќаат поскапа електрична енергија, а од друга страна има ослабена потрошувачка. За бизнисите кои се на слободниот пазар ова е веќе реална закана. Владата треба да размисли како да ги поддржи во овој дел, како да се најде начин најмалку да плаќаат за струја. Компаниите имаат две солуции, да работат со загуба што не може да трае долго или да се затворат привремено или целосно. Ако се затворат привремено, треба да ги отпуштат своите работници, а гаранција дека тие ќе останат во земјава нема. Може веднаш да заминат што дополнително ќе го зголеми проблемот со недостиг на работна сила, односно квалификуван кадар. Очекуваме дека Владата ќе ги земе предвид нашите предупредувања зашто ситуацијата е многу тешка, истакнува Исени.
Стопанството, додаде, е во исчекување на последниот пакет мерки за поддршка. -Тоа што се презентира сега е во рамки на досегашната пракса да се нуди повеќе поддршка за социјално ранливите категории и тоа не е лошо, но треба да се најде начин и како бизнисот да се растовари од овој голем товар што го има сега. За бизнисите најголеми три проблеми се поскапувањето на енергенсите, особено електричната енергија, човечкиот капитал и ликвидните средства. Еден од нашите предлози беше како да се намали или целосно привремено да се тргне ДДВ-то за електрична енергија, но и да се стави профитна маржа за дистрибутерите, што и се случи. Наш последен предлог, кој сметаме дека ќе се земе предвид, е да се воспостави горна граница на цена на струјата до одредена сума која треба да ја покријат бизнисите, а разликата да ја покрива државата, по моделот на земјите од регионот. Нека се задолжи уште малку државата, не е проблем, треба бизнисите да ги зачуваме зашто ако бидат принудени да се затворат, ќе ги загубиме и вработените, а на компаниите ќе им треба многу време за да се вратат во нормала, вели Исени. Во однос на предлогот за горна граница на цена на струјата, од Владата се уште нема согласност. -Владата првично го третира потрошувачот како важен елемент од економијата и тоа е во ред, но прашањето е колку долго може бизнис заедницата да ги трпи поскапувањата. Очекувањата се дека сепак фокусот ќе биде на граѓаните во вид на социјални мерки, но бизнисот уште се надева дека ќе има нешто и за него зашто со оваа цена на електричната енергија, компаниите тешко можат да преживеат, подвлече Исени пред почетокот на денешната визионерска работилница за креирање национална развојна стратегија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/iseni-biznisite-vo-momentov-imaat-dve-opcii-da-rabotat-so-zaguba-ili-da-se-zatvorat-privremeno-ili-celosno/feed/ 0
Поради приватни бизнис интереси вредни 39 милиони долари сега македонските граѓани плаќаат поскапа струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poradi-privatni-biznis-interesi-vredni-39-milioni-dolari-sega-makedonskite-gragjani-plakjaat-poskapa-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poradi-privatni-biznis-interesi-vredni-39-milioni-dolari-sega-makedonskite-gragjani-plakjaat-poskapa-struja/#respond Fri, 04 Dec 2020 10:45:04 +0000 https://kurir.mk/?p=438608

За приватни бизнис интереси за производство и продажба на струја, власта ги испразни македонските езера и акумулации доведувајќи ги до под дозволениот минимум. Македонските граѓани веќе почнаа да ја плаќаат цената на минатогодишното неконтролирани производство на струја, која воглавно одеше за извоз. Минатата 2019 година, извозот на електрична енергија пораснал за 26% проценти споредено со 2018 година, при што инкасирани беа 39 милиони долари. Граѓаните почнаа да се жалат дека веќе почнаа да им стигаат високи сметките за електрична енергија и тоа двојно повисоки од тоа што вообичаено го плаќале за време на најстудените зимски месеци. Жител на општина Ѓорче Петров за порталот „Плусинфо.мк“ вели дека и покрај тоа што се топли со инвертер клима, сметката за струја во ноември му била повисока од зимските месеци претходната година. – Ако во овој месец кога повеќето денови беа топли плаќам 12.000 за струја, тогаш во февруари можно е да добијам сметка и од 50.000. Ваква сметка лани немав ниту во најстудените зимски месеци, бидејќи се топлам со инвертер клима. Сегашната е двојно повисока од тие сметки – вели соговорникот. Порталот за бизнис и економија, „Бизнис инфо“ пишува дека извозот на струја од Македонија во 2019 пораснал за 26% во однос на 2018 година, при што заработени се 39.015.000 долари. Со овие податоци Македонија, во светски рамки по извоз на електрична енергија се најде на 57-мо место. Ова ги потврдува тезите дека неконтролираното производство и продажба на електрична енергија на странски пазари и трошење на водните ресурси додведе до тоа Македонија да не може да произведува струја поради нискиот водостој. Македонските хидроцентрали во моментов не произведуваат струја, а потребите се задоволуваат од увоз на електрична енергија. На 5 ноември Владата донесе одлука за прекин на производство на струја поради лошата состојба на природните и вештачките езера. Сушата го намали нивото на вода, а доколку хидроелектраните продолжат со работа, има опасност да за загрози живиот свет во акумулациите. Од Илинденска тогаш убедуваа, дека прекинот со производство на струја на хидроелектраните нама да ги поскапи сметките за електрична енергија на граѓаните, што се испостави дека не е точно. Од друга страна и експертите од енергетскиот сектор, уште тогаш, алармираа дека интерветниот увоз на електричната енергија, поради прекинот на производсвотсво на струја на македонските хидроцентрали, со сигурност ќе значи и поскапа струја за граѓаните. -Со било каков увоз на струја, цената ќе расте. Без увоз цената порасна за седум отсто. Електричната енергија која не е долгорочно нарачана на почетокот јасно дека е поскапа. И се разликува во цената за најмалку 30 отсто, велеше Константин Димитров експерт по енергетика. Имено, од страна на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, цело време обвинуваат дека желбата за профит на власта доведе до пресушување на водите во македонските природни и вештачки езера, како и во акумулациите. Од таму велат дека ова еколошка катастрофа што му се случува на Македонија со езерските води е поради неспособноста на владата и нејзината желба за профит, при што го загрозува како живото на луѓето така и на целиот животински и растителен свет во езерата. Од таму додаваат дека претераната потрошувачка на вода со цел производство на струја, во летниот период, придонесе, Македонија да се соочува со најголемата криза во последните децении. Од сето ова погоре може да се заклучи дека, цехот за нечиите бизнис интереси го плаќаат граѓаните со тоа што уште на почетокот на грејната сезона, кога температурите не се спуштени многу под нулата, веќе почнаа да им стигаат високи сметки за електрична енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poradi-privatni-biznis-interesi-vredni-39-milioni-dolari-sega-makedonskite-gragjani-plakjaat-poskapa-struja/feed/ 0
Рудникот Иловица продаден на Бугарија – Дали со ова Заев ги реализира бизнисите ветени кон Борисов? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rudnikot-ilovica-prodaden-na-bugarija-dali-so-ova-zaev-gi-realizira-biznisite-veteni-kon-borisov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rudnikot-ilovica-prodaden-na-bugarija-dali-so-ova-zaev-gi-realizira-biznisite-veteni-kon-borisov/#respond Wed, 02 Dec 2020 08:53:52 +0000 https://kurir.mk/?p=437284

Зад сопствеништвото на рудникот Иловица на планината Огражден се крие бугарска компанија преку Кајманските острови. На Фејсбук страната „Здрава котлина“ пред два дена беше објавено дека наводно швајцарската компанија Трафигура ја купи Еуромакс Ресурси во Македонија преку Кајмански Острови. -Ама на крај излегува дека ова само да ти бил бугарски капитал на Geotechmin што го има најголемиот рудник за злато и бакар во Бугарија. Дали акционерите како Цоло Вутов, Иван Вутов, Станислав Делчев ви личат на швајцарски имиња што се наредени до Варшан Гокул, Патрик Форвард, ЕБРД и други? И уште нешто, зошто преку Кајмански Острови? Знаете ли што значи тоа кога наводен швајцарски капитал доаѓа преку Кајмански острови? А дали знаете колку милиони евра е оштетен буџетот на Македонија поради избегнување на плаќање јавна давачка во висина од 7% од вредноста на коцесијата согласно член 49 став 15 што ја регулира промената на сопственичката структура што поединечно или збирно го менува управувачкиот пакет односно има 51% или повеќе од вкупната сопственост на фирмата што ја има концесијата согласно член 49 став 1 и став 14. Да не зборуваме што побараа довола од комисија за конкуренција, но не побараа никаква дозвола од министерството за економија согласно член 49 од Законот за минерални суровини и членовите 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20 и 21 од Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам. Како е можно еднаш да се правни лица како што гледате на сликите, а еднаш да се физички лица како што гледате исто на сликите? Зарем треба да ги толкуваме законите зависно кој прашува? Имаме ли ние закони што си ги почитуваме или ова не важи за сите еднакво?, прашуваат од Здрава Котлина. Оттаму, како што велат, имаме чорба каша од бугарски капитал скриен преку швајцарска фирма и пренесен преку Кајмански Острови и за што не е платена јавна давачка од 7% без разлика што трансакцијата се случила надвор од Македонија. -Факт е дека променета е контролата на управувачкиот пакет акции еднаш над правните лица и понатаму на физичките лица што е евидентно од фотографиите. Факт е дека ниту дозвола е побарано па ниту е платена јавната давачка согласно законот. Факт е дека многу мириса на голема корупција и перење на пари, велат од Здрава Котлина. Минатата година второстепената комисија за одлучување во управна постапка ја одби жалбата на компанијата „Еуромакс ресорсис“. Тогаш од компанијата не појаснија кои ќе бидат нивните чекори. Но, по низата изјави во јавноста, се отвора простор за сомнеж дека зад отворите врати на Бугарија за бизни во Македони сто премиерот Зоран Заев. Имено, во јавноста веќе наголемо се говори Заев на Бојко Борисов му ветил продажба на една телевизија, банка, акции во голема компанија каде државата има капитал и еден рудник. Од ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период предупредуваа дека покрај историската распродажба, Заев во Бугарија ветувал влез на бугарски капитал во големи македонски компании. Пратеникот Антонио Милошоски на почеток на минатиот месец јавно говореше дека зад бизнис зделките на Заев со Бугарија стои македонска банка и важна телекомуникациска компанија. -Она што се зборува во кулоарите во дипломатски неофицијални кругови е дека дел од тензијата која што е настаната помеѓу Борисов и Заев се однесува на некои дадени ветувања од Заев коишто македонската јавност не ги знае, поврзани со македонската историја, идентитет, јазична и културна самобитност, но исто така поврзани и со ветувањето за влезот на Бугарија во една голема македонска банка и во една голема телекомуникациска куќа, вели Милошоски. Вчера и Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека зад тајните разговори со Бугарија за отстапување од македонските национални одбележја, се кријат и бизнис интереси кои Заев одамна ги има ветено. -Па како тогаш може истата да ја распродава, како може да изјавува дека Скопје, Куманово и Крива Паланка биле ослободени а не поробени од источниот сосед. Ова глумење на непознавање, крие и бизнис интереси. Бизнис интереси над националните. Ова само Зоран Заев го може и никој друг. А се зборува дека истово многу одамна го има и ветено, истакна таа. Дали ситуација со рудникот Иловица е само почеток на распродажбата која започнува?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rudnikot-ilovica-prodaden-na-bugarija-dali-so-ova-zaev-gi-realizira-biznisite-veteni-kon-borisov/feed/ 0
Мерки за поддршка на бизнисите и вработените погодени од новите рестрикции во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/merki-za-poddrshka-na-biznisite-i-vrabotenite-pogodeni-od-novite-restrikcii-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/merki-za-poddrshka-na-biznisite-i-vrabotenite-pogodeni-od-novite-restrikcii-vo-grcija/#respond Sat, 31 Oct 2020 13:22:45 +0000 https://kurir.mk/?p=423036

Средства во висина од 1,5 милијарди евра за месец ноември, а 2,3 милијарди евра до крајот на годината се наменети за бизнисите и вработените погодени од новите рестриктивни мерки во Грција, соопшти министерот за финансии Христос Стајкурас. Како што јави дописничката на МИА од Атина, меѓу деветте иницијативи на министерствата за финансии и труд и социјални работи се и: можноста за привремено суспендирање на работниот однос и вклучување на вработените во програмата за добивање надомест од 534 евра месечно, а на конкретната категорија вработени им се дава можност и за одложување на плаќањето на даночните долгови, а истото важи и за бизнисите. За оние бизнис активности кои ќе затворат по наредба на властите, до април следната година се одложува плаќањето на ДДВ-то за месец ноември и може да се исплати на 12 рати без камата или на 24 рати со камата од 2,5 отсто доколку е после мај 2021 година. Бизнисите кои што се во регионите со зголемена опасност, имаат право на задолжително намалување за 40 отсто на киријата за нивните деловни простори. Предвидено е и финансирање на бизнисите преку т.н. „отплатен аванс“, односно финансиска помош за зајакнување на ликвидноста на бизнисите. За месец ноември ќе биде врз основа на падот на прометот во септември и октомври, а за декември врз основа на падот на прометот во ноември. И во двата случаи, 50 отсто од секоја помош е неповратна. Право на учество во конкретната програма имаат бизнисите кои имаат пад на прометот од најмлаку 20 отсто. Дополнително, за невработените, надоместоците што истекоа и истекуваат во септември, октомври, ноември и декември се продолжуваат за два месеци. Паралелно, задолжителната работа на далечина во приватниот и јавниот сектор е проширена на најмалку 50 отсто од вработените. – Нашата цел е да ја прошириме и зајакнеме „безбедносната мрежа“ за работниците и бизнисите, да ги ублажиме економските последици од здравствената криза и да ја одржиме социјалната кохезија, истакна министерот за финансии Христос Стајкурас, соопштувајќи ги новите мерки за поддршка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/merki-za-poddrshka-na-biznisite-i-vrabotenite-pogodeni-od-novite-restrikcii-vo-grcija/feed/ 0
Куомо предупреди за нови мерки ако не се почитуваат правилата за отварање на бизнисите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuomo-predupredi-za-novi-merki-ako-ne-se-pochituvaat-pravilata-za-otvaranje-na-biznisite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuomo-predupredi-za-novi-merki-ako-ne-se-pochituvaat-pravilata-za-otvaranje-na-biznisite/#respond Mon, 15 Jun 2020 14:06:36 +0000 https://kurir.mk/?p=358226

Гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо, на пресот синоќа изрази загриженост како се одвива отварањето на економијата во државата и предупреди со нови мерки. Тој ги искритикува локалните власти и бизниси поради неисполнување на актуелните протоколи со што се создава масовно собирање на луѓе кои не ги почитуваат правилата за физичка дистанца, и во принцип не носат маски. -Ако имате големи собири на луѓе кои не ги почитуваат правилата за социјално растојание, кои не носат маски тогаш ќе се случи ширење на вирусот, изјави Куомо. Тој додаде дека „вирусот најверојатно нема да се појави веднаш, но ќе се појави, и кога тоа ќе се случи, веќе ќе биде доцна. И така имате нова експлозија за која ќе бидат потребни недели да се поттисне“. Куомо предупреди за воведување нови мерки на карантин во регионите на Њујорк каде не се почитуваат протоколите за групирање, физичка дистанца и носење маски. Њујорк е најзагрозена држава во САД по бројот на регистрирани случаи на коронавирус. Во последните две недели трендот на нови заразени се стабилизира, и сега се движи на ниво од околу 400 илјади. Во Њујорк од Ковид-19 досега починаа 30.911 лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuomo-predupredi-za-novi-merki-ako-ne-se-pochituvaat-pravilata-za-otvaranje-na-biznisite/feed/ 0
Мали: Достапни заеми за бизнисите, пари на располагање и за земјоделците https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mali-dostapni-zaemi-za-biznisite-pari-na-raspolaganje-i-za-zemjodelcite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mali-dostapni-zaemi-za-biznisite-pari-na-raspolaganje-i-za-zemjodelcite/#respond Thu, 16 Apr 2020 16:36:57 +0000 https://kurir.mk/?p=333296

Српскиот министер за финансии Синиша Мали на денешната прес-конференција изјави дека Владата на Србија донесе три важни документи, што се однесуваат на примена на мерките за економска поддршка на стопанството со цел да се ублажат негативните последици од Ковид-19. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Мали истакна дека е усвоена регулативата „што се однесува на гарантната шема за која се врзани две милијарди евра, за кои најмногу ќе гарантира Република Србија, а која од следниот вторник ќе биде достапна за сите претприемачи, микро, мали и средни претпријатија“. – Овие се многу поволни заеми до 36 месеци, со грејс период помеѓу девет и 12 месеци. Државата Србија стои зад заемите, а вие искористите ги за ликвидност и обрт на капиталот, порача Мали. Тој додаде и дека се донесени уште две регулативи поврзани со поддршка на земјоделците. – Значи, 2,6 милијарди динари преку Управата за гарарниот платен промет им се достапни на земјоделците од следниот вторник, преку Министерството за земјоделство. Тие пари веќе се во буџетите, тие пари може веднаш да ги искористи Министерството за земјоделство, истакна Мали. Министерот за финансии кажа и дека со документите донесени денеска комплетиран е целиот пакет економски мерки што неодамна беа презентирани. Мали исто така кажа дека проекциите на Меѓународниот монетарен фонд се такви што српската економија ќе има „најмал пад од три проценти или најголем раст оваа година од скоро сите земји во Европа“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mali-dostapni-zaemi-za-biznisite-pari-na-raspolaganje-i-za-zemjodelcite/feed/ 0
Кои се луѓето со кои Заев во Малта имал тајни средби за бизниси – премиерот Мускат кој падна за криминал и Али Гафур тајкун на црните пари на Гадафи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-se-lugjeto-so-koi-zaev-vo-malta-imal-tajni-sredbi-za-biznisi-premierot-muskat-koj-padna-za-kriminal-i-ali-gafur-tajkun-na-crnite-pari-na-gadafi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-se-lugjeto-so-koi-zaev-vo-malta-imal-tajni-sredbi-za-biznisi-premierot-muskat-koj-padna-za-kriminal-i-ali-gafur-tajkun-na-crnite-pari-na-gadafi/#respond Sun, 02 Feb 2020 09:47:15 +0000 https://kurir.mk/?p=298125

Пред два дена албанските медиуми отворија нова афера која следеше по низата скандали во Малта. Тие пишуваат за постоење на тајни средби во Малта помеѓу малтешкиот премиер Џозеф Мускат, македонскиот Зоран Заев и контраверзниот тајкун Шаукат Али Гафур од Либија кои се случиле во септември оваа година, а на кој се зборело за влез во Македонија и партнерство со државата во македонското здравство на контраверзниот бизнисмен со либијско потекло, пишува Република. Али Гафур работи според однапред утврдена шема каде државата учествува во приватното партнерство со одредена сума, се додека таа не се испумпа надвор од државата по што основаните компании банкотираат, што и се случи во Малта поради што има обемна истрага. За неколку месеци од потпишувањето за превземање на малтешките болници од компанијата „VGH“, купена од компанијата на Али Гафур банкротирала во Малта. Иако биле ветувани 7 милијари евра инвестициски пакет, банкротот се случил откако државата инвестирала во проектот 51 милион евра. Корумпираниот договор води директно до врвот на малтешката влада. Концесијата од милијарди евра била купена од компанијата „Стјуард“ за 1 евро и тие веднаш потпишале друг Меморандум за разбирање со Црна Гора, а Меморандумот за разбирање со Албанија останал во сила. Либиецот Шаукат Али Гафур бил во контакт преку премиерот Мускат и со тогашниот македонски премиер Зоран Заев. Инаку Зоран Заев има најмалку две официјални средби со премиерот Мускат. Првата е на 14 ноември 2018 година во Скопје. Додека втората е во септември 2019 година во Малта кога и се случила споменуваната тајна средба помеѓу Малтешкиот премиер Мускат, Зоран Заев и тајкунот Шаукат Али Гафур. Интересно е што при посетата на Малта во делегацијата е и министерот за здравство Венко Филипче што само ги зголемува сомневањата дека во Малта се случила споменуваната тајна средба на која се разговарало за контраверзниот бизнис. Инаку Владата на Заев по официјалната средба испрати само во штуро соопштение каде напиша дека во фокус била темата здравство, без да посочи некои поголеми детали. -На средбата помеѓу премиерот Заев и Мускат се разговараше за интензивирање на односите помеѓу двете држави на неколку полиња, меѓу коишто, посебен фокус беше ставен на унапредување на соработката во областа на здравството. За таа цел од страна на премиерот на Малта, Мускат, е упатена покана за министерска посета од Владата на Република Македонија во Република Малта, со цел да се разменат искуства во овие области и да се разгледаат начините на соработка“ стои во владиното соопштение. Но кој е контраверзниот либијски тајкун со кој Заев договарал бизниси и кој перел пари во Малта- од милионер до човек кој раководи со црните фондови на Гадафи Шаукат Али Гафур е милионер кој доаѓа од Либија. Сопственик на безброј оф-шор компании, но и црни фондови. Политико.еу го врзува како човек кој влече пари од замрзнатите фондови на Гадафи во земјите во Европската Унија за што има и посебна истрага. (Оригиналниот текст на следниот линк) Тие излегоа со прецизна анализа – каде се правени исплати од замрзнатите сметки на Гадафи од сметки од Брисел на банкарски сметки во Луксембург и Бахреин. Таквите исплати најчесто оделе преку државниот фонд Libyan Investment Authority (LIA) а дел од структурите на овој фонд завршуваат и во Малта каде оперира токму пријателот на Заев, либиецот Шакур. Шаукат Али Гафур во Малта настапува откако стекнува пријателство со екс премиерот Џозев Мускат. Тој влегува во партнерство со државата од која испумпуваат пари кои завршуваат во компаниите на Гафур во странство. Скандалот со болниците се дознава кон крајот на минатата година по што медиумите во Малта пишуваа за блиските врски на премиерот на Малта кој делува како посредник во бизнисите на Шаукат. Пријателот на Заев, премиерот на Малта, Џозев Мускат, e соборен од позицијата поради вмешаност во атентат на новинарка и перење на пари по што е прогласен за криминалец на годината. Џозев Мускат беше директно посочен за одговорен за убиството на новинарката во Малта која пишуваше за криминалите на власта, Дафне Каруана Галиција. Најпрво во номеври 2019 година беше уапсен поранешниот шеф на кабинетот на премиерот на Малта, Кит Шембри во рамките на истрагата за убиството на новинарката Галиција кое инаку се случи во 2017 година. Со своите најнови откритија, таа посочи со прст на премиерот Џозеф Мускат и двајцата негови најблиски соработници, поврзувајќи ја оф-шор компанијата, со која тројцата се поврзани, со продажбата на малтешки пасоши и исплата од владата на Азербејџан. -Во изминативе две години во извештаите главно се фокусираше на откривањето на т.н. „панамски документи“, односно 11,5 милиони документи што протекоа од внатрешната база на податоци од четвртата најголема офшор правна фирма во светот Мосак Фонсека. Проектот за известување за организираниот криминал и корупцијата (ОЦЦРП) го избра пријателот на Заев, премиерот на Малта Џозеф Мускат за „криминалец на годината“. Главните фактори кои влијаеле врз одлуката се убиството на новинарката, матните офшор зделки и тоа што медитеранската државичка се најде во канџите на криминални интереси од голем обем, соопшти ОЦЦРП. Мускат овој јануари си поднесе оставка по масовните протести во Малта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-se-lugjeto-so-koi-zaev-vo-malta-imal-tajni-sredbi-za-biznisi-premierot-muskat-koj-padna-za-kriminal-i-ali-gafur-tajkun-na-crnite-pari-na-gadafi/feed/ 0
Oткако Заев е премиер, бизнисите на неговото семејство енормно растат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-zaev-e-premier-biznisite-na-negovoto-semejstvo-enormno-rastat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-zaev-e-premier-biznisite-na-negovoto-semejstvo-enormno-rastat/#respond Fri, 27 Apr 2018 07:49:38 +0000 https://kurir.mk/?p=46817

На вчерашната седница за пратенички прашања, претседателот на владата на Република Македонија, Зоран Заев потврди дека влегува во бизнисот со канабис. Неговиот братучед Трајче Заев ја има купено оранжеријата “МАМ“ која во овој момент има дозвола од Министерството за земјоделство за производство на маслото за канабис за медицински цели. Во објаснувањето што го даде Заев, “МАМ“ е купена од две фирми. Едната е “Еленица“ од Струмица другата е словенската фирма „Фрејкер“ која веќе имала фабрика за произвдоство на канабис од Германија. Се работи за инвестиција од 3 милиони евра и немала никакви долгови спрема доверителите, а инвестицијата се планира да биде 10 милиони евра. Одговорајќи на прашање од пратеничката Благица Ласовска, Заев рече дека е етички и со закон дозволено да се произведува лек од канабис. – Апелирам секој што има ресурси да вложи во оваа дејност зашто е профитабилна, додаде Заев. Но ваквиот продор на Заев и неговото семејство не е единствен. Уште во првите 100 дена од власта на СДСМ неговиот брат Вице Заев го има купено струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“ за бадилаја. Според податоците од Македонската берза платено е 1.458.300 денари или 20 илјади евра и  со тоа се стекнал 22,25 отсто од основната главнина на друштвото „Герас Цунев Конфекција“ кој има имот вреден милиони во евра, хотел, ресторани и дуќани. Следејќи ги трендовите на пазарот за недвижности со 20.000 евра не може да се купи ниту една најобична гарсониера од 25 квадратни метри, а не, пак, имот со деловни објекти , индустриски погони со површина од 1.849м2 на атрактивни  локации во општина Струмица. Со ова се поставува прашањето дали семејството Заеви користејќи ја моќта на власта почнуваат да агресивно купување на фирми сe co се цел окрупнување на своето богатство?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otkako-zaev-e-premier-biznisite-na-negovoto-semejstvo-enormno-rastat/feed/ 0