бјб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Dec 2022 06:49:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бјб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оперативен тим под раководство на БЈБ ќе се справува со хибридните закани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/operativen-tim-pod-rakovodstvo-na-bjb-kje-se-spravuva-so-hibridnite-zakani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/operativen-tim-pod-rakovodstvo-na-bjb-kje-se-spravuva-so-hibridnite-zakani/#respond Tue, 20 Dec 2022 06:49:59 +0000 https://kurir.mk/?p=777886

Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница по зачестените дојави за бомби во државава вчера на состанок оцени дека безбедносната состојба во земјава е стабилна и донесе одлука да се формира оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани. -Безбедносно-разузнавачката заедница е во секојдневна меѓусебна комуникација и координација, како и со меѓународните партнери од безбедносниот сектор со кои постојано работат на размена на информации и искуства во справувањето со хибридните закани, соопштија од Владата по седницата на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница. Со оперативниот тим за сајбер безбедност и хибридни закани ќе раководи Бирото за јавна безбедност во рамки на МВР. Оперативниот тим ќе биде составен од експерти од Бирото за јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и од Служба-Сектор за воена безбедност и разузнавање. Предвидено е по потреба да бидат вклучени и други институции и експерти. Главни задачи на оперативниот тим ќе бидат стручната процена и препораки, изработка на минимум стандарди и опрема за градење отпорност на секоја институција и зајакнување на комуникацијата со јавноста на дневно ниво. Меѓу другото, донесен е и заклучок со кој се зајакнува комуникацијата со партнерски институции во делот на проценката на отпорност и заштита на системот, информираа од Владата. На состанокот присуствувале првиот заменик-претседател на Владата Артан Груби, министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за надворешни работи Бујар Османи и за одбрана Славјанка Петровска, директорите на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, раководителот на Служба-Сектор за воена безбедност и разузнавање полковник Ивица Ампов, а како ад-хок присуствувал и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски. Седницата на Советот за координација ја најави минатата недела министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по честите дојави за поставени експлозивни направи во училишта, институции, спортски објекти, хотели, станбени комплекси, трговски центри и на Скопскиот аеродром. Во сите случаи беше утврдено дека станува збор за лажни дојави. Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчера оцени дека реална закана за безбедноста на нашите граѓани нема, но лажните дојави за бомби не треба да останат така, туку треба да се работи посериозно на откривање на сторителите за да знаеме точно од кого се предизвикани и што е целта на ваквите дојави. – Една од претпоставките е позицијата на Република Северна Македонија во поглед на конфликтот во Украина, односно јасното застанување на страната на правдата во оваа држава. Целта на лажните дојави е да се предизвика паника и недоверба во институциите меѓутоа и паника кај населението. Но, кога ќе видите дека главната цел е психичка дестабилизација и негативно влијание врз граѓаните, сите претпоставки се отворени, рече Петровска во одговор на новинарско прашање. Координацијата за лажните дојави за бомби се одвива помеѓу министерствата за внатрешни и за надворешни работи, но се вклучува и Министерството за одбрана со своите капацитети и со военото разузнавање. – Оние информации кои пристигнуваат до нас ги споделуваме со МВР и МНР со цел да се направи стратегија за побрзо и поефикасно дејствување. И од искуствата од земјите во регионот, па и пошироко се гледа дека кога станува збор за ваков тип на дејствување откривањето оди многу побавно заради тоа што се користат современи алатки на комуникации за кои е потребно малку повеќе време. Останува на институциите да работат уште посилно во откривањето, меѓутоа и во зајакнувањето на сопствените капацитети со цел да ја гарантираат безбедноста на граѓаните, потенцира Петровска. Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, пак, вчера оцени дека формирање агенција за кибер-безбедност ќе овозможи државата да биде поподготвена за кибер напади, како оние кои се одвиваат во изминатиот период. Меѓутоа, како што истакна тој на прес – конференција, формирањето ваква агенција е поврзана со процесот на реорганизација планирана за во 2024 година. Информира дека поради тоа МИОА за следната година ќе предложи проект насочен кон овозможување на кибер-безбедност. Во однос на овозможување на кибер-безбедост во држава, додаде, веќе, се разговара за законска рамка. -Фактот што ние се уште немаме ниту дигитална агенција ниту агенција за кибер-безбедност, таа обврска ја има засега Министерството, ние имаме обврска и во законскиот дел. Токму денеска доаѓам од настан со УСАИД на кој разговаравме каква законска рамка да имаме за кибер-безбедноста за да бидеме како држава поподготвени, истакна министерот. По Германската амбасада вчера и Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава издаде безбедносно известување за граѓаните поради дојавите за бомби. На веб-страницата на Амбасадата на САД се апелира дека „доколку се најдете на локација на која има дојава за бомба, следете ги упатствата на лицата одговорни за безбедноста и полицијата“. Минатата недела повеќе објекти во државава беа евакуаирани поради дојави за експлозивни направи, за кои, како и во претходните денови, се утврди дека се лажни по проверките од единиците на Министерството за внатрешни работи. За дојавите за бомби надлежните ги известиле и НАТО структурите, а во МВР беше формиран посебен штаб. Во меѓувреме, после викендот во кој немаше дојави за бомби, вчера попладне пристигнаа нови закани за поставена експлозивна направа на електронските адреси на 16 училишта во Скопје (14 средни и две основни). По завршената проверка од страна на тимови за антитерористички проверки и за нив беше утврдено дека станува збор за лажни пријави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/operativen-tim-pod-rakovodstvo-na-bjb-kje-se-spravuva-so-hibridnite-zakani/feed/ 0
СПМ најавува кривични: Хаос во Одделот за управување со човечки ресурси во БЈБ, време е за одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-najavuva-krivichni-haos-vo-oddelot-za-upravuvanje-so-chovechki-resursi-vo-bjb-vreme-e-za-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-najavuva-krivichni-haos-vo-oddelot-za-upravuvanje-so-chovechki-resursi-vo-bjb-vreme-e-za-odgovornost/#respond Wed, 27 Jan 2021 07:46:14 +0000 https://kurir.mk/?p=460348

Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси при БЈБ до сите организациски единици во БЈБ испрати писмо во кое се вели дека во врска со изготвените решенија за бонус плата за 2017 година за работници за кои истите не требало да бидат изготвени поради поведени судски постапки по поведена тужба или започната постапка за медијација а врз основа на кои решенија веќе е исплатена бонус платата се бара вработените да го вратат дадениот износ и да го уплатат на сметката на Министерството, соопштуваат од Синдикатот на полицијата. Од СПМ велат дека повторно се бара раководителите до овој оддел да достават список со број на работници кои треба да ги вратат исплатените пари. -Освен што сте експерти за водење на незаконски постапки при процедура за распоредување, дали за се друго владее хаос во Одделот? Зошто досега Одделот не водел вакви евиденции за покренати судски спорови? Ова покажува и докажува дека никогаш до сега Министерството не водело евиденција по овој основ односно никој во Министерството не водел сметка и евиденција додека МВР односно наведениот Оддел свесно и со умисла го водел Министерството во колапс со губење на тужбите за бонус плата често терајќи ја постапката до крај пред Апелационите судови а со тоа свесно и со, намера се одело на правење на се поголема штета на буџетот на МВР, велат од Синдикатот. Во наредниот период Синдикат на Полиција во Македонија до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе соодветни кривични пријави за ваквите злоупотреби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-najavuva-krivichni-haos-vo-oddelot-za-upravuvanje-so-chovechki-resursi-vo-bjb-vreme-e-za-odgovornost/feed/ 0
Сашо Тасевски нов директор на БЈБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sasho-tasevski-nov-direktor-na-bjb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sasho-tasevski-nov-direktor-na-bjb/#respond Tue, 21 Aug 2018 19:00:18 +0000 https://kurir.mk/?p=90515

Сашо Тасевски е назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност, објави Press24. Порталот се повикува на високи извори во МВР. Одлуката се очекува утре да помине на седница на Владата. Тасевски кој во јавноста стана познат како полицискиот службеник од обезбедувањето на премиерот кој извади огнено оружје во инцидентите во Собранието на 27 април, доаѓа на местото на разрешениот Лазо Велковски кој изгоре во аферата „МВР Турс“. Инаку Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово. Од 2001 година има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sasho-tasevski-nov-direktor-na-bjb/feed/ 0
Бесир Деари на чело на БЈБ се додека не биде назначен нов директор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besir-deari-na-chelo-na-bjb-se-dodeka-ne-bide-naznachen-nov-direktor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besir-deari-na-chelo-na-bjb-se-dodeka-ne-bide-naznachen-nov-direktor/#respond Wed, 15 Aug 2018 08:22:30 +0000 https://kurir.mk/?p=88060

Со Бирото за јавна безбедност ќе раководи заменик директорот Бесим Деари откако Лазе Велковски беше разрешен на вчерашната владина седница. Деари ја извршува функцијата заменик директор во БЈБ повеќе години. Работел на таа функција и во време на претходната власт, па му беше заменик и на Митко Чавков. Како што велат од МВР новиот директор кој ќе седне на фотелјата по Велковски треба да го предложи министерот Оливер Спасовски и предлогот да се разгледа на владина седница. За сега во јавноста се вртат неколку имиња за следниот директор на полицијата. Меѓу нив е поранешниот директор на УБК, Миле Зечевиќ, Сашо Тасевски кој е началник на Шестата управа и Кирил Митиќ кој е долго време во МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besir-deari-na-chelo-na-bjb-se-dodeka-ne-bide-naznachen-nov-direktor/feed/ 0
Разрешувањето на Велковски на владина седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshuvanjeto-na-velkovski-na-vladina-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshuvanjeto-na-velkovski-na-vladina-sednica/#respond Tue, 14 Aug 2018 06:11:55 +0000 https://kurir.mk/?p=87562

Откако внатрешната истрага во МВР утврди дека е направена повреда на процедурата за службено патување, Владата денеска на седница ќе расправа за разрешување на директорот на БЈБ, Лазо Велковски. По внатрешната истрага што ја спроведе, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на почетокот на месецот, откако во дел од медумите беа објавени фотографии од службеното возило „Ренџ ровер“, за кој е задолжен Велковски, во камп во Грција и написи дека всушност ќерката на директрот на БЈБ со возилото е превезена дотаму, беше утврдено дека не била запазена процедурата за службено патување. И покрај налогот не било потпишано решение за службено патување. Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврдил дека џипот бил пратен во Грција со налог кој го потпишал самиот Велковски. Во својот исказ тој изјавил дека „Ренџ роверот“ го ангажирал поради крајна нужност, односно бидејќи подолго време му се заканувале и нему и на неговото семејство. На 2 август, на државниот празник Илинден, кога џипот бил во Грција, Велковски бил работно ангажиран за прославата. Велковски е еден од блиските соработници на Заев и Спасовски, а премиерот вчера изрази уверување дека тој и натаму ќе биде значаен партнер во МВР, бидејќи е важен поради неговото искуство. - Исправен пред заканите што од минатото биле насочени кон него и кон неговото семејство ја направил грешката, рече Заев и демантира дека неговата смена  е резултат на внатрепартиски пресметки во СДСМ. Додаде дека неговото разрешување е чин на понесување  одговорност, нешто што граѓаните на земјата го очекуваат од носителите на јавни функции. На денешната владина седница ќе се разгледа  барањето за разрешување на Велковски, а Заев вчера рече  дека не се знае кој ќе го замени и дека засега воопшто и не биле разгледувани имиња, со оглед на тоа што тој е презадоволен од неговата работа и оваа ситуација го затекнала. За можните негови наследници ќе се разговара понатаму. - Имиња за негов наследник се уште немаме, не сме размислувале, бидејќи не се надеваме дека ќе се случи ваква грешка. Ќе ни треба време да најдеме вистинско решение, рече Заев. Велковски е дипломиран криминалист. Во МВР е вработен од 1991 година. Во текот на работната кариера извршувал работни задачи на повеќе позиции во МВР и Агенција за разузнавање. Извршувал високи раководни функции, меѓу кои началник на СВР-Велес и на СВР-Скопје, помошник директор воедно и шеф на кабинет на директорот на БЈБ. Во периодот од септември 2006 до ноември 2015 извршува работни задачи во Агенцијата за разузнавање. До 2002 година бил припадник и на Посебните едниници на полиција при што учествувал во многубројни акции и операции при нарушен ЈРМ од поголем обем и други сложени безбедносни појави на подрачјето на цела територија на Република Македонија. Поседува потврда за бранител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshuvanjeto-na-velkovski-na-vladina-sednica/feed/ 0
Спасовски ќе поднесе предлог за разрешување на Лазо Велковски, процедурата за патувањето не била целосна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-kje-podnese-predlog-za-razreshuvanje-na-lazo-velkovski-procedurata-za-patuvanjeto-ne-bila-celosna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-kje-podnese-predlog-za-razreshuvanje-na-lazo-velkovski-procedurata-za-patuvanjeto-ne-bila-celosna/#respond Tue, 07 Aug 2018 14:19:51 +0000 https://kurir.mk/?p=85489

Министерството за внатрешни работи соопштува дека министерот ќе поднесе предлог до Владата за разрешување на Директорот на БЈБ. Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението од МВР. -Во врска со случајот со користењето на службеното возило „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ кое на ден 2 август 2018 година, управувано од полициски службеник, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти патувало на територија на Република Грција, а по спроведената истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди е констатирано дека возилото било пратено со налог потпишан од директорот на јавна безбедност. Во својот исказ, директорот Велковски потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил од крајна нужност, поради тоа што подолго време постоеле закани кон него и неговото семејство, а од причина што истиот ден тој бил работно ангажиран во врска со прославата на 2 август и заради нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на прославата на Мечкин Камен, како и настани кои претходеле проценил дека е небезбедно неговата ќерка да патува сама. Заради што тој одлучил да го ангажира членот на своето обезбедување. Во овој случај целосно не била спроведена процедурата за службено патување и покрај налогот за патување, не е потпишано решение за службено патување. Заради ова, министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски до Владата на Република Македонија ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, стои во соопштението на МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-kje-podnese-predlog-za-razreshuvanje-na-lazo-velkovski-procedurata-za-patuvanjeto-ne-bila-celosna/feed/ 0
Директорот на БЈБ потврди: Ќе се гради мигрантски камп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-bjb-potvrdi-kje-se-gradi-migrantski-kamp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-bjb-potvrdi-kje-se-gradi-migrantski-kamp/#respond Sat, 07 Jul 2018 10:10:15 +0000 https://kurir.mk/?p=74084

МВР призна дека ќе се гради центар за странци бидејќи е потребно да се подобрат капацитетите на веќе постоечкиот. Ова е прва институција која јавно одговори дека документите за изградба на ваков центар во Бардовци се точни. Директорот на БЈБ вели има нова локација но тој не располага со елаборатот. Велковски тврди дека нема опасност од враќање на мигранти во земјава од државите на ЕУ. -Министерството за внатрешни работи преку ИПА фондовите доби гранд кои ќе ги употреби во изградба на еден ист ваков објект, со иста намена, и од таа причина не гледам зошто се шпекулира во јавноста дека станува збор за некој центар со голем обем, само локацијата е сменета. Се останува исто, наместо во Гази Баба, во Бардовци, вели Лазо Велковски директорот на БЈБ. Во Стратешкиот план на МВР за 2018-2020 пишува дека парите за овој центар ќе бидат обезбедени  од странски донации. На локацијата која е наведена во годишната стратегија за урбанизам на  Владата, објавена во службен весник,  за што вчера премиерот тврдеше дека е лага и вели дека никој не побарал ниту пак ќе се градат бегалски кампови во Македонија. Се работи за површина од околу 7 хектари на која има запуштени  воени магацини и ниви. Местото е веќе оградено и според стратешките планови би требало да се изгради до крајот на следната година. Инаку во Центар за странци  до сега  беа сместувани дел од мигрантите. Во најголем број на почетокот од бегалската криза. Во меѓувреме, на состанокот во Виена претседателот на ЕК Жан Клод Јункер најави  дека извршното тело во септември ќе претстави предлог за заштита на надворешните граници на Унијата. Австрискиот канцелар Курц и неговиот заменик пак порачаа дека Австрија нема да ги прифати вратените бегалци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-bjb-potvrdi-kje-se-gradi-migrantski-kamp/feed/ 0