благодарница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Mar 2023 16:13:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png благодарница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заканувачот кон Мицкоски добил благодарница од Пендаровски (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakanuvachot-kon-mitskoski-dobil-blagodarnitsa-od-pendarovski-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakanuvachot-kon-mitskoski-dobil-blagodarnitsa-od-pendarovski-foto/#respond Fri, 31 Mar 2023 16:13:33 +0000 https://kurir.mk/?p=818612

Лицето кое упатуваше јавни закани преку социјални мрежи кон семејството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, добило благодарница од претседателот на државата Стево Пендаровски. Пендаровски во 2019 година му доделил благодарница за успешна соработка и поддршка на заканувачот, Роберт Тодоровски, кој е инаку претседател на РХО Здружени срца од Прилеп. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук се упатуваат јавни закани кон семејството на Мицкоски каде се наведува дека доколку му е мило семејството да си остане мирен. „Во спротивно ќе ги најдеш децата твој фрлени во некој канал како кучиња“, се наведува во постот. Постот е споделен од два различни профили и е јавно видлив за сите. Доколку детално се прочешла Фејсбук профилот на заканувачот ќе се види дека тој е голем поддржувач на премиерот Димитар Ковачевски како и на власта. Постојано ги споделува неговите постови на Фејсбук, а во меѓувреме упатува закани по животот на децата на лидерот на најголемата партија во земјава. Дали по ова ќе следува соодветна пријава од страна на Министерството за внатрешни работи? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakanuvachot-kon-mitskoski-dobil-blagodarnitsa-od-pendarovski-foto/feed/ 0