благоевград – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Feb 2023 09:45:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png благоевград – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бугарија одби да го регистрира македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, најавена жалба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-odbi-da-go-registrira-makedonskiot-klub-nikola-vaptsarov-najavena-zhalba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-odbi-da-go-registrira-makedonskiot-klub-nikola-vaptsarov-najavena-zhalba/#respond Sun, 12 Feb 2023 09:58:11 +0000 https://kurir.mk/?p=799483

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ извести дека им била одбиена регистрација откако на 7 февруари до Агенцијата за регистрација во Благоевград ги доставиле основните документи на истоименото здружение. „Ова одбивање ќе го обжалиме пред судот“, се вели во пораката дистрибуирана до медиумите и потпишана од Атанас Мазнев. „Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива на крајот на октомври годинава, а неодамна беше скршен излогот на клубот и приведени четири лица во врска со инцидентот. Целите на здружението, декларирани од клубот, се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“, се вели во пораката. „На 10 февруари добивме решение за одбивање на регистрацијата, што значи дека на нашето здружение му е ускратена легитимноста и е забранета, се вели во пораката. „Сметаме дека ова одбивање е непринципиелно. Во одбивањето е цитиран единствен правен текст – од Уставот на Република Бугарија – чл. 12, ст. 2, дека здруженијата на граѓани не можат да поставуваат политички цели и да вршат политички активности, кои ние, како што може да се види од горенаведените цели, не само што сме ги запазиле, туку дополнително сме напишале експлицитно во статутите кои нашето здружение ги нема за целта на вршење политичка дејност. Сепак, имаме одбивање за регистрација“, додаваат од таму.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-odbi-da-go-registrira-makedonskiot-klub-nikola-vaptsarov-najavena-zhalba/feed/ 0
Екс-кандидатката за градоначалник на Благоевград Костадинова го каменувала „Никола Вапцаров“, нема притвор и пријави за 4-цата сторители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eks-kandidatkata-za-gradonachalnik-na-blagoevgrad-kostadinova-go-kamenuvala-nikola-vaptsarov-nema-pritvor-i-prijavi-za-4-tsata-storiteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eks-kandidatkata-za-gradonachalnik-na-blagoevgrad-kostadinova-go-kamenuvala-nikola-vaptsarov-nema-pritvor-i-prijavi-za-4-tsata-storiteli/#respond Thu, 09 Feb 2023 16:39:00 +0000 https://kurir.mk/?p=798553

Људмила Костадинова е иницијатор за каменувањето на македонскиот културен центар во Благоевград. Нападот не е вандалски чин, тврди, ама немало друг начин да го искажат револтот од тоа како македонските власти се однесувале кон Бугарите на граничниот премин „Деве Баир“ на 4-ти февруари, а официјална Софија на тоа молчела. Костадинова, инаку кандидатка за градоначалник на Благоевград во двата последни изборни циклуси, и уште двајцата кои и помогнале во каменувањето, Станислав Илиев и Николај Иванов , за бугарските медиуми потврдија дека се пуштени од притвор без пријава. А направената штета на клубот ја платиле со пари собрани од жителите на Благоевград. „Јас сум иницијатор за тоа што се случи. Ова не е вандалски чин. Нашите граѓани и нашата држава беа понижени од Македонија. Бев револтирана поради тоа, како и поради репресиите што им се вршат постојано на македонските Бугари и фактичкото недејствување на бугарските власти. Истиот ден го нападнавме клубот. Да, јас имав желба и им дадов идеја на другите и тргнав реално сама. Луѓето што ги гледате до мене ме поддржаа, тоа се мои пријатели кои не ме оставија да отидам сама“, изјави Костадинова за Нова. Ниту Костадинова, ниту соучесниците во нападот не се каат за стореното. Симболичен акт било каменувањето со цел да му покажеле на бугарското општество дека сè уште постојат будни Бугари. „Не можам да се сетам дали сите фрлавме камења, како што рече Костадинова, таа фрли камен, таа го искрши стаклото“, изјави Илиев. Двајца напаѓачи, и Илиев и Иванов, се вработени во Општинското претпријатие „Озеленување“ во Благоевград. Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов, вчера иронично изјави дека ако се докажела вина, ќе ги казни вработените што фрлале камења на македонскиот клуб како што Скопје ги казнува цариниците и полицајците. Македонскиот клуб во Благоевград беше вандализиран вечерта на 4 февруари, кога во Скопје се чествуваше 151-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев. извор: tv alfa

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eks-kandidatkata-za-gradonachalnik-na-blagoevgrad-kostadinova-go-kamenuvala-nikola-vaptsarov-nema-pritvor-i-prijavi-za-4-tsata-storiteli/feed/ 0
Напаѓачите на Македонскиот клуб во Благоевград вработени во локално комунално претпријатие https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/napagachite-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad-vraboteni-vo-lokalno-komunalno-pretprijatie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/napagachite-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad-vraboteni-vo-lokalno-komunalno-pretprijatie/#respond Wed, 08 Feb 2023 10:00:34 +0000 https://kurir.mk/?p=797797

Двајцата мажи приведени од страна на бугарската полиција поради каменувањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во саботата вечерта, се вработени во општинското комунално претпријатие „Озеленување“, додека двете жени лишени од слобода заедно со нив се нивни сопруги, објави 24часа.бг. Во изјава за порталот, градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов вели дека санкционирање на извршителите на делото е во надлежност на Судот, додека тој како работодавач може да преземе мерки кон двајцата вработени во комуналното претпријатие само согласно Кодексот за работни односи. - Доколку се докаже вината на општинските службеници, ќе го применам принципот на реципроцитет на казните. Тоа значи дека ќе ги казнам оние кои се вработени во Општина Благоевград, со истата казна сo која што ќе бидат казнети цариниците, граничната полиција и другите функционери во Република Северна Македонија, што предизвика ментално и физичко насилство врз многу Бугари, изјави Стојанов. Тој нагласи дека веднаш ќе ги отпушти од работа двајцата вработени во комуналното претпријатие, во „моментот кога ќе бидат отпуштени вработените во Северна Македонија кои малтретираа бугарски граѓани“. Како што јавија бугарските медиуми, полицијата во Благоевград вчера приведе четири лица, двајца мажи и две жени, во врска со вандалскиот чин врз Македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“. Според медиумите, приведените, кои се на возраст од околу 40 години и кои немаат претходно криминално досие, го признале делото за кое се товарат. Стаклото на излогот на Македонскиот културен клуб во Благоевград беше искршено со камења вечерта на 4 февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/napagachite-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad-vraboteni-vo-lokalno-komunalno-pretprijatie/feed/ 0
Две жени и двајца мажи приведени за вандализмот врз македонскиот клуб во Благоевград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-zheni-i-dvajtsa-mazhi-privedeni-za-vandalizmot-vrz-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-zheni-i-dvajtsa-mazhi-privedeni-za-vandalizmot-vrz-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/#respond Tue, 07 Feb 2023 18:47:15 +0000 https://kurir.mk/?p=797471

Двајца мажи и две жени се приведени од полицијата во Благоевград во врска со вандалскиот чин врз македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“. Тие, како што пишуваат бугарските медиуми, го признале делото за кое се товарат. Приведените, како што пренесуваат бугарските медиуми, се на околу 40 годишна возраст и немаат криминално досие. Стаклото на влезот на македонскиот културен клуб во Благоевград беше искршено со камења вечерта на 4 февруари. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-zheni-i-dvajtsa-mazhi-privedeni-za-vandalizmot-vrz-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/feed/ 0
Каменуван македонскиот клуб во Благоевград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenuvan-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenuvan-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/#respond Sun, 05 Feb 2023 09:37:20 +0000 https://kurir.mk/?p=796308

Искршени се стаклата на македонскиот клуб во Благоевград синоќа околу 21 часот, објавија бугарските медиуми. Настанот го потврди и бугарската полиција која извршила увид. Македонскиот клуб беше отворен во октомври минатата година, а ова не е првпат да биде оштетен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenuvan-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/feed/ 0
Се пролонгира отворањето на Македонскиот културен центар во Благоевград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-prolongira-otvoraneto-na-makedonskiot-kulturen-tsentar-vo-blagoevgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-prolongira-otvoraneto-na-makedonskiot-kulturen-tsentar-vo-blagoevgrad/#respond Wed, 25 Jan 2023 12:37:53 +0000 https://kurir.mk/?p=791690

Министерството за култура ги направи сите подготовки и целиот елаборат во врска со отворање на МКЦ во Благоевград, кој потоа беше доставен до Министерството за надворешни работи. Меѓутоа, Бугарија ќе оди на избори во првата недела на април. Штом ќе завршат изборите, ќе можат да продолжат разговорите на долгорочна основа во однос на тој дел, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Премиерот напомена дека и министерот за надворешни работи има разговарано со неговиот колега од Бугарија околу отворањето на МКЦ во Благоевград, но Бугарија во моментов работи со техничка влада. -Проценките беа дека ќе успее таму да се направи политичка влада, со која ќе може да се разговара подолгорочно, меѓутоа Бугарија повторно ќе оди на избори во првата недела на април. Штом ќе завршат со нивното политичко екипирање и со изборите, ќе можат да продолжат разговорите на долгорочна основа во однос на тој дел, рече Ковачевски по посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одговорајќи на новинарско прашање. Тој потенцираше дека барањето веќе го имаат подготвено и е разговарано, но со техничката влада во Бугарија. -За овие прашања ние разговараме. Ние, кога отворивме канцеларија на МИА во Софија, тоа беше направено врз основа на добра волја на властите во Софија и во Скопје. Исто така, имаме МКЦ во центарот на Софија, каде е сместена и МИА, како што Бугарија има културен центар во Скопје. Тоа е начин накој две држави ги регулираат своите односи на планот на информирање и размена на културните вредности, додаде премиерот Ковачевски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-prolongira-otvoraneto-na-makedonskiot-kulturen-tsentar-vo-blagoevgrad/feed/ 0
ВМРО-Бугарско национално движење го спречи положувањето цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-bugarsko-nacionalno-dvizenje-go-sprechi-polozuvanjeto-cvekje-pred-spomenikot-na-goce-delchev-vo-blagoevgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-bugarsko-nacionalno-dvizenje-go-sprechi-polozuvanjeto-cvekje-pred-spomenikot-na-goce-delchev-vo-blagoevgrad/#respond Sun, 30 Oct 2022 13:09:13 +0000 https://kurir.mk/?p=752678

По отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград, делегации се упатија кон споменикот на Гоце Делчев каде сакаа да положат цвеќе, но беа оневозможени да го сторат тоа. Полициските службеници од безбедносни причини не дозволија да биде положено цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев каде беа собрани приврзаници на ВМРО-Бугарско национално движење предводени од Ангел Џамбаски кои извикуваа „предавници“. Претседателот на Патриотскиот институт на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов за „Фокус“ изјави дека бил спречен од бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од партијата ВМРО-БНД да положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев. Зголемено полициско обезбедување имаше и за време на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцарев“, а вербален инцидент се случи и меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и бугарски граѓанин кој го нарече Мицкоски предавник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-bugarsko-nacionalno-dvizenje-go-sprechi-polozuvanjeto-cvekje-pred-spomenikot-na-goce-delchev-vo-blagoevgrad/feed/ 0
Граѓаните со позитивни реакции од присуството на Мицкоски во Благоевград порачаа: „ВАКА СЕ САКА МАКЕДОНИЈА, СЕКОЈА ЧЕСТ“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-so-pozitivni-reakcii-od-prisustvoto-na-mickoski-vo-blagoevgrad-porachaa-vaka-se-saka-makedonija-sekoja-chest-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-so-pozitivni-reakcii-od-prisustvoto-na-mickoski-vo-blagoevgrad-porachaa-vaka-se-saka-makedonija-sekoja-chest-foto/#respond Sun, 30 Oct 2022 12:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=752666

Денеска и официјално во Благоевград, Бугарија беше отворен македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“. На ова отварање присуствуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со пратениците Рашела Мизрахи и Драган Ковачки. Тој денеска за медиумите порача дека се горди што се со Македонците од Бугарија и упати јасна порака:
– Денес сме тука да ги поддржиме Македонците од оваа страна на границата. И да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци коишто зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија.
За разлика од опозицискиот лидер, Ковачевски како премиер на Република Македонија чиј културен центар се отвора во соседна Бугарија не присуствуваше на овој настан. Ист пример е и кај претседателот Пендаровски, кој пак во негово име го испрати генералниот секретар Миле Бошњаковски. Позитивните коментари за посетата на Христијан Мицкоски на ова отварање не стивнуваат. Граѓаните упатија подршка до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и порачаа дека вака се сака Македонија! „Така се сака својот народ каде и да е по светот. Секоја чест“, „Поклон до земја“, „Колку се среќни што ја споделувате најголемата радост со Македонците од Пиринска Македонија, благословени да сте“ се само неколку од многуте коментари од социјалните мрежи.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-so-pozitivni-reakcii-od-prisustvoto-na-mickoski-vo-blagoevgrad-porachaa-vaka-se-saka-makedonija-sekoja-chest-foto/feed/ 0
Вербален инцидент по отворањето на македонскиот клуб во Благоевград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verbalen-incident-po-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verbalen-incident-po-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/#respond Sun, 30 Oct 2022 12:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=752658

Вербален инцидент се случи денеска во Благоевград меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и граѓанин кој носеше звучник од кој одекнуваа патриотски песни. Инцидентот се случи по отворањето на клубот кога гостите и домаќините се упатија кон споменикот на таткото на Гоце Делчев. Нарекувајќи го Мицкоски предавник, граѓанинот побара од него да зборува бугарски по што насобраните граѓани почнаа да извикуваат „Македонија, Македонија“. Денешното отворање на клубот се одржува со засилено полициско обезбедување и голем медиумски интерес. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verbalen-incident-po-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/feed/ 0
Мицкоски од Благоевград: Ние сме Македонци кои говорат на македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-blagoevgrad-nie-sme-makedonci-koi-govorat-na-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-blagoevgrad-nie-sme-makedonci-koi-govorat-na-makedonski-jazik/#respond Sun, 30 Oct 2022 10:35:22 +0000 https://kurir.mk/?p=752636

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Благоевград изјави дека се таму за да дадат поддршка на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“. Вели дека пораката е дека сме Македонци, кои говорат на македонски јазик. - Во 21 век нити треба некој да има дилема, ниту воопшто да разговара, треба да се почитува правото на самоопределување, рече Мицкоски. Тој кажа дека во Македонија на сите малцинства им се загарантирани правата. Вели дека се горди што денес се со Македонците од Бугарија. Македонците од Бугарија се собраа пред клубот. Има и силно полициско обезбедување во градот, затоа што партијата ВМРО-БНД најави протест, но во друг дел на градот.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-blagoevgrad-nie-sme-makedonci-koi-govorat-na-makedonski-jazik/feed/ 0