благој бочварски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Aug 2023 20:40:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png благој бочварски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Министерот Бочварски стана татко- го соопшти името на бебето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-bochvarski-stana-tatko-go-soopshti-imeto-na-bebeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-bochvarski-stana-tatko-go-soopshti-imeto-na-bebeto/#respond Tue, 08 Aug 2023 20:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=864802

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски стана татко. Веста ја сподели на друштвените мрежи. „Кога детето ќе ја види светлината на денот, тоа е најубавиот момент во животот на родителите. Благодарам за храброста, пожртвуваноста и трпението Маринела, нека е здрава, среќна и благословена Бјанка. Благодарност до целиот тим во Клиниката за Гинекологија предводен од Д-р. Викторија Јовановска“, напиша Бочварски на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-bochvarski-stana-tatko-go-soopshti-imeto-na-bebeto/feed/ 0
Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-vladata-ke-pomogne-za-sanatsija-na-shtetite-od-nevremeto-vo-delchevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-vladata-ke-pomogne-za-sanatsija-na-shtetite-od-nevremeto-vo-delchevo/#respond Sat, 10 Jun 2023 13:39:19 +0000 https://kurir.mk/?p=844381

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерката за животна средина Каја Шукова, директорот на ЈП за одржување регионални и магистрални патишта Костадин Ацевски и деканот на Градежен факултет, проф. д-р Горан Марковски, извршија увид на штетите предизвикани од силното невреме што го зафати Делчево. При посетата на Општина Делчево се сретнаа со пратеничката Соња Михаилова и градоначалникот Горан Трајковски кој детално информираше околу настанатите штети и потенцираше дека потребна е силна поддршка од централната власт и поширока акција за овие штети да бидат санирани што е можно поскоро, а животот на граѓаните во Делчево и Делчевско да се врати во нормала. Министерот Бочварски истакна дека Владата застанува целосно во поддршка на Општината. -Граѓаните да бидат уверени, заеднички ќе ги надминеме овие тешки моменти. Институциите се ангажирани, заедно со општината и градоначалникот Трајковски ги утврдуваме сите настанати штети, особено во делот на инфраструктурата. Најважно е неопходната инфраструктура да ја вратиме во една нормална состојба, екипи на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта веќе работат на најоштетените пристапни патишта до градот и уверувам дека се што е наша моќ ќе сториме за да го вратиме нормалното живеење во општината. Владата застанува комплетно во поддршка на Општината на градоначалникот и сите штети кои се настанати ќе ги решиме и финансиски и технички, истакна Бочварски. Општина Делчево в понеделник ќе испрати комплетен извештај за настанатите штети до Владата по што на наредната седница на Владата се очекува финансиска и техничка поддршка за санација на штетите. Во меѓувреме, ЈП за одржување магистрални и регионални патишта работи на санација на пропустот на магистралниот пат А3, а најавено е и ставање во функција на алтернативни патиша за Делчево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-vladata-ke-pomogne-za-sanatsija-na-shtetite-od-nevremeto-vo-delchevo/feed/ 0
Бочварски: Постигнавме историски успех, го либерализиравме товарниот и патничкиот превоз со Република Србија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-postignavme-istoriski-uspeh-go-liberaliziravme-tovarniot-i-patnichkiot-prevoz-so-republika-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-postignavme-istoriski-uspeh-go-liberaliziravme-tovarniot-i-patnichkiot-prevoz-so-republika-srbija/#respond Wed, 07 Jun 2023 15:40:21 +0000 https://kurir.mk/?p=843293

Од 1-ви август се укинуваат сите дозволи кои се разменуваа на реципрочна основа на годишно ниво, а кои се однесуваат за превоз на стока кој се врши за и од трети земји помеѓу Република Македонија и Република Србија. Ова подразбира целосна либерализација на транспортот на стока и се однесува за сите еколошки возила почнувајќи со стандард од ЕВРО 1, ЕВРО 2, ЕВРО 3, ЕВРО 4, ЕВРО 5 и ЕВРО 6. Овој договор е постигнат во рамките на македонско-српската мешовита комисија за меѓународен патен транспорт на патници и стока која деновиве заседаваше во Република Македонија. Исто така постигнат е договор за либерализација и тоа од 15 јуни годинава за наизменичниот превоз на патници истиот да се врши исто така без дозволи кој се разменуваа на реципрочна основа на годишно ниво. „Ова најпрво е огромен успех за транспортерите од двете земји, успех е за Република Северна Македонија и Република Србија. Постигнавме историски договор, целосно ги укинуваме дозволите во патниот и товарниот транспорт и сето ова го правиме за развојот на двете земји, за економски напредок во регионот и за подобра економска соработка меѓу Северна Македонија и Србија. Ова е нешто за што напорно работевме со мојот колега, министерот Весиќ со огромната подршка на владите на двете земји. Ова е вистинската политика за олеснување на работата на превозниците и ова треба да биде пример за цел регион." - истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Одлуката за либерализација на транспортот е дел од иницијативата „Отворен Балкан" и целите утврдени со Меморандумот за разбирање и соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки и патници во Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-postignavme-istoriski-uspeh-go-liberaliziravme-tovarniot-i-patnichkiot-prevoz-so-republika-srbija/feed/ 0
Јаревски до Бочварски: Си потпишал договор за коридорите со празни ставки или кои дополнително ќе бидат договорени, за тоа кривично се одговара https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jarevski-do-bochvarski-si-potpishal-dogovor-za-koridorite-so-prazni-stavki-ili-koi-dopolnitelno-ke-bidat-dogovoreni-za-toa-krivichno-se-odgovara/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jarevski-do-bochvarski-si-potpishal-dogovor-za-koridorite-so-prazni-stavki-ili-koi-dopolnitelno-ke-bidat-dogovoreni-za-toa-krivichno-se-odgovara/#respond Fri, 26 May 2023 16:34:23 +0000 https://kurir.mk/?p=839164

Иако поминаа законите за пакетот закони поврзани со изградба на коридорите ние нема да замолчиме затоа што секоја страна од договорот за коридорите 8 и 10д е по еден скандал, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски на денешната седница за пратенички прашања. Јаревски го праша министерот за транспорт и врски Благој Бочварски дали е точно дека е предвидено пет специјалисти да земаат надомест од 36.500 евра месечно. Така велат документите кои ги имаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но кој не е доставен од Владата официјално. Прашувам, рече Јаревски затоа што вие не го давате никому договорот, но истиот порано или подоцна ќе го добиеме. Пратеникот исто така го праша министерот, како велат дека договорот ќе чини 1,3 милијарди евра, кога не се прецизирани цените во истиот. „Дали во договорот има празни ставки, знаете ли што значи тоа да се потпише договор, а во истиот да има празни ставки или да стои дополнително ќе биде договорено. Тоа значи кривична одговорност. Како можете да ја лажете јавноста, вашите пратеници и јавноста дека вредноста на договорот е 1,3 милијарда евра. Дали, колку и кој се прашања на кои треба да се има одговори во договорот, а тие се празни ставки или како што се вели дополнително ќе бидат договорено. Како можевте да лажете дека со овие измени ќе биде поевтина изградбата кога вие не сте договориле цена. Цена има само за асфалт, ама е три пати поскапа од досега потпишаните договори“, заклучи Јаревски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jarevski-do-bochvarski-si-potpishal-dogovor-za-koridorite-so-prazni-stavki-ili-koi-dopolnitelno-ke-bidat-dogovoreni-za-toa-krivichno-se-odgovara/feed/ 0
Петрушевски: Ќе дојде време кога министерот Бочварски ќе одговара за договорот кој го потпишал за изградба на коридорите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-ke-dojde-vreme-koga-ministerot-bochvarski-ke-odgovara-za-dogovorot-koj-go-potpishal-za-izgradba-na-koridorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-ke-dojde-vreme-koga-ministerot-bochvarski-ke-odgovara-za-dogovorot-koj-go-potpishal-za-izgradba-na-koridorite/#respond Mon, 22 May 2023 15:14:15 +0000 https://kurir.mk/?p=837510

Овој закон и другите 4 закони кои што се со европско знаменце, а се во врска со изградбата на автопатите е само доказ дека тие автопати не можат да се изградат согласност со важечките закони моментални во Република Македонија. И овие измени кои што се во собраниска процедура ќе бидат убав еклатантен, добар доказ во една судска постапка во која што министерот за транспорт и врски Бочварски ќе треба да одговара. Да одговара зошто го прекршил членот 353 од Кривичниот законик и зошто потпишал договор со кој што земал надлежност која што не му припаѓа, таа надлежност е законските измени кои што се на дневен ред, а со тоа дополнително согласно член став 3 од истиот член на кривичниот законик извршил значителна штета на буџетот на Република Македонија како што знаете сите без да се фрли една лопата исплатени се досега 117 милиони евра на фирмата изведувач, рече Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница. Петрушевски во текот на своето обраќање укажа дека во наредниот период штетата од овој договор ќе достигне и до 300 милиони евра која Република Македонија ќе треба да ја исплати од буџетот кој го полнат сите граѓани. -Согласно со нашите информациите во наредниот период исто така без фрлена лопата таа цифра ќе достигне до 300 милиони евра, фантастична цифра која ќе ја исплати Република Македонија не од задолжувања, не од кредит туку од буџет кој што го полнат сите граѓани на Република Македонија, кажа тој. Петрушевски посочи дека со оваа голема сума на пари може да се направат многу други капитални инфраструктурни проекти. -Со тие пари замислете колку други капитални инфраструктурни проекти можеа да се изградат и да ја видат светлината на денот, да се даваат како ставка за дополнителни работи на терен. Замислете некоја македонска фирма или во историјата добила 117 милиони евра без да фрли лопата за подготвителни работи. Тоа го направи министерот Бочварски и сега се крие од јавноста, но времињата се менуваат и ќе има време кога ќе треба да одговори зошто потпишал договор кој што е неспроведлив согласно и важечките закони во република Македонија, кажа тој. На крај тој порача дека и со овие измени сега кои власта сака да ги помине нема да се заврши проектот поврзан со коридорите. -Она што е пострашно е што и со овие измени кои што се на дневен ред исто така нема да се заврши овој проект односно изградбата на автопатските делници, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-ke-dojde-vreme-koga-ministerot-bochvarski-ke-odgovara-za-dogovorot-koj-go-potpishal-za-izgradba-na-koridorite/feed/ 0
Бочварски: Не е исплатен вториот дел од авансот за „Бехтел и Енка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bochvarski-ne-e-isplaten-vtoriot-del-od-avansot-za-behtel-i-enka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bochvarski-ne-e-isplaten-vtoriot-del-od-avansot-za-behtel-i-enka/#respond Thu, 18 May 2023 11:48:43 +0000 https://kurir.mk/?p=835879

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во изјава за медиумите рече дека се уште не е исплатен вториот дел од авансот за компанијата „Бехтел и Енка“ кои треба да ги градат коридорите 8 и 10д. – Како што најавивме, ќе биде транспарентно и во моментот кога ќе имаме таква исплата кон Јавното претпријатие за државни патишта и потоа кон компанијата ќе ја информираме јавноста, рече Бочварски. Прашан кога може да се очекува „Бехтел и Енка“ да достават проект, Бочварски посочи дека во тек се механички истраги без кои, како што рече, би имале лош проект. – Компанијата започна со дел механички истраги, коишто се исклучително потребни и од значење за проектирањето. Без тие истраги, ќе имаме лош проект, којшто ќе се рефлектира лошо при изградбата на автопатските делници. Таа механизација ќе работи колку што е доволно, за да ги направи сите потребни истраги за да имаме добар квалитетен изработен проект. Согласно динамиката, веднаш потоа се започнува со проектирање. Таму каде што имаме државно земјиште, ќе се започне веднаш со работа после одобрувањето на проектот. Сите проекти ќе ги одобрува ЈПДП и ќе биде целиот процес под контролата на државата,потенцира Бочварски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bochvarski-ne-e-isplaten-vtoriot-del-od-avansot-za-behtel-i-enka/feed/ 0
Бочварски: Пенали нема да има, компанијата Бехтел има обврска да ангажира најмалку 51 процент локални човечки ресурси, механизација и подизведувачи што ќе работат на терен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bochvarski-penali-nema-da-ima-kompanijata-behtel-ima-obvrska-da-angazhira-najmalku-51-protsent-lokalni-chovechki-resursi-mehanizatsija-i-podizveduvachi-shto-ke-rabotat-na-teren/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bochvarski-penali-nema-da-ima-kompanijata-behtel-ima-obvrska-da-angazhira-najmalku-51-protsent-lokalni-chovechki-resursi-mehanizatsija-i-podizveduvachi-shto-ke-rabotat-na-teren/#respond Sat, 29 Apr 2023 14:44:02 +0000 https://kurir.mk/?p=829004

Секоја домашна компанија што смета и може да одговори на задачите, на предизвикот и да влезе да работи на овие делници, секако може да влезе во разговори со компанијата Бехтел и да се најде на пазарот во однос на овие проекти, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервјуто за МИА. Компанијата Бехтел, согласно законот има обврска да ангажира најмалку 51% домашни ресурси, што значи овде спаѓаат човечки ресурси, но и механизација, подизведувачи кои што ќе работат овде на терен, потенцира министерот Бочварски. “ Инаку ние во моментот работиме и на многу други проекти, низ цела држава, така да домашните компании имаат работа и се пронаоѓаат во домашните проекти во делот на градењето и во делот на инфраструктурата. Но ова е уште еден најголем проект и јас сум убеден дека ќе се пронајдат и ќе можат да излезат на терен, да работат заедно со оваа една од најголемите светски реномирани компании, секако да добијат и дополнително знаење и можности за да понатаму продолжат да се градат овде и надвор од државата на други проекти,“ изјави министерот Бочварски. Изградбата на Коридорите 8 и 10 д, ќе значат нови 8000 вработувања, нови инвестиции и номинален раст на БДП од 2 % годишно во наредните пет години. Министерот Бочварски во интервјуто посочува дека пенали кон Изведувачот нема да има, исплатата е утврдена согласно програмата за финансирање на патната инфраструктура за проектот за Коридро 8 и 10 д. “ Во законот и во договорот и во програмата за исплата точно е утврдено кои се ставките кои што ќе бидат исплатени. Но важно е компаниите да влезат на терен да ги реализираат своите обврски кои што ги имаат према државата. Доколку државата не ги смени законите, еве не се донесат законите во Парламентот ние под постојната законска регулатива продолжуваме со работа. И тоа е од исклучително значење да го знаат граѓаните. Не е точно дека државата е обврзан да менува закони. Државата, односно Владата, Парламентот и сите институции можат да продолжат со работа согласно постојната законска регулатива. Доколку се променат законите, доколку овозможиме повеќе работа на терен и се овозможи реализација на проектот согласно Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење, за да се овозможи фазно градење тогаш можеме да секако се увериме дека и побрзо ќе оди и реализацијата на проектот”, истакнува министерот Бочварски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bochvarski-penali-nema-da-ima-kompanijata-behtel-ima-obvrska-da-angazhira-najmalku-51-protsent-lokalni-chovechki-resursi-mehanizatsija-i-podizveduvachi-shto-ke-rabotat-na-teren/feed/ 0
По синот на Заев и сопругата на Ковачевски: Таткото на Бочварски влезе во бизнисот со струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-sinot-na-zaev-i-soprugata-na-kovachevski-tatkoto-na-bochvarski-vleze-vo-biznisot-so-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-sinot-na-zaev-i-soprugata-na-kovachevski-tatkoto-na-bochvarski-vleze-vo-biznisot-so-struja/#respond Wed, 01 Feb 2023 11:35:44 +0000 https://kurir.mk/?p=794664

Венцислав Бочварски, таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, е управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија Техно Енерџи, објави faktor.mk. Според податоците во централниот регистар, сопственик на новата фирма од Штип е Техноинвест Штип, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на која живее и Венцислав Бочварски. Фирмата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари со поднесено барање за основање на 10 јануари. Регистрирана е на 26-ти јануари, а дејност и е производство на електрична енергија. Според faktor.mk, doсега единствената фирма на таткото Бочварски која беше позната во јавноста е Де Лукс Доо, споменувана во критиките на опозицијата дека учествува на јавни набавки додека синот Бочварски извршува функции. Како сопственици на енергетски фирми во изминатите неколку месеци се појавија многу блиски роднини на актуелни или поранешни владеачки функционери. Енерегетски компании за производство на струја отворија синот на екс премиерот Зоран Заев, се откри дека сопругата на актуелниот премиер Димитар Ковачевски има удел во енергетска компанија формирана неколку недели по неговото назначување за заменик министер за финансии, а на крајот на минатата година своја фирма отвори и синот на Али Ахмети. Трендот го продолжи таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-sinot-na-zaev-i-soprugata-na-kovachevski-tatkoto-na-bochvarski-vleze-vo-biznisot-so-struja/feed/ 0
Бочварски: За 2022 година изградивме два експересни патишта, Штип – Радовиш и Штип – Кочани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-za-2022-godina-izgradivme-dva-eksperesni-patishta-shtip-radovish-i-shtip-kochani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-za-2022-godina-izgradivme-dva-eksperesni-patishta-shtip-radovish-i-shtip-kochani/#respond Tue, 17 Jan 2023 21:24:34 +0000 https://kurir.mk/?p=788709

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вечерва изјави дека минатата година капитални инвестиции во земјава достигнале највисоко ниво од 465 милиони евра. Државата зема најголем замав во најтешката ситуација, со оглед на кризите во земјата. Годинава не може да бидеме незадоволни. За 2022 година изградивме и пуштивме во употреба два експересни патишта, Штип – Радовиш и Штип – Кочани. Со тоа се дава шанса за развој на источниот регион кој беше запоставен. Експресните патишта се одреден дел од иден автопат, рече Бочварски во емисијата „24 анализа“. Бочварски истакна дека се чувствува подготвен за поголем исчекор во поглед на инфраструктуратаа, меѓутоа нагласи дека тој исчекор е постигнат во 2021 година . Во однос на новиот клинички центар, Бочварски рече дека опозицијата треба да каже зошто беше блокиран тој процес и концепт за реализација на клиничкиот центар за кој беше одбрана локација. Во делот на таа постапка Владата ќе продолжи да ги бара можностите и начините за да дојде до реализација на овој значаен проект за граѓаните. Верувам дека од опозицијата ќе наидеме на позитивни дискусии со свои предлози да се вгради за да еден многу значаен проект за државата конечно се реализира. Владата не се откажала од изградба на клинички центар, МЗ работи на одбирање на најдобирот модел и концепт, нагласи Бочварски. Говорејќи за гасоводниот систем, Бочварски посочи дека во делот на магистралните гасоводи преку 300 километри се изградени во време на СДСМ, а нешто над 60 километри завршиле во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Ваквите проекти, рече тој, се реализираат, а за годинава најави најави завршувања на гасоводот до Гостивар.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-za-2022-godina-izgradivme-dva-eksperesni-patishta-shtip-radovish-i-shtip-kochani/feed/ 0
Бочварски: Се планира инвестиција од над една милијарда евра во железничката мрежа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-se-planira-investicija-od-nad-edna-milijarda-evra-vo-zeleznichkata-mreza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-se-planira-investicija-od-nad-edna-milijarda-evra-vo-zeleznichkata-mreza/#respond Thu, 17 Nov 2022 10:49:49 +0000 https://kurir.mk/?p=762312

Финализирањето на патниот и железничкиот Коридор 8 е предизвик и нешто на кое сме силно фокусирани во овој период. Нашата цел е со регионалните партнери, Бугарија, Албанија и Италија овој Коридор да го позиционираме во единствениот Коридор на Западен Балкан. Поради тоа планираме инвестиција од преку една милијарда евра само во железничката мрежа, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешниот панел за Кластерот 4. Како што истакна Бочварски, ова било и темата на која пред два дена во Брисел  разговарал со еврокомесарката за транспорт. -Во текот на разговорите со еврокомесарката воедно побаравме и поддршка од европските фондови во оваа фаза на преговори, напомена министерот. Во однос на приоритетите поврзани со кластерите 21 и 4, е, подвлече Бочварски, и алатката „е-транспорт“ која овозможува посебна граѓанска контрола врз внатрешниот и меѓународниот превоз на патници. -На Коридорот 10 работиме на постапките за воведување интелигентен транспортен систем (ИТС) кој подразбира имплементација на мерки за поголема безбедност и информации за возачите во реално време. Во 2023 година е предвидена тендерска постапка и имплементација на ИТС, рече министерот. Тој се осврна и на зелената агенда, нагласувајќи дека се најавени измени во Законот за градење со кои ќе се поедностави постапката за поставување фотоволтаици, како за физичките така и за правните лица. -КОВИД пандемијата не натера да делуваме регионално и Северна Македонија во тој дел беше првата земја што воспостави „зелени коридори“ со држава членка на ЕУ, за брз и навремен транспорт на стоките и услугите, потенцира Бочварски. Пред него се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, а дебатата ја отвори вицепремиерот Бојан Маричиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bochvarski-se-planira-investicija-od-nad-edna-milijarda-evra-vo-zeleznichkata-mreza/feed/ 0