Благоја Дончев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 24 Oct 2021 17:54:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Благоја Дончев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стојкоски изрази сочуство до семејството на Благоја Дончев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojkoski-izrazi-sochustvo-do-semejstvoto-na-blagoja-donchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojkoski-izrazi-sochustvo-do-semejstvoto-na-blagoja-donchev/#respond Sun, 24 Oct 2021 17:54:56 +0000 https://kurir.mk/?p=584715

Сакам да изразам мое лично сочуство до семејството на Г-дин Благоја Дончев, долгогодишниот Претседател на управен одбор и генерален директор на ADING , компанија со база во нашата општина и гигант во градежната индустрија, стои во Фејсбук објавата на идниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Тој напиша дека пред повеќе години имал прилика да разговара со Дончев и бил воодушевен од светскиот успех на македонската компанија. - Компанијата изгуби пред се човек, родител и еден од најголемите визионери во нејзината историја. Дополнително, неговата големина и значајна улога во македонската економија е што преку свој личен пример и посветеност, успеа да го пренесе неговиот ентузијазам многу пошироко, секогаш нагласувајќи дека и останатите македонски компании можат и мораат да создаваат брендови кои ќе излезат вон нашите граници, додава Стојкоски во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojkoski-izrazi-sochustvo-do-semejstvoto-na-blagoja-donchev/feed/ 0
Почина Благоја Дончев, претседател на Управен одбор и генерален директор на АДИНГ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-blagoja-donchev-pretsedatel-na-upraven-odbor-i-generalen-direktor-na-ading/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-blagoja-donchev-pretsedatel-na-upraven-odbor-i-generalen-direktor-na-ading/#respond Sun, 24 Oct 2021 15:29:30 +0000 https://kurir.mk/?p=584671

На 23.10.2021 почина Благоја Дончев, долгогодишниот Претседател на управен одбор и генерален директор на АДИНГ. Компанијата изгуби пред се` човек, родител и еден од најголемите визионери во нејзината историја, велат од компанијата. Неговото лидерство, високата работна етика и вредностите кои ги вгради во темелите на компанијата, денес се нераскинлив дел од нејзиниот код. Беше енергична личност, учител и пример за многу генерации професионалци позади него, несебично споделувајќи ги техничките знаења од областа, бизнис искуствата и вештините. Преку неговото мото дека „АДИНГ е и ќе биде состојка на секоја градба”, изгради и постави здрави основи за понатаму, што гордо го сметаше за еден од своите најголеми успеси. Дополнително, неговата големина и значајна улога во македонската економија е што преку свој личен пример и посветеност, успеа да го пренесе неговиот ентузијазам многу пошироко, секогаш нагласувајќи дека и останатите македонски компании можат и мораат да создаваат брендови кои ќе излезат вон нашите граници. Неговите професионални почетоци се во АДИНГ, од 1980 година, минувајќи низ сите скалила на компанијата, а на нејзино чело застанува во 2006 година. Смртта го затекна во неговиот четврти континуиран мандат, во кој се бележат и најдобрите резултати во досегашното работење. Роден е во Вељуса, Струмица, Р. Македонија во 1951 г., а дипломирал на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Добитник е на низа награди и признанија од областите на бизнисот, менаџментот и општествено одговорните практики во земјава и странство, од кои како последна е големата награда на Средна и Југоисточна европа „Креатори на Столетието“ за животно дело во развојот на претприемништвото во Р. Македонија во 2019 година. Погребот ќе се изврши во рамки на потесното семејство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-blagoja-donchev-pretsedatel-na-upraven-odbor-i-generalen-direktor-na-ading/feed/ 0