благоја георгиевски буштур – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Aug 2023 12:12:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png благоја георгиевски буштур – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Документарниот филм за легендарниот Буштур награден за најдобра режија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dokumentarniot-film-za-legendarniot-bushtur-nagraden-za-najdobra-rezhija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dokumentarniot-film-za-legendarniot-bushtur-nagraden-za-najdobra-rezhija/#respond Tue, 29 Aug 2023 12:12:34 +0000 https://kurir.mk/?p=872080

Документарниот филм „Среќна 13“ посветен на ликот и делото на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур доби награда за најдобра режија на Меѓународниот фестивал за спортски филм што годинава по 12 пат се одржа во Златибор. Специјалното жири, составено од еминентни познавачи на филмот и на спортот, одлучи дека „Среќна 13“ продуциран од Македонската телевизија во режија на Тони Ристовски, е најдобро режиран филм во конкуренција на 45 остварувања, кои жирито ги одбра во финалната селекција на фестивалот на Златибор. - Режисерот Ристовски креираше еден филмски запис кој ќе остане засекогаш врежан во меморијата на сите следбеници на кошаркарскиот спорт, не само во нашата земја, туку и пошироко, соопшти денеска македонската кошаркарска Федерација. На Фестивалот во Златибор награден беше и документарниот филм „Патот на кобрата до ѕвездите“, посветен на еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња Дарко Панчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dokumentarniot-film-za-legendarniot-bushtur-nagraden-za-najdobra-rezhija/feed/ 0
Историско финале за Феникс https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/istorisko-finale-za-feniks/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/istorisko-finale-za-feniks/#respond Fri, 17 Feb 2023 21:01:20 +0000 https://kurir.mk/?p=801970

Екипата на Феникс вечерва направи историски резултат со пласманот во финалето на Купот на Македонија кој го носи името „Благоја Георгиевски – Буштур“. Тимот кој последните неколку години бележи прогрес го победи Пелистер со 86:79. Иако на овој натпревар битолчани беа фаворити, младиот тим на Феникс предводен од искусните Бојан Трајковски со 18 поени и Ивица Димчевски со 13 заслужено се радуваа на триумфот. Андреј Митревски натпреварот го заврши со 16 поени, додека Амар Хот имаше 18 поени, но предвреме го заврши натпреварот поради повреда. Во поразениот тим најефикасен беше Сеад Хаџифејзовиќ со 25 поени. Противник на Феникс во финалето ќе биде МЗТ Скопје Аеродром. Овој натпревбар ќе се игра утревечер од 19:30 часот. Претходно, од 16:30 часот во женското финале ќе се соочат Баскет Кам 2011 и МЗТ Скопје Аеродром. Натпреварите ќе се играат во СРЦ „Кале“ во Скопје.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/istorisko-finale-za-feniks/feed/ 0
Промовиран документарниот филм „Среќна 13-ка“ – Буштур како освојувач, охрабрувач, како обединувач… https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/promoviran-dokumentarniot-film-srekjna-13-ka-bushtur-kako-osvojuvach-ohrabruvach-kako-obedinuvach/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/promoviran-dokumentarniot-film-srekjna-13-ka-bushtur-kako-osvojuvach-ohrabruvach-kako-obedinuvach/#respond Mon, 31 Oct 2022 12:12:28 +0000 https://kurir.mk/?p=753199

Во хотелот „Парк“ во Скопје, и првиот канал на МРТ викендов беше промовиран документарниот филм посветен на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски Буштур. – Некои можеби не знаат, но вечерва ќе се потсетат на тие времиња од седумдесеттите кога Благоја Георгиевски-Буштур беше прво име на македонската кошарка. Кога играше на Европски првенства, на Олимпијади, освојуваше медали на Балканијадите, на Медитеранските Игри. Ова е вечер и за носталгија, меѓутоа оваа е и вечер за сите нас, да се потсетиме или пак да научиме нешто. А нашето мото беше ‘Македонија не ги заборава и не смее да ги заборави своите херои’. Во овие времиња во кои што живееме, ако ние од Македонската радио телевизија ја добиеме поддршката и го оцените филмот како добар, ќе продолжиме да ги истакнуваме нашите херои. Пред се, за да дадеме можност нашата младина да се сеќава каков беше нивниот придонес за Македонија. Со надеж, сите ние да изградиме едно поубаво и посреќно општество за сите, порача Тони Стојановски, по чие сценарио е склопена „Среќна 13-ка“, а режирана од Тони, Ристовски. На промоцијата беа присутни членови на семејството, голем број пријатели и своевремено соработници на Георгиевски. Помеѓу нив и Лазар Лечиќ, неговиот кошаркарски „татко“, потоа Александар Књазев, Драган Радосављевиќ, Јорданчо Давитков, Борче Серафимовски, Ѓокица Лукаревски. Во филмот за Буштур говорат и великани на светската и југословенската кошарка како Иво Данеу, Никола Плеќаш, Зоран „Мока“ Славниќ, Жељко Јерков, Дамир Шолман, Среќко Јариќ, Дуци Дамјановиќ, Мирко Новосел и Светислав Пешиќ, но и нашите кошаркарски величини, браќата Јанко и Митко Луковски, Стерија Андоновски, Ѓорчевски, Кацарски, секако и Васил Тупурковски, човекот без кој дури и Буштур тешко функционираше, а некогаш беше и во улога на прв човек на кошарката во СФРЈ.

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/promoviran-dokumentarniot-film-srekjna-13-ka-bushtur-kako-osvojuvach-ohrabruvach-kako-obedinuvach/feed/ 0
Две години од смртта на кошаркарската легенда Буштур https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dve-godini-od-smrtta-na-kosharkarskata-legenda-bushtur/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dve-godini-od-smrtta-na-kosharkarskata-legenda-bushtur/#respond Sat, 29 Jan 2022 11:59:42 +0000 https://kurir.mk/?p=624338

Денес се одбележуваат точно две години од смртта на еден од најголемите македонски спортски и кошаркарски работници, Благоја Георгиевски – Буштур. Георгиевски трагично загина во сообраќајна несреќа на 29.1.2020 на 69 годишна возраст. Отсекогаш посветен на развојот на македонската кошарка, подоцна тренер и селектор на кошаркарската репрезентација, истакнат спортски работник и легенда на КК Работнички. Најголем дел од својата играчка кариера ја помина во Работнички, клуб со кој во сезоната 1975/76 популарниот Буштур, стигна и до полуфиналето на Купот на победниците на Куповите. Георгиевски беше и член на младинската репрезентација на Југославија, селекција која предводена од Лазар Лечиќ, ја освои Балканијадата во Ријека во 1970 година. Година дена подоцна, беше дел од југословенската сениорска репрезентација која настапи на ЕП во Западна Германија, каде се закити со сребреното одличје. Како дел на селекцијата на СФРЈ, во 1976, Буштур стигна до олимпиското сребро, што е најголемиот резултат на еден македонски кошаркар во историјата на овој спорт. По осамостојувањето, Георгиевски беше и селектор на македонската сениорска репрезентација, член на УО и на Собранието на Македонскиот олимписки комитет, а беше и претседател на олимпискиот совет при МОК. Во негова чест, бројот 13 е повлечен од употреба на клупските дресови на КК Работнички.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dve-godini-od-smrtta-na-kosharkarskata-legenda-bushtur/feed/ 0
71 година од раѓањето на Благоја Георгиевски – Буштур https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/71-godina-od-ragjanjeto-na-blagoja-georgievski-bushtur/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/71-godina-od-ragjanjeto-na-blagoja-georgievski-bushtur/#respond Fri, 15 Oct 2021 05:26:54 +0000 https://kurir.mk/?p=579316

На 15 октомври во 1950 година во Скопје е роден Благоја Георгиевски – Буштур – поранешен македонски и југословенски кошаркар. Георгиевски бил учесник на Летните олимписки игри во 1976 година кои се одржале во Монтреал како член на југословенската кошаркарска репрезентација, каде освоил сребрен медал. На Европско првенство во 1971 година, кое се одржало во Западна Германија, како член на југословенската кошаркарска репрезентација Георгиевски освоил сребрен медал. Буштур својата кариера ја поминал во КК Работнички, а бил и амбасабор на Специјалните Олимписки Игри. Буштур го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи на 29 јануари 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/71-godina-od-ragjanjeto-na-blagoja-georgievski-bushtur/feed/ 0
Никој никогаш повеќе нема да ја носи 13-ката во Работннички https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nikoj-nikogash-povekje-nema-da-ja-nosi-13-kata-vo-rabotnnichki/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nikoj-nikogash-povekje-nema-da-ja-nosi-13-kata-vo-rabotnnichki/#respond Sat, 01 Feb 2020 09:00:09 +0000 https://kurir.mk/?p=297823

Дресот со бројот 13 кој низ текот на кариерата во Работнички го носеше легендарниот Благоја Георгиевски-Буштур ќе биде повлечен. Ова е еден вид на почит од стрна на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб за популарниот Буштур кој пред три дена го загуби животот во сообраќајна несреќа. Ова го објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ. Општина Центар е главен финансиер на клубот од „Градски парк“. „Во разговор со играчите, стручниот штаб и фановите одлучивме бројот 13 од дресот на “КК Работнички” да биде повлечен од сите понатамошни натпревари и истиот да биде оставен во салата во Градски Парк во знак на сеќавање на нашата легенда Благоја Георгиевски-Буштур“, стои во објавата на Богдановиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nikoj-nikogash-povekje-nema-da-ja-nosi-13-kata-vo-rabotnnichki/feed/ 0
Исламовиќ ги раскажа последните моменти од животот на Буштур https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/islamovikj-gi-raskaza-poslednite-momenti-od-zivotot-na-bushtur/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/islamovikj-gi-raskaza-poslednite-momenti-od-zivotot-na-bushtur/#respond Fri, 31 Jan 2020 14:14:16 +0000 https://kurir.mk/?p=297580

Што ти е животот! Отиде човекот, како да неразговаравме лежерно и се шегуваме минатата вечер. Не можам да верувам дека го нема повеќе нашиот Буштур, вели Ален Исламовиќ, кој со игра на судбината, беше меѓу последните луѓе што имаа шанса да разговараат со кошаркарската легенда Благоја Георгиевски Буштур, кој загина само половина час откако се збогуваше со популарниот пејач, пишува Јутарњи Лист. -Имав чест да го познавам Буштур околу една година, а прв пат се сретнавме на средба кај градоначалникот на Скопје. Веднаш најдовме заеднички јазик, а јас од тогаш секогаш му се јавував кога ќе дојдев да работам во Македонија. Така беше во средата. Патував со моите деловни партнери во Македонија за да ја презентирам фирмата ECO Water, а откако го завршив деловниот дел се јавив, нормално, на Буштур. Тој веднаш рече „Ален, ајде да одиме на вечера“, но ја одбив поканата затоа што веќе ручав со македонските бизнисмени, па се согласив со Буштур да се најдеме на пијачка. Бевме заедно од 9.30 до 10.30 часот. Ќе бевме и подолго, јасно, сега ми е јажал што не останавме, но сакав да отспијам барем малку пред да се вратам во Загреб. Се договоривме дека мора да се сретнеме кога ќе дојдам во Скопје следниот пат, но таква средба никогаш повеќе нема да има. Не можам да верувам дека последен пат се сретнавме вчера. Тој беше легенда, великан на кошаркарскиот свет и, пред сè, голем човек, вели Исламовиќ, кој дознал за смртта на неговиот пријател околу 3 часот наутро. -Заеднички познаник нè возеше на аеродромот кога ме праша дали слушнав за трагедијата. „Го нема веќе Буштур, умре, го нема! “. Мислев дека се шегува, но кога сфатив дека е вистина, вели Исламовиќ. Музичарот, сепак, додава дека не му се јасни околностите на трагедијата. -Буштур не консумираше алкохол вечерта. Ние пиевме шприцер, тој пиеше кафе и минерална вода, така што сите приказни за некаков алкохолизам како причина за несреќата паѓаат во вода. Мене, онака човечки, ми падна на памет дека можеби му откажало срцето. Па си мислам, тој сигурно не ни возел брзо, нешто мора да му се случило за да ја изгуби контролата врз возењето. Како и да е, ова е една ужасна трагедија. Нека му е вечна славата и големо и искрено сочувство до неговото семејство. Тој ќе остане во моето срце засекогаш, вели Исламовиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/islamovikj-gi-raskaza-poslednite-momenti-od-zivotot-na-bushtur/feed/ 0
Работнички со емотивен статус за Буштур: Не’ напушти најголемиот https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rabotnichki-so-emotiven-status-za-bushtur-ne-napushti-najgolemiot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rabotnichki-so-emotiven-status-za-bushtur-ne-napushti-najgolemiot/#respond Thu, 30 Jan 2020 10:51:39 +0000 https://kurir.mk/?p=296849

Не’ напушти најголемиот ... не’ напушти единствениот репрезентативец на Бивша Југославија. Не’ напушти најголемиот играч на Работнички. Поголемиот дел од својата кариера ја посвети на Работнички. За Буштур Работнички беше прва и единствена љубов. Почивај во мир , легендо секогаш ќе се сеќаваме на тебе ... искрено сите фанови и симпатизери на Работнички, стои во емотивната објава на Фејсбук. Македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски Буштур го загуби животот синоќа во сообраќајна несреќа во скопската нселба Кисела Вода. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rabotnichki-so-emotiven-status-za-bushtur-ne-napushti-najgolemiot/feed/ 0
ФФМ се прости од Буштур: Невозможно е да се опише неговиот придонес за спортот, беше визионер и градител https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ffm-se-prosti-od-bushtur-nevozmozno-e-da-se-opishe-negoviot-pridones-za-sportot-beshe-vizioner-i-graditel/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ffm-se-prosti-od-bushtur-nevozmozno-e-da-se-opishe-negoviot-pridones-za-sportot-beshe-vizioner-i-graditel/#respond Thu, 30 Jan 2020 09:43:49 +0000 https://kurir.mk/?p=296801

Фудбалската федерација на Македонија преку социјалните мрежи се прости од Благоја Георгиевски – Буштур кој синоќа загина во сообраќајна несреќа во скопска Кисела Вода. -Невозможно е во еден текст да го опишеме неговиот придонес за македонскиот спорт. Беше визионер и градител. Легенда. Ни остануваат спомените, приказните, сеќавањата и сведоштвата за Буштур како кошаркар и како човек. Вечна слава. Почивај во мир, легендо, напиша ФФМ на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ffm-se-prosti-od-bushtur-nevozmozno-e-da-se-opishe-negoviot-pridones-za-sportot-beshe-vizioner-i-graditel/feed/ 0
МВР со детали за несреќата во која загина Буштур https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-nesrekjata-vo-koja-zagina-bushtur/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-nesrekjata-vo-koja-zagina-bushtur/#respond Thu, 30 Jan 2020 09:30:44 +0000 https://kurir.mk/?p=296786

Министерството за внатрешни работи соопшти официјални информации за сообраќајната несреќа во која загина македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски - Буштур. -На 29.01.2020 околу 23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Србија“ во близина на крстосницата со улицата „Христо Татарчев“ товарно моторно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски таблици, управувано од Б.Г.(70) од Скопје, удрило во бетонска жардињера. Во незгодата на местото на настанот починал возачот, информираат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-nesrekjata-vo-koja-zagina-bushtur/feed/ 0