Благоја Маркоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Jun 2022 09:08:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Благоја Маркоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Маркоски: 400 % плата за колку толку достоинство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/markoski-400-plata-za-kolku-tolku-dostoinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/markoski-400-plata-za-kolku-tolku-dostoinstvo/#respond Thu, 09 Jun 2022 09:08:41 +0000 https://kurir.mk/?p=688740

Пред неколку денови, поточно на 2.6.2022 г. во организација на Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа протест на кој се изрази негодување со барање за зголемување на платите на универзитетските професори, помошно наставниот кадар и останатите вработени во службите на факултетите. Повод беше незадоволството од висината на платите на вработените на УКИМ. Претставниците говорници на наведениот синдикат мошне содржајно ги изнесоа своите погледи и пораки до надлежните институции во државата (соодветните министерствата и Владата на Р Македонија). Но, две реченици од говорот на претседателот на конкретниот синдикат беа забележителни: -едната каде се бара покачување на платите за по 25% во наредните 4 години и -втората дека тоа треба да се регулира со колективен договор. Како долгогодишен професор на УКИМ (ПМФ, ИГ) соодветно на универзитетската автономија на професорот си земам за право да коментирам дека: -во услови на актуелната економска ситуација во државата пропратена со процес на секојдневна инфлација, по 25% за 4 години е ништожна вредност, која вметната во колективен договор ќе значи врзување на „рацете“ на универзитетските професори и персонал за да во продолжение не можат да побараат никакво регулирање на платата (како што ни се случи со актуелниот колективен договор), -колективен договор за регулирање на плати на универзитетски професори е срамен чин со кој се понижува и автономијата и личноста универзитетски професор. Имајќи предвид дека популистички (без анализа и соодветно проценка на ситуацијата) само минималнта плата ја покачија во неколку наврати (која денес стигна околу 18000 денари) го обезвреднија трудот на работниците со повисоко образование, така што платите на работниците со основно образование се изедначија со оние со завршено средно образование, а коефициентите за повисоките нивоа на образование драстично се намалија од поранешни 1:5 (основно образование спрема редовен универзитетски професор, како што беше и се провлекуваше од социјалистичкото уредување во државата, а во западните земји тој сооднос е 1:10) на 1:2,5, што е погубно за мотивацијата некој да се школува и работи во образование, наука и технологии. Заради наведената аргументација од една страна и заради фактот дека со добро образован кадар се постигнува солиден научен, технолошки и економски развој во конкретните услови моите проценки се дека: -платата на универзитетските професори треба да се зголеми за околу 400%. Образложение: -Актуелната плата на редовен универзитетски професор е околу 40000 денари. Тоа значи дека со зголемувањето би достигнала до 160000 денари. Ако се има предвид темпото на зголемување на минималната плата, таа многу брзо ќе стигне до околу 30000 денари, што значи, ако се почитува соодносот 1:5 тоа би било еднакво на 150000 денари. -Контекстот на висината на платата во однос на актуелната минимална плата со конкретниот коефициент соодветствува на колку толку подостоинствена плата од околу 90000 денари (што се поистоветува и со укажувањето на почитуваниот ректор на УКИМ), така што универзитетските професори и административно технички персонал ќе се приближи на состојбите во соседните држави. Оваа вредност сепак е помала од платата на народен пратеник во Р Македонија, а секогаш основицата на универзитетскиот прифесор се движела со платата на претседателот на владата. Во образложението влегува и фактот дека станува збор за релативно мал број на универзитетски професори, така што масата на средства е далеку помала од серија на трошења низ политичките кругови. Почит кон универзитетските институции, професорите, науката и технологиите за да опстоиме и економски и културолошки.   колумна на Проф. д-р Благоја Маркоски - Природно математички факултет, Скопје]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/markoski-400-plata-za-kolku-tolku-dostoinstvo/feed/ 0
Царовска потпиша: Повлечен од употреба учебникот по географија за втора година гимназиско образование https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-potpisha-povlechen-od-upotreba-uchebnikot-po-geografija-za-vtora-godina-gimnazisko-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-potpisha-povlechen-od-upotreba-uchebnikot-po-geografija-za-vtora-godina-gimnazisko-obrazovanie/#respond Thu, 18 Mar 2021 11:22:08 +0000 https://kurir.mk/?p=484176

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска го потпишала решението на Комисијата со кое повлечен од употреба е учебникот по георгафија за втора година гимназиско образование. -Комисијата констатира дека учебникот е преоптоварен со статистички и други податоци и факти кои не одговараат согласно дидактичко-методскиот пристап за возраста на децата. Исто така, во неколку наставни содржини во учебникот се нарушени начелата на неповредливост на културата, историјата и другите вредности на граѓаните на Република Северна Македонија, што е спротивно на Законот за учебници за основно и средно образование.  Учебникот е одобрен по наставна програма од 2002 година, се наведува во соопштението од Министерството. Оттаму информираат дека во рамки на планот за целосно реформирање на националниот образовен систем, еден од клучните чекори е обезбедувањето на квалитетни учебници и наставни содржини во основното и средното образование. -Пропустите кои низ години се провлекуваат во повеќе учебници и материјали, со реформите ќе бидат целосно отстранети и системски решени. Новиот закон за дидактички материјали и учебници е веќе објавен на ЕНЕР и со него системски се спречува вакви содржини да се провлекуваат во учебниците, објаснуваат од МОН. Пред еден месец професорот Благоја Маркоски од Институтот за географија, во име на сите автори, за Канал 5 тврдеше дека учебникот Националната географија за втора година реформирано гимназиско образование е изработен според програма подготвена и одобрена од Бирото за развој на образованието на Македонија уште во 2001 година, со целосно спроведена постапка за изборна учебник. – Реакциите сметаме дека се нарачани, бидејќи, конкретниот учебник е во употреба од 2002 година. Во меѓувреме во конкретното министерство имаше неколку министри од незаменливите коалициони партнери, па немало проблем. Зарем за овие 19 години никој не ја прочита содржината на конкретниот учебник, па сега се најде некој да исполнува желби? – вели професорот Маркоски. Тој појаснува дека сè што е во учебникот се потпира на научни вистини и факти. – Принципот на каузална поврзаност со другите наставни предмети во случајов со историјата и непосредните одредби во програмата за појаснување на миграциите на одделни групации на граѓани низ историските случувања и настани на овие територии, а сето тоа со цел да се појаснат типовите на миграции кои се главен предмет на проучување. Според тоа, авторите професионално стојат зад содржините на учебникот, бидејќи истите се темелат на научно потврдени докази, изјави за Канал 5, професорот Маркоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-potpisha-povlechen-od-upotreba-uchebnikot-po-geografija-za-vtora-godina-gimnazisko-obrazovanie/feed/ 0