блаже конески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 14:18:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png блаже конески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Спомен-куќата на Блаже Конески во Небрегово ставена на туристичката мапа за задолжителни посети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/spomen-kukata-na-blazhe-koneski-vo-nebregovo-stavena-na-turistichkata-mapa-za-zadolzhitelni-poseti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/spomen-kukata-na-blazhe-koneski-vo-nebregovo-stavena-na-turistichkata-mapa-za-zadolzhitelni-poseti/#respond Thu, 07 Sep 2023 14:18:14 +0000 https://kurir.mk/?p=875771

Спомен-куќата на великанот Блаже Конески во Небрегово и официјално се става на туристичката мапа за задолжителна посета при екскурзиите на учениците и при посетите на странските туристи. Иницијативата е на Културно-едукативниот центар „Небрегово“. Со пригоден собир пред родната куќа на Конески е потпишана и декларација. Мимоза Конеска, туристички работник од агенцијата „Војаџер“, вели дека ова е достоен чин за Блаже Конески. За догодина се најавуваат голем број странски туристи. -По иницијатива на Културно-едукативниот центар „Небрегово“ спомен-куќата на великанот Блаже Конески во Небрегово се става на туристичката мапа на Македонија. Спомен-куќата ќе биде поставена во програмата на сите основни и средни училишта и во сите програми за посета на странските туристи во Македонија. Горди сме што оваа иницијатива е доведена до реализација. Тоа ќе значи многу повеќе туристи за Прилеп, за Небрегово, за спомен-куќата и многу повеќе информации стигнати до основните и до средните училишта, онаму каде што треба за тоа што значи Блаже Конески и што значи спомен куќата во Небрегово. За 20-ина дена со Здружението ќе излеземе со податоци за најавата на странски туристи кои ќе дојдат во посета во Македонија. Денес се потпишува декларацијата со која официјално, целата програма за Спомен-куќата, заедно со цената на чинење, заедно со локалните информации за пред и после посетата на Небрегово. Инаку, најавите за странски гости за наредната година се големи. На минимум 60 насто од програмите е веќе ставена како задолжителна посета, изјави Конеска. Официјализирањето на иницијативата е симболично во пресрет на големиот празник - Денот на независноста зашто Конески е втемелен во државноста и македонскиот културен идентитет. -Блаже Конески се вградил, и како човек и со неговото епохално дело во националните обележја, во нашиот културен, национален идентитет и во нашата опстојба. Тоа е главната причина што Блаже Конески треба да се најде на туристичката мапа на Македонија. И не само Спомен-домот. Во Прилепско-долненскиот регион има уште неколку обележја кои го заслужуваат тоа, рече Атанас Конески, секретар на Културно-едукативниот центар „Небрегово“. Спомен-куќата на Блаже Конески е споменик на културата од 1 август 2005 година. Во книгата на посети впечатоци запишале преку 1 300 од посетителите и гостите. -Интересот за посета е голем. Со оваа нова иницијатива, посетеноста уште повеќе ќе се зголеми, зашто Блаже Конески го заслужува тоа. Овде има посети од ученици, студенти, посетители, се прават повеќе проекти. И ние како Завод и музеј кој се грижи за спомен-домот на Конески, нашите проекти ги правиме токму во Спомен-куќата, рече Лилјана Неделкоска од прилепскиот Завод и музеј. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/spomen-kukata-na-blazhe-koneski-vo-nebregovo-stavena-na-turistichkata-mapa-za-zadolzhitelni-poseti/feed/ 0
„Излезе сејачот да сее“ – прв роман за Блаже Конески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izleze-sejachot-da-see-prv-roman-za-blazhe-koneski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izleze-sejachot-da-see-prv-roman-za-blazhe-koneski/#respond Tue, 14 Feb 2023 09:11:03 +0000 https://kurir.mk/?p=800233

„Излезе сејачот да сее“ од Паскал Гилевски е прв и досега единствен роман за Блаже Конески за кој, рецензентката Весна Мојсова-Чепишевска, пишува дека со сите свои фикциски и фактички моменти е вистински споменик за Конески. - За оној Конески што не го познаваме, за оној Конески надвор од сите негови книги, ститии, песни, граматики, истории што ни ги остави во аманет, наведува универзитетската професорка Мојсова-Чепишевска. Според неа, романот на Гилевски е граден низ силна дијалошка форма на повеќе култури. - Па така, овде не разговара само Гилевски со Конески, туку разговараат и Блаже Конески и Иво Андриќ, Блаже Конески и Мирослав Крлежа, Ѓула Илјеш и Блаже Конески, Конески и Шандор Петефи, Конески и Ласло Наѓ, но и Конески и Пол Елијар на „закажаните средби“ од страна на Паскал Гилевски, исто онака како што на маса во кафеана наздравуваат францускиот коњак, чашата џин и шишето кавадаречко црвено вино. Овде разговара македонската култура преку своите најеминентни претставници и со унгарската, француската, грчката, српката (па) и бугарската култура, напоменува Мојсова-Чепишевска. Поврзувајќи го насловот на романот со параболата за сејачот од Новиот завет, односно за семето кое и покрај сите неуспеси, на крајот успева да пушта корен и да дава голем принос, да дава храна која ќе ги храни и телото и душата, Мојсова-Чепишевска укажува на прашања на кои поттикнува делото на Гилевски: Беше ли таков сејач нашиот Конески и остави ли безброј оптимистички параболи? Според рецензентката, поупатениот читател ќе се насочи и кон краткиот осврт или малиот есеј на Конески, со ист наслов како и овој роман „Излезе сејачот да сее“, првично објавен во списанието „Одјек“, во 1979 година. - Во тој текст, христијанската парабола за сејачот, како што е нагласено во рецензијата, Конески ја употребува со цел отворено да зборува за литературното влијание и низ метафоричната слика за семето како збор да го искаже своето противење кон ставот дека литературното влијание е некаков механички процес. „Впрочем ова е и клучната идеја која ја носи целата приказна во романот „Излезе сејачот да сее“ на Паскал Гилевски“, нагласува Мојсова-Чепишевска. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izleze-sejachot-da-see-prv-roman-za-blazhe-koneski/feed/ 0
Одбележани 101 година од раѓањето на Блаже Конески во Небрегово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-101-godina-od-ragjanjeto-na-blaze-koneski-vo-nebregovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-101-godina-od-ragjanjeto-na-blaze-koneski-vo-nebregovo/#respond Sat, 17 Dec 2022 13:51:29 +0000 https://kurir.mk/?p=777010

По повод 101 година од раѓањето на кодификаторот на македонскиот литературен јазик Блаже Конески, делегација од Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Борче Јовчески, претставници од прилепскиот „Завод и Музеј и ученици од основните училишта од градот, ја посетија родната куќа на Конески во селото Небрегово. Аманетот на Блаже Конески не задолжува да го чуваме и да го негуваме македонскиот јазик, зашто тој е, како што рекол Конески „нашата татковина“, порача прилепскиот градиначалник Јовчески при обраќањето во родната куќа на великанот Конески во Небрегово. -Со посетата на спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово се вклучуваме во одбележувањето и чествувањето на 101 година од раѓањето на великанот на македонската култура, јазик и книжевност. Нашиот Блаже Конески бил првиот претседател на МАНУ, член на академиите на науките и уметностите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ и добитник на многубројни награди низ светот. Поетската мисла на Конески е преведена на многу светски јазици и е најголем амбасадор на македонската книжевност ширум светот. Затоа изразувајќи ја мојата длабока почит како градоначалник на Прилеп од каде што се корените на Блаже Конески, испраќам порака дека неговиот аманет не задолжува да го чуваме и негуваме македонскиот јазик затоа што како што кажал Конески „Тој е нашата единствена татковина, истакна Јовчески. Родната куќа на Конески претставува значаен споменик на македонската културата и ѝ припаѓа на руралната архитектура, посочија претставниците од прилепскиот „Завод и Музеј“. Учениците одржаа пригодна програма, посветена на великанот Конески. Блаже Конески е роден на 19 декември 1921 година во с. Небрегово.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-101-godina-od-ragjanjeto-na-blaze-koneski-vo-nebregovo/feed/ 0
СЕЌАВАЊЕ: 29 години од смртта на Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekjavanje-29-godini-od-smrtta-na-blaze-koneski-eden-od-najistaknatite-makedonski-kulturni-dejci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekjavanje-29-godini-od-smrtta-na-blaze-koneski-eden-od-najistaknatite-makedonski-kulturni-dejci/#respond Wed, 07 Dec 2022 15:15:55 +0000 https://kurir.mk/?p=772355

На 7 декември во 1993 година во Скопје, почина Блаже Конески, академик, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник. Неговото творечко истражување даде огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик и во областа на културната историја на македонскиот народ. Тој е прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија, прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, почесен доктор на Чикашкиот универзитет и на Универзитетот во Врацлав. Негова прва книга е поемата “Мостот”, ја објави непосредно по војната во 1945 година, а потоа ги објави делата “Земја и љубовта”, “Песни”, “Везилка”, “Лозје”, “Записи”, “Стари и нови песни”, “Чешмите”, “Послание”, “Светото на песната и легендата” и други. Автор е на повеќе значајни трудови, меѓу кои и на “Граматика на македонскиот јазик”, “Историја на македонскиот јазик”, “Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици и јазикот на македонската поезија”. Покрај другите награди, добитник е на “Златниот венец” на Струшките вечери на поезијата во 1981 година. Роден е во селото Небрегово, Прилепско, на 19 декември 1921 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekjavanje-29-godini-od-smrtta-na-blaze-koneski-eden-od-najistaknatite-makedonski-kulturni-dejci/feed/ 0
Ковачевски: Го исполнивме аманетот на Блаже Конески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-go-ispolnivme-amanetot-na-blaze-koneski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-go-ispolnivme-amanetot-na-blaze-koneski/#respond Fri, 28 Oct 2022 20:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=752193

Го исполнивме аманетот на Блаже Конески и македонскиот јазик е потврден во Европската унија, порача премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски од вечерашната партиска трибина во Прилеп. -Успеавме да се избориме за нашиот македонски јазик, за нашата единствена татковина, како што вели Конески. Македонскиот јазик е на исто рамниште со сите јазици во Унијата. Македонскиот јазик во ЕУ, признат и потврден, еднаш, засекогаш. Направивме историски исчекор, го потпишавме првиот документ со Европската унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки, рече пред прилепчани Ковачевски. Говорејќи на трибината „Силно и одлучно кон иднината“, Ковачевски потенцира дека првпат имаме договор кој што е одобрен од сите 27 членки и каде што сме ставиле потпис на договор на кој што стојат имињата и јазиците на сите земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги Грција и Бугарија. Премиерот и претседател на СДСМ нагласи дека патот до членството на Унијата  нема да биде лесен, но додаде дека тоа е единствената иднина за граѓаните од кои ја бара поддршката. -Тој пат нема да биде лесен. И мене не ми беше лесно кога преговарав со сите членки на ЕУ. Но кога иднината, подобриот живот на идните генерации зависи од вас, тогаш мора да ја донесете одлуката. Затоа, да се обединиме околу европскиот концепт, силно и одлучно да продолжиме кон иднината, рече Ковачевски. Ковачевски се осврна на континуитет на македонскиот јазик низ вековите притоа потенцирајќи ги делата и умотворбите на Марко Цепенков, граматиката на Круме Кепески, па се до трајната оставштина на кодификаторот, великанот од Небрегово, Блаже Конески. -Благодарни сме на нивниот придонес, на сите наши македонски преродбеници, но и задоволни што во градот под Марковите кули доаѓаме гордо, достоинствено и со крената глава, рече Ковачевски на трибината во Прилеп. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-go-ispolnivme-amanetot-na-blaze-koneski/feed/ 0
Изложба „Навезени спомени“ во чест на Блаже Конески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-navezeni-spomeni-vo-chest-na-blaze-koneski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-navezeni-spomeni-vo-chest-na-blaze-koneski/#respond Wed, 29 Dec 2021 06:38:11 +0000 https://kurir.mk/?p=614314

Изложба „Навезени спомени“ во која се презентирани 53 најкарактеристични народни везови, од различни етногеографски области на нашата земја денеска ќе биде отворена во Музејот на Република Северна Македонија во чест на Блаже Конески. Везовите коишто се поставни во 30 рамки претставуваат значајно сведоштво за креативноста, оригиналноста и вештината на жената – везилка, но и за традицијата што со векови се пренесувала од колено на колено. -Изложбата е поставена во чест на нашиот реномиран и меѓународно признат поет, Блаже Конески. Со отворањето на изложбата, музејот дава свој придонес кон одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на втемелувачот на современата македонска филологија и лингвистика, велат од Музејот. Автор на изложбата и каталогот е кустос советник Горданче Видиниќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-navezeni-spomeni-vo-chest-na-blaze-koneski/feed/ 0
Промоција на зборникот „Уште едно навраќање кон Конески“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-zbornikot-ushte-edno-navrakjanje-kon-koneski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-zbornikot-ushte-edno-navrakjanje-kon-koneski/#respond Fri, 24 Dec 2021 07:21:04 +0000 https://kurir.mk/?p=612387

По повод стогодишнината од раѓањето на великанот на современата македонска култура Блаже Конески вечер во Струмица ќе биде одржана промоција на Зборникот „ Уште едно навраќање кон Конески“, кој го приредија проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, универзитетски професор и истакнат македонски историчар на книжевност, книжевен теоретичар и славист и Свето Стаменов, политиколог, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и еден од најплодните македонски публицисти. Зборникот „Уште едно навраќање кон Конески“, чиј издавач е Општина Струмица, всушност е своевидно продолжение на претходниот „Навраќање кон Конески“ што го приредија Свето Стаменов и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, со кој Општина Куманово во мај годинава ја одбележа стогодишнината од раѓањето на Конески. „Уште едно навраќање кон Конески“, чиј уредник е доц. д-р Ана Витанова – Рингачава, содржи 44 трудови на триесетина врвни познавачи на животот и делото на великанот Блаже Конески, кои секој од свој аспект фрлаат нова светлина врз творештвото на Конески, но кои во целина ќе предизвикаат нови проширени сфаќања и оценки за неговото грандиозно дело. Сепак, она што му дава посебен белег на Зборникот е тоа што во него се застапени и поголем број автори од помладата генерација од кои до право се очекува да го продолжат делото на великанот Конески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-zbornikot-ushte-edno-navrakjanje-kon-koneski/feed/ 0
Промоција на зборникот „Конески на 11 јазици“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-zbornikot-koneski-na-11-jazici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-zbornikot-koneski-na-11-jazici/#respond Thu, 23 Dec 2021 06:27:17 +0000 https://kurir.mk/?p=611889

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) денеска ќе го промовира зборникот „Конески на 11 јазици“ – зборник од преводите на учесниците од напреднато ниво на познавање на македонскиот јазик на Првата зимска школа и на 54. Летна школа. МСМЈЛК при УКИМ ја отвори манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ кон крајот на јануари, поточно од 25 јануари до 5 февруари кога ја организираше Првата зимска школа на далечина (онлајн) што одлично се вклопи во целокупната национална платформа. – На оваа активност, се надоврза и 54. Летна школа што се одржа од 15 август до 2 септември, која по пауза од една година повторно беше на своето старо, добро место – во Охрид. Групите семинаристи од двете школи кои својот интерес го насочуваат кон изучувањето на македонската литература и култура и кон преведувањето од македонски кон другите јазици како еден креативен чин беше составени од професори, преведувачи, докторанти и магистранти по македонистика, како и од студенти по македонски јазик и македонска литература, заедно со своите лекторки Роза Тасевска и Весна Мојсова-Чепишевски, потпомогнати со помладите колеги Јован Ковачевски и Елена Ѓорѓиовска, се најголемите „виновници“ за ова второ/дополнето издание на Зборникот „Конески на 11 јазици“, соопшти МСМЈЛК. Ова е второ или дополнето издание на Зборникот во кој, како што наведуваат, покрај препевите на песни и преводите на (кратки) прозни текстови од Конески, влегуваат и првите преводи на дел од култната книга „Разговори со Конески“, и тоа на руски, српски и словенечки. Во овој Зборник се објавени и текстови со сеќавања за Конески од странските македонисти: академик Зузана Тополињска, академик Иван Доровски, академик Виктор Фридман и академик Горан Калоѓера. Во него се објавуваат препеви и преводи од творештвото на Конески остварени во текот на програмските активности на МСМЈЛК за време на двете школи што се одржаа во Блажевата 2021 година. Така, Конески може да се чита на 11 јазици и тоа на: руски, полски, чешки, словенечки, хрватски, српски, бугарски, италијански, шпански, грчки и турски јазик. Промоцијата на зборникот „Конески на 11 јазици“ ќе се одржи виртуелно, на платформата Зум, денеска од 12 часот, а со свечена реч, како што најавија организаторите, ќе ја отворат министерката за култура Ирена Стефоска и ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, по што ќе следи и пригодна реч на директорката на МСМЈЛК при УКИМ Весна Мојсова-Чепишевска. Промотори на Зборникот ќе бидат странските македонисти Ала Шешкен од МГУ „Ломоносов“ од Руската Федерација и Намита Субиото од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана. Настанот ќе биде збогатен со обраќањето на Роза Тасевска (лектор по македонски јазик на повеќе странски универзитети), како и на семинаристите преку читање на своите преводи на Конески. Зборникот е дел од годишната програма на МСМЈЛК при УКИМ и се организира во рамките на Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски, а во координација на Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-zbornikot-koneski-na-11-jazici/feed/ 0
Свечен собир на МАНУ: Чествувањето на Конески е чествување на кодот на нашата држава, нација и идентитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechen-sobir-na-manu-chestvuvanjeto-na-koneski-e-chestvuvanje-na-kodot-na-nashata-drzava-nacija-i-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechen-sobir-na-manu-chestvuvanjeto-na-koneski-e-chestvuvanje-na-kodot-na-nashata-drzava-nacija-i-identitet/#respond Mon, 20 Dec 2021 12:34:18 +0000 https://kurir.mk/?p=610812

Чествувањето на Блаже Конески е чествување на кодот на нашата држава и нација, кодот на нашиот бит и нашиот идентитет. Денес, не е доволно само свечено да го чествуваме делото на Блаже Конески, неопходно е да ги почитуваме неговите научни придобивки за континуитет на македонскиот јазик, културна и национална историја. Тие треба да бидат суверен и неотуѓив составен дел на македонскиот национален интерес, а националниот интерес е државен интерес. Кој го цени Конески, треба да ги цени придобивките од неговото огромно дело, кое заокружува една самосвесна вековна, културна, јазична и национална нишка. Нема друг избор. Ова беше посочено на денешниот свечен собир во МАНУ, по повод 100-годишнината од раѓањето на македонски поет, писател, литературен преведувач и лингвистички научник Блаже Конески. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), Никола Јанкуловски во своето пригодно обраќање посочи дека ниту еден друг универзитет во светот, освен Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје немал предавач, професор и ректор кој во изминативе децении остварил толкав влог во националната наука, култура и уметност, колкав што е влогот на Конески. – Чествувањето на великанот Блаже Конески е чествување на кодот на нашата држава и нација, кодот на нашиот бит и нашиот идентитет. Нашиот Универзитет ќе немаше таква историја и цврсти темели без Конески. И не само нашиот Универзитет, туку ова важи и за сите институции и организации во чии што темели е градена сенката на Конески, вклучително и Македонската академија на науките и уметностите, и Друштвото на писателите на Македонија, рече Јанкуловски. Кога станува збор за Универзитетот од една страна, потенцира Јанкуловски, Конески е дел од нашата историска лична карта пред светот, но од друга страна тој е придвижникот, кој што ги постави и димензиите на професор и научник, кон кој што секој од тимот на УКИМ треба да се стреми. Според Јанкуловски, кога сите би го следеле примерот на Конески како научник и професор, но и педагог, остварувањата на севкупното наше општество би биле многу повисоки. – Мора да сме одговорни и пред историјата и пред сегашноста и да се потсетиме дека Конески удри клучен дел од темелите на УКИМ не само како предавач, туку како личност, кој со пожртвуваност се има заложено и за формирање на првиот тим на тогашниот Филозофски факултет. Од потфатите на Конески произлезе ангажираниот кадар, кој потоа разви неколку факултети, кои денес сочинуваат голем дел од целината на УКИМ, рече Јанкуловски. Според ректорот, минаа сто години од раѓањето на великанот, и како што рече, доблесно е сите да се запрашаме, „Се роди ли нов Конески ?“. За љубов на вистината, посочи тој, мора да признаеме дека одговорот на ова прашање не е потврден. Јанкуловски додаде дека по заминувањето на човекот кој одбележа цела епоха на современата македонска култура и наука во државата, се уште „не се пројави друг придвижник, научник и творец, со толку темелито научно и уметничко дело“. -Дај боже на секои сто години да ни се раѓа по еден Блаже Конески. Но, се уште нема друг кој едновремено има остварено толкав влог во македонската наука, култура и уметност, а со тоа и влог во македонската држава, како што стори Конески, додаде ректорот на УКИМ. Неспорно е, како што рече тој, дека на Конески му должиме уште многу навраќања, препрочитувања и толкувања. – Сите имаме долг кон Конески, смета Јанкуловски. Членот на МАНУ, Марјан Марковиќ на свечениот собир ја прочита пораката на академикот Катица Ќулавкова, секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука (ОЛЛН) при МАНУ и раководител на проектот „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески“, која не беше во можност да присуствува на настанот. Во пораката, Ќулавкова потсетува дека Блаже Конески „го заокружува процесот на стандардизацијата на македонскиот словенски јазик зачнат во 9-от век во рамки на старословенскиот, подоцна и црковнословенскиот јазик од светите Кирил и Методиј“. Тој, следејќи ја подеднакво и историјата на јазикот, но и неговата современа употреба и структура ги поставува на врвно научно ниво нормите на македонскиот современ јазичен код. – Блаже Конески со своето дело ја пренесува пораката дека јазикот има стратешки интерес за опстанокот на еден народ, за востановување на една нација и на една држава. Тој смета дека македонскиот јазик е македонски национален интерес, а не национален интерес на соседите, се вели во пораката на Ќулавкова. Затоа, според Ќулавкова, должност на македонскиот народ, но и на македонските државни институции е да се спротивстават на пропагандите кои го негираат постоењето и идентитетот на македонскиот јазик и му ја одземаат стекнатата функција на главен и единствен државен јазик. – Денес не е доволно само свечено да го чествуваме делото на Блаже Конески. Неопходно е да ги почитуваме неговите научни придобивки за континуитет на македонскиот јазик, културна и национална историја. Тие треба да бидат суверен и неотуѓив составен дел на македонскиот национален интерес. А националниот интерес е државен интерес, смета Ќулавкова. Таа подвлекува дека ако се отстапи од јазичното, културното и историското наследство на македонскиот народ, тогаш ќе се отстапи од сувереноста на македонската држава, ќе се поткопаат нејзините темели, а последиците можат да бидат трагични и неповратни – Затоа, да чествуваме, но и да го одбраниме нашето цивилизациско и национално право на историско, јазично, културно, црковно, уметничко и научно наследство. Кој го цени Конески, треба да ги цени и придобивките од неговото огромно дело, кое заокружува една самосвесна, вековна, културна, јазична и национална нишка. Нема друг избор, смета Ќулавкова. Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев по повод годишнината од раѓањето на Конески потсети на „континуитетот на нашето духовно траење и на нашата состојба во периодот од школата на Климент Охридски до школата на Блаже Конески, што се нераскинлив дел од нашето суштествување“. Коцарев ги цитираше зборовите на Конески „Поетот не создава ништо, она што го прави поетот поет, тоа е особената усет за речевната дејност на колективот, така што крајниот продукт, односно песната, е плод на комплициран процес во кој учествуваат наведените три фактори – традицијата, колективот и авторот“. На свечениот собир омаж за Конески читаа академиците Зузана Тополињска и Влада Урошевиќ, а во вториот дел на собирот беше претставено уметничкото и научното дело на Блаже Конески во контекст на критичкото издание на неговите целокупни дела на МАНУ. Се работи за 12 тома со целокупните дела на Блаже Конески, а соодветните томови ги претставија професорите Венко Андоновски, Наташа Аврамовска, Иван Џепароски, Анастасија Ѓурчинова, Красимира Илиевска, Марјан Марковиќ, Веселинка Лаброска, Људмил Спасов, Лилјана Макаријоска и Станислава-Сташа Тофоска. На Свечениот собир беше промовирана и веб-страницата со дигиталните изданија на објавените томови од „Критичкото издание на целокупните дела на Блаже Конески“, што ја подготви Истражувачкиот центар за реална лингвистика при МАНУ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechen-sobir-na-manu-chestvuvanjeto-na-koneski-e-chestvuvanje-na-kodot-na-nashata-drzava-nacija-i-identitet/feed/ 0
ЈАЗИКОТ Е НАШАТА ТАТКОВИНА: Инспиративни цитати од великанот Блаже Конески https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/jazikot-e-nashata-tatkovina-inspirativni-citati-od-velikanot-blaze-koneski/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/jazikot-e-nashata-tatkovina-inspirativni-citati-od-velikanot-blaze-koneski/#respond Sun, 19 Dec 2021 14:31:19 +0000 https://kurir.mk/?p=610498

На денешен ден, пред 100 години во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување дало огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик и во областа на културната историја на македонскиот народ. Декември е месец на Конески- тој беше роден на 19 декември 1921, а почина на 7 декември 1993. Училиштата и институциите кои го носат неговото име, во негова чест, патроните празници најчесто ги празнуваат на 19 декември, но не забораваат да го одбележат и овој значаен ден. Можеби и не постои позначајна личност за македонскиот литературен јазик, книжевноста, граматиката. Тој беше и поет и писател, професор, академик, филолог, книжевник, но и еден од кодификаторите на современиот македонски јазик, како и прв претседател на МАНУ. Конески активно работел стандардизирањето на македонскиот јазик и ја изработува граматиката на современиот македонски јазик. Го составил и правописот на македонскиот литературен јазик, а исто така бил уредник на „Речникот на македонскиот јазик“. Конески е основач на студиите по македонистика на Скопскиот универзитет. А во периодот од 1958 до 1963 бил ректор на универзитетот. Во 1967 станува член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и е нејзин прв претседател (до 1975). Исто така бил член на Македонскиот ПЕН центар и еден од основачите на Друштвото на писателите на Македонија во 1947 година и негов прв претседател. Работел како уредник на литературните списанија „Нов ден“ и „Македонски јазик“, а бил и редовен соработник на списанието „Современост“. Ова се некои од најпознатите цитати на Конески: -Јазикот е нашата татковина. -Послушајте Макеоднци! Јазикот е единствената наша татковина. Се‘ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски- ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште. -Два конца парај од срцето драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави траги, другиот копнеж и светол и стрвен. -Убавите жени, несреќните жени, тие брзо прецутувале, како цут од кајсија, како мајски јоргован. -Какви порази сме морале да издржиме, какви срамови, какви поруги. Боже, умот дури ми се свртува. -Не иди, зашто жалосна би била, и колку да те копнеам – се ледам. -Смирноста е мудра, страсноста е глупа. Ќе седнам во паркот на некоја клупа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/jazikot-e-nashata-tatkovina-inspirativni-citati-od-velikanot-blaze-koneski/feed/ 0