блаже ристовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Nov 2018 13:43:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png блаже ристовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Демант: „Цркнал конечно“ е лажен и монтиран коментар кој не е напишан од Фуркан Фета на кого му е нанесена штета на честа и угледот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-crknal-konechno-e-lazen-i-montiran-komentar-koj-ne-e-napishan-od-furkan-feta-na-kogo-mu-e-nanesena-shteta-na-chesta-i-ugledot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-crknal-konechno-e-lazen-i-montiran-komentar-koj-ne-e-napishan-od-furkan-feta-na-kogo-mu-e-nanesena-shteta-na-chesta-i-ugledot/#respond Fri, 30 Nov 2018 13:43:40 +0000 https://kurir.mk/?p=134167

На ден 29.11.2018 година на интернет страницата на Вашиот портал, www.kurir.mk, објавен е текст со наслов: СРАМНО: Советникот во Собранието, Фуркан Фета, среќен за смртта на академик Блаже Ристовски! Во претходно наведениот текст, помегу другото, е следното, цитираме: „Лицето Фуркан Фета, вработен како советник во Собранието на Република Македонија, според објавата на социјалните мрежи е еден од оние кои не можеа да ја сокријат личната среќа од смртта на академик Блаже Ристовски, објави Лидер. Тој во реакција на веста за смртта на академикот напишал „Цркнал конечно” Со тоа, Фега ги прекршил и моралните кодекси, но и кодексот за однесување во јавноста на вработените во администрацијата. Ова особено важи за Законодавниот дом чие раководство мора да покрене процедура за утврдување на прекршување на правилата на однесување и за говор на омраза на социјалните мрежи. За говор на омраза по допрен глас може да реагира и Јавното обвинителство, објави Лидер Во погоре наведениот извадок од текстот кој го имате објавено на Вашиот интернет портал, се наведени факти кои се целосно невистинити, и истите не кореспондираат во целост со реалната и вистинита фактичка состојба односно станува збор за коментар за кој тврдиме дека е лажен и монтиран и дека не е напишан од личниот профил на оштетениот имено станува збор за лажен профил со украден идентитет на оштетениот. Таквото Ваше пишување и јавно изнесување на факти е целосно спротивно со новинарската етика, со што на оштетениот и подносител на ова барање за извинување му е нанесена штета на честа и угледот. Имено оштетениот не го има напишано коментарот од својот личен профил на ФБ и истиот е напишан од лажен профил со украден идентитет на оштетениот. Истото не е точно и вистинската фактичка состојба е во целост во спротивност со невистините кои ги имате објавено во Вашиот текст на Вашиот интернет портал на ден 29.11.2018. Од погоре наведеното, Вие преку Вашиот интернет портал со написот објавен на 29.11.2018 година, Вие сте можеле да знаете и сте биле должни да знаете дека фактите кои сте ги објавиле во предметниот напис, се невистинити и не се во корелација односно не кореспондираат со релната фактичка состојба. И покрај тоа истите јавно сте ги објавиле во текстот на Вашиот интернет портал, со што сте нанеле штета на честа и угледот на оштетениот со што е сторена навреда согласно одредбите од член 6 и клевета согласно одредбите од член 8 од Законот за  одговорност за навреда и клевета. Согласно одредбите од член 13 од Законот за  одговорност за навреда и клевета, го поднесуваме ова Барање до Вас, Барање за извинување и јавно повлекување на невистинитите наводи цитирани погоре во ова Барање во исто време и во ист обем, во рок од 48 часа од денот на прием на ова писмено барање за извинување. Доколку Вие не постапите согласно законот, а по ова наше Барање за извинување, оштетениот Ке биде приморан да заштитата на своите со закон загарантирани права, ја остварува пред стварно и месно надлежниот суд во соодветна судска постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-crknal-konechno-e-lazen-i-montiran-komentar-koj-ne-e-napishan-od-furkan-feta-na-kogo-mu-e-nanesena-shteta-na-chesta-i-ugledot/feed/ 0
СРАМНО: Советникот во Собранието, Фуркан Фета, среќен за смртта на академик Блаже Ристовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramno-sovetnikot-vo-sobranieto-furkan-feta-srekjen-za-smrtta-na-akademik-blaze-ristovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramno-sovetnikot-vo-sobranieto-furkan-feta-srekjen-za-smrtta-na-akademik-blaze-ristovski/#respond Thu, 29 Nov 2018 17:51:28 +0000 https://kurir.mk/?p=133854

Лицето Фуркан Фета, вработен како советник во Собранието на Република Македонија, според објавата на социјалните мрежи е еден од оние кои не можеа да ја сокријат личната среќа од смртта на академик Блаже Ристовски, објави Лидер. Тој во реакција на веста за смртта на академикот напишал Цркнал конечно”. Со тоа, Фета ги прекршил и моралните кодекси, но и кодексот за однесување во јавноста на вработените во администрацијата. Ова особено важи за Законодавниот дом чие раководство мора да покрене процедура за утврдување на прекршување на правилата на однесување и за говор на омраза на социјалните мрежи. За говор на омраза по допрен глас може да реагира и Јавното обвинителство, објави Лидер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramno-sovetnikot-vo-sobranieto-furkan-feta-srekjen-za-smrtta-na-akademik-blaze-ristovski/feed/ 0
Сочувство од Иванов, по повод смртта на академик Блаже Ристовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-ivanov-po-povod-smrtta-na-akademik-blaze-ristovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-ivanov-po-povod-smrtta-na-akademik-blaze-ristovski/#respond Thu, 29 Nov 2018 15:37:02 +0000 https://kurir.mk/?p=133778

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов испрати писмо со сочувство по повод смртта на академик Блаже Ристовски. -Со длабока болка и тага ја примив веста за смртта на познатиот македонски историчар и филолог, академик Блаже Ристовски. Иако во овие тажни мигови не постојат зборови со кои може да се надомести загубата, дозволете ми да ви изразам најискрено и најдлабоко сочувство. Академик Блаже Ристовски целиот свој работен век го помина во научно проучување на историскиот и културен развој на идејата за создавање на слободна македонска држава. Тој објави повеќе книги и стотици научни статии за развитокот на македонската културно-национална мисла, во кои одново ни го приближи животот и делото на најзначајните македонски културни дејци, како што е Крсте Петков Мисирков, се вели во писмото со осчувство од претседателот Иванов. Како потпретседател на првата влада на независна Република Македонија, се додава, тој даде пример за тоа како се бранат државните интереси. Тој беше пример на ангажиран интелектуалец кој имаше храброст да зборува и за најтешките прашања за Република Македонија. -Ова е огромна загуба, за Вас, за научниот и академискиот свет, но и за мене и за Република Македонија. Ќе ни недостасуваат неговите мудри совети исполнети со длабока промисленост за македонската кауза. Вечно ќе сме благодарни за творештвото кое ни го остави, за сè што напиша, создаде и инспирираше. Нека почива во мир!, се истакнува во писмото со сочувство од претседателот Иванов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-ivanov-po-povod-smrtta-na-akademik-blaze-ristovski/feed/ 0
Почина академик Блаже Ристовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-blaze-ristovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-blaze-ristovski/#respond Thu, 29 Nov 2018 08:23:15 +0000 https://kurir.mk/?p=133445

Македонската академија на науките и уметностите со голема тага соопштува дека на 28 ноември 2018 година почина академик Блаже Ристовски, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Академик Блаже Ристовски е роден на 21 март 1931 година во с. Гарниково, Кавадаречко. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (на Групата за литература на народите на СФРЈ и македонски јазик),  а по одбраната на докторската дисертација „Крсте П. Мисирков – живот и делото“ (1965), бил избран за директор на Институтот за фолклор во Скопје. Како научен советник, преминува во Институтот за национална историја (1977-1991) каде што раководел со тимот за културната историја и со Балканолошкото одделение, а до пензионирањето работи како научен советник во Институтот за старословенска култура во Прилеп (1993-1995). Академик Блаже Ристовски го посвети целиот свој работен век како неуморен и многу плоден истражувач на македонската литература, на јазичната и националната историја, на фолклорот, на појавата и развитокот на македонскиот народ и македонската национална мисла, кои се објавени во голем број книги. Неговиот научноистражувачки интерес беше насочен кон истражување и афирмација на националните дејци од XIX и XX век – Крсте П. Мисирков, Димитрија Чуповски, Ѓорѓија Пулевски, Петар Драганов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Васил Икономов, Наце Димов и други. Објавил над 800 статии и други прилози во разни списанија и зборници на трудови во земјата и во странство. Собраните дела на Крсте Мисирков претставуваат еден од најзначајните проекти на академик Блаже Ристовски во Македонската академија на науките и уметностите, којшто со документиран, аналитички и критички приод ја претстави панорамата на македонскиот културно-национален развиток во еден клучен период од нашата историја. Академик Блаже Ристовски бил член на редакциите на списанијата “Etnologia Slavica” (Братислава), “Demos” (Берлин), „Погледи“, „Современост“, Гласник на Институтот за национална историја (Скопје) и други. Бил претседател на Здржението на фолклористите на Македонија, на Сојузот на здруженијата на фолклористите на Југославија, потпретседател на Одборот на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид (1967), член на Републичката комисија за културни врски со странство, претседател на Советот на Филозофско-историскиот факултет во Скопје. Ќе остане во сеќавање неговата целосна посветеност кон работата, кој со зрелоста на неговите научни достигнувања значајно придонесе во афирмацијата на македонската историографија. Од 1991 до 1992 година, академик Блаже Ристовски ја вршеше функцијата потпретседател на првата Влада на самостојна Република Македонија. За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 октомври 1988 година, а за редовен член на 20 јуни 1996 година. Беше научен секретар на МАНУ од 1999 до 2002 година, а во периодот од 2011 до 2015 година беше секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука. Погребот на академик Блаже Ристовски ќе се изврши на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје на 30 ноември (петок) 2018 година, во 13 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата од 12 до 13 часот. По повод смртта на академик Блаже Ристовски, во Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи Комеморативна седница на 30 ноември 2018 година, во 10,30 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-blaze-ristovski/feed/ 0