Бледи Чучи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 08 Jul 2023 18:49:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бледи Чучи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Разрешен албанскиот министер за внатрешни работи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/razreshen-albanskiot-minister-za-vnatreshni-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/razreshen-albanskiot-minister-za-vnatreshni-raboti/#respond Sat, 08 Jul 2023 18:49:46 +0000 https://kurir.mk/?p=854445

Албанскиот премиер Еди Рама доцна попладнево објави дека го разрешува Бледи Чучи од функцијата министер за внатрешни работи. На негово место го предлага Тауланд Бала, генерален секретар на Социјалистичката партија и координатор на пратеничката група во албанскиот Законодавен дом. Во објава на Твитер, Рама напиша дека во понеделник официјално ќе ги достави предлозите до шефот на државата. - Му благодарам на министерот Бледи Чучи за неговата работа како и секогаш коректна и на оваа задача и посакувам новиот министер за внатрешни работи Таулант Бала да продолжи со нашите цврсти државотворни напори во секоја насока, напиша Рама. Чучи на функцијата министер за внатрешни работи дојде во средината на декември 2020 година по оставката на Сандер Лешај, кој поднесе неотповиклива оставка поради убиството на 25 годишниот Клодијан Раша од страна на припадник на спацијалната полиција „Шќипоња", по што следеа протести во Тирана и други градови во земјата. Според дел од медиумите, ќе има разрешување и на други високи полициски функционери по "зачестените тешки кривични дела меѓу кои и убиства и вмешаност на полициски службеници во дел од нив".  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/razreshen-albanskiot-minister-za-vnatreshni-raboti/feed/ 0
Во Албанија во 2022 година биле конфискувани околу 24 милиони евра, средства од криминални активности https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-vo-2022-godina-bile-konfiskuvani-okolu-24-milioni-evra-sredstva-od-kriminalni-aktivnosti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-vo-2022-godina-bile-konfiskuvani-okolu-24-milioni-evra-sredstva-od-kriminalni-aktivnosti/#respond Wed, 11 Jan 2023 21:15:54 +0000 https://kurir.mk/?p=786169

Министерот за внатрешни работи Бледи Чучи денеска при презентација на годишната анализа, пренесе важни статистички податоци поврзани со состојбата со редот и безбедноста во земјата, јави државната агенција АТА. Тој посебно како успех ја наведе конфискацијата на средства од “криминални активности според законот за борба против мафијата”. -Ако во 2013 година беа запленети 747 илјади евра во 2022 година се одземени вкупно 23.843.345 евра, рече Чучи. Исто така Чучи нагласи дека во 2022 година се евидентирани 43 убиства со умисла, од 107 колку што биле регистрирани во 2013 година, кога власта ја презедедоа социјалистите. -Бројот на жртви од намерни убиства е намален за 60 отсто, поточно од 124 жртви во 2013 година на 49 жртви во 2022 година, додаде министерот. Во однос на кривичните дела вооружен грабеж, Чучи информира дека споредбените показатели со 2013 година, покажуваат намалување за 88 отсто, поточно од 96 вооружени грабежи во 2013 година на 11 такви дела во 2022 година. – Исто така, намален е бројот на сообраќајни несреќи за 44 отсто во однос на 2013 година. Тогаш биле евидентирани 2057, додека во 2022 година 1165 сообраќајни незгоди.Оваа статистика, доаѓа во време кога бројот на возила е зголемен за 67 отсто.Во 2013 година во Албанија имало 445.956 , додека минатата година 758.000 возила. Значи имаме трипати помалку сообраќајни незгоди во однос на бројот на возила во оптек за периодот 2013-2022 година, рече тој. Министерот наведе уште една статистика која докажува зголемување на довербата на јавноста во државната полиција. – Во 2013 година на посебниот бројот 112 се регистрирани 156.267 повици, додека во 2022 година се регистрирани 1.261.988 повици, што е зголемување за 718 отсто, нагласи тој. Според него, во овој споредбен период видно е зголемена перцепцијата на граѓаните за работата на полицијата. Во 2013 година 36 отсто од испитаниците верувале дека полицијата добро си ја врши работата, додека во 2022 година таа оценка ја дале 59 отсто од испитаниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-vo-2022-godina-bile-konfiskuvani-okolu-24-milioni-evra-sredstva-od-kriminalni-aktivnosti/feed/ 0
Албанскиот министер за внатрешни работи и порача на опозицијата дека протест може да се одржи само надвор од безбедносниот периметар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-i-poracha-na-opozicijata-deka-protest-moze-da-se-odrzi-samo-nadvor-od-bezbednosniot-perimetar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-i-poracha-na-opozicijata-deka-protest-moze-da-se-odrzi-samo-nadvor-od-bezbednosniot-perimetar/#respond Sat, 03 Dec 2022 13:52:20 +0000 https://kurir.mk/?p=770578

Протестот на албанската опозицијата, што е најавен на денот кога лидерите на ЕУ ќе пристигнат во Тирана на Самитот ЕУ-Западен Балкан, може да се одржи само надвор од безбедносниот периметар, изјави министерот за внатрешни работи Бледи Чучи. Тој заедно со генералниот директор на државната полиција Мухамет Румбулаку на прес-конференција зборуваа за безбедносните мерки за непречено одвивање на Самитот, што ќе се одржи во Тирана на 6 декември. – Ви гарантирам дека се ќе оди добро. Ние сме целосно подготвени како една европска земја. Никогаш не сме биле против протести, секогаш сме го гарантирале уставното право на протест. Овој пат едноставно има црвена зона каде што ќе се одржи Самитот и не може да се протестира. Надвор од овој простор ќе ги преземеме сите мерки за да се одржи и протестот, рече министерот Чучи. Според Румбулаку, државната полиција апсолутно не го попречува најавениот протест, туку гарантира негово одржување надвор од безбедносниот периметар, бидејќи „безбедносниот периметар е неприкосновен и достапен само за учесниците на Самитот и за акредитираните новинари“. – Државната полиција немала и нема тенденција да запре или да растера каков било протест, но во овој случај безбедноста на 32-те државни делегации со нивните лидери од ЕУ и од Западен Балкан, делегацијата на претседателот на Советот, на претседателката на Комисијата и на сите ВИП личности од категоријата високи државни органи ни наложува да ја ставиме националната и меѓународната безбедност над географската желба да се протестира, рече Румбулаку. Веруваме, порача тој, дека ќе „надвладее разумот над сечии емоции и подготвени сме за секоја ситуација кога ќе се случи спротивното“. Преку мапата која ја објави го конкретизираше „безбедносниот периметар“, блокирани патишта и алтернативни патишта по кои граѓаните ќе можат слободно да се движат. Полицијата вчера потврди дека протестот не може да се одржи на булеварот „Народни херои” пред Владата, туку на плоштадот „Скендербег“. Претходно и локалните власти на Тирана опозицијата ја информираа дека протест може да одржи на плоштадот „Скендербег“ што таа веднаш го отфрли. По вчерашното известување и денешната изјава на првите луѓе на албанската полиција, засега нема реакција од страна на опозицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-i-poracha-na-opozicijata-deka-protest-moze-da-se-odrzi-samo-nadvor-od-bezbednosniot-perimetar/feed/ 0