блерим беџети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 May 2020 18:37:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png блерим беџети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Беџети до Шилегов: Езерото Треска ѝ припаѓа на Општина Сарај! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bedzeti-do-shilegov-ezeroto-treska-pripagja-na-opshtina-saraj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bedzeti-do-shilegov-ezeroto-treska-pripagja-na-opshtina-saraj/#respond Fri, 22 May 2020 18:37:34 +0000 https://kurir.mk/?p=349185

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека надлежностите за езерото Треска не ѝ ги предал на Општина Сарај, туку дека тоа го сторил неговиот претходник Коце Трајановски. Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, пак, во изјава за ТВ21 вели дека езерото било уништено додека било под надлежност на Град Скопје. – Не е на нивно да дискутираат за надлежностите зошто им се дадени на Општина Сарај. Тие можат политички да го третираат тоа, но езерото Треска се наоѓа во Општина Сарај. Со години е уништувано. Од моментот кога го преземавме менаџирањето на езерото Треска, денес се зборува до каде сме стигнале со проекти, тоа е најдобар доказ дека одлуката била исправна – истакна Беџети. Тој додава дека наскоро се очекува да се усвои и детален урбанистички план за езерото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bedzeti-do-shilegov-ezeroto-treska-pripagja-na-opshtina-saraj/feed/ 0
Беџети и Џафери ќе сведочат во „Монструм” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bedzeti-i-dzaferi-kje-svedochat-vo-monstrum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bedzeti-i-dzaferi-kje-svedochat-vo-monstrum/#respond Tue, 10 Mar 2020 07:00:38 +0000 https://kurir.mk/?p=314316

Поранешниот министер за правда и актуелен градоначалник на Општина Сарај, Блерим Беџети, предвидено е денеска да сведочи на рочиштето за случајот „Монструм”. Како сведок на судењето треба да се појави и Муса Џафери, поранешен вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор. При презентација на „бомбите” од страна на обвинителката Фатиме Фетаи, јавноста имаше можност да слушне како Беџети и Џафери, комуницирале со други лица во однос на овој предмет. Воедно, на оваа рочиште треба да се појави и сведокот Зоран Трајковски (полициски службеник) кој во „бомбите”, се слуша како комуницира со друго лице и објаснува дека на Синиша Алексовски му пренел дека пред 12 април може да се случи некој немил настан, напад на полициска станици и слично. Во однос на оваа прашање Алексовски (поранешен советник за безбедност во кабинетот на екс претседателот Ѓорѓе Иванов ) потврди дека имал комуникација со Трајковски. Добил од него усна информација дека има движења на екстремистички групи кои би можеле да нападнат полициски станици, но дека не му била потврдена. На претходните рочиште за петкратното убиство на Смилковско Езеро, сведочеше речиси целиот врв на МВР од 2012 година. Судењето за „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bedzeti-i-dzaferi-kje-svedochat-vo-monstrum/feed/ 0
Села: Судирите на релација ДУИ-СДСМ се добро оркестрирани со цел придобивање на албанските гласови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-sudirite-na-relacija-dui-sdsm-se-dobro-orkestrirani-so-cel-pridobivanje-na-albanskite-glasovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-sudirite-na-relacija-dui-sdsm-se-dobro-orkestrirani-so-cel-pridobivanje-na-albanskite-glasovi/#respond Sat, 30 Nov 2019 08:07:51 +0000 https://kurir.mk/?p=271301

Судирите на релација ДУИ-СДСМ се добро оркестрирани со цел придобивање на албанските гласови, изјави Зијадин Села во интервју за весникот „Лајм“. Села рече дека за среќа Албанците веќе се освестиле и на изборниот ден ќе гласаат за албанската опозиција. Како што вели тој, потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, обвинувањата кон ДУИ ги упатил со цел да го задржат албанското гласачко тело кое во 2016-та година гласало за неговата партија. -За жал не е добро кога коалициските партнери прават политички игри за да го привлечат електоратот. Овој добро-оркестриран судир од функционерите на овие две партии, за да  придобијат еден од друг, односно да придобијат албански гласови. Ова е жалното. Добро е оркестрирано. Потпретседателот на СДСМ, обвинувањата кон ДУИ ги упати само со цел да го задржи албанското гласачко тело кое во 2016 гласаше за СДСМ, односно не за СДСМ, туку против ДУИ. Од друга страна ДУИ секогаш се правеше факултативен патриот, рече Села. Несогласувањата меѓу СДСМ и ДУИ излегоа на површина и во дебатниот магазин „Клик Плус“. Зекири го обвини градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети за уништено судство, во време кога тој бил министер за правда. -11 години беа на власт и знаеме како ги поставија, ги слушнавте прислушуваните материјали. Мијалков со Муса Џафери и Блерим Беџети ги правеа списоците кој да биде судија-рече Зекири. -Доста со оваа демагогија и клевети. Нека се договори со својот патрон, за да не го демантираат секој ден. Тој манипулира со јавноста, дури и неговата партија го демантира. Тој е сервилен-врати Беџети. Инаку, ТВ21 испрати отворена покана за заедничка дебата меѓу Беџети и Зекири, но потпретседателот на СДСМ преку Фејсбук статус информираше дека не сака да учествува на дебата, бидејќи не сакал да легитимира ниски напади и дека неговото достоинство не му дозволува да се соочи со Беџети во јавна дебата. Извор: ТВ21]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-sudirite-na-relacija-dui-sdsm-se-dobro-orkestrirani-so-cel-pridobivanje-na-albanskite-glasovi/feed/ 0
Заев побара, Заев доби разрешување на Вангеловски: Кој ги пренесе денес неговите пораки до „независното“ судство ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-pobara-zaev-dobi-razreshuvanje-na-vangelovski-koj-gi-prenese-denes-negovite-poraki-do-nezavisnoto-sudstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-pobara-zaev-dobi-razreshuvanje-na-vangelovski-koj-gi-prenese-denes-negovite-poraki-do-nezavisnoto-sudstvo/#respond Tue, 10 Sep 2019 14:04:11 +0000 https://kurir.mk/?p=239102

Се остварува наредбата на Зоран Заев за paзрешување на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Денеска Судскиот совет одржа нова седница на која беше разрешен Вангеловски. Имено на денешната седница се расправаше за разрешувањето на Вангеловски од досегашната позиција. Неговото разрешување го пропратија низа на скандали, пред се поради изјавата градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети. Пред точно еден месец тој јавно кажа дека врз него се вршени притисоци, лично од Зоран Заев во насока на разрешување на Вангеловски од позицијата претседател на Врховниот суд. Беџети тврди дека премиерот Заев му се јавил на 17-ти јули и побарал помош за смена на претседател на суд, работа која требало да биде завршена до септември. Дојде и септември и токму сега на дневен ред се најде разрешувањето на Вангеловски. -Јас ова барање на премиерот Заев го одбив. Две недели потоа се јави Државната комисија за спречување на корупцијата со пријава против мене. Ова е корумпирана комисија. Сигурен сум дека ваквите дејства се последица на тоа што го одбив премиерот да им кажувам на одредени членови како да гласаат, рече Беџети. Зоран Заев не демантираше дека разговарал со Беџети за разрешувањето на претседателот на Врховниот суд. По изјавата на градоначалникот на општина Сарај, лерим Беџети, дека Заев му се јавил и побарал од него да влијае врз членовите на Судскиот совет за менување судија, премиерот на својот Фејсбук напиша дека разговарал со Беџети за многу работи, меѓу кои и за шпекулациите во јавноста дека некој го штити Јово Вангеловски во Судскиот совет. Денешната седница на судскиот совет е само уште една потврда за целосната контрола на правосудството од страна на власта на чело со Зоран Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-pobara-zaev-dobi-razreshuvanje-na-vangelovski-koj-gi-prenese-denes-negovite-poraki-do-nezavisnoto-sudstvo/feed/ 0
Заев признава: Со Беџети разговарав за судски одлуки и за однесувањето на членовите на судскиот совет избрани од парламентот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-priznava-so-bedzeti-razgovarav-za-sudski-odluki-i-za-odnesuvanjeto-na-chlenovite-na-sudskiot-sovet-izbrani-od-parlamentot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-priznava-so-bedzeti-razgovarav-za-sudski-odluki-i-za-odnesuvanjeto-na-chlenovite-na-sudskiot-sovet-izbrani-od-parlamentot/#respond Tue, 13 Aug 2019 16:19:04 +0000 https://kurir.mk/?p=229332

Во својот најнов Фејсбук статус Зоран Заев призна дека разговарал со градоначалникот на Сарај Блерим Беџети за судски одлуки и за однесувањето на членовите на судскиот совет избрани од парламентот. -Јас разговарам со сите градоначалници кога се работи за проблеми на општините и посебно проблеми кои ги загрижуваат граѓаните, а за кои може да помогне владата. Со градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети разговарав за проблемот за експанзија на дивоградби на Матка. Барав да се постапува по закон и низ институциите на системот. Тоа го бараат и граѓаните и тоа ќе го обезбедиме затоа што тоа е работа на јавните институции. Работа на градоначалникот е да работи во интерес на граѓаните, а не да брани дивоградби. Должност на секој е да работи и постапува исклучиво по закон. А, за работата на ДКСК судат токму тие кои ја плаќаат нивната работа, а тоа се граѓаните. Не е објективно за работата на ДКСК да судат тие против кои има предмети.
Вистината за тоа што јас сум разговарал со Беџети како координатор на правниот тим на ДУИ е следна: Сум зборувал за многу прашања кои се значајни за добивање датум на преговори со ЕУ. Сме зборувале за сѐ уште неизгласаниот Закон за јавно обвинителство, за донесените закони за судови и судски совет, но и како да придонесеме донесените закони да се имплементираат, да профункционираат. Со него сум зборувал дека сите учесници во правосудните институции, а избрани во Парламентот, треба да бидат пример за другите учесници во правосудството и да носат одлуки, а не поради било какви изговори постојано да ги одложуваат одлуките. И денеска го повторувам ставот дека правната држава можеме да ја добиеме онаква каква што сите ја посакуваме единствено ако овозможиме слободно и независно да одлучуваат сите учесници во правосудството, без да им се прави притисок за суштината на нивните одлуки, но секако и без да им се дозволи или да им се прави притисок за одложување на одлуките. Беџети, политичарите и граѓаните добро знаат дека постојаното одложување на одлуките во судскиот совет, во врховниот суд, во апелационите судови како и во основните судови низ државата се една од најсериозните причини за бавното враќање на правната држава и делењето на правдата. Дополнително, со Беџети зборував и по повод шпекулациите во јавноста дека некој го штити Јово Вангеловски во Судскиот совет. Ме интересираше дали има вистина во тоа и му укажав дека не е умесно такво однесување, доколку постои. Секој треба да ја понесе својата одговорност согласно закон, без оглед на функцијата која ја врши. Тоа му го кажав на Беџети, тоа го кажувам и јавно, стои во неговиот пост на Фејсбук.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-priznava-so-bedzeti-razgovarav-za-sudski-odluki-i-za-odnesuvanjeto-na-chlenovite-na-sudskiot-sovet-izbrani-od-parlamentot/feed/ 0
Беџети, детално ќе зборува за политичката позадина на Матка https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bedzeti-detalno-kje-zboruva-za-politichkata-pozadina-na-matka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bedzeti-detalno-kje-zboruva-za-politichkata-pozadina-na-matka/#respond Tue, 13 Aug 2019 08:25:38 +0000 https://kurir.mk/?p=229136

Градоначалникот на Сарај Блерим Беџети, денеска со почеток во 12 часот во просториите на општина Сарај ќе има брифинг со новинарите потоа и изјава за медиумите, пишува Тетовасот. Тој, во овој случај, детално ќе го објасни случајот со „Кањонот Матка“, каде Комисијата за антикорупција побара кривична пријава од Обвинителството и ќе достави детали за обвинувањата што тој ги направи против владата. На јавните настапи, првиот човек на општината, Беџети, директно го обвинуваше премиерот Зоран Заев за мешање на владата во случајот, додека антикорупциската комисија стана алатка за политики за заплашување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bedzeti-detalno-kje-zboruva-za-politichkata-pozadina-na-matka/feed/ 0
Функционерите на ДУИ му го возвраќаат ударот на потпретседателот на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/funkcionerite-na-dui-mu-go-vozvrakjaat-udarot-na-potpretsedatelot-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/funkcionerite-na-dui-mu-go-vozvrakjaat-udarot-na-potpretsedatelot-na-sdsm/#respond Wed, 24 Apr 2019 19:15:31 +0000 https://kurir.mk/?p=190885

Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети од ДУИ порачува дека Михамед Зекири (Муки) го покажува вистинското лице. Тој на својот Фејсбук профил пишува: „За време на мојот ангажман во политичкиот живот особено во правосудството, сум бил фокусиран во правец на реализација на реформите во судството, особено во правец на реализација на начелото на правична застапеност на Албанците во оваа сфера на функционирање на државата. Мојот ангажман не може да го вреднува некој си “Муки “ туку албанскиот електорат кој ми ја дал довербата при сите изборни циклуси со нивниот глас. Сум бил ангажиран за правичната застапеност и не како овој некој си “Муки“ за полициски сценарија и завери, особено кон верските институции, како што е последното сценарио на “Муки“. Овие сценарија не можат да се засенат со инсинуации и клевети кои тој ги прави цело време во јавноста. Последниот акт против ИВЗ само го покажува пред јавноста неговото вистинско лице. Ваквите “Муки “ историјата ги има казнето и ова повторно ќе го направи, затоа што нејзиниот суд е најмеродавен, напиша Беџети. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/funkcionerite-na-dui-mu-go-vozvrakjaat-udarot-na-potpretsedatelot-na-sdsm/feed/ 0
Град Скопје до општина Сарај: Да се постапи согласно законските надлежности кога се дивоградбите во прашање https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-do-opshtina-saraj-da-se-postapi-soglasno-zakonskite-nadleznosti-koga-se-divogradbite-vo-prashanje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-do-opshtina-saraj-da-se-postapi-soglasno-zakonskite-nadleznosti-koga-se-divogradbite-vo-prashanje/#respond Thu, 21 Mar 2019 15:58:29 +0000 https://kurir.mk/?p=177275

Градот Скопје реагира на прес-конференцијата на градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети. - Градот Скопје ја охрабрува општината Сарај да постапи согласно со своите законски надлежности кога се дивоградбите во прашање. Впрочем, нема поголем интерес ниту за граѓаните на Скопје, ниту за граѓаните на Сарај од владеењето на правото, еднаквостa пред законите и целосното функционирање на институциите, изјави денеска портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху. Салиху додаде дека изминатава година Градот Скопје заедно со УНДП и МЖСПП изработуваа законски модели со кои ќе се заштити Матка и во еколошка и во економска смисла. - Ова решение ќе овозможи заштитата на Матка и нејзиното управување да не зависи од градоначалникот на Скопје или од градоначалникот на Сарај, туку од почитувањето на законот. Матка е непроценлив потенцијал за целиот град, а особено за локалното население на Сарај, нагласи денеска Салиху. Инаку претходно, градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, истакна дека нема да ги урива трите платформи на Матка, но ќе ги одбие барањата за нивна легализација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-do-opshtina-saraj-da-se-postapi-soglasno-zakonskite-nadleznosti-koga-se-divogradbite-vo-prashanje/feed/ 0
Беџети: Нема да ги урнеме платформите на Матка, но нема ни да ги легализираме https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bedzeti-nema-da-gi-urneme-platformite-na-matka-no-nema-ni-da-gi-legalizirame/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bedzeti-nema-da-gi-urneme-platformite-na-matka-no-nema-ni-da-gi-legalizirame/#respond Thu, 21 Mar 2019 13:47:28 +0000 https://kurir.mk/?p=177209

Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, вели дека нема да ги урива трите платформи на Матка, но ќе ги одбие барањата за нивна легализација. -Барањето за легализација на едната платформа, онаа на која функционира ресторан, е веќе одбиено, но барателите поднесоа жалба. За другите две платформи барањата се уште не се одбиени, но нема да ги одобриме. Сите имаат право на жалба до второстепената комисија и за уривање мора да чекаме да заврши целосната правна процедура. Нашата идеја беше ако има простор правно да се најде целисходно решение за Матка, во кое и платформите би функционирале како урбана опрема, рече градоначалникот Блерим Беџети. Беџети обвини дека во Матка се вплеткани различни интереси, но не сакаше да каже чии. Беџети вели дека имал разговори со градоначалникот на Скопје за формирање јавно претпријатие, кое што ќе се грижи за Матка, а градоначалникот Шилегов му соопштил дека и без согласност од Општината, град Скопје сепак ќе го формира претпријатието.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bedzeti-nema-da-gi-urneme-platformite-na-matka-no-nema-ni-da-gi-legalizirame/feed/ 0