блиска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 22 Feb 2020 10:42:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png блиска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Томовски: Скандалозен тендер од 19 милиони евра на ЕЛЕМ, кој се мести да го добие фирма блиска до власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tomovski-skandalozen-tender-od-19-milioni-evra-na-elem-koj-se-mesti-da-go-dobie-firma-bliska-do-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tomovski-skandalozen-tender-od-19-milioni-evra-na-elem-koj-se-mesti-da-go-dobie-firma-bliska-do-vlasta/#respond Sat, 22 Feb 2020 10:42:09 +0000 https://kurir.mk/?p=307312

Нови скандалозни тендери на ЕЛЕМ за РЕК и рудниците. Објавена е јавна набавка за огромни 19 милиони евра без претходно објавен технички дијалог, односно без проверка на пазарот. 19 милиони евра е голем тендер кој се договара со низа пропусти и низ процедура која отвора сомнеж дека однапред треба да го добие блиска фирма до власта, истакна на денешната прес-конференција Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително станува збор за јавна набавка со краток период за прибирање на понуди од само еден месец, во кој е опфатен периодот на новогодишните и божиќните празници. Заради краткиот период за подготовка на потребните документи и поднесување на понуди компаниите барале пролонгирање на рокот за поднесување на понуди за 10-20 дена, но од страна на АД ЕЛЕКТРАНИ биле дозволени само дополнителни 6 дена за поднесување на истите. Она што следи потоа, односно на 24.01.2020 година на неполни 7 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите, АД ЕЛЕКТРАНИ направиле измена на тендерската документација и тоа во девет делови на постапката со кои се направени големи промени во техничките спецификации кои биле првично објавени, открива Томовски. Понатаму селективно е бодувањето кое се бара од најдобриот понудувач што укажува на сомнеж дека се мести тендер за блиска фирма до власта. Од вкупно 20 дела на тендерската документација само за дел 1 и дел 2 е предвидено моторот и хидрауликата да се од еден производител, што значи дека доколку не се од истиот производител понудувачот би добил 0 бодови. Доколку ова барање е битно за да се бодува квалитетот на опремата се поставува прашањето зошто истиот не е поставен и за останатите делови каде што има исто и мотор и хидраулика туку само за дел 1 и дел 2?, прашува Томовски. Симптоматично тоа е што наместо да се бара банкарска гаранција на понудата АД ЕЛЕКТРАНИ на Македонија бараат изјава за сериозност на истата. Она што заслужува посебно внимание е бараниот услов од компаниите да имаат овластен теренски сервис со сервисна служба и опрема во Република Македонија или истиот да го формираат во рок до испорака на опремата но не подоцна од 6 месеци од потпишување на договор. При тоа треба да се има во предвид дека никаде во Законот за јавни набавки не се пропишани вакви одредби за утврдување на техничката професионалност и способност на компаниите, вели тој. Јасно е дека ова е тендер од 19 милиони евра кој се мести да го добие фирма блиска до Заев и власта. Низа пропусти и скандалозни постапки фрлаат темна дамка врз целиот тендер. Затоа бараме итно поништување на тендерот и запазување на сите потребни законски процедури. Бараме да се стопира криминалот, криминалниот тендер и ограбувањето на буџетот на Република Македонија за цели 19 милиони евра, потенцираше Ивица Томовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tomovski-skandalozen-tender-od-19-milioni-evra-na-elem-koj-se-mesti-da-go-dobie-firma-bliska-do-vlasta/feed/ 0