Блискиот Исток – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 06:50:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Блискиот Исток – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Блинкен заминува на турнеја на Блискиот исток и Јапонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-zaminuva-na-turneja-na-bliskiot-istok-i-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-zaminuva-na-turneja-na-bliskiot-istok-i-japonija/#respond Thu, 02 Nov 2023 06:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=895585

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен следната недела ќе ги посети Јапонија, Јужна Кореја и Индија, откако ќе направи мини-турнеја на Блискиот Исток, соопшти Стејт департментот. Блинкен утре ќе го посети Израел, по што, во текот на викендот ќе замине во Јордан. Тој потоа ќе тргне на турнеја низ Азија, за време на која има намера да лобира за поголема поддршка за Украина во конфликтот со Русија и да ги унапреди американските интереси во азиско-пацифичкиот регион, каде Вашингтон се натпреварува со Пекинг. Блинкен во понеделник и вторник во Токио ќе учествува на состанокот на земјите од Г-7 и ќе се сретне со јапонските лидери. Во Сеул во среда и четврток, фокусот ќе биде ставен на предизвикот што го носи нуклеарно вооружената Северна Кореја и зајакнувањето на нејзините врски со Русија, се вели во соопштението од Стејт департментот. Патувањето ќе го заврши во Индија на 10 ноември, каде американскиот државен секретар, заедно со секретарот за одбрана Лојд Остин  ќе учествува на состанок 2+2 со нивните индиски колеги. Вашингтон ги зајакна врските со својот индиски партнер по неодамнешната државна посета на премиерот Нарендра Моди на САД. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-zaminuva-na-turneja-na-bliskiot-istok-i-japonija/feed/ 0
Ситуацијата на Блискиот Исток, грчката економија и Грците од дијаспората во фокусот на средбата Мицотакис – Каселакис https://arhiva.kurir.mk/svet/region/situatsijata-na-bliskiot-istok-grchkata-ekonomija-i-grtsite-od-dijasporata-vo-fokusot-na-sredbata-mitsotakis-kaselakis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/situatsijata-na-bliskiot-istok-grchkata-ekonomija-i-grtsite-od-dijasporata-vo-fokusot-na-sredbata-mitsotakis-kaselakis/#respond Wed, 01 Nov 2023 13:49:04 +0000 https://kurir.mk/?p=895410

За позициите на Грција во случувањата на Блискиот Исток, за разговорите во Европскиот совет, за текот на грчката економија и перспективите по надградувањето на кредитниот рејтинг на земјата, како и за реформските владини иницијативи, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како што соопштија од неговиот кабинет, го информирал лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис денеска се сретна во грчкиот Парламент со новиот претседател на опозициската партија, што воедно беше нивна прва средба по изборите во СИРИЗА. Од кабинетот на Мицотакис соопштија дека грчкиот премиер му рекол на Каселакис дека секогаш му стои на располагање, како и на другите политички лидери, за да ги информира. На почетокот од средбата, во дијалогот пред камерите, Мицотакис и Каселакис говореа за Грците кои живеат во странство со оглед на тоа дека лидерот на СИРИЗА, пред да биде избран за претседател на опозициската партија, живееше во САД. Каселакис истакна дека имаат одговорност да ги вратат иселениците во земјата и „тоа е национална одговорност, национална заложба“, бидејќи можат да дадат свој придонес, на што Мицотакис одговори дека веќе е направен чекор со законот што им дава право на Грците од дијаспората да гласаат на изборите од нивното постојано место на живеење. Лидерот на СИРИЗА посочи дека тоа е право на глас, а не право да бидат избрани во одредени периферии, за што грчкиот премиер рече дека изборниот законик е дефиниран и секој грчки граѓанин има право да биде избран.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/situatsijata-na-bliskiot-istok-grchkata-ekonomija-i-grtsite-od-dijasporata-vo-fokusot-na-sredbata-mitsotakis-kaselakis/feed/ 0
Анкета: Загриженост во Грција за поскапувањето на цените и ситуацијата на Блискиот Исток https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-zagrizhenost-vo-grtsija-za-poskapuvaneto-na-tsenite-i-situatsijata-na-bliskiot-istok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-zagrizhenost-vo-grtsija-za-poskapuvaneto-na-tsenite-i-situatsijata-na-bliskiot-istok/#respond Wed, 01 Nov 2023 09:49:06 +0000 https://kurir.mk/?p=895270

Речиси девет од десет Грци изразуваат голема (63 отсто) или прилична (23 проценти) засегнатост поради поскапувањето на цените, а 84 отсто се загрижени за ситуацијата на Блискиот Исток, според резултатите од новото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Поскапувањето на цените е број еден проблем за Грците и со оглед на тоа дека речиси половината од анкетираните наведуваат дека храната е категоријата на семејни трошоци што најмногу ги загрижува. На политичката сцена, распоредот на силите останува непроменет, Нова демократија и понатаму доминира со 33,5 отсто, двојно повеќе од СИРИЗА што добива 15 проценти, а потоа следат ПАСОК- Движење на промена со три отсто помалку од СИРИЗА. Истражувањето на јавното мислење на „Pulse“ за телевизијата „Скај“ било спроведено од 26 до 30 октомври 2023 година со анкетирани 1.163 лица со право на глас.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-zagrizhenost-vo-grtsija-za-poskapuvaneto-na-tsenite-i-situatsijata-na-bliskiot-istok/feed/ 0
Светска банка: Конфликтот на Блискиот Исток може да доведе до скок на цените на суровините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetska-banka-konfliktot-na-bliskiot-istok-mozhe-da-dovede-do-skok-na-tsenite-na-surovinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetska-banka-konfliktot-na-bliskiot-istok-mozhe-da-dovede-do-skok-na-tsenite-na-surovinite/#respond Mon, 30 Oct 2023 13:31:17 +0000 https://kurir.mk/?p=894537

Ризикот од ширење на војната меѓу Израел и Хамас во регионот на Блискиот Исток може да доведе до уште поголем пораст на цената на нафтата, која за три недели од таа војна се зголеми за шест отсто, и до поскапување на другите суровини, како и на земјоделските производи, соопшти денеска Светската банка. „Конфликтот на Блискиот Исток го зголемува влијанието на руската инвазија на Украина, која предизвика најголем шок на пазарот на суровини од 1970-тите“, потсети во соопштение главниот економист на Светската банка, Индермит Гил. „Тие кои одлучуваат за политиката треба да внимаваат. Доколку конфликтот (меѓу Израел и Хамас) се интензивира, светската економија ќе мора да се соочи со двоен енергетски шок“, предупреди тој. Во случај на ограничено влијание на војната, цената на нафтата може да порасне за три до 13 отсто, на 93-102 долари, во средно опасно сценарио, нафтата би можела да достигне цена во опсег меѓу 109 и 121 долар. Во најлошото сценарио, нафтата би достигнала цена меѓу 140 и 157 долари, што би било потенцијално повисоко од историскиот максимум од 147,50 долари во 2008 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetska-banka-konfliktot-na-bliskiot-istok-mozhe-da-dovede-do-skok-na-tsenite-na-surovinite/feed/ 0
Бајден со закана: Жестоко ќе одговориме доколку продолжите да напаѓате Американци на Блискиот Исток https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-so-zakana-zhestoko-ke-odgovorime-dokolku-prodolzhite-da-napagate-amerikantsi-na-bliskiot-istok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-so-zakana-zhestoko-ke-odgovorime-dokolku-prodolzhite-da-napagate-amerikantsi-na-bliskiot-istok/#respond Fri, 27 Oct 2023 06:20:10 +0000 https://kurir.mk/?p=893629

Американскиот претседател Џо Бајден испрати ретка порака до иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, предупредувајќи го Техеран да не ги гаѓа американските војници на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа, по серијата напади врз американските сили во регионот. -Испратена е директна порака, рече портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, на брифинг, но не даде детали. Американските власти сакаат да избегнат поширок конфликт на Блискиот Исток по нападот на Хамас на 7 октомври во кој загинаа најмалку 1.400 лица во Израел, главно цивили. Околу 900 дополнителни американски војници се упатени или неодамна пристигнаа на Блискиот Исток за да ја зајакнат противвоздушната одбрана и да го заштитат американскиот персонал во услови на пораст на нападите во регионот од групи поврзани со Иран, соопшти Пентагон, пренесува Индекс.хр. Само минатата недела американската војска беше нападната најмалку 12 пати во Ирак и четири пати во Сирија, додаде Кирби. Бајден пред два дена изјави дека го предупредил ајатолахот дека САД ќе одговорат доколку американските сили продолжат да бидат цел на напади, но не кажа како е пренесена пораката. -Моето предупредување до ајатолахот е дека ако продолжат да дејствуваат против армијата, ние ќе одговориме, а тој треба да биде подготвен. Тоа нема никаква врска со Израел, им рече Бајден на новинарите.  (МИА) фото: ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-so-zakana-zhestoko-ke-odgovorime-dokolku-prodolzhite-da-napagate-amerikantsi-na-bliskiot-istok/feed/ 0
Над 600 лица од различни земји преку Кипар го напуштиле Блискиот Исток https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-600-litsa-od-razlichni-zemji-preku-kipar-go-napushtile-bliskiot-istok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-600-litsa-od-razlichni-zemji-preku-kipar-go-napushtile-bliskiot-istok/#respond Tue, 17 Oct 2023 07:42:45 +0000 https://kurir.mk/?p=889664

Преку специјалниот национален план „ЕСТИА“ за вонредни состојби или кризи активиран минатата седмица од кипарското МНР, поради ситуацијата на Блискиот Исток во Република Кипар пристигнале 625 лица, од кои само десет се Кипрани, а останатите се државјани на европски и други земји, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи на Кипар соопштија дека податоците се однесуваат на периодот од минатиот вторник до вчера, а престојот на луѓето во земјата бил краток и мнозинството од нив веќе си заминале. Минатиот вторник, министерот за надворешни работи на Кипар Константинос Комбос свика состанок на министерската група за управување со кризи и беше донесена одлука за активирање на специјалниот национален план „ЕСТИА“ за прием и репатријација на странски државјани од област во криза, преку територијата на Република Кипар. -Со активирањето на специјалниот национален план „ЕСТИА“, има постојано присуство на претставници од сите служби во Координативниот центар во Ларнака, на аеродромот во Пафос и на пристаништата на Република Кипар, како и континуирана координација со локалните дипломатски мисии на Република Кипар во регионот, соопштија од кипарското МНР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-600-litsa-od-razlichni-zemji-preku-kipar-go-napushtile-bliskiot-istok/feed/ 0
Виена во училиштата испраќа материјали за конфликтот на Блискиот Исток https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/viena-vo-uchilishtata-ispraka-materijali-za-konfliktot-na-bliskiot-istok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/viena-vo-uchilishtata-ispraka-materijali-za-konfliktot-na-bliskiot-istok/#respond Fri, 13 Oct 2023 06:56:48 +0000 https://kurir.mk/?p=888316

Австриското Министерство за образование, наука и истражување на наставниците во главниот град Виена им обезбедува дополнителни наставни материјали за конфликтот на Блискиот Исток по бруталните напади на палестинската група „Хамас“ против Израел, јави ДПА. Материјалите што одговараат на возраста на учениците вклучуваат информации за меѓународното право, антисемитизмот и историјата на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти одделот за образование. Исламската верска заедница во Австрија минатата недела објави дека ќе ја подигне свеста кај своите учители како одговор на нападот на Хамас и контранападот на Израел. Хамас е класифициран како терористичка организација од САД, ЕУ и Израел.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/viena-vo-uchilishtata-ispraka-materijali-za-konfliktot-na-bliskiot-istok/feed/ 0
„Вашингтон пост“: Каде се распоредени американските војници на Блискиот Исток https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-kade-se-rasporedeni-amerikanskite-vojnici-na-bliskiot-istok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-kade-se-rasporedeni-amerikanskite-vojnici-na-bliskiot-istok/#respond Wed, 08 Jan 2020 15:47:22 +0000 https://kurir.mk/?p=286976

Откако САД во петокот го убија иранскиот генерал Касим Сулејмани во Багдад, ирачкиот Парламент два дена подоцна изгласа резолуција со која бара повлекување на сите странски трупи од нејзина територија. Во Ирак се распоредени 6.000 американски војници низ цела земја, вклучително и во Зелената зона на Багдад, како и во авиобазата Ал Асад. „Вашингтон пост“ објави во кои земји на Блискиот Исток има стационирано американски војници. Најголем број на американски војници се распоредени во Авганистан – 14.000. Додека најголемата американска база е во Катар, каде се распоредени околу 13.000 војници. Базата е лоцирана југозападно од Доха. Авиобазата беше клучна за борбата против Исламска држава. Во базата е стациониран и Центарот за комбинирани воздушни операции, задолжен за координирање на американските и коалициските воздушни сили ширум Блиски Исток, посебно воздушниот простор над Ирак, Сирија и Авганистан. Додека во Кувајт се стационирани исто така 13.000 американски војници. Во Бахреин е сместена Поддршката на поморските активности и Петтата флота, како и авиобазата Иса. Во земјата се присутни околу 7.000 американски војници. Во Обединети Арапски Емирати стационирани се 5.000 американски војници во близина на Ормутски Теснец. Во Јордан и во Саудиска Арабија има стационирано по 3.000 американски војници. Од авиобазата во ОАЕ беа преземани операции против ИД. Додека Саудиска Арабија и Иран се долгогодишни регионални ривали, кои се инволвирани во конфликтот во Јемен. Додека во турската воена база Инџирлик стацинирани се 2.500 американски војници. Во Сирија има околу 800. Тоа е поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп во октомври минатата година нареди повлекување на американските трупи од Сирија. Најмалку американски војници има во Оман – 606. Тие се распоредени во земјата откако во март минатата година Мускат и Вашингтон потпишаа договор за користење на аеродромите и пристаништата во Оман, земја која се наоѓа во близина на Ормутски Теснец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-post-kade-se-rasporedeni-amerikanskite-vojnici-na-bliskiot-istok/feed/ 0