близначки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 31 Aug 2023 07:49:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png близначки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 22 милиони прегледи: Близначки се сретнале повторно по 24 часа и покажале колку се поврзани https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/22-milioni-pregledi-bliznachki-se-sretnale-povtorno-po-24-chasa-i-pokazhale-kolku-se-povrzani/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/22-milioni-pregledi-bliznachki-se-sretnale-povtorno-po-24-chasa-i-pokazhale-kolku-se-povrzani/#respond Thu, 31 Aug 2023 07:49:02 +0000 https://kurir.mk/?p=872840

Снимката на мајката Лорен Берти растопи илјадници луѓе на социјалните мрежи. Во видеото објавено на ТикТок можеме да видеме како реагирале близначките кои биле раздвоени 24 часа. Кога повторно се сретнале, не сакале да се испуштат од вид. Откако нивната мајка ги сместила во креветчињата, тие пришле една до друга па се фатиле за раце и ги допреле челата. Потоа почнале да се бакнуваат, да се прегрнуваат и да се тапкаат по грбот, што јасно покажува колку си недостасувале една на друга. „Нашите близначки за прв пат во животот беа разделени цел ден. Таа ноќ ги ставивме во креветчињата и поприлично е сигурно дека си недостасувале. Не знам за ништо помоќно од поврзаноста на близнаци“, напишала мајката. Снимката собрала повеќе од 22 милиони прегледи, а можете да ја погледнете во продолжение.
@thattwinmama_ Will forever make me😭… cant think of anything stronger than the #twinbond ❤️ #twinsoftiktok #twins #twinsisters #babylife #twinlove #sisterlove #feelgood #babiesoftiktok #sharethelove #newmom #4u #sistersforever ♬ What Was I Made For? [From The Motion Picture "Barbie"] - Billie Eilish
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/22-milioni-pregledi-bliznachki-se-sretnale-povtorno-po-24-chasa-i-pokazhale-kolku-se-povrzani/feed/ 0
Близначка се изгубила на пазар, па била посвоена- еве што покажа истражување по нивното одделно растење https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bliznachka-se-izgubila-na-pazar-pa-bila-posvoena-eve-shto-pokaza-istrazuvanje-po-nivnoto-oddelno-rastenje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bliznachka-se-izgubila-na-pazar-pa-bila-posvoena-eve-shto-pokaza-istrazuvanje-po-nivnoto-oddelno-rastenje/#respond Thu, 16 Jun 2022 11:58:41 +0000 https://kurir.mk/?p=691668

Еднојајчени близначки кои пораснале во различни краеви на светот, некако развиле слични особини на личноста, но значително различни нивоа на коефициент на интелигенција, покажа неодамнешно истражување. Написот е објавен во списанието „Персоналити енд индивиџуал дифренсес“, а научниот труд е на истражувачи од Универзитетот Кукмин во Сеул и Државниот универзитет на Калифорнија. Сестрите се родени во Сеул во 1974 година, но биле разделени на двегодишна возраст, откако една од нив се загубила на пазар. Покрај напорите на родителите да ја најдат во тоа време, исчезнатата ќерка на крајот била посвоена од американски пар. Така, едната жена пораснала во Јужна Кореја, а другата – во САД… Посвоената жена пораснала без сознание за своите браќа и сестри, сѐ до една програма на јужнокорејската Влада за барање изгубени членови на семејствата. Во 2020 година, преку ДНК, натурализираната Американка дознала дека не само што има идентична близначка, туку и постари брат и сестра во Азија. Набргу по обновувањето на семејните врски, близначките се согласиле да учестуваат во научен експеримент на споредување на нивната интелигенција, личност, ментално здравје и медицинска историја. Така, близначката која пораснала во Јужна Кореја кажала дека пораснала во љубов и хармонично домаќинство, додека онаа што живеела во САД живеела во постојани семејни судири и го посведочила разводот на посвоителите… Една од сличностите е медицинската историја – и двете биле оперирани со отстранување тумор од јајниците. Во однос на коефициентот на интелигенција, жената од САД имала 16 поени помалку од својата близначка. „Зачудувачки е што близначките покажаа значителни разлики и во когнитивните способности кои се поврзани со генетското влијание“, забележуваат истражувачите. Иако не е сосем познато дали нивното различно воспитување влијаело на таквото несовпаѓање, истражувачите забележале дека близначката од САД претрпела три претходни потреси на мозокот, што може да влијае врз нејзините умствени способности. Друга откриена разлика е тоа дека жената од САД развила поиндивидуалистички поглед, додека нејзината сестра од Јужна Кореја има повеќе колективистички вредности. Наодите велат и дека „целокупната конфигурација на личноста на двете близначки е слична, согласно литературата за умерените генетски влијанија врз личноста во зрелоста“. Нивните резултати од тестот за самодоверба и профилите за ментално здравје се идентични. „Забележително е дека и двете имаат изразито висока совесност, што значи дека и двете се одмерени, добро организирани, свесни за другите околу себе и се стремат кон напредувања“, се вели во написот. Сличностите меѓу наравот на сестрите, и покрај нивните различни опкружувања, истакнуваат дека генетиката игра битна улога во емоционалните склоности на една личност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bliznachka-se-izgubila-na-pazar-pa-bila-posvoena-eve-shto-pokaza-istrazuvanje-po-nivnoto-oddelno-rastenje/feed/ 0
ФОТО: Идентични близначки се породиле во ист ден, бебињата имаат иста тежина и должина https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-identichni-bliznachki-se-porodile-vo-ist-den-bebinjata-imaat-ista-tezina-i-dolzina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-identichni-bliznachki-se-porodile-vo-ist-den-bebinjata-imaat-ista-tezina-i-dolzina/#respond Tue, 17 May 2022 07:19:53 +0000 https://kurir.mk/?p=677654

Идентични близначки од САД родиле момчиња, во иста болница, во само неколку часа разлика. Џил Џустинијани го родила синот Оливер во 18:39 часот, а Ерин Чеплак, во 23:31 ч. го дочекала својот Силас, во болницата „Анахајм Кајзер“ во Калифорнија. Децата се родиле со иста тежина и должина – 3.620 грама и 50,8 сантиметри. Близначките си помагаа една на друга за време на бременоста, па нивните сопрузи и се шегуваа дека тие две може да се породат во ист ден. – Какви се шансите за ова? Не можам да верувам дека ова се случува!, се присети Џустинијани. Сестрите биле и пуштени од болница ист ден со своите бебиња. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-identichni-bliznachki-se-porodile-vo-ist-den-bebinjata-imaat-ista-tezina-i-dolzina/feed/ 0
Тие се најпознатите близначки во светот со џиновски силикони, а кога ќе видите како изгледаат во танга, нема да знаете каде да гледате (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tie-se-najpoznatite-bliznachki-vo-svetot-so-dzinovski-silikoni-a-koga-kje-vidite-kako-izgledaat-vo-tanga-nema-da-znaete-kade-da-gledate-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tie-se-najpoznatite-bliznachki-vo-svetot-so-dzinovski-silikoni-a-koga-kje-vidite-kako-izgledaat-vo-tanga-nema-da-znaete-kade-da-gledate-foto/#respond Mon, 06 Dec 2021 09:15:47 +0000 https://kurir.mk/?p=604626

Шенон и Шенејд Клермонт се најпопуларните американски близначки кои привлекоа големо медиумско внимание појавувајќи се во четвртата сезона на американското реално шоу „Клуб на лоши девојки“ во 2015 година, а од тогаш па до днес се препознатливи каде и да се појават.
Тие се занимаваат со моделинг појавувајќи се и на сите социјални мрежи, често се гости во телевизиски емисии и снимаат спотови и имаат своја линија на облека. Тие се најпознати и по естетските операции правејќи ги во исто време двете, а нивните провокативни фотографии често на мажите им будат различни мисли.
Тие буквално како да се клонирани, а поради тоа што се облекуваат и исто многу тешко е да се направи разлика која е која, погледнете:

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tie-se-najpoznatite-bliznachki-vo-svetot-so-dzinovski-silikoni-a-koga-kje-vidite-kako-izgledaat-vo-tanga-nema-da-znaete-kade-da-gledate-foto/feed/ 0
Премногу знаеле за локалните наркодилери во Бразил: Грозоморно убиство на сестри близначки пренесувано во живо на Инстаграм https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premnogu-znaele-za-lokalnite-narkodileri-vo-brazil-grozomorno-ubistvo-na-sestri-bliznachki-prenesuvano-vo-zivo-na-instagram/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premnogu-znaele-za-lokalnite-narkodileri-vo-brazil-grozomorno-ubistvo-na-sestri-bliznachki-prenesuvano-vo-zivo-na-instagram/#respond Wed, 21 Jul 2021 08:57:12 +0000 https://kurir.mk/?p=539607

Две 18-годишни сестри близначки се застрелани од огнено оружје во Бразил, а нивната грозоморна егзекуција била прикажана во живо на Инстаграм, пишува Дејли стар. Безживотните тела на Амалија и Аманда Алвес биле пронајдени само неколку часа откако се убиени покрај пат зад станбен комплекс во Пакејтас, Бразил. Аманда Алвес остави зад себе тригодишна ќерка, додека нејзината сестра близначка Амалија Алвес стана мајка на момче пред само шест месеци. Матеус Абреу, тинејџер осомничен за масакрот, е уапсен и испитуван од полицијата. На видеото се снимени вознемирувачките последни моменти на сестрите додека клечеле една покрај друга на земјен пат. Извештаите велат дека близначките биле принудени да ја соберат косата во пунџа пред Абреу наводно да им стави пиштол на тилот и да испука куршуми. Потоа, тој наводно испукал уште два куршума кон едната сестра и четири кон другата. Иако бразилските власти допрва треба да го откријат конкретниот мотив за убиствата, локалните медиуми пишуваат дека причината била што сестрите „знаеле премногу“ за инцидентите во кои се вклучени локални дилери на дрога. Локалното население кое живее во оваа област избезумено повикало полиција откако телата биле пронајдени на истата локација каде што биле убиени. Медиумите пренесуваат дека осомничениот тинејџер претходно бил апсен најмалку седум пати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premnogu-znaele-za-lokalnite-narkodileri-vo-brazil-grozomorno-ubistvo-na-sestri-bliznachki-prenesuvano-vo-zivo-na-instagram/feed/ 0
Докторите не веруваа дека овие две убавици ќе преживеат: Родени се многу рано, а еве како изгледаат денес https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doktorite-ne-veruvaa-deka-ovie-dve-ubavici-kje-preziveat-rodeni-se-mnogu-rano-a-eve-kako-izgledaat-denes/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doktorite-ne-veruvaa-deka-ovie-dve-ubavici-kje-preziveat-rodeni-se-mnogu-rano-a-eve-kako-izgledaat-denes/#respond Sun, 23 May 2021 09:31:21 +0000 https://kurir.mk/?p=513963

Ема и Луна, близначки кои се родија во 22-рата недела од бременоста, ги надминаа сите очекувања на докторите и преживеаја. Нивната мајка, Кејла Ибра, со огромни емоции ја раскажува нивната приказна, обидувајќи се да ја подигне свеста за предвременото породување и да порача дека бебињата родени 18 недели предвреме МОЖАТ да преживеат. Низ моите солзи, реков: „Што ќе се случи со моите ќерки?“ Додека ме носеа со количка горе, таа ми рече: „Бебињата ќе се родат денес и ќе умрат“. Тие ќе умрат. Солзите сè уште ми ги подуваат очите кога ги изустувам овие зборови. За среќа, двете убавици се добри. Пред малку го прославија својот втор роденден и му покажаа на светот дека се големи борци.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doktorite-ne-veruvaa-deka-ovie-dve-ubavici-kje-preziveat-rodeni-se-mnogu-rano-a-eve-kako-izgledaat-denes/feed/ 0
Маријана славеше роденден еден ден пред Росана – „временска разлика, а близначки“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/marijana-slaveshe-rodenden-eden-den-pred-rosana-vremenska-razlika-a-bliznachki-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/marijana-slaveshe-rodenden-eden-den-pred-rosana-vremenska-razlika-a-bliznachki-foto/#respond Mon, 14 Dec 2020 14:19:21 +0000 https://kurir.mk/?p=443128

Македонската пјачка Росана Сариќ Тодоровска и нејзината сестра близначка Маријана наполнија 56 години. Маријана, која долги години живее и работи во Австралија, поради временската разлика побрзо го прослави роденденот од Росана. „На мојата Маријана веќе ѝ е роденден, а мене утре… Временска разлика, а близначки ха, ха, ха“, напиша Росана. Сестрите кои оставија голема трага на македонската музичка сцена, често и на социјалните мрежи и во многу емисии потенцираат дека неизмерно си недостигаат една на друга. Нивните песни кои ги испеаја додека се уште беа активни како дуо на сцената и ден денес се хитови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/marijana-slaveshe-rodenden-eden-den-pred-rosana-vremenska-razlika-a-bliznachki-foto/feed/ 0
Како да не беше доволно што делат исто момче, овие близначки сега имаат уште почудна желба https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-ne-beshe-dovolno-shto-delat-isto-momche-ovie-bliznachki-sega-imaat-ushte-pochudna-zelba/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-ne-beshe-dovolno-shto-delat-isto-momche-ovie-bliznachki-sega-imaat-ushte-pochudna-zelba/#respond Fri, 31 Jul 2020 12:36:21 +0000 https://kurir.mk/?p=384338

Сестрите Ана и Луси Десинк некогаш беа прогласени за „најидентични близначки“ на светот. Тие, како познати ТВ лица, во новото интервју за една австралиска телевизија, открија дека сакаат да забременат истовремено и тоа од истото, заедничко момче. Како да не беше доволно што делат исто момче, овие близначки сега имаат уште почудна желба- тој да биде татко на децата на двете. Имено, иако претходно имале посебни врски, сега веќе девет години се во врска со исто момче. Тој се вика Бен и „ги прифаќа такви какви што се“, како што вели Ана. -Ако Бен ја бакне едната, веднаш ќе ја бакне и другата. А, секогаш нѐ разликува, дури и преку телефон, додаде Луси. Во однос на тоа дека имаат намера да забременат во исто време, Ана вели дека иако „тоа некому ќе му звучи необично“, тоа е нивниот начин на живот и  така сакаат да живеат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kako-da-ne-beshe-dovolno-shto-delat-isto-momche-ovie-bliznachki-sega-imaat-ushte-pochudna-zelba/feed/ 0
Близначки раздвоени по раѓањето: Се пронајдоа на социјалните мрежи и нивниот живот се преврти наопаку (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bliznachki-razdvoeni-po-ragjanjeto-se-pronajdoa-na-socijalnite-mrezi-i-nivniot-zivot-se-prevrti-naopaku-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bliznachki-razdvoeni-po-ragjanjeto-se-pronajdoa-na-socijalnite-mrezi-i-nivniot-zivot-se-prevrti-naopaku-foto/#respond Tue, 14 Jan 2020 20:44:52 +0000 https://kurir.mk/?p=289718

Тоа било уште една лежерна вечер на прелистување на социјалните мрежи за 16-годишната Набила Аз-Захра, средношколка од регионот Гова, Јужен Сулавеси, барем додека не почнала да прима чудни коментари и директни пораки од други корисници на „Твитер“. Сите ја насочувале кон низа твитови напишани од друг корисник чијашто слика на профилот изгледала како на Набила. Лажните твитер-профили, наречени сомови во интернетскиот говор, постојат уште од раѓањето на социјалните медиуми. Набила првично го отфрлила профилот како трол  и не можела ниту да претпостави дека нејзиниот живот ќе се преврти наопаку. „На 7 јануари ги проверив директните пораки (DM) на Инстаграм и пронајдов порака од профил што му припаѓа на некој по име Надја“, напиша Набила за нејзиното откритие. Таа ме праша: „Зар не мислиш дека изгледаме слично?“ Во тој момент ѝ предложив дека е најдобро да имаме видеоповик за да не губиме време. На платформа преполна со фабрикувани идентитети, првиот инстинкт на Набила бил да биде претпазлива во врска со онлајн средбата со непозната личност. Меѓутоа, лицето што го видела на видеоповикот ја фатило сосема неспремна за големо откритие. Надја изгледала исто како неа. „Си поставувавме лични прашања, како на пример за нашата тежина, висина, омилена боја и омилен пијалак. Нашите одговори беа слични 90 проценти!“ напиша Набила. „И потоа, прашање за милион долари. Надја ме праша што ако ние сме всушност близначки  а јас ѝ реков дека ќе бидам навистина среќна, тоа ќе биде како остварување на сон. Ја разгледав можноста и решив да ја прашам мајка ми за тоа”, рече таа. Родителите на Набила, Рамли и Јохра, ѝ објасниле дека таа е посвоена и дека е родена заедно со други два близнака сестри и браќа, од кои едната била Надја. Нејзините родители биле во тешки финансиски околности кога се раѓале тројките и сметале дека е подобро да ги дадат Набила и нејзините двајца браќа и сестри на посвојување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bliznachki-razdvoeni-po-ragjanjeto-se-pronajdoa-na-socijalnite-mrezi-i-nivniot-zivot-se-prevrti-naopaku-foto/feed/ 0
Ова е вистинско чудо: Близначки се родиле со три месеци разлика https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-vistinsko-chudo-bliznachki-se-rodile-so-tri-meseci-razlika/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-vistinsko-chudo-bliznachki-se-rodile-so-tri-meseci-razlika/#respond Thu, 18 Apr 2019 07:04:28 +0000 https://kurir.mk/?p=188007

Две девојчиња, близначки, се родени со 97 дена разлика во германскиот град Келн. Едното бебе е родено на 17-ти ноември минатата година, а другото на 22-ри февруари оваа година. Првото девојче е родено во 26 недела од бременоста и тежело само 900 грама. Второто девојче, пак, е родено четири дена по терминот за породувањеи тежело 3,7 килограми. Мајката Оксана добила породилни болки во 26-та недела и тогаш се родило првото девојченце. Откако се родило ова бебе, престанале болките, така што докторите решиле второто бебе да не се раѓа тогаш. Иако изгледа неверојатно, бременоста течела нормално и по повеќе од три мeсеци се родило второто девојче. Докторите велат дека оваа неверојатна бременост можела да продолжи зашто жената имала две плаценти, а каналот на матката по раѓањето на првото девојче, целосно се затворил. Првото бебе минало неколку недели на нeонатолошкото одделение во болницата, а потоа е пуштена дома. Сега бебињата нормално напредуваат и имаат по 5,7 килограми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-vistinsko-chudo-bliznachki-se-rodile-so-tri-meseci-razlika/feed/ 0