близнаци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 10:14:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png близнаци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Убиен млад брачен пар во Израел: Ги сокриле нивните бебиња близнаци кои се спасени по 14 часа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-mlad-brachen-par-vo-izrael-gi-sokrile-nivnite-bebina-bliznatsi-koi-se-spaseni-po-14-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-mlad-brachen-par-vo-izrael-gi-sokrile-nivnite-bebina-bliznatsi-koi-se-spaseni-po-14-chasa/#respond Tue, 10 Oct 2023 10:14:52 +0000 https://kurir.mk/?p=887386

Млад израелски пар бил убиен од терористите на Хамас откако упаднале во нивниот дом. Несреќниот пар успеал да ги сокрие своите близнаци стари само десет месеци пред да дојдат убијците, а бебињата биле пронајдени живи приближно 14 часа подоцна. Итаи и Хадар Бердичевски, двајцата на возраст од 30 години, биле нападнати во нивниот дом. Родителите ги сокриле бебињата во куќата и се обиделе да ги спречат напаѓачите, но и двајцата биле убиени, објави израелската Walla, повикувајќи се на New York Post. Израелските војници 14 часа подоцна ги пронашле неповредените бебиња и ги предале на нивната баба. Бројот на жртвите од нападот на Хамас веќе надмина 1.000 од двете страни. Најмалку 260 луѓе беа убиени во масакрот на музичкиот фестивал „Супернова“, откако тешко вооружени терористи прелетаа со параглајдер над границата на Појасот Газа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-mlad-brachen-par-vo-izrael-gi-sokrile-nivnite-bebina-bliznatsi-koi-se-spaseni-po-14-chasa/feed/ 0
РОДИЛА БЛИЗНАЦИ, ПА ЈА ДОЗНАЛА ШОКАНТНАТА ВЕСТ – тие имаат различни татковци, кога се сетила мајката како е можно, ќе се онесвестила… https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/rodila-bliznatsi-pa-ja-doznala-shokantnata-vest-tie-imaat-razlichni-tatkovtsi-koga-se-setila-majkata-kako-e-mozhno-ke-se-onesvestila/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/rodila-bliznatsi-pa-ja-doznala-shokantnata-vest-tie-imaat-razlichni-tatkovtsi-koga-se-setila-majkata-kako-e-mozhno-ke-se-onesvestila/#respond Thu, 05 Oct 2023 20:05:31 +0000 https://kurir.mk/?p=885760

Според бразилските медиуми, девојката во ист ден имала секс со двајца мажи, а откако родила близнаци направила тест за татковство. Потоа следел шокантен резултат: примерокот на ДНК на мажот бил позитивен само на едно од двете деца, пишува Дејли Мејл. Кога 19-годишната дала на анализа ДНК примерок од друг сексуален партнер, тестот покажал дека тој е биолошки татко на второто дете. Веќе поминаа 16 месеци од раѓањето на децата, но нивната приказна дури сега стана јавна. Таа објаснила дека направила тест за татковство бидејќи не била сигурна кој е татко на нејзините деца. Во медицината овој феномен се нарекува хетеропарентална суперфекундација и се случува исклучително ретко, објасни доктор Тулио Хорхе Франко. Хетеропатералната суперфекундација настанува кога мајката ослободува две јајце клетки кои потоа се оплодуваат со две сперматозоиди од различни мажи. Жените обично мораат да имаат секс со два различни мажи во рок од неколку дена пред или по овулацијата за да се оплодат двете јајце клетки. Овој случај од Бразил е 20-ти ваков случај забележан во светот, а сега е објавен во научна статија. – Можно е да се оплодат две јајце клетки од различни мажи. Бебињата делат генетика со мајките, но растат во различни плаценти – објасни докторот. Мајката на две деца била шокирана од наодот на ДНК и рекла дека не знаела дека тоа може да се случи. -Децата се многу слични – изјави таа за Глобо. Не е познато мислењето на таткото на децата за целата ситуација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/rodila-bliznatsi-pa-ja-doznala-shokantnata-vest-tie-imaat-razlichni-tatkovtsi-koga-se-setila-majkata-kako-e-mozhno-ke-se-onesvestila/feed/ 0
ПРВА ФОТОГРАФИЈА ПО ПРОМЕНАТА НА ПОЛОТ – близнаците кои се прославија во регионот се веќе жени, а мајка им како од пушка: Еве што вели за нивните полови органи! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prva-fotografija-po-promenata-na-polot-bliznatsite-koi-se-proslavija-vo-regionot-se-veke-zheni-a-majka-im-kako-od-pushka-eve-shto-veli-za-nivnite-polovi-organi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prva-fotografija-po-promenata-na-polot-bliznatsite-koi-se-proslavija-vo-regionot-se-veke-zheni-a-majka-im-kako-od-pushka-eve-shto-veli-za-nivnite-polovi-organi/#respond Tue, 13 Jun 2023 14:16:47 +0000 https://kurir.mk/?p=845304

Контроверзните близнаци од Србија, Мика и Гиба Васиќ и некогашните учесници во „Големиот брат“ и „Задруга“ си го променија полот и сега се Ана и Ивана Николиќ. Операцијата ја извршија пред почетокот на летото минатата година во Белград во една приватна клиника, а од тогаш никаде се немаат појавено во јавноста. Српските медиуми пишуваат дека нивната мајка ги поддржала од нивниот сам почеток, па неа и е најважно само тие да се живи и здрави, а останатите одлуки сами да ги донесат. Во една прилика нивната мајка Рада открила и дека ги видела нивните полови органи откако веќе се жени. -Па како да не ги видам, тоа се мои ќерки, па кого ќе им ги покажат ако не на мене, им реков синови исти ви се како мојата. Иста како на мајка ви само што сега вашите се подобри, нова затегната, изјави тогаш Рада која сега објави и селфи со ќерките. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prva-fotografija-po-promenata-na-polot-bliznatsite-koi-se-proslavija-vo-regionot-se-veke-zheni-a-majka-im-kako-od-pushka-eve-shto-veli-za-nivnite-polovi-organi/feed/ 0
Близнаци родени 30 години откако биле замрзнати како ембриони, растат сосем нормално https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bliznatsi-rodeni-30-godini-otkako-bile-zamrznati-kako-embrioni-rastat-sosem-normalno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bliznatsi-rodeni-30-godini-otkako-bile-zamrznati-kako-embrioni-rastat-sosem-normalno/#respond Thu, 30 Mar 2023 08:28:49 +0000 https://kurir.mk/?p=818033

Близнаците Тимоти и Лидија Риџвеј, родени 30 години откако биле замрзнати како ембриони во април 1992 година, растат и се развиваат како сосем нормални бебиња. Тие го држат рекордот за најдолго замрзнати ембриони за кои се знае дека се родиле и растат живи и здрави по вештачко оплодување, иако биле складирани во течен азот заедно со илјадници други ембриони. Зачуваните ембриони се замрзнати пред 31 година во Националниот центар за дарување ембриони во САД, а мајка им Рејчел Риџвеј, која инаку има шест деца, овојпат (иако само технички) е само три години постара од новороденчињата. - Неверојатно е дури и да се размислува за тоа. Скоро сите со кои разговаравме за ова, имаат проблем да го разберат процесот... Сум имал пет години кога Бог им дал живот на овие ембриони!, вели Филип, инаку побожен христијанин. Родителите имаат намера на близнаците да им ја раскажат приказната за нивното зачнување кога ќе пораснат. - Ќе се погрижиме нивното посвојување да биде дел од нивната животна приказна. Сакаме тоа да биде нормален дел од нивниот живот, истакна Рејчел. Таа рече дека тие ќе знаат дека се посвоени и оти тоа ги прави посебни, за човековата историја воопшто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bliznatsi-rodeni-30-godini-otkako-bile-zamrznati-kako-embrioni-rastat-sosem-normalno/feed/ 0
НЕ ГИ ПРЕПОЗНАЛА НИТУ РОДЕНАТА МАЈКА КОЈА ПЛАЧЕЛА ОД ТАГА – познатите близнаци го смениле полот, сега се викаат и презиваат како популарните српски пејачки! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ne-gi-prepoznala-nitu-rodenata-majka-koja-plachela-od-taga-poznatite-bliznatsi-go-smenile-polot-sega-se-vikaat-i-prezivaat-kako-popularnite-srpski-pejachki-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ne-gi-prepoznala-nitu-rodenata-majka-koja-plachela-od-taga-poznatite-bliznatsi-go-smenile-polot-sega-se-vikaat-i-prezivaat-kako-popularnite-srpski-pejachki-foto/#respond Wed, 22 Feb 2023 10:42:46 +0000 https://kurir.mk/?p=803487

Мика и Гиба Васиќ, близнаците од Прокупље, некогашни учесници во „Големиот брат“ и „Задруга“, го промениле полот и сега се Ана и Ивана Николиќ, за што сведочат и фотографиите кои се појавиле на социјалните мрежи. Ријалити учесниците хонорарот што го заработиле во овие изминати години го искористиле за операција за промена на полот и тоа се случило на почетокот на летото во 2022 година. „Операцијата ја направија летото минатата година во Белград. Се помина во најдобар ред. Мајката Рада во исто време плачека од среќа и тага“ – рекол извор близок на близнаците. Тие и порано пред камерите зборувале дека би сакале да го променат полот, а често и облекувале женска гардероба. „Жена не можеш да станеш преку ноќ. Првите чекори ќе ги превземеме после шоуто“ – изјавиле Мика и Гиба тогаш.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ne-gi-prepoznala-nitu-rodenata-majka-koja-plachela-od-taga-poznatite-bliznatsi-go-smenile-polot-sega-se-vikaat-i-prezivaat-kako-popularnite-srpski-pejachki-foto/feed/ 0
НЕ ЗНАЕ КАКО ПРЕЖИВЕАЛЕ – мајка роди близнаци далеку од родниот дом, голготата ќе ја памети додека е жива (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-znae-kako-prezhiveale-majka-rodi-bliznatsi-daleku-od-rodniot-dom-golgotata-ke-ja-pameti-dodeka-e-zhiva-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-znae-kako-prezhiveale-majka-rodi-bliznatsi-daleku-od-rodniot-dom-golgotata-ke-ja-pameti-dodeka-e-zhiva-video/#respond Mon, 13 Feb 2023 17:47:25 +0000 https://kurir.mk/?p=800003

Близнаците на брачниот пар Ташдемир чиј дом го проголта земјата по двата страотни земјотреси се родија непосредно по потресите додека над 30 илјади луѓе останаа вечно заглавени под урнатините. Двете близначиња ги добија имињата Каан и Јигит и се родени во Анкара откако нивните родители успеале да се спасат и со сопствени средства заминат далеку од погоденото подрачје. Мајката опишувајќи го моментот вели дека не знае како се спасиле со нејзиниот сопруг. „Тој ден бев дома, наеднаш почна да се тресе се и не знам како наеднаш се најдовме надвор пред куќата. Снема струја и бевме толку многу потресени што на улица останавме дури целиот нареден ден. Иако се подготвував претходно за своето породување, на крајот не испадна како што очекував и сакав. Сепак двете близначиња се во одлична состојба“, раскажува мајката.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-znae-kako-prezhiveale-majka-rodi-bliznatsi-daleku-od-rodniot-dom-golgotata-ke-ja-pameti-dodeka-e-zhiva-video/feed/ 0
„Двапати го видоа брат ми и мислеа дека сум јас“ – Дејан повеќе од 40 години го бара братот близнак https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvapati-go-vidoa-brat-mi-i-mislea-deka-sum-jas-dejan-povekje-od-40-godini-go-bara-bratot-bliznak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvapati-go-vidoa-brat-mi-i-mislea-deka-sum-jas-dejan-povekje-od-40-godini-go-bara-bratot-bliznak/#respond Thu, 22 Dec 2022 19:13:35 +0000 https://kurir.mk/?p=779308

Дејан Барановски од Фекетиќ ги крена на нозе жителите на ова место кога објави своја фотографија на социјалните мрежи и објасни дека го бара својот брат близнак - ни помалку ни повеќе туку 44 години. Имено, како што вели неговата мајка за Телеграф.рс, на овој чекор се решиле по 20 години неуспешна потрага по член на семејството, за кој веруваат дека им бил одземен уште при раѓањето. Се започнало во 1978 година во Белград, кога Билјана Барановски предвреме се породила, а близнаците биле сместени во неонаталното одделение. По само три дена семејството добило телеграма на домашна адреса, дека едно новороденче починало. Иако добиле некакви документи, тврдат дека доказ за смртта на детето немало. - Моите свекор и свекрва дојдоа од Ивањица да го земат детето, но не ни го дадоа. Тогаш бев млада, им верував и сето тоа помина, се боревме второто дете да преживее. По неколку години, кога децата веќе беа во основно училиште, сестра ми работеше во Белград и кај неа дојде едно дете, кое било исто како мој син и го прашала „Дејан, од каде ти тука?“, но кратко потоа по погледот на детето сфатила дека таа му била сосема непозната. Забележала дури дека има и подолг палец од останатите прсти на раката, исто како Дејан, објаснува Билјана, чии болни рани не поминале и по четири децении.
Како што додава, нејзината сестра долго молчела за овој настан, а кога конечно собрала храброст да и каже на Билјана, почувствувала бура од емоции, како цел живот да знаела дека другиот син е некаде. Вели, со години меѓу толпата деца на игралиштата го барала нејзиниот син, но без успех. - Тогаш на сестра ми и кажав дека цело време имам чувство дека моето дете е живо, постојано гледам во деца на нивна возраст, како да барам друго дете. Кога Дејан требаше да оди во забавиште, татко ми отиде да извади извод од матичната книга на родените и матичарот го прашал зошто, на што тој одговорил дека другото е починато. Но, матичарот му рекол дека таков податок немаат во евиденцијата, вели мајката. Сомнежот дека го виделе близнакот на Дејан не се појавил само еднаш. - Вториот пат се сомневаме дека е виден кога веќе беа возрасни момчиња. Синот на сестра ми работеше во продавница во Белград, ги знае моите деца. Влегло момче исто како Дејан, внукот се надевал дека ќе плати со чекови за да ја видиме адресата и да му влеземе во трага, но платил во готово и си заминал, вели таа. Билјана не губи надеж дека ќе до најде синот. Нејзината единствена цел, како што вели, е да ја дознае вистината, дури и да чека уште една деценија. Смета дека терминот „премногу доцна“ не постои, иако е свесна за секое можно сценарио во случај некогаш да се сретнат.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvapati-go-vidoa-brat-mi-i-mislea-deka-sum-jas-dejan-povekje-od-40-godini-go-bara-bratot-bliznak/feed/ 0
Доаѓа полна Месечина во Близнаци: 8 декември е клучен ден, четири знаци да се подготват за хаос https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/doagja-polna-mesechina-vo-bliznaci-8-dekemvri-e-kluchen-den-chetiri-znaci-da-se-podgotvat-za-haos/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/doagja-polna-mesechina-vo-bliznaci-8-dekemvri-e-kluchen-den-chetiri-znaci-da-se-podgotvat-za-haos/#respond Fri, 02 Dec 2022 09:52:34 +0000 https://kurir.mk/?p=770009

Освен ретроградниот Меркур кој пристигнува на 29 декември, пред тоа имаме полна Месечина во знакот Близнаци на 8 декември. Полната Месечина во знакот Близнаци ќе долови спој со ретроградниот Марс кој е во овој знак до март 2023 година, па затоа треба да внимавате какви одлуки ќе носите. Брзоплетост, зборови кои треба да ги задржиме за себе, бунт и нетактични одлуки ќе бидат само дел од манифестациите на полна месечина кај Близнаците поради аспектот со Марс. Ќе забележите дека многу луѓе ќе почувствуваат потреба да ви кажат што мислат во лице, а подоцна истите тие зборови засекогаш ќе останат камен на сопнување меѓу вас. Всушност, зборовите што ги зборуваме во овој период можат засекогаш да ги уништат врските кои ви се важни. Полната месечина најсилно ќе падне на Близнаците, Стрелците, Рибите и Девицата. БЛИЗНАЦИ Од сите знаци, вие најмногу треба да внимавате на полната месечина, бидејќи ќе бидете склони кон лоши одлуки, а вашата психичка состојба ќе биде лоша. Ќе почувствувате наплив на гнев што може да ве доведе до одлуки за кои подоцна може да се каете. Гневот ќе го почувствувате во наредните денови. СТРЕЛЕЦ Полната месечина кај Стрелецот во седмата куќа ви носи криза во партнерските односи. Ако сте во брак, вие и вашиот партнер ќе имате потреба да си кажувате зборови кои можат да ве повредат во иднина. Дури кога ќе помине полната месечина, можете да сфатите дека погрешно сте протолкувале некои ситуации со луѓе кои ви се важни. РИБИ Полната месечина во десеттата куќа ви носи криза на работа. Ќе имате силна потреба да ја промените работата или професијата. Ќе добиете некои информации за работното место кои ќе ве натераат да се откажете преку ноќ. Обидете се да останете воздржани во наредниот период бидејќи не е поволен момент да ја напуштите работата. ДЕВИЦА Полната месечина ви носи семејни проблеми. Можно е да добиете неповолна одлука во врска со станот или парична казна. Некои Девици може да одлучат да се преселат во овој период. Доколку планирате да инвестирате во дом, обидете се да го избегнете во овој период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/doagja-polna-mesechina-vo-bliznaci-8-dekemvri-e-kluchen-den-chetiri-znaci-da-se-podgotvat-za-haos/feed/ 0
Близнаците на Џулија Робертс слават роденден, нивната славна мајка им честиташе со емотивна објава (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bliznacite-na-dzulija-roberts-slavat-rodenden-nivnata-slavna-majka-im-chestitashe-so-emotivna-objava-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bliznacite-na-dzulija-roberts-slavat-rodenden-nivnata-slavna-majka-im-chestitashe-so-emotivna-objava-foto/#respond Tue, 29 Nov 2022 08:55:07 +0000 https://kurir.mk/?p=768039

Познатата актерка Џулија Робертс од 2002-ра година е во брак со Даниел Модер, со кој има три деца, синовите Хенри и Финеj и ќерката Хејзел. Хејзел и Финеj се близнаци, кои сега го прославија својот 18-ти роденден. Нивната мајка се огласи на Инстаграм и сподели досега невидена фотографија од близнаците од времето кога тие беа бебиња. Таа само го ставила бројот 18 во описот и додала: „Ве сакам“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts)

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bliznacite-na-dzulija-roberts-slavat-rodenden-nivnata-slavna-majka-im-chestitashe-so-emotivna-objava-foto/feed/ 0
Нов рекорд во медицината: Близнаци родени од ембрион замрзнат пред 30 години (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nov-rekord-vo-medicinata-bliznaci-rodeni-od-embrion-zamrznat-pred-30-godini-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nov-rekord-vo-medicinata-bliznaci-rodeni-od-embrion-zamrznat-pred-30-godini-video/#respond Wed, 23 Nov 2022 08:13:13 +0000 https://kurir.mk/?p=765131

Во американската држава Тенеси, близнаци се родени од ембрион замрзнат пред повеќе од 30 години. Ова е веројатно нов рекорд за најдолгите замрзнати ембриони oд кои успешно се родени бебиња. Тие се чуваат на -128 степени Целзиусови во течен азот од 22 април 1992 година. Рејчел Риџвеј, мајка на четири деца од Орегон, ги роди близнаците на 31 октомври оваа година. Нејзиниот сопруг Филип Риџвеј изјави дека ова е неверојатно. Лидија Ен и Тимоти Роналд Ридгвеј поставија нов рекорд, според Националниот центар за донатори на ембриони (NEDC), приватна организација заснована на верата која тврди дека помогнала да се родат повеќе од 1.200 бебиња од донирани ембриони. Претходната рекордерка на организацијата, Моли Гибсон, е родена во 2020 година од ембрион замрзнат речиси 27 години. - Одлуката за усвојување на овие ембриони треба да ги увери пациентите кои се прашуваат дали некој би сакал да усвои ембриони што ги замрзнале пред 5, 10, 20 години, рече д-р Џон Дејвид Гордон, кој го изврши трансферот на ембриони. - Тој одговор е убедливо да! Ембриони близнаци беа создадени за анонимна двојка преку ин витро оплодување. Донаторот на сперма имал околу 50 години и наводно оплодил јајце клетка на 34-годишна жена. Тие биле чувани во складиште во лабораторија за плодност на западниот брег на САД до 2007 година, кога парот ги донирал на NEDC во Ноксвил, Тенеси, за друг пар да ги користи наместо нив. Ембриолозите од партнерската клиника на NEDC, Southeastern Fertility потоа ги одмрзнаа ембрионите и ги вметнаа во матката. - Се надеваме дека оваа вест ќе ги охрабри другите сами да ги искусат благословите од усвојувањето на ембрионот, се вели во соопштението на NEDC. Семејството Ридгвеј, кои меѓу себе имаат уште четири деца, за прв пат се потпираа на IVF и донатори на ембриони. - Имав пет години кога Бог им даде живот на Лидија и Тимоти и оттогаш тој го чува тој живот, изјави Филип Ридгвеј за Си-Ен-Ен од нивната семејна куќа. - Во извесна смисла, тие се нашите најстари деца, иако тие се нашите најмали деца - има нешто неверојатно во сето тоа, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nov-rekord-vo-medicinata-bliznaci-rodeni-od-embrion-zamrznat-pred-30-godini-video/feed/ 0