блок тарифи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Jul 2022 05:16:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png блок тарифи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Струјата од денес поскапа за 7,4 проценти, почнува и примената на блок тарифите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/strujata-od-denes-poskapa-za-7-4-procenti-pochnuva-i-primenata-na-blok-tarifite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/strujata-od-denes-poskapa-za-7-4-procenti-pochnuva-i-primenata-na-blok-tarifite/#respond Fri, 01 Jul 2022 05:23:12 +0000 https://kurir.mk/?p=698102

Од денеска поскапува струјата и почнува да се применува новиот концепт на блок тарифи. Регулаторите уверуваат дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. Не се очекуваат ниту рестрикции на струја, иако не очекува тешка зима. Блок тарифите ќе важат само за скапата струја, а за евтината нема да има блок тарифи и потрошувачката ќе се плаќа врз основа на разлика. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека доколку не се воведат блок тарифите, цената би се зголемила за 17,74 проценти. – РКЕ воведе концепт на блок тарифи со цел да им се помогне на најранливите категории на потрошувачи, но да им се помогне и на домаќинствата што немаат друг избор и друг начин за греење освен електрична енергија и поради тоа блоковите ги проширивме само во висока тарифа до 1050 киловатчасови. Проверете во која било земја во регионот дали има толку високи блокови. Јас ви тврдам најодговорно и цврсто стојам позади тоа дека блоковите кои се определени во Македонија се највисоки во регионот, изјави вчера во Охрид претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски. Тој тврди дека кај 59,9 проценти од потрошувачите во зимскиот период зголемувањето ќе биде 6,6 проценти, кај 20-30 проценти ќе биде од 6,6 до 8,7, кај три проценти од 8,7 до 11,2 а кај тие што трошат многу ќе биде од 11,2 до 99-100 проценти. Опозицијата, пак, смета дека поскапувањето на струјата ќе биде меѓу 17 и 18 проценти. Со новата цена на струјата и новиот тарифен модел, според опозицијата, граѓаните ќе бидат двапати оштетени и ќе горат се што ќе им се најде за да се затоплат оваа зима. Од Владата не кријат дека не очекува тешка зима, но уверуваат дека рестрикции нема да има. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера од МЕФ Енергетскиот форум во Охрид порача дека се прават сите подготовки од страна на ЕСМ да се зголеми производството на електрична енергија и дека согласно нивниот план веќе е зголемено производството. И тој е на став дека со концептот на блок тарифи ќе се ублажат последиците од кризата и ќе им се помогне на најранливите категории на граѓани и на домаќинствата кои немаат друг извор на греење, освен електрична енергија. – Во однос на цените, најголемиот товар ќе падне на тие што грејат базени, кои имаат можност да ги плаќаат сметките, коишто трошат колку што трошат 100 просечни домаќинства во државата месечно. Во однос на просечните граѓани, оние кои трошат просечно согласно сите параметри и нивните потреби, за нив можеби ќе има и помали сметки со воведување на блок тарифите. Секако, дека сите треба да бидеме свесни и да се обидеме да заштедиме што повеќе електрична енергија затоа што ова не е криза само на Северна Македонија, туку глобална криза, рече Бектеши. Според првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, мора да се размислува за градење на капацитети со кои ќе се обезбеди базна енергија бидејќи проблемот со производството на електрична енергија испливал на површина во последниве години на криза. – Да произведуваме до пет илјади гигават часа на годишно ниво, енергетската криза полесно ќе ја поминевме. Мора сега да размислуваме за иднината, да се градат капацитети и да се обезбеди базна енергија, изјави вчера Бислимоски за Канал 5 телевизија. За да се зголеми енергетската независност на државата, потребни се инвестиции во сите обновливи извори – фотоволтаици, ветерни електрани и гасни електрани, смета Бислимоски. – Кога ќе го снема јагленот, ние ќе ја изгубиме независноста. Нас, Сонцето ќе ни ја обезбеди независноста во иднина и мора да се градат гасни централи. Од 2006 година, ТЕЦ Неготино го чуваме како споменик, дури сега се стави во функција. Да се направеше на времето ТЕЦ Неготино на гас, ние ќе имавме еден одличен капацитет за базна енергија. Тоа се пропуштените шанси на политичарите кои мора да се надоместат, порачува Бислимоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/strujata-od-denes-poskapa-za-7-4-procenti-pochnuva-i-primenata-na-blok-tarifite/feed/ 0
За домаќинствата ќе се воведуваат блок тарифи во зависност од потрошувачката на струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-domakjinstvata-kje-se-voveduvaat-blok-tarifi-vo-zavisnost-od-potroshuvachkata-na-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-domakjinstvata-kje-se-voveduvaat-blok-tarifi-vo-zavisnost-od-potroshuvachkata-na-struja/#respond Mon, 16 May 2022 13:25:51 +0000 https://kurir.mk/?p=677386

Во фаза на завршна подготовка е најголемата измена на тарифниот систем за електрична енергија од осамостојувањето до денеска и сигурно е дека ќе се воведат блок тарифи. Во моментов ги правиме последните анализи со Електротехничкиот и Машинскиот факултет – дали да има три или четири блок тарифи, но сигурно е дека блок тарифите нема да важат за евтината струја. Оние домаќинства што повеќе трошат ќе плаќаат поскапа цена на електричната енергија, најави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски. -За евтина тарифа потрошувачката ќе биде неограничена и нема да постојат блокови, а за највисокиот блок цената за домаќинствата ќе биде многу блиску до пазарната. Искуствата во регионот ни покажуваат дека ние ќе бидеме прва таква земја која што ќе примени блокови само за скапа тарифа, бидејќи сметаме дека евтината тарифа треба да остане без никакви ограничувања и домаќинствата да ја користат, бидејќи тоа му одговара и на нашиот електроенергетски систем имајќи во предвид дека во одредени периоди од годината во ноќните часови заради термо производството на регулираниот пазар имаме и вишоци на електрична енергија, рече Бислимоски на денешната прес-конференција. Нагласи дека 17 семејства во државата трошат 10 проценти од вкупната потрошувачка на домаќинствата и додаде дека се стопроцентни плаќачи кои немаат никаков проблем со покривањето на трошоците за електрична енергија. – Тоа е околу 330 милиони киловат часови или тоа е приближно 30 проценти од домашното производство од хидроелектраните во сопственост на ЕСМ. Седумнаесет домаќинства трошат 30 проценти од хидропроизводството. Немаме против да трошат, колку сакаат ќе трошат, но тие домаќинства со енормна потрошувачка ќе плаќаат цена блиску до пазарната, посочи Бислимоски. Ќе одиме, прецизира, со опција три или четири блока со цел да имаме поголем опфат на граѓаните што имаат минимална потрошувачка, што е можно повеќе да опфатиме ранливи категории на потрошувачи и да опфатиме домаќинства што немаат друга опција на греење освен електричната енергија. – Нашите анализи покажуваат дека во државата има околу 660 илјади домаќинства и тоа имаме домаќинства со потрошувачка од 0 до 100 киловат часови – 21,49 проценти и тие се најбројни. Од 100 до 200 киловат часови имаме 14,4 проценти, од 200 до 300 киловат часови имаме 14,86 проценти, од 300 до 400 имаме 12,78 проценти, од 400 до 500 имаме 9,68 проценти, од 500 до 1000 има 19,81 процент и над 1000 киловат часови е приближно 7 проценти. Просечна потрошувачка на домаќинство во државата на месечно ниво изнесува 410 киловат часови, истакна Бислимоски и прецизира дека 53 проценти од потрошувачката на електрична енергија се во скапа, а 47 проценти се во евтина тарифа. За оние потрошувачи чии домови се празни и немаат воопшто потрошувачка на електрична енергија, како што кажа, се размислува да се воведе одреден паушал бидејќи електричната енергија во секој момент им е достапна. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-domakjinstvata-kje-se-voveduvaat-blok-tarifi-vo-zavisnost-od-potroshuvachkata-na-struja/feed/ 0