блокади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 11:01:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png блокади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прилепските пензионери протестираат со блокада на улици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilepskite-penzioneri-protestiraat-so-blokada-na-ulitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilepskite-penzioneri-protestiraat-so-blokada-na-ulitsi/#respond Wed, 25 Oct 2023 11:01:51 +0000 https://kurir.mk/?p=892913

Прилепските пензионери денеска излегоа на протест со блокада на една од поголемите сообраќајници во центарот на Прилеп, повторувајќи ги барањата за линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите и решеноста дека нема да се откажат ниту од протестите ниту од барањата за достоинствен живот. -Денеска е светски ден на правдата, но каква правда ние имаме? Душата ни ја испразнија, а ние се чувствуваме повредени, омаловажени, понижени. Празни сме како теглите што ги покажаа пензионерите. не може да се согласиме, ниту да се помириме со тавот дека ако е линеарно покачувањето на пензиите, ќе биле повредени оние со повисоки пензии. Бараме оставка од министерката за труд и социјална политика, изјави Билјана Шекероска од иницијативниот одбор на пензионерите. -Со месеци протестираме, луѓето се разболија, а никој не сака да го слушне нашиот глас. Но ние не се откажуваме ниту од протестите, ниту од барањата, рече пензионерката Марија Ристеска. Прилепските пензионери ги продолжуваат своите протести на различни локации низ градот. Апелираат на протести да излезат сите пензионери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilepskite-penzioneri-protestiraat-so-blokada-na-ulitsi/feed/ 0
ДУИ блокира иницијатива со која може да се спречи хаос во високото образование https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dui-blokira-initsijativa-so-koja-mozhe-da-se-sprechi-haos-vo-visokoto-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dui-blokira-initsijativa-so-koja-mozhe-da-se-sprechi-haos-vo-visokoto-obrazovanie/#respond Fri, 04 Aug 2023 12:49:57 +0000 https://kurir.mk/?p=863410

ДУИ односно спикерот Талат Џафери и министерот за образование Јетон Шаќири блокираат иницијатива со која може да се спречи хаос во високото образование. Повеќе од 80 еминентни професори од три водечки универзитети во Македонија се потпишале на иницијатива со која што се бара власта да донесе одлука за продолжување на работниот век на универзитетските професори од максимални 67 на 70 години. Иницијативата треба да го реши проблемот што настана со децениското владино блокирање на вработување на асистенти кои требаше да направат научен континуитет и кои по пензионирањето на шефовите на катедри и најискусни професори требаше да ја продолжат едукацијата на високообразовните институции. По 15 година блокада сега на голем број катедри ќе нема кој да продолжи да работи со студентите, магистрантите и докторандите поради што потписниците на петицијата бараат три години продолжување на рокот до пензија за да можат универзитетите да подготват соодветен кадар. На петицијата која ви ја пренесуваме во целост се потпишани звучни имиња од академската заедница. Целиот текст прочитајте го ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dui-blokira-initsijativa-so-koja-mozhe-da-se-sprechi-haos-vo-visokoto-obrazovanie/feed/ 0
КФОР: Во тек отстранување на преостанатите возила од блокадите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kfor-vo-tek-otstranuvanje-na-preostanatite-vozila-od-blokadite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kfor-vo-tek-otstranuvanje-na-preostanatite-vozila-od-blokadite/#respond Tue, 03 Jan 2023 11:17:39 +0000 https://kurir.mk/?p=783473

Мисијата КФОР денеска соопшти дека на северот на Косово во тек е отстранување на неколку возила останати на патиштата по минатомесечните блокади. „Мисијата на КФОР спроведува инженерски операции на северот на Косово за да отстрани некои возила блокирани на патот и да ја врати слободата на движење во согласност со нејзиниот мандат на ОН“, се вели во соопштението. Барикадите што локалните Срби ги поставија во знак на протест против апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ беа отстранети на 29 декември. Пантиќ беше уапсен како осомничен за организирање напади врз службеници на општинските изборни комисии во северниот дел на Косово и на косовската полиција. Основниот суд во Приштина на 29 декември му го замени притворот на Пантиќ со домашен притвор, по што започна отстранувањето на барикадите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kfor-vo-tek-otstranuvanje-na-preostanatite-vozila-od-blokadite/feed/ 0
Блокадата продолжува на „Илинденска“ пред Град Скопје- превозниците бараат прием од Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blokadata-prodolzuva-na-ilindenska-pred-grad-skopje-prevoznicite-baraat-priem-od-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blokadata-prodolzuva-na-ilindenska-pred-grad-skopje-prevoznicite-baraat-priem-od-kovachevski/#respond Fri, 09 Dec 2022 10:16:56 +0000 https://kurir.mk/?p=773020

Во тек е преместувањето на приватните автобуски превозници од пред ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст. Како што изјави за МИА Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“, блокадата на две третини од превозниците е поместена пред Град Скопје при што се блокирани лентите на булевар „Илинденска“ на потегот од Фонтана, па се до крстосницата до ГОБ „8 Септември“. Муриќ исто така изјави дека приватните превозници денеска после 13 часот ќе бараат прием во Владата со премиерот Димитар Ковачевски. Превозниците завчера на координативен состанок одлучија од 10 часот да ги дислоцираат автобусите од кај „Мавровка“ и Црвен крст и да се упатат на бул. „Илинден“, на потегот од зад Владата кон Карпош до „Алумина“. Причина за деблокадите, како што велат, е да се направи поголем притисок на Град Скопје за да им се исплати долгот. Во саботата Муриќ одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побараат повторно средба со градските власти, рече дека Арсовска нема намера да разговара со нив, бидејќи, како што посочи, ги нема аргументите. И тогаш најави дека ќе бараат помош директно и од премиерот Димитар Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blokadata-prodolzuva-na-ilindenska-pred-grad-skopje-prevoznicite-baraat-priem-od-kovachevski/feed/ 0
Продолжуваат блокадите на превозниците, од 10 часот паркирани автобуси ќе има само на „Илинденска“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuvaat-blokadite-na-prevoznicite-od-10-chasot-parkirani-avtobusi-kje-ima-samo-na-ilindenska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuvaat-blokadite-na-prevoznicite-od-10-chasot-parkirani-avtobusi-kje-ima-samo-na-ilindenska/#respond Fri, 09 Dec 2022 06:18:06 +0000 https://kurir.mk/?p=772867

Приватните автобуски превозници и денеска продолжуваат со блокада на сообраќајот во Скопје, но, според најавите, од 10 часот изутринава нивни автобуси ќе има само на бул. „Илинден“, а ќе ги ослободат за движење крстосниците кај ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст. Со паркирани околу 200 автобуси на овие три сообраќајни точки превозниците од понеделникот поставија блокади барајќи исплата на долгот од Град Скопје и ЈСП. Превозниците вчера на координативен состанок одлучија од 10 часот да ги дислоцираат автобусите од кај „Мавровка“ и Црвен крст и да се упатат на бул. „Илинден“, на потегот од зад Владата кон Карпош до „Алумина“. Причина за деблокадите, како што велат, е да се направи поголем притисок на Град Скопје за да им се исплати долгот. – Имавме координација со кооединативното тело на приватните превозници. После вчерашната прес-конференција во Градот Скопје, еден таков дебакл, една таква срамота што е направена, се повеќе излегуваат на виделина аргументите кој е главниот виновник за состојбава, кој е главниот виновник што граѓаните на Град Скопје ни криви, ни должни мораат да го трпат сето ова, која е главниот виновник што не сме исплатени, кој е главниот виновник за хаосот во сообраќајот. Тоа е директно градската управа, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Се повеќе нашиот револт се насочува и се фокусира кон управата на Град Скопје, изјави вчера Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побараат повторно средба со градските власти, Муриќ рече дека Арсовска нема намера да разговара со нив, бидејќи, како што посочи, ги нема аргументите. Најави дека ќе бараат помош директно и од премиерот Димитар Ковачевски. – Колку пати веќе баравме средба со градоначалничката на Град Скопје. Колку пати вие медиумите ја чекавте да ви даде изјава. Таа нема намера да разговара ниту со вас, ни со нас бидејќи ги нема аргументите. Да ги имаше аргументите и да беше во право многу, многу одамна ќе излезеше и ќе се разјаснеа работите. Ќе бараме помош од сите засегнати институции, од повисоките инстанции на власта. Ќе бараме помош директно од премиерот на Република Македонија затоа што тој е премиер на сите граѓани, а ние сме дел од тие граѓани. Засегнати сме директно и бараме помош, медијација, каква било форма ќе бараме и од него, рече тој. Возач, кој оваа дејност ја извршува веќе 33 години, вчера на протестот рече дека му должат околу шест илјади евра. – Јас со една смена шест илјади, имаме колеги што се по 10 смени, по 11 смени, тука се некаде по 60-70 илјади евра, а должат по 100 илјади евра нафта. Ние ова што го работиме веќе три години сме во минус. Од пандемијата наваму ние сме се во минус. Но, ајде ќе издржиме. Јас оваа дејност ја извршувам веќе 33 години. И се сме во минус. Три години и повеќе сме во минус. Јас не можам 25 илјади денари да ги одвојам на страна за да ја хранам фамилијата. А кај ми се трошоците, кај за да го обновам возилото. Па јас со 25 илјади и едно 5 илјади се позајмувам од другариве, од колегиве за да излезам на крај. Не можам да излезам на крај со мојата плата. Имам трошоци кај автобусот. Не можеме веќе, исцрпени сме, рече возачот. Од Град Скопје завчера соопштија дека ќе биде објавен нов јавен повик за приватните автобуски превозниците на линиите со број 20 и 22. – Ги повикуваме сите приватни превозници да аплицираат на објавениот јавен повик, индивидуално или преку претставник на група на приватни превозници, се вели во соопштението на Градот. Единствена разлика, како што велат од Град Скопје, е во тоа што ниту „Слобода Превоз“ ниту „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот поради прекршување на одредбите од договорот од нивна страна. Муриќ вчера потврди дека остануваат на ставот ниту еден превозник да не се јави на јавниот повик од страна на Град Скопје, посочувајќи дека тоа е само обид за разединување и разбивање на единството на приватните превозници. – Тој оглас прво е многу некоректно направен и некоректно поставен. Зошто? Нека ни го исплатат долгот што ни го должат, нека ни ги презентираат условите па да разговараме. Меѓутоа, без да ни го исплатат долгот и без да не вклучат како неправедно исклучени од сообраќај, како што најавувавме и порано, работите во од да се решаваат ни на крај памет не ни е, на ниту еден од нас тука, одговорно ви тврдам. Значи, тоа е една фарса и обид за разнебитување и разединување на приватните превозници што ви гарантирам дека нема да се случи, рече Муриќ. Власта и опозицијата и вчера излегоа со меѓусебни обвинувања за сообраќајниот хаос предизвикан од блокадите на приватните автобуски превозници. Од СДСМ преку соопштение посочија дека делумното повлекување на блокадата во главниот град не значи и решение за колапсот на јавниот превоз во Скопје кој, наведуваат, го создаде неспособната ВМРО-ДПМНЕ. – Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го созададоа и да го ослободат и Скопје и државата од блокади и хаос. Градоначалничката, претседателот на Светот, мнозинството во Советот на Град Скопје, директорите и членовите на управните одбори на јавните претпријатија во Скопје сите се кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Нека седнат и нека работат, да најдат решение за колапсот на сообраќајот во Скопје, се наведува во партиското соопштение. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, побара власта и раководството на Град Скопје да испорачаат решение за проблемите на приватните автобуски превозници и „да се престане со политика врз грбот на граѓаните“. Најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи секое решение што е во интерес на граѓаните и на скопјани. Претходно завчера директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски изјави дека целосно се повлекува од неговата улога во протестот на приватните превозници во чие име зборуваше во изминатиот период, како што рече, да не се злоупотребува неговото име, а блокадите остануваат и понатаму. Во однос на новиот јавен повик од страна на Град Скопје, тој рече дека никој од превозниците присутни на протестот кои досега ја извршуваа својата дејност нема намера да се пријави, доколку долгот не биде расчистен. Приватните превозници бараат од Град Скопје да се подмири долгот кон двете компании кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање поради недостиг на средства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuvaat-blokadite-na-prevoznicite-od-10-chasot-parkirani-avtobusi-kje-ima-samo-na-ilindenska/feed/ 0
Протестите од утре се дислоцираат: Еве каде ќе блокираат приватните превозници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestite-od-utre-se-dislociraat-eve-kade-kje-blokiraat-privatnite-prevoznici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestite-od-utre-se-dislociraat-eve-kade-kje-blokiraat-privatnite-prevoznici/#respond Thu, 08 Dec 2022 13:04:15 +0000 https://kurir.mk/?p=772745

Координативното тело донесе одлука протестите од раскрсницата кај Црвен крст и „Мавровка“ да се дислоцираат утре во 10 часот пред бараките на Град Скопје на булевар „Илинденска“ кој што ќе биде блокиран во сите четири ленти, на потег од позади Владата кон Карпош до „Алумина“, информира денеска на прес-конференција Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“. – Имавме координација со кооединативното тело на приватните превозници. После вчерашната прес-конференција во Градот Скопје, еден таков дебакл, една таква срамота и брука што е направена, се повеќе излегуваат на виделина аргументите кој е главниот виновник за состојбава, кој е главниот виновник што граѓаните на Град Скопје ни криви, ни должни мораат да го трпат сето ова, која е главниот виновник што не сме исплатени, кој е главниот виновник за хаосот во сообраќајот? Тоа е директно градската управа, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Се повеќе нашиот револт се насочува и се фокусира кон управата на Град Скопје, рече Муриќ. Тој претпладнево во изјава за медиумите потврди дека остануваат на ставот ниту еден превозник да не се јави на јавниот повик од страна на Град Скопје, посочувајќи дека тоа е само обид за разединување и разбивање на единството на приватните превозници. Приватните превозници бараат од Град Скопје да се подмири долгот кон двете компании кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање поради недостиг на средства. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestite-od-utre-se-dislociraat-eve-kade-kje-blokiraat-privatnite-prevoznici/feed/ 0
ПОВТОРНО БЛОКАДИ НИЗ СКОПЈЕ: Приватните автобуски превозници ќе останат се до исполнување на нивните барања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-blokadi-niz-skopje-privatnite-avtobuski-prevoznici-kje-ostanat-se-do-ispolnuvanje-na-nivnite-baranja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-blokadi-niz-skopje-privatnite-avtobuski-prevoznici-kje-ostanat-se-do-ispolnuvanje-na-nivnite-baranja/#respond Mon, 05 Dec 2022 06:32:04 +0000 https://kurir.mk/?p=770988

Приватните автобуски превозници денеска од шест часот наутро повторно поставија блокади на неколку главни точки во главниот град, односно крстосниците пред ТЦ Мавровка, Црвен Крст, како и Булеварот Илинден околу локацијата на градското Собрание. Тие велат дека овој пат нема да ги тргнат блокадите се до исполнување на нивните барања. Кемал Муриќ од приватниот превозник „Слобода превоз” вели дека нема да се тргнат блокадите додека нема напредок за излез од состојбата. – Како што најавивме денеска автобусите се паркирани и ќе бидат тука се додека нема напредок од состојбава, односно да не викнат на разговори и да се договориме за динамиката за исплата на заостанатиот долг, да продолжат неделните уплати за да можеме да се вклучиме на линија се со цел да не трпат граѓаните, рече Муриќ. На прашањето за новиот јавен повик за поединечно аплицирање на возачите, тој рече дека тоа е обид за разбивање на единството на привстните автобуски превозници. На протестот со блокадите низ градот Скопје се автобуските превозници од двете компании, „Слобода превоз“ и „Макекспрес“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-blokadi-niz-skopje-privatnite-avtobuski-prevoznici-kje-ostanat-se-do-ispolnuvanje-na-nivnite-baranja/feed/ 0
МВР се огласи по најавените блокади, еве каде ќе има посебен сообраќаен режим https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-se-oglasi-po-najavenite-blokadi-eve-kade-kje-ima-poseben-soobrakjaen-rezim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-se-oglasi-po-najavenite-blokadi-eve-kade-kje-ima-poseben-soobrakjaen-rezim/#respond Thu, 01 Dec 2022 11:37:24 +0000 https://kurir.mk/?p=769449

Министерството за внатрешни работи информира дека на 02.12.2022 (петок) поради најавено одржување на протест со почеток во 06.00 часот, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Посебен сообраќаен режим има на бул „Илинден“, од крстосницата на бул „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со бул.8-ми Септември и околните улици. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-se-oglasi-po-najavenite-blokadi-eve-kade-kje-ima-poseben-soobrakjaen-rezim/feed/ 0
„УЛТИМАТУМ, НЕ БЛАГОДАРАМ“: Галерија од вчерашните блокади ширум Македонија (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ultimatum-ne-blagodaram-galerija-od-vcherashnite-blokadi-shirum-makedonija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ultimatum-ne-blagodaram-galerija-od-vcherashnite-blokadi-shirum-makedonija-foto/#respond Fri, 08 Jul 2022 14:03:30 +0000 https://kurir.mk/?p=702383

Под мотото „Ултиматум - Не благодарам“, граѓаните револтирани од францускиот предлог вчера блокираа повеќе патни правци низ земјата. Имено, од 13 до 14 часот блокирана беше раскрсницат кај Владата на Република Македонија, како и магистралните патишта Штип - Велес, Струмица - Радовиш и Плетвар - Прилеп. Поради утрешниот празник Рамазан Бајрам кој го прославуваат верниците од Исламска вероисповед утре нема да има протести, а во недела со почеток од 19 часот најавено е за голем сенароден протест пред Владата. Инаку, шест дена по ред во Скопје се одржуваа масовни протести против власта, за која е прифатлив францускиот предлог а кој задира во македонските национални интереси. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ultimatum-ne-blagodaram-galerija-od-vcherashnite-blokadi-shirum-makedonija-foto/feed/ 0
Ковачки: Ја повикуваме власта и државното раководство да кажат НЕ на понижувачкиот предлог од страна на Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-ja-povikuvame-vlasta-i-drzavnoto-rakovodstvo-da-kazat-ne-na-ponizuvachkiot-predlog-od-strana-na-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-ja-povikuvame-vlasta-i-drzavnoto-rakovodstvo-da-kazat-ne-na-ponizuvachkiot-predlog-od-strana-na-bugarija/#respond Fri, 08 Jul 2022 11:38:49 +0000 https://kurir.mk/?p=702285

Денеска е седмиот ден откако гласно кажа народот НЕ на ултиматумот, НЕ благодарам на понижувачкиот предлог од страна на Бугарија. Денеска почнуваме со блокади на неколку места низ Република Македонија, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Народот јасно ја повикува владата и државното раководство да каже НЕ на ултиматумот. Власта да не се обидува преку обиди во Парламентот да протурка нешто, каде што имаат гласачка машинерија од група на пратеници за кои што знаеме дека ќе гласаат во склад со нивните барања. Власта е одговорна пред овој народ. Власта не смее да ги распродава националните македонски интереси, туку е должна истите да ги брани, додава Ковачки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-ja-povikuvame-vlasta-i-drzavnoto-rakovodstvo-da-kazat-ne-na-ponizuvachkiot-predlog-od-strana-na-bugarija/feed/ 0