блокирани сметки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Jun 2021 08:33:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png блокирани сметки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Блокирани сметките на граѓаните од страна на УЈП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/blokirani-smetkite-na-gragjanite-od-strana-na-ujp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/blokirani-smetkite-na-gragjanite-od-strana-na-ujp/#respond Fri, 04 Jun 2021 08:33:19 +0000 https://kurir.mk/?p=518881

И покрај доцнењето на финансиската помош на Владата за плати кон фирмите, а со тоа и исплатата на платата на работниците, УЈП преку Центарот за наплата за глоби изминатите денови до граѓаните достави приближно 14.000 решенија за присилна наплата (најголем број сообраќајни прекршоци изречени од страна на МВР за сторен сообраќаен прекршок, Мин за тран и врски и др државни органи) Половина од нив или околижу 7000 добија блокирани трансакциски сметки, за износи од сума од приближно 3000 денари, со што уште еднаш УЈП удри по нај ранливата категорија на луѓе во Македонија. Останатите, или приближно околу 7000 граѓани, добија решение за присилна наплата од плата, кај своите работавачи ( за казни од МВР, СУД, Мин за транспорт, во висина од 100 до 500 евра. Со оваа рестриктривна мерка во празниот Буџет ќе се слејат повеќе од 2 милјони евра, пари од џебот на граѓаните. Да е уште потрагично ,по основ на глоби изречени од МВР,МТВ и др држ органи се блокират неосновано голем број на граѓани -спротивно на чл.42 од Закон за прекршоци кој ја регулира застареноста на делото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/blokirani-smetkite-na-gragjanite-od-strana-na-ujp/feed/ 0
Важна информација за граѓаните со блокирани сметки на кои им следува помошта од 6.000 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-informacija-za-gragjanite-so-blokirani-smetki-na-koi-im-sleduva-pomoshta-od-6-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-informacija-za-gragjanite-so-blokirani-smetki-na-koi-im-sleduva-pomoshta-od-6-000-denari/#respond Wed, 23 Dec 2020 14:29:02 +0000 https://kurir.mk/?p=447246

Граѓаните со блокирани сметки кои добиле државна помош од 6000 денари, до петок треба да ги ажурираат податоците во банките и да си ги подигнат парите. За нив банките отвораат посебни, наменски сметки. „Лицата со блокирани сметки ќе можат да ја подигнат финансиската помош преку која било експозитура од филијалите на банката најдоцна до петок,25.12.2020 година. Во спротивно нема да можат да ги користат. Банката не ги ослободува овие средства од активни или идни блокади по 25.12.2020 година“, стои во известувањата од банките. Корисниците кои немаат сметки, а добиле парична помош, пак, најдоцна до утре треба да одат во која било филијала на банките и со важечка лична карта да отворат трансакциски сметки, најдоцна до утре, четврток 24.12.2020. Податоците во банките треба да ги ажурираат и сите останати граѓани кои добиле парична помош за справување со последиците од пандемијата, најдоцна до утре. Од банките предупредуваат дека средствата може да ги искористат само клиентите кои ги ажурирале податоците. Со четвртиот сет мерки за справување со последиците од коронавирусот помош од 6.000 денари ќе добијат 283.000 граѓани за што Владата одвои 27,3 милиони евра кои до крајот на неделава треба да им бидат исплатени на сите корисници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-informacija-za-gragjanite-so-blokirani-smetki-na-koi-im-sleduva-pomoshta-od-6-000-denari/feed/ 0
Фирмите со блокирани сметки до крајот на годината ќе можат да вршат намирувања преку компензации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/firmite-so-blokirani-smetki-do-krajot-na-godinata-kje-mozat-da-vrshat-namiruvanja-preku-kompenzacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/firmite-so-blokirani-smetki-do-krajot-na-godinata-kje-mozat-da-vrshat-namiruvanja-preku-kompenzacii/#respond Mon, 07 Jan 2019 12:52:26 +0000 https://kurir.mk/?p=149403

Фирмите кои имаат блокирани трансакциски сметки ќе можат да вршат плаќања со пресметка на меѓусебните побарувања и обврски до крајот на оваа година. Измените на Законот за платен промет, со кој се предлага да се продолжи рокот е на дневен ред на утрешната собраниска седница. Со предложената одредба правните субјекти кои имаат блокирани сметки меѓусебното намирување на паричните обврски и побарувања преку компензација, асигнација, цесија и преземање долг ќе можат да го вршат и во текот на 2019 година, односно до 31 декември 2019 година. Со постојните одредби од Законот за платниот промет е утврдено дека учесниците во платниот промет кои имаат блокирана сметка можат меѓусебното намирување на паричните обврски и побарувања преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг да го вршат до 31 декември 2018 година. Според предлагачот со престанување на можноста за плаќање со пресметка ќе се доведе во прашање натамошното работење на правните лица со блокирани сметки, а целта на продолжување на рокот е да се овозможи фирмите со финансиски проблеми да продолжат со работа и да им се остави дополнителен период од една година во кој ќе се консолидираат и ќе продолжат нормално да функционираат. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/firmite-so-blokirani-smetki-do-krajot-na-godinata-kje-mozat-da-vrshat-namiruvanja-preku-kompenzacii/feed/ 0
Хаосот кулминира: Блокирана сметката на ФК Вардар! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/haosot-kulminira-blokirana-smetkata-na-fk-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/haosot-kulminira-blokirana-smetkata-na-fk-vardar/#respond Thu, 26 Jul 2018 13:48:19 +0000 https://kurir.mk/?p=81416

Кога сите помислија дека Вардар со елиминацијата од Пјуник во квалификациите за Лига Европа ги доживува најтешките моменти во последните неколку години, стигна информација дека од вчера е блокирана и сметката на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, пренесува Спорт1.
Клубот нема да може нормално да функционира, зашто и онака климавото финансиско работење сега е доведено целосно во прашање. Спорт1 дознава дека сметката е блокирана од страна на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, зашто Вардар должел огромни пари за користењето на арената „Филип Втори“. Наводно, црвено-црните не го плаќале користењето на стадионот неколку години, па сумата која се наталожила сега била огромна. Не се знае каков потег сега ќе повлече газдата на Вардар, Русинот Сергеј Самсоненко, чии луѓе во управата на клубот веќе се во преговори, најпознатиот македонски спортски бренд да биде вратен под капата на Град Скопје,од каде што и беше земен пред четири ипол години. Самсоненко во неколку наврати јавно протестираше за цените за закуп на стадионот, кои нагло се зголемија пред ланското учество во Лигата на Европа. Но, потоа работата спласна и Вардар продолжи да го користи стадионот. Во меѓувреме, долговите растеле... Според ценовникот, и тоа оној „поевтиниот“, за секој домашен меч без рефлектори, Вардар требаше да плаќа по 1.500 евра, а за ноќен термин двојно повеќе. За меѓународни натпревари сумата беше неколкупати поголема. На прес лани, пред стартот на натпреварите од Лигата на Европа, вардарци обелоденија дека од нив се бара да платат по 40 илјади евра за секој меч. Во моментов, во Вардар има сериозна беспарица, клубот им должи на фудбалерите по шест плати, плус премии за пласманот во Лигата на Европа. Во меѓувреме се склучуваат нови договори со нови фудбалери иако ништо не им е подмирено ниту на старите играчи, тие што го направија историскиот успех лани. Според проценките, вкупните долгови на клубот ја достигнуваат сумата од околу два милиони евра.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/haosot-kulminira-blokirana-smetkata-na-fk-vardar/feed/ 0