блокирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Dec 2020 14:56:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png блокирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес со филибатестеринг ја блокира работата на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalicijata-denes-so-filibatestering-ja-blokira-rabotata-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalicijata-denes-so-filibatestering-ja-blokira-rabotata-na-sobranieto/#respond Thu, 24 Dec 2020 14:53:05 +0000 https://kurir.mk/?p=447818

Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50% во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нерелано висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра, стои во соопштението на претеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија. - Се поставува прашањето зошто Владата на Макпетрол сака да му плати екстра 14,2 милиони евра? Зошто Државниот правобранител не сакал да даде дозвола на премиерот Заев да го потпише договорот? Зошто се оди со закон во Собрание што никогаш претходно не се случило во историја на Македонија? Затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата прави се со долги говори да ја блокира работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пар, велат од пратеничката група.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalicijata-denes-so-filibatestering-ja-blokira-rabotata-na-sobranieto/feed/ 0
Фејсбук ќе блокира дезинформации во врска со вакцината против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-kje-blokira-dezinformacii-vo-vrska-so-vakcinata-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-kje-blokira-dezinformacii-vo-vrska-so-vakcinata-protiv-kovid-19/#respond Fri, 04 Dec 2020 08:34:53 +0000 https://kurir.mk/?p=438531

Фејсбук соопшти дека ќе ги блокира лажните и научно неиздржани тврдења за вакцината против Ковид-19. Станува збор за проширување на постојните правила на компанијата против дезинформации за пандемијата. Фејсбук се одлучи на овој чекор по веста дека наскоро ќе започне вакцинацијата против коронавирусот низ целиот свет, пренесуваат светските медиуми. Како што наведуваат, идеолошки различни групи ширеа дезинформации за вакцините на социјалните мрежи за време на пандемијата, вклучително и дека истражувањето е спроведено врз луѓе без нивна согласност, поради што компанијата одлучи да застане на патот на лажните вести и дезинформации. Компанијата Јутјуб го стори тоа во октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-kje-blokira-dezinformacii-vo-vrska-so-vakcinata-protiv-kovid-19/feed/ 0
Во Белорусија блокирани порталите кои известуваа за протестите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belorusija-blokirani-portalite-koi-izvestuvaa-za-protestite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belorusija-blokirani-portalite-koi-izvestuvaa-za-protestite/#respond Sat, 22 Aug 2020 13:02:04 +0000 https://kurir.mk/?p=393911

Властите во Белорусија блокираа над 20 интернет-страници, вклучително и некои странски портали, кои известуваа за двонеделните антивладини протести, соопшти денеска Белоруското здружение на новинари. Додека државната издавачка куќа престана да ги печати независните весници Народна волја и Комсомолскаја правда, а како причина ја наведе неисправност на опремата. Демонстрациите во Белорусија почнаа на 9 август поради незадоволство од изборините резултати според кои Лукашено го освои шестиот мандат со над 80 отсто од гласовите. Демонстрантите бараат оставка од Лукашенко, додека тој тврди дека протестите имаат финансиска и воена поддршка од Запад. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belorusija-blokirani-portalite-koi-izvestuvaa-za-protestite/feed/ 0
Инстаграм ќе блокира антиваксерски хаштагови https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/instagram-kje-blokira-antivakserski-hashtagovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/instagram-kje-blokira-antivakserski-hashtagovi/#respond Fri, 10 May 2019 17:08:05 +0000 https://kurir.mk/?p=196593

Инстаграм соопшти дека ќе блокира хаштагови кои се употребуваат за ширење на „потврдено неточни“ информации поврзани во вакцини. Веќе се блокирани хаштаговите, кои сами по себе се неточни тврдења како #vaccinescauseautism (вакцините предизвикуваат аутизам). Компанијата соопшти дека сега ќе блокира уште хаштагови, кои таканаречените антиваксери ги употребуваат за ширење лаги. Сепак, неколку антиваксерски теми и профили, кои шират дезинформации и лаги, остануваат активни на Инстаграм. Претставници на платформата за Би-Би-Си изјавија дека нема да преземат акции против луѓе и профили кои се самоопределуваат како антиваксери. Но, се стремат да ограничат ширење на лажни тврдења, затоа што тие имаат опасни последици во реалниот свет и во општеството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/instagram-kje-blokira-antivakserski-hashtagovi/feed/ 0
Фејсбук тестира функција за блокирање на одредени зборови во нашите профили https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/fejsbuk-testira-funkcija-za-blokiranje-na-odredeni-zborovi-vo-nashite-profili/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/fejsbuk-testira-funkcija-za-blokiranje-na-odredeni-zborovi-vo-nashite-profili/#respond Fri, 30 Nov 2018 12:40:46 +0000 https://kurir.mk/?p=134152

Некогаш имаме потреба да избришеме пораки од ѕидот на нашиот Фејсбук профил, бидејќи не сакаме да ги видат другите корисници. Во некои ситуации, содржината можеби не е соодветна и не сакате таа да биде јавно достапна за секого. Фејсбук веќе започна тестови со интересна нова функција која има цел да го олесни овој процес. Благодарение на тоа ќе имаме можност да блокираме одредени зборови или фрази, за да не се прикажуваат на нашиот ѕид. Според „9 ту 5 мек“, во блиска иднина ќе гледаме дополнителен панел со кој ќе ја филтрираме употребата не само на зборови и изрази, туку и на емотикони, и тие станаа незаменлив дел од современата комуникација. Taка ќе имаме уште поголема контрола над содржината што ја гледаме, а исто така и брзо ќе блокираме објави кои ги содржат несоодветните зборови, изрази и емотикони на Фејсбук. Коментарите со зборовите што ги забранувате нема да се појавуваат во вашата сметка, но ќе бидат видливи за сите други. Интеграцијата на таков систем е уште една алатка со која компанијата ќе се обиде да го спречи ширењето на навредливи или непристојни содржини. Функцијата сѐ уште се тестира и не знаеме кога ќе може да ја користиме. Можноста да ги блокираме зборовите или изразите ќе нè поштеди од непријатностите при закачувањето на несоодветни содржини во нашата сметка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/fejsbuk-testira-funkcija-za-blokiranje-na-odredeni-zborovi-vo-nashite-profili/feed/ 0