боб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Aug 2023 07:20:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png боб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Боб фризурата ќе биде водечки тренд оваа есен: Новиот начин на стилизирање ги полуде инфлуенсерките https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bob-frizurata-ke-bide-vodechki-trend-ovaa-esen-noviot-nachin-na-stilizirane-gi-polude-influenserkite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bob-frizurata-ke-bide-vodechki-trend-ovaa-esen-noviot-nachin-na-stilizirane-gi-polude-influenserkite/#respond Wed, 23 Aug 2023 07:20:22 +0000 https://kurir.mk/?p=869855

Трендот кој се наметнува кога станува збор за стилизирање на косата е дефинитивно боб фризурата Промената на годишните времиња неминовно води до промена и на модните и на трендовите за убавина. Меѓутоа, со доаѓањето на есента, не само што се воспоставуваат различни правила на игра, туку септември е неспорно синоним за нови почетоци. Црвените тонови ќе доминираат оваа есен и во модната и во индустријата за убавина, а трендот што се појавува кога станува збор за стилизирање на косата е дефинитивно боб фризурата. Откако францускиот боб го заменивме со италијанскиот и ги запоставивме острите форми, префрлајќи го фокусот на разбушавениот ефект, време е да дознаеме каков е моменталниот начин на стилизирање на оваа фризура. Овој боб е тренд кој на класичната боб фризура и дава драстично поголем волумен. Одлично ќе се вклопи во претстојната модна ера. Како и класичната боб фризура, така и нејзината понагласена верзија има неколку начини на стилизирање. И секој си кажува приказна за себе. Имено, можете да го носите бобот со патец на средината или на страна. Единствено важно е да внимавате при сушењето со фен и на корените да им го дадете тој „кадифен“ ефект. Исто така, овој нагласен боб може да биде прав со малку завиткани краеви, како и брановиден или целосно виткан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bob-frizurata-ke-bide-vodechki-trend-ovaa-esen-noviot-nachin-na-stilizirane-gi-polude-influenserkite/feed/ 0