бобан бабунски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Jul 2018 13:58:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бобан бабунски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бабунски веќе не е тренер на Вардар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/babunski-vekje-ne-e-trener-na-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/babunski-vekje-ne-e-trener-na-vardar/#respond Mon, 16 Jul 2018 13:58:51 +0000 https://kurir.mk/?p=77439

Фудбалскиот клуб Вардар остана без тренер на само три дена пред реванш натпреварот од првото коло во квалификациите за Лига Европа против ерменски Пјуник.

- Вардар денеска донесе одлука за разрешување на досегашниот шеф на стручниот штаб Бобан Бабунски и тој повеќе нема да ја води екипата на „црвено-црните“. На Бабунски му се заблагодаруваме на досегашната соработка и му посакуваме многу успех во иднина, соопштија од фудбалскиот клуб.

Бабунски беше назначен за тренер во април оваа година на местото на Чедомир Јаневски и го предводеше тимот во финишот од минатата сезона, како и во првиот квалификациски натпревар од Лигата на Европа. Вардар на реваншот против Пјуник ќе го предводи досегашниот помошник тренер Александар Васоски. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/babunski-vekje-ne-e-trener-na-vardar/feed/ 0
Бабунски: Со верба во себе можеме да бидеме успешни со Пјуник https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/babunski-so-verba-vo-sebe-mozeme-da-bideme-uspeshni-so-pjunik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/babunski-so-verba-vo-sebe-mozeme-da-bideme-uspeshni-so-pjunik/#respond Thu, 21 Jun 2018 10:42:57 +0000 https://kurir.mk/?p=68164

Тренерот на Вардар, Бобан Бабунски ги искажа своите први импресии после вчерашната ждрепка во УЕФА која го додели Пјуник за противник на „црвено-црните“ во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. - Нема слаби противници, знаејќи го квалитетот на ерменските интернационалци Хамбарџумјан и на Барсегјан кои беа и се главни играчи во Вардар, нашиот противник сигурно ќе го има нашиот респект. Треба да ја гледаме нашата игра и идеја која ја спроведуваме на овие подготовки, и потоа да ја играме на двата натпревари. Од играчите ќе барам да бидат максимално подготвени, и да веруваат во своите квалитети како би ја минале првата пречка во Европа, вели Бабунски во изјавата за клупскиот сајт на „црвено-црните“. Вардар на првиот дуел ќе гостува во Ерменија на 12 јули во Ереван, седум дена подоцна е реваншот во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/babunski-so-verba-vo-sebe-mozeme-da-bideme-uspeshni-so-pjunik/feed/ 0
Бабунски останува тренер на Вардар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/babunski-ostanuva-trener-na-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/babunski-ostanuva-trener-na-vardar/#respond Mon, 04 Jun 2018 11:25:42 +0000 https://kurir.mk/?p=62134

Бобан Бабунски и следната сезона ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на Вардар, соопштија „црвено-црните“ преку својата веб страница. Клубот и Бабунски се договорија на соработка во траење од една година, односно до завршувањето сезона 2018/2019. - Во минатото Бабунски како играч беше дел од Вардар, а до прифаќањето на новата улога, беше дел од Фудбалската Академија на нашиот клуб. Од младинската школа на „црвено-црните“ во стручниот штаб на првиот тим се приклучуваат тренерите Владимир Колев, Сашо Тодоровски и Раденко Бојовиќ, кои ќе му бидат асистенти на Бабунски. Досегашниот асистент тренер Александар Васоски и тренерот на голманите Саша Илиќ и натаму ќе бидат дел од стручниот штаб на сениорскиот тим на Вардар, информираат од ФК Вардар. Бабунски веќе беше на клупата на поранешниот македонски шампион во финишот на штотуку завршената сезона и го водеше тимот на последните девет натпревари од првенството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/babunski-ostanuva-trener-na-vardar/feed/ 0