Бобан Вучевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jun 2023 11:14:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бобан Вучевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Условни пресуди за обвинетите доктори Бесими и Етеми за пожарот во Модуларната болница во Тетово, д-р Вучевски ослободен од вина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovni-presudi-za-obvinetite-doktori-besimi-i-etemi-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-d-r-vuchevski-osloboden-od-vina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovni-presudi-za-obvinetite-doktori-besimi-i-etemi-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-d-r-vuchevski-osloboden-od-vina/#respond Mon, 05 Jun 2023 11:14:40 +0000 https://kurir.mk/?p=842233

Тетовскиот суд денеска изрече условна пресуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми и правното лице Клиничка болница за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ за пожарот во Модуларната болница во Тетово. Ослободителна пресуда беше донесена за докторот Бобан Вучевски кој се товареше за делото „непостапување по здравствени прописи“. Осудените добија казна една година и шест месеци, со услов во наредните три години да не повторат делото. Заедно со Вучевски и Клиничка болница е ослободена за делото "непостапување по здравствени прописи". На Клиничката болница и е изречена парична казна од еден милион денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovni-presudi-za-obvinetite-doktori-besimi-i-etemi-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo-d-r-vuchevski-osloboden-od-vina/feed/ 0
Граѓаните побараа ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-pobaraa-osloboditelna-presuda-za-doktorot-boban-vuchevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-pobaraa-osloboditelna-presuda-za-doktorot-boban-vuchevski/#respond Tue, 25 Apr 2023 09:13:40 +0000 https://kurir.mk/?p=827275

Повторно пред судот во Тетово граѓани се собраа на мирен јавен протест од кој побараа да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски, кој е еден од обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница. Граѓаните го потенцираат ставот дека докторот бил на работа за да лекува луѓе, а не да презема обврски околу инфраструктурата на болницата. - Првин грешката е во обвинителство, докторот има обврска да ги лекува луѓето, а не да прави прием на модуларна болница, да провери електрична инсталација, да провери дали панелите од бараките се огноотпорни или помалку запаливи, значи кривицата е дефинитивно кај тој што ја конструирал модуларната болница, а не докторот, кој 24 часа беше достапен на сите граѓани од Тетово и пошироко. Ако сакаат да го поправат процентот на доверба во судството, кое моментално е најниско во државава, тогаш нека размислат за пресудата, рече присутен граѓанин. Граѓаните кои редовно доаѓаат на овие протести кога се одржува судскиот процес потсетија дека докторот за време на пандемијата со Ковид-19 е тој што совесно ја извршувал својата работа и на многу луѓе им помогнал да ја пребродат болеста. - Да се донесе ослободителна пресуда за докторот да не доаѓа по овие судници. На него му е местото да биде со пациентите. Затоа за жал во нашава држава, најдобрите, најхумани доктори ќе ни ја напуштаат земјава и ќе нема кој да не лекува. Овој доктор треба да биде награден, а не да доаѓа овде во судниците. Затоа што нема никаква вина, тој колку може помагал и сè уште помага на пациентите. Значи, ова е нанесена неправда, за жал, треба да се награди, а не да доаѓа овде да го губи времето. Него го чекаа пациенти на кои им пружаа што е можно најголема помош и спасува многу народ, изјави една жена присутна на протестот. За пожарот во модуларната болница поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се товараат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-pobaraa-osloboditelna-presuda-za-doktorot-boban-vuchevski/feed/ 0
Протест пред тетовскиот суд за поддршка на лекарот Бобан Вучевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-pred-tetovskiot-sud-za-poddrshka-na-lekarot-boban-vuchevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-pred-tetovskiot-sud-za-poddrshka-na-lekarot-boban-vuchevski/#respond Tue, 27 Dec 2022 11:01:52 +0000 https://kurir.mk/?p=781112

Жители на Тетово се собраа пред зградата на Основен суд во знак на поддршка на лекарот Бобан Вучевски, еден од обвинетите за пожарот во тетовската модуларната болница во кој животите ги загубија 14 луѓе во септември 2021 година. Граѓаните се собраа пред денешното продолжување на судскиот процес кој започна на 7 декември. Дел од насобраните граѓани во изјави за медиумите истакнаа дека дошле да му дадат поддршка на лекарот, сметајќи дека неправедно е обвинет. Според граѓаните, за пожарот не постои лекарска вина и нема логика лекар да одговара за пожар. – Јас не сум да се амнестираат виновници, но, вистинските виновници не се кријат овде денеска во судот, тие треба да се најдат таму каде што се. Да се работи за лекарска грешка во ред, тука не се работи за лекарска грешка, за техничка грешка се работи за која треба да одговора некој друг, а тој друг се знае кој е, тоа се авторите на овие објекти што ги градат низ Македонија, изјави жител на Тетово. Друг жител за лекарот сподели дека за време на кризата тој го дал својот максимум и покажал како треба еден лекар да изгледа, човек кој се грижи за граѓаните. – Обвинителството да размисли за своите предлози, изјави тој. Жителка на Тетово посочи дека се собрани за поддршка на лекарот Вучевски, кој, како што рече „ беше 24 часа достапен за време на ковид-кризата“. За пожарот во модуларната болница покрај лекарот Вучевски обвинети се двајцата тогашни директори Флорин Бесими и Артан Етеми и Клиничка болница како правно лице.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-pred-tetovskiot-sud-za-poddrshka-na-lekarot-boban-vuchevski/feed/ 0