Бобек Шуклев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 13:08:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бобек Шуклев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 БАРАЛЕ ПОТКУП И СЕКСУАЛНИ УСЛУГИ: Вкупно осум години затвор за двајца универзитетски професори од Економскиот факултет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/barale-potkup-i-seksualni-uslugi-vkupno-osum-godini-zatvor-za-dvajtsa-univerzitetski-profesori-od-ekonomskiot-fakultet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/barale-potkup-i-seksualni-uslugi-vkupno-osum-godini-zatvor-za-dvajtsa-univerzitetski-profesori-od-ekonomskiot-fakultet/#respond Thu, 07 Sep 2023 13:08:32 +0000 https://kurir.mk/?p=875760 Основниот Кривичен суд Скопје денеска ги прогласи за виновни за примање и давање поткуп тројцата професори од Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, во врска со предметот „Еразмус“. На Бобек Шуклев и Славе Ристевски судот им изрече вкупно осум години казна затвор, додека Драган Денковски доби условна казна затвор.

На професорот Бобек Шуклев за примање поткуп му беше изречена казна затвор од четири години и шест месеци, професорот Славе Ристевски за две кривични дела примање поткуп доби казна затвор од по две години и шест месеци, односно единствена казна затвор во траење од четири години. Професорот Драган Денковски, за три кривични дела давање поткуп Судот го осуди со алтернативна мерка условна осуда, за секое кривично дело во траење од по 10 месеци, или единствена казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку не стори ново кривично дело.

Нивната професија како професори судот ја земал предвид како отежителна околност, додека како олеснителни биле возраста, семејство и тоа што досега се неосудувани.

На професорот Бобек Шуклев како отежителна околност беше земено и тоа што навлегол во интимната сфера на една од оштетените.

Професорите добија и забрана за вршење професија во траење од пет години, а времето поминато во затвор се смета во времето во кое трае забраната.

При објавата на пресудата судијката Јанчулева Михаиловска посочи дека изнесените докази имаат доволен доказен капацитет за донесување на осудителна осуда.

Првичната пресуда за овој случај беше изречена во 2020 година, за во 2021 апелација да го врати предметот на повторно судење.

Во случајот беше товарен и професорот Стојан Дебарлиев, за кого, Кривичниот суд во 2020 година пресуди дека не е виновен за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Предметот беше отворен во јуни 2016 година. Процесор го водеше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/barale-potkup-i-seksualni-uslugi-vkupno-osum-godini-zatvor-za-dvajtsa-univerzitetski-profesori-od-ekonomskiot-fakultet/feed/ 0
Затворски казни за професорите Шуклев и Ристевски, барале пари и секс за оценки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvorski-kazni-za-profesorite-shuklev-i-ristevski-barale-pari-i-seks-za-otsenki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvorski-kazni-za-profesorite-shuklev-i-ristevski-barale-pari-i-seks-za-otsenki/#respond Thu, 07 Sep 2023 12:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=875729

Професорот Бобек Шуклев е осуден на затворска казна од четири ипол години за примање поткуп, а обвинетиот професор Славе Ристевски за две кривични дела примање поткуп, доби казна затвор од четири години. Драган Денковски за три кривични дела давање поткуп, судот му изрече алтернативна мерка условна осуда и му утврди единствена казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако не стори ново кривично дело во наредните пет години. Судот на Шуклев и Ристевски им изрече забрана за вршење професија од дејност или должност во образовниот процес во траење од 5 години. Оваа е второ судење за предметот „Еразмус“, затоа што во јуни 2021 година, предметот падна на Апелација. Апелација го врати предметот „Еразмус“ на повторно судење и не ги потврди затворските казни за професорите од Економскиот факултет кои претходно ги изрече Кривичниот суд. Тројцата професори Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски и демонстраторот Драган Денковски беа гонети за примање поткуп од студенти за пишување на преодни оценки. При изрекување на пресудата, за професорите Шуклев и Јанев, судијата дополнително кажа дека е утврдено оти барале и сексуални услуги од студентки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvorski-kazni-za-profesorite-shuklev-i-ristevski-barale-pari-i-seks-za-otsenki/feed/ 0
Детали за перверзиите на професорите од Економски: Барале сексуални услуги од момчиња за да положат испит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-perverziite-na-profesorite-od-ekonomski-barale-seksualni-uslugi-od-momchinja-za-da-polozat-ispit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-perverziite-na-profesorite-od-ekonomski-barale-seksualni-uslugi-od-momchinja-za-da-polozat-ispit/#respond Mon, 09 Mar 2020 12:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=314017

Професорите на Економскиот факултет во Скопје Славе Ристевски и Драге Јанев се осудени на 2,5, а нивниот колега Бобек Шуклев на две години затвор за случајот „Еразмус”, односно за земање пари од студенти за полагање на испити. Демонстраторот Драган Денковски доби условна казна од две години, а професорот Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинението. Судечкиот совет денеска покрај затворските казни, на осудените професори им изрече и мерка забрана за вршење дејност од 10 години. -Обвинетиот Шуклев се осудува на казна затвор во траење од две години, Драги Јанев за секое кривично дело му утврдува казна затвор во траење од две години и му изрече единствена казна затвор во траење од две години шест месеци. Обвинетиот Славе Ристевски му е утврдена казна затвор од две години за секое кривично дело и му се изрекува единствена казна затвор од две години и шест месеци. На обвинетиот Драган Денковски му се утврдува казна затвор во траење од по 10 месеци за секое кривично дело и му се изрекува единствена казна алтернативна мерка условна казна во траење од две години која нема да се изврши доколку обвинетиот не стори некое кривично дело. Обвинетиот Стојан Дебарлиев се ослободува од обвинение за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ поради тоа што не е докажано дали има сомнение дека го сторил делото за кое се гони, соопшти судијата Владимир Туфекџиќ. Судијата Туфекџиќ образложи дека професорот Шуклев преземал дејствија кои по својата природа повлекуваат не само морална и етичка осуда, туку и осуда во кривично-правна смисла. За обвинетиот, судот утврдил дека тој ги преземал дејствијата кои му се ставија на товар и директно побарал илјада евра од студентот означен со псевдоним УЦМП01 да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно да напише две оценки како студентот би ги положил испитите по предметите Менаџмент на мали бизниси и Основи на менаџмент. Обвинетиот ги прекршил и правилата на совесен и одговорен професор на начин што побарал од студентот да има сексуален однос за да му помогне да добие испити како што самиот кажал во видеоматеријалот од ПИ мерките каде што е снимен и му нудел на студентот заедно да престојуваат во ресторани, хотели и шопинг центри надвор од државата. Професорот Драги Јанев интервенирал за своите колеги да извршат дејствија што не смееле, па за возврат и тој, како и професорот Шуклев сакал и барал да има сексуални односи со студентот под псевдоним УЦМП01. Славе Ристевски индиректно примил подарок од илјада евра за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши и на студентите УЦПМ01 и УЦПМ02, мотивиран од примениот подарок од илјада евра им напишал оценка шест по предметот Статистика, бизнис и економија. Драган Денковски според судот бил посредник преку кој обвинетите професори земале парични средства за да извршат дејствие што не смееле да го извршат, односно да напишат оценки на студентите кои не покажале доволно знаење. Обвинителката ИванаТрајчева, по ресудата изјави дека очекувала да биде донесена осудителна пресуда и тоа за сите обвинети имајќи предвид дека Обвинителството остана до крајот во завршниот збор на обвинението. -Доколку Обвинителството сметаше дека нема докази за кој било од обвинетите, еве во случајот на обвинетиот Стојан Дебарлиев тогаш ќе се откажеше од кривичниот прогон против истиот во завршен збор, но бидејќи јас останав сметав дека во текот на постапката се изведоа доволно докази од коишто се докажа дека истиот го сторил делото кое што му го става на товар, истакна Трајчева. По однос на казните, обвинителката рече дека ќе почека да види кои олеснителни или отежнителни околности Судот ги ценел при изрекување на казните, па потоа ќе коментира. Но, Трајчева рече дека не се согласува со судот дека ја ценел и имал во предвид возраста на осудените. -Она што судот го напомена е дека како особено олеснителна околност која што ја ценел и ја имал во предвид при примена на одредбите за одложување на казната, тоа е возраста, тука морам да кажам дека не се согласувам дека возраста може да се смета како олеснителна околност бидејќи истата таа возраст не ги спречила обвинетите да ги бараат сексуалните услуги и да бараат парични средства за да се положат испити, истакна Трајчева. Обвинителката нагласи дека е оправдана забраната за вршење дејност од 10 години поради фактот што тие иако се во пензија, можат како вонредни професори да држат предавања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-perverziite-na-profesorite-od-ekonomski-barale-seksualni-uslugi-od-momchinja-za-da-polozat-ispit/feed/ 0
Барале сексуални услуги и стотици евра од студенти за да положат: Осудени професорите од Економскиот факултет во Скопје! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/barale-seksualni-uslugi-i-stotici-evra-od-studenti-za-da-polozat-osudeni-profesorite-od-ekonomskiot-fakultet-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/barale-seksualni-uslugi-i-stotici-evra-od-studenti-za-da-polozat-osudeni-profesorite-od-ekonomskiot-fakultet-vo-skopje/#respond Mon, 09 Mar 2020 11:36:40 +0000 https://kurir.mk/?p=313946

Професорите на Економски факултет Бобек Шуклев, Драги Јанев и Славе Ристески денес од судот беа прогласени за виновни поради примање на поткуп, а Драган Денковски беше осуден за давање на поткуп. Шуклев е осуден на казна затвор од 2 години за примање на поткуп, Јанев  за секое кривично дело по 2 години (за примање поткуп и примање награда), па му беше изречена казна од 2 години и шест месеци. За обвинетиот Драги Јанев судот кажа дека исто како Шуклев барал сексуални услуги од студентки за да пише преодни оцени. Обвинетиот Ристески исто така доби казна од 2 години и шест месеци, односно по 2 години за секое кривично дело. Драган Денковски доби казна затвор од по 10 месеци за секое кривично дело, па му беше изречена алтернативна мерка која нема да се изврши доколку обвинетиот за 5 години не го повтори делото. Обвинетиот Стојан Дебарлиев беше ослободен од обвинение за злоупотреба на службена должност. Судот на обвинетите професори им изрече и мерка забрана за вршење на професијата во времетраење од 10 години, а на Денковски во траење од 5 години. Предметот е отворен во јуни 2016-та година. Професорите се сомничат дека барале и примале поткуп од 500 до 1.000 евра за да им пишат преодна оценка за положен испит на студенти без знаење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/barale-seksualni-uslugi-i-stotici-evra-od-studenti-za-da-polozat-osudeni-profesorite-od-ekonomskiot-fakultet-vo-skopje/feed/ 0