бодликава жица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Nov 2022 09:34:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бодликава жица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Полска ќе постави бодликава жица на границата со Калининград https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-kje-postavi-bodlikava-zica-na-granicata-so-kaliningrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-kje-postavi-bodlikava-zica-na-granicata-so-kaliningrad/#respond Wed, 02 Nov 2022 09:34:10 +0000 https://kurir.mk/?p=754350

Полска привремено ќе постави бодликава жица висока два и пол метри на границата со Русија, што, како што изјави денеска министерот за одбрана Маријуш Блашчак, е реакција на отворањето на Калининградската област за летови од Блискиот Исток и Северна Африка. „Во врска со ова, денеска веќе почнува да се работи за подигање привремена ограда од три реда бодликава жица што ја користат војските ширум светот. Тоа ќе биде иста ограда како што е на границата со Белорусија, висока 2,5 метри и широка три метри“, рече Блашчак на прес-конференција во Варшава. Блашчак потсети дека ваквата ограда на границата со Белорусија ја запрела источната рута по која мигрантите се обидувале преку Полска да стигнат до западните земји на Европската унија. „Нема сомнеж дека оваа привремена ограда ја заштити нашата граница, но исто така го спречи или го забави хибридниот напад од Белорусија“, рече Блашчак. Одлуката на полската влада да постави ограда и на границата со Русија е донесена поради веста дека од 1 ноември аеродромот во Калининград ќе биде отворен за летови од Москва од пријателски земји, што некои воени аналитичари го оценија како обид да се донесат мигранти од Блискиот Исток и да предизвикаат бегалска криза на руско-полската граница.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-kje-postavi-bodlikava-zica-na-granicata-so-kaliningrad/feed/ 0
Србија поставува бодликава жица на границата со Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-postavuva-bodlikava-zica-na-granicata-so-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-postavuva-bodlikava-zica-na-granicata-so-makedonija/#respond Wed, 19 Aug 2020 09:19:03 +0000 https://kurir.mk/?p=392526

Србија во обид да ја блокира емигрантската рута започна со поставување на жичана ограда на границата со Македонија во близина на Прешево. Од таму велат дека целта е да се спречи пробивањето на нелегалните гранични премини. Информацијата ја потврди Шиприм Арифи, претседателот на локалната самоуправа на Прешево. Тој наведе дека станува збор за договор со Европската унија, бидејќи Србија е дел од таканаречената балканска рута на бегалците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-postavuva-bodlikava-zica-na-granicata-so-makedonija/feed/ 0