Боеми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Feb 2023 06:17:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Боеми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izvedba-na-operskata-pretstava-boemi-vo-natsionalnata-opera-i-balet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izvedba-na-operskata-pretstava-boemi-vo-natsionalnata-opera-i-balet/#respond Fri, 24 Feb 2023 06:27:17 +0000 https://kurir.mk/?p=804437

На сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведено ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини. Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев. Операта е во четири чина, дејството се одвива во Париз кон крајот на 19 век, а либретото се базира на „Сцени од животот на боемите” на Хенри Мургер. Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимограф е Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска. На оперската претстава настапуваат: Ѓорѓи Цуцковски, Сандра Митровска, Марјан Јованоски, Драган Ампов, Александар Стефаноски, Наде Талевска, Невен Силјановски, Борко Биџовски, Јане Дунимаглоски, Александар Никодиновски, Диме Петров, хорот и оркестарот на Национална опера и балет. Со изведбата на оперската претстава „Боеми“, диригентката Бисера Чадловска, ќе го одбележи јубилејот 20 години уметничка дејност на сцената на Националната опера и балет. Таа е првата жена диригент во Македонија, но важи и како еден од најплодните македонски оперски и балетски диригенти, со завидна бројка од над 50 оперски и балетски наслови во текот на нејзиното 20 годишно работење како прв диригент во Националната опера и балет. -Музиката е неисцрпен извор на убавина, а една од моите желби секогаш беше да ја диригирам операта „Боеми“. Во изминатите 20 години, ја немав таа можност и затоа одлучив за овој мој прв поголем јубилеј да ја диригирам токму оваа опера. Таа е голем диригентски предизвик, прекрасна и емотивна музика. Задоволството е уште поголемо бидејќи сцената ќе ја делам со моите колеги од оркестарот, хорот и солистичкиот ансамбл на Националната опера и балет, со кои соработувам сиве овие години, вели диригентката Бисера Чадловска.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izvedba-na-operskata-pretstava-boemi-vo-natsionalnata-opera-i-balet/feed/ 0