богати луѓе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Dec 2020 06:16:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png богати луѓе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Форбс: Најбогатите луѓе на планетата во 2020 година станале побогати за 1.9 трилиони долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-najbogatite-lugje-na-planetata-vo-2020-godina-stanale-pobogati-za-1-9-trilioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-najbogatite-lugje-na-planetata-vo-2020-godina-stanale-pobogati-za-1-9-trilioni-dolari/#respond Thu, 17 Dec 2020 06:14:29 +0000 https://kurir.mk/?p=444353

За време на пандемијата, од крајот на 2019 година до средината на декември 2020, повеќе од 2.200 милијардери во светот станале побогати за вкупно 1.9 трилиони долари, објави денеска Форбс, Според изданието, вкупниот имот на најбогатите луѓе на планетата моментално е во висина од 11.4 милијарди долари, а кон крајот на 2019 година неговата вредност изнесувала 9.5 милијарди. Или, нивното богатство пораснало за 20 отсто. За време на пандемијата, милијардерите како Џеф Безос, Џек Ма или Бернар Арно „просперираа“, наведува Форбс. Најмногу се разбогатиле кинеските милијардери, и тоа за 60 отсто. Меѓу нив лидер е Чжун Шањшањ, сопственик на „Nongfu Spring“, компанија за производство на флаширана вода. Неговото богатство пораснало од 2 милијарди долари во април годинава, до неверојатни 62.5 милијарди во декември. Во САД, капиталот најмногу си го зголемил основачот на „Тесла“ и „СпејсЕкс“, Илон Маск, и тоа за 17 милијарди долари. Од француските милијардери, кои се на трето место во рејтингот на Форбс, најзголемен е капиталот на Арно, сопственик на „Dior“ и „Louis Vuitton“ и косопственичката на на „L’Oreal“, Франсоаза Бетанкур-Мејерс. Тие држат повеќе од половина од вкупниот капитал на најбогатоте Французи. Во рејтингот на топ десетте земји чии милијардери најмногу го зголемиле своето богатство во 2020 година, на прво место се оние од Кина, кои станале побогати за 750 милијарди долари, следни се милијардерите од САД, побогати за 560 милијарди дола. Француските се на трето место и станале побогати за 95 милијарди, по нив се оние од Индија со додадено богатство од 75 милијарди долари, а на петто место се оние од Хонгконг, со 60 милијарди плус. На шесто место се германските милијардери, станале побогати за 55 милијарди, исто колку и јапонските. Трите последние земји во десетката се Сингапур (најбогатите таму станале побогати за 45 милијади), Австралија (за 35 милијарди) и Шведска (за 30 милијарди).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-najbogatite-lugje-na-planetata-vo-2020-godina-stanale-pobogati-za-1-9-trilioni-dolari/feed/ 0
Луѓето од овие три земји најмногу се збогатиле во 2020 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lugjeto-od-ovie-tri-zemji-najmnogu-se-zbogatile-vo-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lugjeto-od-ovie-tri-zemji-najmnogu-se-zbogatile-vo-2020-godina/#respond Tue, 27 Oct 2020 09:32:54 +0000 https://kurir.mk/?p=421107

Годината 2020 е тешка во многу аспекти – и за здравствениот систем, и за економијата, како и на политичкиот план. И покрај тоа, богатството на возрасните во три неочекувани земји во светот се зголеми за околу 10 отсто во последните месеци. Станува збор за Филипините, Египет и Бангладеш, кои имаат најголем пораст на богатството по глава на жител во 2020 година. Тоа се нбагласува во анализа на Credit Suisse. Четвртото место по нив е за Холандија, а Кина е на петтото место на растот на финансиската состојба. „Кина е една од победниците во однос на придонесот кон човечкото богатство и очекуваме да продолжи и во иднина“,нагласуваат од финансиската институција. Од јануари досега, просечното ниво на човечко богатство во азиската земја е 74.621 долар, што претставува раст од 5,5 отсто од почетокот на годината. Како целина, швајцарската банка проценува дека до 2020 година вкупното богатство на светот се проценува на околу 400 трилиони долари. Според податоците на UBS објавени неодамна, нето-состојбата на милијардери во светот помина 10 трилиони долари за првпат во историјата. Податоците на Credit Suisse велат дека Велика Британија е на спротивниот пол, бидејќи домаќинствата таму се најголемиот губитник на земјата. Главната претпоставка за ова е падот на финансиските средства оваа година, што во моментот се уште не е компензирано. Просечното богатство на Британците останува на 6,5 отсто под нивото од јануари, а просечниот приход на луѓето е околу 18.340 долари. На глобално ниво, Јужна Америка забележа најголем пад на богатството на своето население. Во Бразил, финансиската состојба на полнолетен е помала за 25 проценти. По Бразил следуваат Јужна Африка и Мексико.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lugjeto-od-ovie-tri-zemji-najmnogu-se-zbogatile-vo-2020-godina/feed/ 0
Пандемијата предизвика „егзодус“ на богатите луѓе од Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-predizvika-egzodus-na-bogatite-lugje-od-njujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-predizvika-egzodus-na-bogatite-lugje-od-njujork/#respond Sat, 16 May 2020 15:56:19 +0000 https://kurir.mk/?p=346755

Пет проценти од населението на Њујорк го напуштиле градот откако метрополата беше зафатена од пандемијата со новиот коронавирус, објави „Њујорк тајмс“. Во градот живеат околу 8.4 милиони жители. Од 1 март до 1 мај, околу 420.000 жители, претежно оние од високата класа кои живеат во елитните места на „Големото јаболко“, заминале од градот. Весникот се повикува на анализи добиени со геолокација на паметни телефони спроведени од технолошка компанија од Њу Мексико. Се дознава дека во многу делови на Њујорк населението е сеуште таму, но бројот на популацијата во кварталите како Сохо, Вест вилиџ, Морнингсајд хејтс, Апер ист сајд, Фајненшл дистрикт (каде што е Волстрит), Мидтаун, Гремерси и Бруклин хејтс се намалил за 40 проценти или повеќе. Во наведениот временски период вкупниот број на население во Менхетен, централен дел на Њујорк каде се сместени овие квартали, се намалил за 20 отсто. Геолокацијата покажува дека главните дестинации на побогатите њујорчани се крајбрежните места и гратчиња на источниот брег како Лонг Ајленд, и други подалечни места на северното крајбрежја на сојузната држава. Многумина пак избегале во поблиските места како Мартас винјард, Кајп код, Роуд ајленд, североисточна Пенсилванија и северозападен Конектикат. Локалните жители таму се жалат дека супермаркетите се испразнети од „градските луѓе“, кои остануваат да живеат во викендичките. Во некои места како Хемптонс, месечните станарини пораснале повеќекратно, па некои домови се изнајмувале и за 30.000 долари за престој од две недели. Жителите се жалат и дека некои од дојденците се бездомници, кои со себе го донеле и вирусот, па бројот на заразени и починати од Ковид-19 во окрузите како Суфолк драстично се зголемил. Но, некои имашни жители на Њуорк заминале и многу подалеку – јужна Флорида, Лос Анџелес во Калифорнија, Феникс во Аризона, или Чикаго. Се дознава дека повеќе од 50 отсто од оние што заминале заработуваат над 100.000 долари годишно, додека 33 проценти се со годишна заработувачка од над 200.000 долари. – Поради социјалната раслоеност, кризата не настапила еднакво за сите. Толку често повторуваното мото „во ова сме сите заедно“, сепак, не важи за сите, изјави Ким Филипс-Фејн, професор по историја во Њујорк универзитет. Весикот наведува дека главната причина за овој егзодус се замрените економски активности во наведените елитни квартали на Њујорк, чии бизниси остануваат затворени откако таму изби епидемијата. Во меѓувреме, гувернерот Ендрју Куомо го продолжи карантинот во градот до13 јуни. Њујорк стана епицентар на епидемијата во САД, но и и на светско ниво, надминувајќи ги бројките на заразени и на првично позагрозените како Франција и Германија. Во градот Њујорк се регистрирани повеќе од 186.000 инфицирани лица, од кои 15.300 починале, но се претпоставува дека е поголем бројот на смртни случаи за најмалку 5.000 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pandemijata-predizvika-egzodus-na-bogatite-lugje-od-njujork/feed/ 0