богати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Aug 2023 16:14:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png богати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Луѓето имаат најмногу пари во оваа земја, а таму живеат дури 1,1 милион милионери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lista-na-najbogati-lugeto-imaat-najmnogu-pari-vo-ovaa-zemja-a-tamu-zhiveat-duri-1-1-milion-milioneri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lista-na-najbogati-lugeto-imaat-najmnogu-pari-vo-ovaa-zemja-a-tamu-zhiveat-duri-1-1-milion-milioneri/#respond Thu, 17 Aug 2023 16:14:42 +0000 https://kurir.mk/?p=868032

Швајцарците се најбогатите луѓе во светот, покажува годишната анализа за имотот на домаќинствата во светот, објавена од банката Credit Suisse. Секој возрасен Швајцарец во 2022 година поседувал во просек 685.000 американски долари, што вклучува финансиски акции и недвижен имот. Поради берзанските курсеви, вредноста на имотот падна за околу 13.000 долари во последната година, но Швајцарците и понатаму се најбогати во светот. Второто место на листата на најбогати го зазедоа Американците со просечно богатство од 551.000 долари, а потоа следуваат жителите на Хонг Конг, Австралија и Данска. Алгемајне цајтунг ги пренесува овие податоци и наведува дека Швајцарците се три пати побогати од Германците, чиј просечен имот се проценува на 256.000 долари. Економските аналитичари тоа го објаснуваат со фактот дека Швајцарија остана недопрена во двете светски војни, но и со ефикасен пензиски систем. Богатството на Швајцарија се одразува и со фактот дека таму живеат 1,1 милион милионери. Авторите на анализата проценуваат дека глобалните средства ќе се зголемат за 38 отсто на 629 милијарди долари во следните пет години, а бројот на милионери може да се зголеми на 86 милиони во светот од сегашните 59,4 милиони. Глобалниот тренд покажува дека вредноста на имотот се намалува во Европа, Северна Америка и Азија, додека се зголемува во Латинска Америка, главно поради движењата на девизниот курс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lista-na-najbogati-lugeto-imaat-najmnogu-pari-vo-ovaa-zemja-a-tamu-zhiveat-duri-1-1-milion-milioneri/feed/ 0
Топ 5 листа: Ова се најбогатите луѓе на Балканот – што сѐ поседуваат? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/top-5-lista-ova-se-najbogatite-luge-na-balkanot-shto-s-poseduvaat/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/top-5-lista-ova-se-najbogatite-luge-na-balkanot-shto-s-poseduvaat/#respond Wed, 12 Jul 2023 13:30:14 +0000 https://kurir.mk/?p=855862

Балканскиот пазар во последните неколку години забележал значителен раст и развој, што довело до создавање на нови можности за претприемништво и зголемување на богатството на некои од најуспешните деловни луѓе во регионот. Со сѐ поголемиот број на милионери и милијардери на Балканот, овој регион стана важен играч во глобалното, економско опкружување. Најбогатите луѓе на Балканот Најбогатите луѓе на Балканот одамна станале толку богати што нивното богатство не се мери во милиони туку во милијарди евра. Оваа листа е составена врз основа на податоците кои ги објавил „Недељник“ и не прикажува колку пари најбогатите луѓе моментално имаат на сметка, туку колку би биле богати доколку би ги продале своите компании. 1. Дубравко Гргиќ На првото место на најбогати луѓе на Балканот се наоѓа Дубравко Гргиќ, попознат како „крал на осигурувањето“. Неговото деловно издигнување започнало во 1992 година кога со партнерите ја основал осигурителната куќа „Euroherc“. Денес тој е сопственик на „Agram Group“ која во своја сопственост ги има: - „Euroherc“ осигурување; - „Adriatic“ осигурување; - „Agram“ животно осигурување; - „Agram“ лизинг; - „Agram“ банка; - Специјална болница „Agram“; - „MODORA Hotels“… Богатството на Дубравко Гргиќ: 2.84 милијарди евра. 2. Миодраг Костиќ Миодраг Костиќ е еден од најпознатите и најбогати бизнисмени во Србија. Низ увоз и извоз, во текот на 80-тите години ја започнал својата кариера во тој бизнис. Денес е сопственик на компанијата „MK Group“ која работи во различни области и во своја сопственост ги има: - „Garnex“; - „Sunoko“; - „Pik Becej“; - 15 луксузни хотели; - голф терени; - аеродром; - Погони за производство на електрична енергија. Богатството на Миодраг Костиќ: 2.77 милијарди евра. 3. Мирослав Мишковиќ Мирослав Мишковиќ е најпознатиот српски бизнисмен поради контроверзите кои го следат. Меѓу првите во Србија тој основал приватна банка и осигурителна куќа. За неговата компанија работат скоро 5.000 луѓе, а во своја сопственост има: - „Yuhor“; - „Fun&Fit“; - недвижнини, шопинг молови; - „Delta Motors“; - „Delta Automoto“… Богатството на Мирослав Мишковиќ: 2.77 милијарди евра. 4. Мате Римац Еден од најмладите меѓу најбогатите, Мате Римац создал богатство и слава од светски размери со своите иницијативи. Својата кариера ја започнал од гаража и го создал најбрзиот електричен автомобил на светот – „Rimac Nevera“. Во своја сопственост ја има „Rimac Group“ која се состои од следните компании: - „Rimac Automobili“; - „Bugatti Rimac“; - „Rimac Technology“. Богатството на Мате Римац: 2.27 милијарди евра. 5. Драган Шолак Драган Шолак е медиумски манган, основач и сопственик на „United Group Media“. Соработува во осум земји од југоисточна Европа. Покрај тоа од скоро е сопственик и на фудбалскиот клуб Саутемптон. Во негова сопственост се следните медиуми: - „Нова“ телевизиските канали; - „Спортклуб“ телевизиски канали; - „Гранд“ продукција; - „IDJ“ продукција; - „N1“ телевизиски канали; - Порталите: „Danas“, „N1“, „Zadovoljna“, „Dnevnik.hr“; - пет радиостаници; - шест печатени изданија. Богатството на Драган Шолак: 1.33 милијарди евра.   извор: tocka.com.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/top-5-lista-ova-se-najbogatite-luge-na-balkanot-shto-s-poseduvaat/feed/ 0
Вака БОГАТИТЕ ЛУЃЕ штедат пари: Следете ги нивните СОВЕТИ и секогаш ќе имате ПАРИ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vaka-bogatite-lugje-shtedat-pari-sledete-gi-nivnite-soveti-i-sekogash-kje-imate-pari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vaka-bogatite-lugje-shtedat-pari-sledete-gi-nivnite-soveti-i-sekogash-kje-imate-pari/#respond Wed, 07 Sep 2022 13:18:53 +0000 https://kurir.mk/?p=729952

Богатите луѓе никогаш не трошат пари на глупави работи Според истражувањето на 1.200 инвеститори, објавено од „Millionaire Corner“, една третина од луѓето со нето вредност од повеќе од пет милиони долари во Америка купуваат во „Walmart“, додека останатите купуваат во слични продавници, а еве на што заштедуваат повеќето. Крема за лице Секако дека можете да потрошите еден тон пари на луксузна крема за лице, но зошто кога можете да добиете одличен производ за значително помалку? Пакувања за подароци Хартијата за виткање, ќесите за подароци и картичките може да чинат речиси исто колку и самиот подарок. Но, ако сакате да давате како богатите луѓе, можеби е време да се откажете од таквите опции. Богатите луѓе не сакаат да трошат многу на потрошна роба, а украсната хартија и ќесите дефинитивно спаѓаат во таа категорија. Можеби вашиот богат пријател ќе ви купи прекрасен подарок, но верувајте дека пакувањето е од продавница во која се е многу евтино. Домашни производи Може да биде примамливо да се трошат пари најскапата тоалетна хартија и фенси производите за чистење, но богатите луѓе не трошат на такви работи. Заштедете со купување на распродажба и на во големи количини (дури и на големо) бидејќи така купуваат богатите луѓе, а главната причина е тоа што се многу зафатени Патувања Иако богатите луѓе можат да си дозволат да патуваат каде сакаат, тоа не значи дека не бараат начини да заштедат пари. Тие ги користат истите онлајн алатки за да бараат сместување и летови исто како и сите други. Накит Дури и луѓето кои ги обожаваат Картие, Тифани и Ролекс најверојатно имаат евтини парчиња дома со кои ги комбинираат. – Јас сум личен купувач и стилист на познати личности веќе 19 години и многу клиенти купуваат евтин накит. Го комбинираат со своите скапи парчиња, а понекогаш изгледа подобро од вистинскиот накит – вели Лорен Ре Леви. Очила за сонце Само затоа што можат да си дозволат очила за сонце Шанел или Диор, не значи дека богатите ги носат само нив. Имено, очилата за сонце се една од работите кои најчесто се кршат и губат! Токму затоа е добра идеја колекцијата луксузни очила да ја надополните со убави, но и поевтини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vaka-bogatite-lugje-shtedat-pari-sledete-gi-nivnite-soveti-i-sekogash-kje-imate-pari/feed/ 0
Супер богатите уште побогати, лани вкупното светско богатство достигна 473 илјади милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/super-bogatite-ushte-pobogati-lani-vkupnoto-svetsko-bogatstvo-dostigna-473-iljadi-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/super-bogatite-ushte-pobogati-lani-vkupnoto-svetsko-bogatstvo-dostigna-473-iljadi-milijardi-dolari/#respond Thu, 09 Jun 2022 07:23:21 +0000 https://kurir.mk/?p=688674

Вкупното светско богатство порасна за 10,3 отсто во 2021 година и достигна 473 трилиони долари (473 илјади милијарди), главно благодарение на „цутењето“ на берзата, според студија објавена денеска од Бостон Консалтинг Груп (БКГ). Станува збор за најголем раст во повеќе од една деценија, а бројот на супербогатите, што БКГ ги дефинира како лица со имот вреден над 100 милиони долари, порасна за околу 300 луѓе. Најмногу супербогати, 25.800 лица, имаат САД. Потоа следува Кина со 8.500 луѓе. На третото место е Германија. Во светот околу 69.000 супербогати поединци поседуваат 15 отсто од финансиските средства. Вредноста на материјалните средства, вклучувајќи недвижнини, уметности и злато, порасна за 11 отсто на 13 трилиони долари во 2021 година. И покрај економските последици од војната во Украина, извештајот на БКГ предвидува дека богатството и понатаму ќе расте во целиот свет. Се очекува силно зголемување првенствено во Азија. Доколку рускиот напад на Украина заврши годинава, се очекува глобалното богатство да порасне за 5,3 отсто годишно, со што би достигнало речиси 80 трилиони долари до 2026 година. Студијата пресметува просечно зголемување од пет отсто, доколку војната продолжи и санкциите бидат построги или потраат подолго време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/super-bogatite-ushte-pobogati-lani-vkupnoto-svetsko-bogatstvo-dostigna-473-iljadi-milijardi-dolari/feed/ 0
Албанија: Богатите семејства ќе плаќаат поскапа струја https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-bogatite-semejstva-kje-plakjaat-poskapa-struja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-bogatite-semejstva-kje-plakjaat-poskapa-struja/#respond Thu, 31 Mar 2022 11:31:38 +0000 https://kurir.mk/?p=656286

Албанскиот премиер Еди Рама од собраниската говорница на денешната пленарна седница, најави дека се прави студија со која ќе се разгледа можноста богатите домаќинства да плаќаат поскапа електрична енергија. Тој уште еднаш ја повтори одлуката на Владата со која нема зголемување на цената на електричната енергија за албанските домаќинства и покрај енергетската криза и неповолната хидролошка состојба од која зависи домашното производство. – Страшна е и помислата дека сме во услови на тоа што се случи, всушност немање снабдување, недостиг на нафта, гас, струја и храна. Ова се случи. Не и денес стоиме зад усвоениот пакет економски мерки, со кој не предвидуваме поскапуме на цената на струјата за ниту едно албанско семејство. Министерството за енергетика прави студија за богатите семејства, за да видиме дали можеме да направиме привремена поделба каде тие што имаат повеќе да платат повисока сметката за енергија, изјави Рама. Тој нагласи дека за другите домаќинства нема да има зголемување на сметката за енергија, за што Владата ќе продолжи да ја плаќа разликата. Локалното производство на електрична енергија во Албанија зависи од хидроенергијата, а сушата во последните месеци ја влоши и онака лошата ситуација со електрична енергија во земјата. Поради неповолната хидрологија акумулацијата на најголемата хидроелектрана „Фиерза“, која е втора во поголемина на Балканот, според последните информации е на критичниот минимум, поради што запрено е производството. Претходно Владата соопшти дека ќе мора да потроши околу 550 милиони евра за увоз на електрична енергија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-bogatite-semejstva-kje-plakjaat-poskapa-struja/feed/ 0
Во Франција од коронавирусот најпогодени се најбогатите луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-od-koronavirusot-najpogodeni-se-najbogatite-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-od-koronavirusot-najpogodeni-se-najbogatite-lugje/#respond Sat, 06 Mar 2021 15:00:53 +0000 https://kurir.mk/?p=478222

Според истражувањето истражувањето наречено ЕпиКов, ако на економски план од епидемијата најпогодени се сиромашните лица, најбогатите се најпогодени од заразата со Ковид-19, јави дописникот на МИА. Епидемијата со Ковид-19 не влијае на на ист начин врз населението односно заразувањето има и социјалната припадност, покажуваат резултатите од истражувањето. Резултатите од истражувањето покажуваат дека ако најбогатите луѓе се релативно поштедени од економските последици од здравствената криза, тие од друга страна имаат поголема веројатност да се заразат со Ковид-19. Според студијата, најбогатите кои се 10 отсто од населението, имаат двојно поголема шанса да бидат инфицирани со Ковид-19 од припадниците на средната класа, и 10 проценти повеќе од помалку богатите. Според истражувањето на ЕпиКов, неколку фактори можат да ја објаснат тенденцијата најбогатите луѓе да бидат попогодени од Ковид-19. Социјалните односи на најбогатите лица се побројни и пообемни, поради што се зголемува ризикот од зараза. Најбогатите луѓе исто така имаат повеќе ресурси за да ги заобиколат здравствените ограничувања. На пример, тие имаат повеќе простор да ги примат своите пријатели и членовите на семејства во својот дома. Некои дури имаат можност да избегаат на село во нивните втори резиденции. На крај, кај побогатата класа, општо земено родителите можеа да ја задржат својата професионална активност преку работа од далечина, кога многу од најсиромашните луѓе останаа без работа. Но, работењето од далечина не ја спречува заразата, уште помалку кога е потребно да се повика трето лице да се грижи за децата. Студијата е изработена од францускиот Национален институт за здравје и медицински испитувања (ИНСЕРМ), од Дирекцијата за испитување, студии и статистички проценки на Министертсвото за здравство (ДРЕЕС) и од Националниот институт за статистички и економски студии (ИНССЕ), при што преки интернет испитани се 135.000 лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-od-koronavirusot-najpogodeni-se-najbogatite-lugje/feed/ 0
Данците станаа побогати и покрај пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dancite-stanaa-pobogati-i-pokraj-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dancite-stanaa-pobogati-i-pokraj-pandemijata/#respond Thu, 24 Dec 2020 08:59:23 +0000 https://kurir.mk/?p=447574

На крајот од тешката 2020 година, спротивно на очекувањата. Данците располагаат со поголемо финансиско богатство отколку пред пандемијата, јави Блумберг. Нето финансиските активи на домаќинствата во скандинавската држава се 5,66 трилиони круни или 930 милијарди долари на крајот од третото тримесечје од годинава. Тоа се податоци од Централната бакна на Данска. Во изминатите две тримесечја финансиското богатство на Данците се зголемило за вкупно 709 милијарди круни. Тоа успеа да го надомести падот во првите три месеци од годината од 541 милијарди, кој беше предизвикан најмногу од загубите на берзата. Финансиската состојба на просечното домаќинство во Данска е околу две милиони круни, но многу семејства сè уште имаат помалку од тоа. На нееднаквата распределба укажуваат и пензиските заштеди – околу 43 отсто од нив се кај околу 10 отсто од населението. Според финансиската институција, богатството на луѓето во Данска повторно ќе продолжи да расте во последниот квартал на 2020 година. Централната банка очекува ова да помогне во надминување на негативниот ефект од новото заклучување во земјата поради зголемениот број новозаразени со Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dancite-stanaa-pobogati-i-pokraj-pandemijata/feed/ 0
Сакате да сте познати? – Овие хороскопски знаци имаат најголема шанса! https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/sakate-da-ste-poznati-ovie-horoskopski-znaci-imaat-najgolema-shansa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/sakate-da-ste-poznati-ovie-horoskopski-znaci-imaat-najgolema-shansa/#respond Sat, 11 Jul 2020 09:18:56 +0000 https://kurir.mk/?p=373863

Ако се прашувавте дали ѕвездите можеби имаат некаква врска со можноста да станете богати и познати, одговорот е – да! Еве што велат астролозите кога станува збор за ваквата среќа: Имено, откако го проучувале рангот на милијардерите на „Форбс“, вклучувајќи го и последниот, експертите заклучиле дека повеќето богати се раѓаат во знакот на Вага. Покрај милијардерите, во овој хороскопски знак има и многу познати личности, а некои од нив се Ким Кардашијан Вест, Вил Смит, Кетрин Зета-Џоунс и нејзиниот сопруг Мајкл Даглас, Гвен Стефани, Зак Ефрон, Еминем, Мет Дејмон, Кејт Винслет, Серена Вилијамс и многу други. Мирната и интелигентна Вага ги предводат славните и богатите, а потоа по неа следат Риби, Рак, Бик и Лавови. На дното на скалата на најбогатите знаци и оние со статус на ѕвезда се Девица, Стрелец и Јарец.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/sakate-da-ste-poznati-ovie-horoskopski-znaci-imaat-najgolema-shansa/feed/ 0
Најбогатите Британци поради корона кризата загубиле 54 милијарди фунти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najbogatite-britanci-poradi-korona-krizata-zagubile-54-milijardi-funti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najbogatite-britanci-poradi-korona-krizata-zagubile-54-milijardi-funti/#respond Sun, 17 May 2020 11:10:04 +0000 https://kurir.mk/?p=346923

Во последните два месеца најбогатите Британци загубија 54 милијарди фунти поради пандемијата на коронавирусот, јави „Индипендент“ за резултатите од едно најново истражување. По светската економска криза од 2008 година богатството на овие луѓе продолжи да се зголемува од година во година, така што првите шест меѓу нив заработија многу повеќе од 13,2-те милиони најсиромашни Британци. Со пандемијата на коронавирусот и нејзиното негативно влијание врз економијата, меѓутоа, илјада најбогати Британци во последните два месеца загубија 54 милијарди фунти. На списокот на најбогати сега се наоѓа сер Џејмс Дајсон, кој во текот на претходната година заработи 3,6 милијарди фунти и со тоа го зголеми своето богатство на 16,2 милијарди. Дајсон е на врвот на списокот и покрај тоа што загуби 500 милиони фунти откако се откажа од проектот за електричен автомобил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najbogatite-britanci-poradi-korona-krizata-zagubile-54-milijardi-funti/feed/ 0
Припадниците на овој хороскопски знак имаат најмногу шанси да станат богати и познати https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/pripadnicite-na-ovoj-horoskopski-znak-imaat-najmnogu-shansi-da-stanat-bogati-i-poznati/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/pripadnicite-na-ovoj-horoskopski-znak-imaat-najmnogu-shansi-da-stanat-bogati-i-poznati/#respond Mon, 11 May 2020 14:23:30 +0000 https://kurir.mk/?p=327501

Еден хороскопски знак има подобри шанси од сите останати да стане позната личност. Спроведено е дури и истражување кое го потврдило тоа. Луѓето кои се родени во знакот на Водолија имаат шанси повеќе од останатите да станат славни и безобразно богати. Не се работи за случаен избор, ниту астролошко измислување, туку оваа теорија е и потврдена. Истражувањето кое се водело на оваа тема е објавено во списанието Journal of Social Sciences. Истражувачите зеле 100 славни луѓе од различни области, од пеачи, актери, до спортисти, уметници и научници. Одбирале славни личности кои се умрени, некои кои се живи, мажи, жени… И она што е докажано е дека повеќето се родени меѓу 21 јануари и 19 февруари, што значи дека се во хороскоп Водолии. За да ја проверат и докажат теоријата, истражувачите го зголемиле бројот на славни личности вклучени во истражувањето. Најпрво, бројот на испитаници го зголемиле на 200, па на 300, но резултатот бил секогаш ист. Иако биле застапени и други хороскопски знаци и понатаму најзастапена била Водолијата. Освен Водолија, останати помалку застапени знаци биле Лав и Шкорпија. Од друга страна, знаци кои се најмалку застапени, и според истражувањето имаат најмали шанси да станат познати и богати се Стрелец и Бик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/pripadnicite-na-ovoj-horoskopski-znak-imaat-najmnogu-shansi-da-stanat-bogati-i-poznati/feed/ 0