богојавление – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Jan 2023 10:19:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png богојавление – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Водици – празник над празниците за охриѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voditsi-praznik-nad-praznitsite-za-ohrigani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voditsi-praznik-nad-praznitsite-za-ohrigani/#respond Wed, 18 Jan 2023 07:07:46 +0000 https://kurir.mk/?p=788746

Богојавление – Водици, еден од најсветите денови за охриѓани. Празник со душа, ден кој го чекаат цела година. И неможе да се пренесе со зборови возбудата која жителите на Балканскиот Ерусалим ја чувствуваат на денот на осветувањето на водите во Охридското Езеро, но и денови претходно. Единствено што може е да се дојде и да се почувствува магијата и светоста на овој ден. Осумдесет и едногодишниот Симон Ѓурчин, охриѓанец, жител на Варош, стариот дел од градот, од својата седма година скока по светиот крст, па до лани секоја година се капел во студените езерски води за Водици. Иако ниту еднаш не го извадил чесниот крст, раскажувајќи за МИА за Богојавленските празнувања, возбудата во неговиот глас за тие мигови кажува колку само му значи празникот. Ѓурчин на јавноста и е познат како охриѓанецот кој традиционално со свечено одело, скока во езерото после чинот на осветување и вадење на светиот крст од среќниот фаќач. Покрај капењето во езерските води со ниски зимски температури, нагласи дека во 74-годишното искуство никогаш не настинал, не се разболел. – Водици е еден од најсветите наши празници. Седумдесет и четири години се фрлам во водите на Охридското Езеро на 19 јануари. Од седум години почнав. Тоа ни е традиција. Од кога израснав и се оформив како возрасен човек не сум се фрлал и не сум се пријавувал за фаќање на светиот крст, но секогаш сум учествувал. Го немам фатено никогаш. Сум бил многу блиску, но не сум го фатил. Важно е капењето, славата, веселбите…. секогаш сум учествувал, со посебен жар истакнува Ѓурчин. Во студените езерски води, планирал да се капе до својата 80 година и покрај желбата тоа да го прави повторно, годинава рече дека ќе ги послуша советите на лекарите и семејството и нема да скокне. – Не сум сигурен. Сакав да завршам со 80 години, годините си го прават своето. Ме караат сите и семејството и лекарите, вели Симон, кој има голема желба да ја продолжи традицијата. Идејата да се капе во одело, облечен со кошула и машна произлегла од неговата оригиналност да биде поразличен од другите. – Не знам дали можам да го објаснам тоа. Решив да се капам во одело како некој знак за распознавање, како повозрасен. Така ме знаеа ене го оној со оделото пак скока. Се имам фрлено од пристаниште, од бродовите, од највисокото…, вели нашиот соговорник. Ниту строгите закони во минатото не ги спречувале во чинот на осветување на водите Иако во минатото, во времето на комунизот, осветувањето на водите и фрлање на светиот крст за Водици било забрането, сепак, Симон раскажува дека тоа не ги спречувало да ја прекинат традицијата. Честопати добивале и ќотек од полицијата, ама останале верни на традицијата, како што вели, не се плашеле во името на верата. – Понекогаш беше тешко фрлање, не зборувам за ладно или физички, имаше многу забрани, власта не дозволуваше да се слави. Постарите што беа верници, патриоти, рано наутро во три – четири часот се собираа. Прво го фрлаа светиот крст во голем казан, попот ќе си испееше, ние деца околу казанот, 20, 50, стотици, собрани, борба водевме и го фаќавме. Тој што ќе го фатеше крстот беше голем славеник, наградуван од целиот град, се присетува Ѓурчин. Иако, вели тој, крстот се фрлал со криење во црква, сепак се наоѓал некој од старите рибари што ќе го земел и со трчање ќе го фрлел во езеро. – Властите забрануваа да се скока по крстот, забрануваа да се оди во црква. Ние сепак го правевме тоа, верата беше посилна, не правевме зло. Што ќе ни правеа. Одевме масовно. Тие викаа ни даваа ќотек, ние упорно одевме, раскажува Ѓурчин. И во минатото, како и сега, откако ќе го изваделе светиот крст од студените езерски води се собирале во тајфи од по пет – шест души и групно оделе од куќа во куќа, каде се дарувани од домаќините. – Секоја куќа едвај ги чекаше да дојдат и генерално ги наградуваа со пари. Нема одредена сума. Луѓето даваат колку што имаат. Инаку се дава и девизи, како кој, различно, но се дава многу, раскажува Ѓурчин забележувајќи на измами од лажни групи, во последно време, кои оделе по куќи претставувајќи се со името на актуелниот фаќач. Празникот Водици, додава, во Охрид е најсвет ден. Во градот се чувствува посебна атмосфера. По чинот на осветување со нетрпение го чекале фаќачот во домовите, за благослов, здравје, среќа и бериќет. – Кога ќе дојде дома фаќачот со чесниот крст и тајфата најпрво пред врата почнуваат да ја пеат песната „Во Јордание“, вратата се отвора, пеат до крај им се придружуваме и ние од куќата во пеењето. Следуваат благослови: за многу години, радосни, весели… Ги покануваме внатре и ги пречекуваме со вино, ракија и се што има дома, истакнуава Ѓурчин. Славењето во минатото забележа дека било со многу голема почит и страст, со верба во Бога. Иако, додаде, дека и во поново време се враќаме на традицијата, со поддршка на црквата. Невозможно е да се намести фаќачот на крст, Варошани се одлични пливачи и најдобро се снаоѓаат во студените езерски води Во однос на сомнежите во јавноста дека фаќањето на светиот крст во Охрид е наместено и оти повеќе пати го фаќа ист човек, односно иста тајфа од Варош, тој тврди дека е невозможно да се намести. Според него, Варошани се подобри пливачи и добро го познаваат тој дел од езерото затоа и тие се најчестите фаќачи. – Невозможно е да се намести, децата се еден до друг. Свештеникотј и да сака да има фаќачите се толку набиени еден до друг што нема можност да го погоди и никогаш не било наместено. Варошани се далеку подобри пливачи, се снаоѓаат повеќе во водата и се случуваше неколку години по ред исто лице да го фати крстот. Е тука се правеше сомнеж кај луѓето. Нема местење за фаќање на крст. Тие се деца, полупијани се сите, еден над еден се. Во фрлањето летаат таму каде што лета крстот, нагласи Ѓурчин. Во Охрид се фрла поразличен крст од другите градови, односно тој пропаѓа веднаш и плива на дното, мора да се нурне за да се види и извади. – Ако не го фатат уште на површина, тој пропаѓа долу. На крстот има дрвце и бело шамивче. Дрвцето го држи крстот да плови, на дното може да падне во муљ и да се изгуби, а вака плови дрвцето и така се наоѓа. Мислам, не сум сигурен дека само еднаш во историјата на Водици е изгубен крст, никогаш повеќе, секогаш се наоѓа, раскажува Симон. Ден по Водици, Свети Јован Крстител за охриѓани Денот на рибарите Богојавленските чествувања во Охрид продолжуваат и следниот ден, на Свети Јован Крстител, кај охриѓани познат како Ден на рибарите. На тој ден охриѓани повторно се капат во студените езерски води на плажата Сараиште, а традиционално се фрлаат и буриња со вино, за оној кој ќе го извади бурето со црвено вино следува награда. – Рибарите сами го измислија тој ден. Почнува со песната „Во Јордание“, фрлаат буриња со вино, а оној што ќе го извади обележаното буре е наградуван. Порано се правеше рибина чорба, рибата ја донираа рибарите. Во времето кога беше забрането фрлањето на крстот за Водици, рибарите го префрлиле честувањето следниот ден и тогаш користеле момент да ги осветат езерските води и да се фрли крст, раскажува Ѓурчин. Покрај традиционалното капење во одело за Водици, Симон секоја година скокал и на Денот на рибарите, кога имал извадено и буре со вино. Тој ни раскажа една анегдота со поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере, кој беше редовен гостин во Охрид за време на Богојавленските чествувања и капач на Денот на рибарите, како му помогнал да излезе со бурето од студените езерски води. Младите да ја почитуваат традицијата Нашиот соговорник, на младите им порача да ја почитуваат и негуваат традицијата, која е поврзана со нашата вера. Скокачите пак по светиот крст да внимаваат да не конзумираат алкохол, да се дисциплинирани и да не влегуваат во вода додека не почне пеењето на песната „Во Јордание. – Тие влегуваат половина час порано, ќе измрзнат, ќе се здрват и неможат надвор да излезат, а камоли да стигнат до светиот крст. Свештеникот не го фрла крстот додека не се испее три пат песната „Во Јордание“, советува Ѓурчин, кој е голем почитувач на вековната традиција во Охрид. МИА
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voditsi-praznik-nad-praznitsite-za-ohrigani/feed/ 0
Свети Богојавленски служби во црквите на Брегалничката епархија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sveti-bogojavlenski-sluzbi-vo-crkvite-na-bregalnichkata-eparhija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sveti-bogojavlenski-sluzbi-vo-crkvite-na-bregalnichkata-eparhija/#respond Tue, 19 Jan 2021 12:22:12 +0000 https://kurir.mk/?p=457051

Во сите цркви на Брегалничката епархија денеска се служеа свети Богојавленски служби. Во соборниот храм Свети Никола со службата чиноначалствуваше митрополитот на Брегалничката епархија, на којашто присуствуваа верниците. Светиот крст годинава не се фрлаше во реките и базените, со цел да се запазат здравствените мерки, кои се дадени од Министерството за здравство. Градоначалникот на Општина Штип,  Сашко Николов им го честита празникот Богојавление на граѓаните. Да погледнеме во себе си, да го најдеме најдоброто во нас и несебично да го делиме со другите. Денеска свети .Јован во реката Јордан го крсти Исус Христос, и со тоа крштевањето станува една од светите тајни во христијанството. Овој празник значи духовно раѓање и верба во заедништво. Нека е честит празникот Богојавление, добро здравје и среќа на сите, порача Николов.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sveti-bogojavlenski-sluzbi-vo-crkvite-na-bregalnichkata-eparhija/feed/ 0
Утре е Водопост, на овој ден мајките никако не смеат да заборават да го направат ова! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-vodopost-na-ovoj-den-majkite-nikako-ne-smeat-da-zaboravat-da-go-napravat-ova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-vodopost-na-ovoj-den-majkite-nikako-ne-smeat-da-zaboravat-da-go-napravat-ova/#respond Sun, 17 Jan 2021 10:04:06 +0000 https://kurir.mk/?p=456442

Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани за три дена: 18 јануари – Водокрст или Водопост, 19 јануари – Богојавление (Водици) и 20 јануари – Собор на Свети Јован Крстител. Постојат многу обичаи кои се почитуваат за Водопост, но она што е потребно е да се молиме на Бога и да го поминеме денот во пост. Денот пред Богојавление, верниците одат во црква, палат свеќа, се крстат и ја читаат „Оче наш“. Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, овој ден треба да пости само со леб и вода! Во православните храмови на Водопост се крсти вода, но и на Богојавление. Оваа света вода се пие само со почит и молитва. Се дава на деца со вера дека ќе ги излечи и заштити. На овој ден, со молитва во срцето, мајките ќе направат знак на крст со масло на челото на детенцето, а крстената вода ќе ја чуваат во домот и ќе ги мијат децата преку целата година – ако е потребно. Од Божиќ до Богојавление, наместо со „Добар ден“, соседите се поздравуваат со „Христос се роди“, а на Богојавление или Водици со „Бог се јави“. За луѓето што се родени на овој ден се верува дека на нивните слаби рамења ја носат сенката на Светиот Крст и затоа се посебно одговорни за своите постапки пред Бога. Водопост е ден кога треба да се опуштите и да се подготвите за Водици. Време е да престанете да обрнувате внимание на лоши мисли и гласини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-vodopost-na-ovoj-den-majkite-nikako-ne-smeat-da-zaboravat-da-go-napravat-ova/feed/ 0
Ни доаѓа големиот празник Водици: Не е доволно да земете света вода, мора да ги испочитувате и овие работи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-doagja-golemiot-praznik-vodici-ne-e-dovolno-da-zemete-sveta-voda-mora-da-gi-ispochituvate-i-ovie-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-doagja-golemiot-praznik-vodici-ne-e-dovolno-da-zemete-sveta-voda-mora-da-gi-ispochituvate-i-ovie-raboti/#respond Wed, 13 Jan 2021 15:04:26 +0000 https://kurir.mk/?p=454874

Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека воочи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби. Бројни верници на Богојавление одат во црква по света вода со која домашните потоа ќе измијат, но за да осветената вода навистина биде делотворна, пред и после земање на водата, потребно е да се помолите. Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека, а ткаењето задолжително треба да се изостави. Никако не треба да се мисли лошо, ниту пак некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости. Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-doagja-golemiot-praznik-vodici-ne-e-dovolno-da-zemete-sveta-voda-mora-da-gi-ispochituvate-i-ovie-raboti/feed/ 0
ДО БОГОЈАВЛЕНИЕ ОВА НИКАКО НЕ СМЕЕТЕ ДА ГО ПРАВИТЕ – следат некрстени денови, лоши сили и демони https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-bogojavlenie-ova-nikako-ne-smeete-da-go-pravite-sledat-nekrsteni-denovi-loshi-sili-i-demoni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-bogojavlenie-ova-nikako-ne-smeete-da-go-pravite-sledat-nekrsteni-denovi-loshi-sili-i-demoni/#respond Mon, 11 Jan 2021 09:13:00 +0000 https://kurir.mk/?p=453625

Од 7 јануари, па се до Богојавление се некрстените денови, кога по земјата шетаат духови, лоши сили и демони: караконџоли, тарамбаба, гревогазец, ѓаволица, чума и колера. И водите тогаш се нечисти. Божиќ, денот на раѓањето на Исус Христос, христијанскиот свет го прифатил како почеток на Новата година. Од денот на Христовото раѓање, 25 декември по Грегоријанскиот или 7 јануари по Јулијанскиот календар, па се до Богојавление 6 јануари по новиот или 19 јануари по стариот календар се некрстените денови. Денови кога по земјата шетаат духови, лоши сили и демони: караконџоли, тарамбаба, гревогазец, ѓаволица, чума и колера. И водите тогаш се нечисти, опседнати со лоши духови. Водата во овие некрстени денови е леунка, вели народот, крстот е врзан, немоќен, нема сила да ги протера духовите. Во овие дванаесет некрстени денови луѓето се маскираат и ги изведуваат игрите под маски и тоа на Бадник и по него, пред Василица (Стара нова година), а и речиси сите останати денови до Водици. Игрите под маски најпознати како џамаларски, но и: бабари, василичари, мечкари, ајти, русалии… се изведуваат за да се избркаат лошите сили и демони. Луѓето веруваат дека со маските каде задолжително составни елементи се sвонците, клопотарците, стаповите, гајдите и тапаните што прават врева ќе ги исплашат демоните и тие ќе ја напуштат земјата. Настанувањето на овие дванаесет дена се објаснува со разликата меѓу сончевата и месечевата година која изнесува точно дванаесет дена. Денови во кои завршува зимската краткодневица и се раѓа новото Сонце. Коледарските и василичарските обреди под маски ги изведуваат група од млади момчиња кои се маскираат. Нив ги предводи повозрасен маж со потврдена плодоносна моќ, кој има голем и здрав род зад себе и кој е познат женкар. Младите ергени што достигнале одредена возраст 16 – 19 години мора да поминат низ овие обредни игри. Низ игрите требало да се покажат, преобразат и формираат во возрасни мажи, зрели за женење. Маскирањето започнува откако ќе се запали голем оган, а околу него се пие и се пеат и кажуваат безобразни, т.н. мрсни песни што треба да ја подгреат атмосферата со еротски набој. Најзначајно место во групата имаат маските на зетот и на невестата. Маската на невестата треба да е многу добро направена за никој да не ја познае. Особено значење се посветува на градите и задникот кои треба да бидат големи за да предизвикуваат се* суални желби, со што се поттикнува целата природа и човекот на плодност. Често невестата е бремена или држи мало бебе. Игрите под маски што се изведуваат во дванаесетте некрстени денови завршуваат на Водици 19 јануари, денот на Христовото крштевање. На овој ден во сите води ритуално се фрла крстот, што го означува крштевањето. Ослободениот крст има сила да ги гони лошите сили и демони да не доаѓаат на земјата, туку да си седат во нивното царство на темнината. Народни верувања Се верува дека во овој период не треба да се излегува навечер, а ако баш мора со себе да се носи лук, крст или некој остар предмет. Се верувало дека во некрстените денови не се преде, не се ткае и не се пере. Надвор пак не се остава ништо бело, а посебно не детска облека бидејќи злите сили би можеле да им наштетат на децата. Извор: Скопје24.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-bogojavlenie-ova-nikako-ne-smeete-da-go-pravite-sledat-nekrsteni-denovi-loshi-sili-i-demoni/feed/ 0
Богојавление Водици неработен ден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogojavlenie-vodici-neraboten-den/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogojavlenie-vodici-neraboten-den/#respond Thu, 16 Jan 2020 08:48:27 +0000 https://kurir.mk/?p=290456

Министерството за труд и социјална политика ги соопштува следните празници по Бадник и Божиќ. Неработниот ден е утврден согласно со Законот за празниците. Ова се следните денови: За сите граѓани на РМ 1 јануари (среда), Нова година; 7 јануари (вторник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар; 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар; 1 мај (петок), Ден на трудот; 24 мај (недела) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден; 24 мај (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден; 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден; 8 септември (вторник), Ден на независноста; 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден; 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба; 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски За граѓаните од православна вероисповед 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божиќ; 19 јануари (недела), Богојавление (Водици); 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден; 5 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден; 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица); За граѓаните од католичка вероисповед 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден; 1 ноември (недела), Празникот на сите светци; 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ; За граѓаните од муслиманска вероисповед 31 јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам; За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука; За граѓаните припадници на српската заедница во РМ 27 јануари (понеделник), Свети Сава; За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите; За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ 23 мај (сабота), Национален ден на Власите; За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур; За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците; За граѓаните припадници на турската заедница во РМ 21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogojavlenie-vodici-neraboten-den/feed/ 0
На Водици сите одат по света вода, но грешат во една работа- ова никако не го заборавајте во сабота! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-vodici-site-odat-po-sveta-voda-no-greshat-vo-edna-rabota-ova-nikako-ne-go-zaboravajte-vo-sabota/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-vodici-site-odat-po-sveta-voda-no-greshat-vo-edna-rabota-ova-nikako-ne-go-zaboravajte-vo-sabota/#respond Thu, 17 Jan 2019 09:51:37 +0000 https://kurir.mk/?p=153241

Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека воочи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби. Бројни верници на Богојавление одат во црква по света вода со која домашните потоа ќе измијат, но за да осветената вода навистина биде делотворна, пред и после земање на водата, потребно е да се помолите. Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека, а ткаењето задолжително треба да се изостави. Никако не треба да се мисли лошо, ниту пак некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости. Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна.]]>

Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека воочи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби. Бројни верници на Богојавление одат во црква по света вода со која домашните потоа ќе измијат, но за да осветената вода навистина биде делотворна, пред и после земање на водата, потребно е да се помолите. Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека, а ткаењето задолжително треба да се изостави. Никако не треба да се мисли лошо, ниту пак некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости. Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна.]]>
https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-vodici-site-odat-po-sveta-voda-no-greshat-vo-edna-rabota-ova-nikako-ne-go-zaboravajte-vo-sabota/feed/ 0
Скопје: Над 40 кандидати за фаќање на крстот во Вардар, пријавувањето завршува утре https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-nad-40-kandidati-za-fakjanje-na-krstot-vo-vardar-prijavuvanjeto-zavrshuva-utre/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-nad-40-kandidati-za-fakjanje-na-krstot-vo-vardar-prijavuvanjeto-zavrshuva-utre/#respond Tue, 16 Jan 2018 11:52:09 +0000 http://kurir.mk/?p=11636

Повеќе од 40 луѓе досега се пријавиле да учествуваат во традиционалното фаќање на крстот в петок на Богојавление – Водици во Вардар во центарот на Скопје. Пријавувањето почна на 10-ти и ќе трае до утре, 17 јануари. Од Скопската епархија, која трета година го организира пријавувањето на фаќачи на светиот крст,  велат дека досега се пријавиле 44 кандидати, меѓу кои има и женски. Најголем одѕив има во последните денови, така што очекуваат денеска и до утре попладне, кога завршува пријавувањето, бројот на заинтересирани учесници да биде уште поголем. Кандидатите може да се пријават во Скопската епархија до Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ и треба да поминат лекарски преглед во Спортска медицина. Спуштањето на крстот во водите на Вардар на 19 јануари ќе почне во 12 часот од мостот кај хотелот „Холидеј ин“ и ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан. Претходно, во 9 часот, архиепископот г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а потоа богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде што ќе се одржи традиционалната верска манифестација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-nad-40-kandidati-za-fakjanje-na-krstot-vo-vardar-prijavuvanjeto-zavrshuva-utre/feed/ 0
Петок е неработен ден, наредниот споен викенд е по два месеци и ќе одмараме четири дена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petok-e-neraboten-den-naredniot-spoen-vikend-e-po-dva-meseci-i-kje-odmarame-chetiri-dena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petok-e-neraboten-den-naredniot-spoen-vikend-e-po-dva-meseci-i-kje-odmarame-chetiri-dena/#respond Mon, 15 Jan 2018 20:42:53 +0000 http://kurir.mk/?p=11374

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2018 година (петок), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед. Нареден неработен ден е Велигден кога неработни денови се Велики петок и понеделник, првиот ден по Велигден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petok-e-neraboten-den-naredniot-spoen-vikend-e-po-dva-meseci-i-kje-odmarame-chetiri-dena/feed/ 0
19-ти јануари, Богојавление неработен ден за граѓаните од православната вероисповед https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/19-ti-januari-bogojavlenie-neraboten-den-za-gragjanite-od-pravoslavnata-veroispoved/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/19-ti-januari-bogojavlenie-neraboten-den-za-gragjanite-od-pravoslavnata-veroispoved/#respond Fri, 12 Jan 2018 13:28:38 +0000 http://kurir.mk/?p=9951

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2018 година (петок), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/19-ti-januari-bogojavlenie-neraboten-den-za-gragjanite-od-pravoslavnata-veroispoved/feed/ 0