бои – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Aug 2023 07:24:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бои – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дали знаете што значи црвената, сината и белата боја на пастата за заби? Секоја од нив има ЦЕЛ, а еве од ШТО СЕ СЕ СОСТОИ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-znaete-shto-znachi-tsrvenata-sinata-i-belata-boja-na-pastata-za-zabi-sekoja-od-niv-ima-tsel-a-eve-od-shto-se-se-sostoi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-znaete-shto-znachi-tsrvenata-sinata-i-belata-boja-na-pastata-za-zabi-sekoja-od-niv-ima-tsel-a-eve-od-shto-se-se-sostoi/#respond Fri, 11 Aug 2023 07:24:25 +0000 https://kurir.mk/?p=865712

Еве што се крие зад овие бои на пастата за заби! Денес на пазарот има безброј пасти за заби – од обични бели, до црни (јаглен) и шарени… Но, една боја на паста за заби остана во сеќавањето на многумина. Поточно, повеќе. Во прашање се црвената, сината и белата. А дали знаевте дека секоја боја на паста за заби има посебно значење или подобро кажано се состои од посебна состојка која помага во здравата дентална хигиена? На пример, белиот дел од пастата за заби содржи супстанции кои го отстрануваат плакот и како резултат на тоа ги избелуваат забите. Црвената линија на пастата обично содржи витални елементи за правилна нега на непцата, а синиот дел содржи антимикробни компоненти и компоненти за освежување на здивот. Ваквиот изглед на пастата не е неопходен и не сите пасти се со иста боја, туку секоја ги содржи потребните состојки за одржување на здравјето на забите и непцата. Главните состојки на пастата се: абразивни средства (25-60%) конституенси (20-40%) вода (15-50%) боја (до 3%) детергентни материи (до 2%) врзивни средства (до 2%) ароматични материи (до 1,5%) конзерванси стабилизатори слатки материи профилактички агенси (како флуор) лековити материи]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-znaete-shto-znachi-tsrvenata-sinata-i-belata-boja-na-pastata-za-zabi-sekoja-od-niv-ima-tsel-a-eve-od-shto-se-se-sostoi/feed/ 0
Внимателно изберете какво велигденско јајце ќе подарите – еве што значат боите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimatelno-izberete-kakvo-veligdensko-jajtse-ke-podarite-eve-shto-znachat-boite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimatelno-izberete-kakvo-veligdensko-jajtse-ke-podarite-eve-shto-znachat-boite/#respond Mon, 10 Apr 2023 17:07:39 +0000 https://kurir.mk/?p=822557

Црвеното јајце е симбол на Велигден поради новиот живот, плодноста, компарацијата со Христовото воскреснување. Некои сметаат дека црвената е вистинската велигденска боја, но не случајно јајцата за Велигден се подготвуваат во повеќе бои. Освен што се вистински подарок за очи, секоја боја поединечно е извор на среќа. Ви го претставуваме значењето на боите на велигденските јајца, кои во деновите што следуваат ќе бидат најдраг гостин во Вашите семејства: Жолта боја – светлина, радост Портокалова – трпение, моќ Зелена – храброст, големина Виолетова – надеж, спокојство Сина – здравје, ведрина Се претпоставува дека и симболите кои се појавуваат при вапсањето јајца имаат значење. Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го вапцале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimatelno-izberete-kakvo-veligdensko-jajtse-ke-podarite-eve-shto-znachat-boite/feed/ 0
Пет најпопуларни бои за 2023 година, доминираат на модните писти https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pet-najpopularni-boi-za-2023-godina-dominiraat-na-modnite-pisti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pet-najpopularni-boi-za-2023-godina-dominiraat-na-modnite-pisti/#respond Thu, 30 Mar 2023 20:56:02 +0000 https://kurir.mk/?p=818313

Овие бои се истакнаа на модните писти за 2023 година. По анализата на стотина ревии за пролет/лето 2023 година, резултатите се повеќе од конзистентни. Откријте ги 5-те најпопуларни бои и најдете парчиња облека во овие тонови. 1. ВИОЛЕТОВА Нежните тонови на виолетовата како јоргованот и лавандата ќе доминираат оваа пролет и лето. 2. ЦРНА Вечна и безвременска, секогаш најбезбедна варијанта, црната ќе биде апсолутен хит оваа пролет, а подоцна и летото. 3. ЛИМЕТА Оваа боја ќе биде нешто ново во гардеробата на повеќето луѓе, а доколку не сте доволно смели да ја носите сами, одберете барем некој детал. 4. БЕЛА Оваа сезона белата боја е попосакувана од кога било досега, а за тоа се погрижија дизајнерите играјќи со неа во форма на широк спектар на дизајни - од свила до крзно. 5. ШАФРАН Оваа енергична нијанса на црвена тешко можеше да се игнорира во колекциите на познати дизајнери, а најмногу се носеше од глава до пети на костуми и фустани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pet-najpopularni-boi-za-2023-godina-dominiraat-na-modnite-pisti/feed/ 0
Бои што најдобро ги кријат гребнатините и нечистотијата на автомобилите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/boi-shto-najdobro-gi-krijat-grebnatinite-i-nechistotijata-na-avtomobilite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/boi-shto-najdobro-gi-krijat-grebnatinite-i-nechistotijata-na-avtomobilite/#respond Mon, 13 Mar 2023 11:16:26 +0000 https://kurir.mk/?p=811294

Најпосакуваните бои на автомобил, кај возачите низ целиот свет, најчесто се нијансите на бело, сиво или црно. Сепак, според списанието „ХАК“, кога се одлучува за боја, освен естетиката, има и некои други фактори битни за изборот на секојдневно превозно средство. Неодамнешен извештај за боите на новите автомобили, објавен од производителот на бои „Агзалта пејнт“ (Axalta paint), меѓу другото, говори за боите коишто најдобро кријат гребнатинки на возилата, и за боите што веднаш „ги откриваат“ недостатоците. Во таа смисла, белата и светлите бои имаат предност, бидејќи подобро ги кријат гребнатините дење, како и нечистотијата што се насобрала на возилото. Од другата страна на спектарот се црната и потемните бои. Сите дамки и гребнатинки во тој случај ќе бидат позабележливи и ќе треба почесто миење на автомобилот, полирање, преправки, „шминка“ и слични зафати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/boi-shto-najdobro-gi-krijat-grebnatinite-i-nechistotijata-na-avtomobilite/feed/ 0
Дознајте зошто боите на семафорите се црвена, жолта и зелена иако порано се користела и белата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/doznajte-zoshto-boite-na-semaforite-se-tsrvena-zholta-i-zelena-iako-porano-se-koristela-i-belata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/doznajte-zoshto-boite-na-semaforite-se-tsrvena-zholta-i-zelena-iako-porano-se-koristela-i-belata/#respond Thu, 09 Mar 2023 20:57:22 +0000 https://kurir.mk/?p=810186

Црвеното светло на семафорот значи дека треба да застанеме, додека зеленото е сигнал дека може да ја преминеме улицата или да продолжиме да возиме. Жолтата сигнализира дека треба да бидеме внимателни бидејќи семафорот ќе се менува меѓу другите две бои. Но, зошто токму овие бои се избрани да бидат на семафорите, а не некои други како на пример виолетова, сина...? Семафорите постоеле многу пред појавата на автомобилите. Тие првпат биле користени за давање сигнали на возовите во 19 век. Уште во тоа време црвеното сигнализирало дека треба да се застане. Зелената, не сигнализирала дека треба да се продолжи, туку значела претпазливост, додека белата ја имала улогата што ја има зелената денес. Ова им правело големи проблеми на машиновозачите бидејќи белата боја на хоризонтот ноќно време не се разликувала многу од ѕвездите. Поради оваа причина, железничките компании одлучиле дека зелената треба да биде она што ќе сигнализира безбедно поминување, што останало до ден денес. Што се однесува до црвената боја, таа практично секогаш сигнализирала опасност, многу пред модерниот сообраќај. Поради тоа што е боја со најдолга бранова должина, најлесно се разликува од далечина. Жолтата, од друга страна, има бранова должина помеѓу црвената и зелената, па затоа е идеална како симбол на претпазливост.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/doznajte-zoshto-boite-na-semaforite-se-tsrvena-zholta-i-zelena-iako-porano-se-koristela-i-belata/feed/ 0
ФАРМАЦЕВТИТЕ ОТКРИВААТ: Што значат различните бои на лековите и на што треба да внимавате? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/farmatsevtite-otkrivaat-shto-znachat-razlichnite-boi-na-lekovite-i-na-shto-treba-da-vnimavate/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/farmatsevtite-otkrivaat-shto-znachat-razlichnite-boi-na-lekovite-i-na-shto-treba-da-vnimavate/#respond Sat, 04 Feb 2023 19:55:51 +0000 https://kurir.mk/?p=796220

Сигурно сте забележале кога сте земале лекови за настинка или некоја друга болест, дека некои од нив се обоени. Иако повеќето лекови се со бела боја, таблетите и антибиотиците обично можат да бидат шарени – поточно, тие се состојат од две бои. Фармацевтот Абас Канани откри дека боите всушност имаат мала врска со самите лекови колку што е мудра маркетиншка одлука. Како што рече, бојата на пилулата ја одредува производителот и нема никакво влијание врз ефикасноста на лекот. Честопати ова се маркетиншки избори. Претходните истражувања покажаа дека црвената, жолтата и портокаловата боја се поврзани со стимулирачки ефект, додека сината и зелената се поврзани со смирувачки ефект. „За многу пациенти, однапред замислените верувања пред да земат лек често може да влијаат на нивниот исход, во однос на ефикасноста на лекот и несаканите ефекти. Ова е познато како плацебо ефект, каде фармаколошкото дејство влијае на пациентот“, рече овој фармацевт и додаде дека треба да ги избегнувате најскапите, бидејќи во повеќето случаи се работи за маркетинг и за самиот бренд. Дополнително, тој предупреди дека најважното нешто што треба да направите пред да купите лек за настинка и грип е навистина да ги погледнете симптомите, бидејќи не сакате да трошите пари на производ што всушност нема да ги ублажи болките и проблемите. Постојат три типа состојки кои можат да направат вистинска разлика, во зависност од тоа како се чувствувате – првиот е деконгестив (познат и како вазоконстриктор) ако имате затнат нос, вториот е за искашлување слуз, а третиот е за сузбивање сува кашлица.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/farmatsevtite-otkrivaat-shto-znachat-razlichnite-boi-na-lekovite-i-na-shto-treba-da-vnimavate/feed/ 0
ФОТО: Три бои кои ќе бидат хит за свадбени декорации во 2023 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-tri-boi-koi-ke-bidat-hit-za-svadbeni-dekoratsii-vo-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-tri-boi-koi-ke-bidat-hit-za-svadbeni-dekoratsii-vo-2023-godina/#respond Wed, 25 Jan 2023 20:43:33 +0000 https://kurir.mk/?p=791960

Доколку сте верени и ја планирате вашата свадба, еден од важните детали е и декорацијата. Секоја година со себе носи нови трендови кога станува збор за декорациите, а ви ги пренесуваме боите кои според експертите од свадбената индустрија ќе доминираат на свадбите во 2023 година. 1. Розова Една од најпопуларните бои на свадбите во 2023 година ќе биде розовата и нејзините светли нијанси. Тие ќе бидат совршен избор особено за пролетни и летни свадби. Бојата на годината, избрана од Институтот за бои Pantone, е во прилог на розовиот тренд. Тоа е нијанса на Viva Magenta која совршено ќе се вклопи во вашиот голем ден. 2. Кафена Модерните, земјени неутрални бои ќе бидат еден од најголемите свадбени трендови во 2023 година. Ќе бидат истакнати потемните тонови кои ќе и дадат контраст и длабочина на целата приказна. Наместо светлата боја како основна боја, трендот ќе се движи кон потемни нијанси како чоколадно кафена, боја на 'рѓа или бакар. 3. Зелена Во 2023 година зелената боја ќе биде голем тренд кога се во прашање свадбите. Особено популарна ќе биде смарагд зелената боја, која изгледа прекрасно во текот на целата година. Маслинесто зелената и авокадо зелената се уште две опции кои ќе изгледаат одлично, особено во комбинација со бои како сенф жолта, вишна, црвена. Една од причините зошто многумина ја избираат зелената боја за своите свадби е фактот што таа изгледа прекрасно благодарение на зелените растенија.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-tri-boi-koi-ke-bidat-hit-za-svadbeni-dekoratsii-vo-2023-godina/feed/ 0
Важен е вашиот избор: Што значат боите на лампионите кои ги имате дома? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vazen-e-vashiot-izbor-shto-znachat-boite-na-lampionite-koi-gi-imate-doma/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vazen-e-vashiot-izbor-shto-znachat-boite-na-lampionite-koi-gi-imate-doma/#respond Sat, 31 Dec 2022 20:40:06 +0000 https://kurir.mk/?p=782260

Еден од најубавите обичаи во врска со дочекот на Новата година е китењето на елка. Како ќе ја накитите елката во денешно време е работа на вкус, идеи, материјални можности, но и знаење. Ние ви нудиме неколку совети во врска со китењето, за вашата елка да биде вистински одраз на расположението во кое сте. Поради тоа, ќе зборуваме за боите. Зелена – оваа боја треба што повеќе да се користи. Новогодишната треска може да биде многу стресна, затоа е важно дома да домирина зелената боја, бидејќи тоа е боја која смирува. Покрај тоа, одличен контраст е на доминантно црвената новогодишна боја. Ако сте се одлучиле за зелена елка, тоа е добар избор, бидејќи покрај зелената одат дури и многу разнобојни украси. Бела – фенг шуи вели дека белата боја е без живот, „боја без боја“ и дека не е препорачливо да се користи во вакви прилики. Меѓутоа, во последно време се појавуваат се повеќе бели новогодишни елки и украсни гранки, кои можат да бидат исто така вкусно накитени. Сепак, ако китите бела елка, треба да водите сметка за тоа да не мешате повеќе од две бои на украсите. Црвена – не се вели залудно дека тоа е боја која симболизира радост, среќа, уживање, но и длабока и страсна љубов. Исто така, се верува дека штити од негативна енергија и без сомнеж може да се каже дека таа боја, која почнувајќи од облеката на Дедо Мраз, па до украсните ленти и лампиони, најчесто може да се види пред новогодишните празници. Црвената боја на украсите идеално оди со златна боја. Сина – боја на духовност, сочувствителност и нежност. Се поврзува со духовноста, постојаноста и верноста. Како и зелената и оваа боја делува смирувачки. Затоа, ако наместо за зелена се определите за бела вештачка елка, идеална боја на украсите е токму сината. Виолетова (пурпурна) – боја која симболизира верност, искреност, љубов и страдање. Истовремено, тоа е боја и на високото благородништво, па елката може навистина да изгледа ексклузивно ако на неа доминира виолетова боја.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vazen-e-vashiot-izbor-shto-znachat-boite-na-lampionite-koi-gi-imate-doma/feed/ 0
Саудиска Арабија заплени играчки во бои на виножито затоа што „промовирале хомосексуалност“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiska-arabija-zapleni-igrachki-vo-boi-na-vinozito-zatoa-shto-promovirale-homoseksualnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiska-arabija-zapleni-igrachki-vo-boi-na-vinozito-zatoa-shto-promovirale-homoseksualnost/#respond Wed, 15 Jun 2022 20:55:31 +0000 https://kurir.mk/?p=691427

Властите на Саудиска Арабија запленија играчки и детска облека во бои на виножито под изговор дека преку нив се за „поттикнува хомосексуалноста“. Телевизијата Ал Екбарија објави дека тамошното Министерство за трговија од продавниците во Ријад повлекува повеќе артикли, вклучително и штипки за коса, маици, капи и футроли за моливи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saudiska-arabija-zapleni-igrachki-vo-boi-na-vinozito-zatoa-shto-promovirale-homoseksualnost/feed/ 0
Планирате да кречите? Овие бои ДОКАЖАНО внесуваат среќа и ОПТИМИЗАМ во просторијата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/planirate-da-krechite-ovie-boi-dokazano-vnesuvaat-srekja-i-optimizam-vo-prostorijata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/planirate-da-krechite-ovie-boi-dokazano-vnesuvaat-srekja-i-optimizam-vo-prostorijata/#respond Fri, 03 Jun 2022 08:14:07 +0000 https://kurir.mk/?p=685996

Научно е докажано дека боите силно делуваат на човечката психа. Како што дојде топлото време, голем број луѓе размислуваат за бојадисување и генерално преуредување на своите домови. Доколку не сте љубител на класичните бели ѕидови и сакате да внесете позитивни вибрации во вашиот дом, размислете за следните бои. Боја на ф’стаци Бојата на ф’стаците е суптилна и нежна, а изгледа навистина елегантно и тренди. Го збогатува секој простор и визуелно го проширува. Покрај тоа, добро се комбинира со мебел од речиси сите бои. Пастел портокалова Инстант доза на позитивна енергија веднаш штом ќе влезете во собата. Оваа боја во голема мера ја проширува просторијата и ја прави да изгледа посветла. Експертите за внатрешен дизајн велат дека за одличен ефект доволно е да се обои само еден ѕид, а другите да бидат бели или потемни. Светло тиркизна боја Оваа боја има исклучително смирувачки ефект и не постои човек кој ќе се чувствува вознемирен во тиркизна соба. Внесува доза на свежина во куќата и симболизира среќа, слобода, мотивација и охрабрување. За најдобар ефект, искречете само два ѕида во една просторија. Жолта За многумина жолтата е асоцијација на смеа, радост и среќа. Навистина, оваа боја има таков ефект врз секој што ја гледа. Дополнително, како и сите светли бои, жолтата прави собата да изгледа поголема отколку што навистина е, а најдобар ефект ќе постигнете доколку жолтата ја ставите во просторија која има многу дневна светлина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/planirate-da-krechite-ovie-boi-dokazano-vnesuvaat-srekja-i-optimizam-vo-prostorijata/feed/ 0