боинг 737 макс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 May 2019 08:16:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png боинг 737 макс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Боинг“ тврди дека поправил грешки во софтверот за моделот 737 Макс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boing-tvrdi-deka-popravil-greshki-vo-softverot-za-modelot-737-maks/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boing-tvrdi-deka-popravil-greshki-vo-softverot-za-modelot-737-maks/#respond Fri, 17 May 2019 08:16:01 +0000 https://kurir.mk/?p=198943

Боинг соопшти дека завршиле со софтверските измени за проблематичните модели 737 Макс. Производителот на авиони соопшти дека е тестиран софтверот повеќе од 360 часови на 207 летови. Во несреќите на авиони Боинг 737 Макс на Етиопијан ерлајнс и на Лајон Ер кога загинаа над 250 лица, и анализите покажаа дека автоматскиот систем Maneuvering Characteristics Augmentation System (MCAS)  грешно обработувал податоци со што на пилотите им оневозможувал да го поправат проблемот и да вратат контрола врз авионот. По несреќата во Етиопија моделите 737 Макс 8 и 9 беа приземјени во светот. Подобрениот софтвер треба да го одобри американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство (ФАА) и нејзини партнери во други држави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boing-tvrdi-deka-popravil-greshki-vo-softverot-za-modelot-737-maks/feed/ 0
Уште еден авиопревозник бара отштета од „Боинг“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-avioprevoznik-bara-otshteta-od-boing/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-avioprevoznik-bara-otshteta-od-boing/#respond Thu, 11 Apr 2019 13:17:00 +0000 https://kurir.mk/?p=185160

Кинеската авиокомпанија „Чајна истерн ерлајнс“ побара од „Боинг“ отштета откако претходно ги суспендира сите летови со авионите „737 Макс“. Со тоа, „Чајна истерн ерлајнс“, која е една од трите водечки кинески државни авиопревозници, им се придружи на уште неколку авиокомпании кои побараа компензација од „Боинг“ по две фатални несреќи со тие авиони. Американскиот производител на авиони Боинг забележа голем пад на нарачките и испораките во првиот квартал, а тие за 737 МАКС се сведени на нула по двете катастрофални авионски несреќи и повлекувањето на тој тип авиони од сообраќај во целиот свет. Боинг во првите три месеци годинава забележал вкупно 95 нарачки на авиони, што е за половина помалку од истиот период минатата година. Вкупно се испорачани 149 авиони, 19 отсто помалку отколку во првите три месеци во 2018 година. Бројот на испорачани авиони од типот 737 МАКС паднал за околу 33 отсто, со испорачани само 11 летала. Тој тип на авион водеше по број на нарачки се до урнувањето на „Етиопијан ерлајнс“ на 10 март, кога загинаа 157 лица. Четири месеци претходно Боинг 737 МАКС се урна и во Индонезија, при што загинаа 189 луѓе. Анализите покажа сличности помеѓу овие две несреќи и 737 МАКС беше повлечен од сообраќај ширум светот. Боинг беше принуден да ги замрзне испораките на авионот, кој дотогаш водеше по бројот на нарачки меѓу неговите модели. Се уште не се знае кога 737 МАКС повторно ќе лета. Глобални регулатори, вклучувајќи ги и кинеските, соопштија во меѓувреме дека ќе се вклучат во работата на американската Федерална управа за авијација, која ќе се обиде да утврди дали авионот е безбеден за употреба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-avioprevoznik-bara-otshteta-od-boing/feed/ 0
СКАНДАЛ: Пилотите со месеци пред несреќата се жалеле на Боинг 737 Макс 8 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-pilotite-so-meseci-pred-nesrekjata-se-zalele-na-boing-737-maks-8/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-pilotite-so-meseci-pred-nesrekjata-se-zalele-na-boing-737-maks-8/#respond Wed, 13 Mar 2019 11:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=174252

Пилотите со месеци пред авионската несреќа во неделата во Етиопија, во која загинаа 157 лица, се жалеле до американските федерални власти на новиот Боинг 737 Макс 8, јавува Њујорк Пост.

Поплаките биле поднесени од пилоти кои летале со тој авион во октомври и ноември 2018 година, и сите поплаки се внесени во федералната база на податоци, според Далас Морнинг њус.

Сите жалби се однесуваат на „безбедносниот механизам“, кој бил наведен и во прелиминарниот извештај од истражувањето за падот на индонезискиот Лајон ер во октомври, кога загинаа сите 189 лица во авионот.

Поплаките се однесуваат на проблемите на авионите Макс 8 со автопилот системот при полетувањето, се вели во извештајот. Низа поплаки велат дека брзо по полетувањето авионот одеднаш ќе го свртел носот надоле кон земјата.

„Фактот дека овој авион бара толку многу работа за да биде во состојба да лета дефинитивно е предупредување“, вели еден од пилотите во поплаките.

„Несфатливо“ е како федералните власти и авиокомпаниите продолжуваат да дозволуваат пилотите да летаат со авионите без да објаснат како тие се разликуваат од останатите авиони, наведува истиот пилот.

Во соопштението од вторникот на ФАА (Федералната агенција за воздухопловство) се наведува дека со прегледот на авионите не е утврдена причина поради која сите авиони на тој модел треба да бидат приземјени.

„Досега, нашиот преглед не покажа проблеми со системските перформанси и не дава основа да се нареди приземјување на авионите“, велат од ФАА.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-pilotite-so-meseci-pred-nesrekjata-se-zalele-na-boing-737-maks-8/feed/ 0
„Етиопиан ерлајнс“ ги приземји сите свои Боинг 737 Mакс авиони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopian-erlajns-gi-prizemji-site-svoi-boing-737-maks-avioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopian-erlajns-gi-prizemji-site-svoi-boing-737-maks-avioni/#respond Mon, 11 Mar 2019 06:51:53 +0000 https://kurir.mk/?p=173415

Авиокомпанијата „Етиопиан ерлајнс“ ја приземји флотата од Боинг 737 Макс авиони по вчерашнара несреќа со овој тип авион во која загинаа 157 лица. Компанијата издаде соопштение во кое се вели дека ваквиот чекор е преземен како „дополнителна безбедносна мерка за претпазливост“ по вчерашната фаталната несреќа. – Иако сé уште не ја знаеме причината за несреќата, моравме да одлучиме да ја приземјиме таа флота како дополнителна мерка на безбедност, се истакнува во соопштеието. И Кина претходно соопшти дека нејзините воздухопловни власти ги приземјиле сите авиони Боинг 737 Макс, во очекување на понатамошна истрага.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopian-erlajns-gi-prizemji-site-svoi-boing-737-maks-avioni/feed/ 0