боинг 737 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Mar 2022 08:29:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png боинг 737 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трогателни сцени од местото каде што се урна Боинг 737: Роднините во солзи едвај стојат на нозе (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trogatelni-sceni-od-mestoto-kade-shto-se-urna-boing-737-rodninite-vo-solzi-edvaj-stojat-na-noze-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trogatelni-sceni-od-mestoto-kade-shto-se-urna-boing-737-rodninite-vo-solzi-edvaj-stojat-na-noze-foto/#respond Thu, 24 Mar 2022 08:29:16 +0000 https://kurir.mk/?p=652439

Бројни тимови се уште ја чешлаат областа во Кина каде во понеделникот се урна патничкиот авион Боинг 737 со 132 патници и членови на екипажот. Една од двете црни кутии од авионот е пронајдена вчера, но е многу оштетена - толку многу што истражителите не можат да кажат дали се работи за рекордер на податоци за летот или за диктафон во пилотската кабина. Рано утринава, тимовите продолжија да бараат уште една црна кутија, надевајќи се дека ќе им одговори како се урнал авионот. На лице место се и роднините на загинатите во несреќата. Да потсетиме, Боингот 737-800 со 132 патници и членови на екипажот патуваше од Кинминг до Гуангжу, кога се урна во планините Гуангкси. Кина објави дека нема преживеани во авионската несреќа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trogatelni-sceni-od-mestoto-kade-shto-se-urna-boing-737-rodninite-vo-solzi-edvaj-stojat-na-noze-foto/feed/ 0
Пронајдена е една црна кутија од Боинг 737 кој се урна во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdena-e-edna-crna-kutija-od-boing-737-koj-se-urna-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdena-e-edna-crna-kutija-od-boing-737-koj-se-urna-vo-kina/#respond Wed, 23 Mar 2022 09:57:20 +0000 https://kurir.mk/?p=651896

Една од двете црни кутии на кинескиот авион што се урна во понеделникот е пронајдена во тешко оштетена состојба, соопштија истражителите. Снимачот е толку оштетен што истражителите не можат да кажат дали се работи за рекордер на податоци за летот или за диктафон во пилотската кабина, пишува Скај Њуз. Да потсетиме, Боингот 737-800 со 132 патници и членови на екипажот патувал од Кинминг кон Гуангжу, кога се урна во планините Гуангкси.Кина објави дека нема преживеани во авионската несреќа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdena-e-edna-crna-kutija-od-boing-737-koj-se-urna-vo-kina/feed/ 0
Авионите на Боинг – 737 Макс најверојатно од ноември ќе добијат европска дозвола https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avionite-na-boing-737-maks-najverojatno-od-noemvri-kje-dobijat-evropska-dozvola/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avionite-na-boing-737-maks-najverojatno-od-noemvri-kje-dobijat-evropska-dozvola/#respond Fri, 25 Sep 2020 14:27:38 +0000 https://kurir.mk/?p=408498

Авионите Боинг 737 Макс може да добијат регулаторна лиценца во ноември и да се вратат во функција до крајот на годината, соопшти денеска Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската унија (ЕАСА). Авионот на Боинг – 737 Макс беше повлечен од употреба во март минатата година по две сериозни несреќи во кои загинаа вкупно 346 лица. Идентификувани се технички неправилности и регулаторите го тестираат за да проверат дали може повторно да лета. – За првпат по година и пол, можам да кажам дека на повидок е крајот на работите врз Макс, изјави Патрик Ки, извршен директор на европскиот регулатор. ЕАСА очекува да ја укине техничката забрана „кратко време“ откако американскиот регулатор ќе го стори тоа, веројатно во ноември, но дозволите за работа за некои земји потребни за авиокомпаниите да продолжат да летаат во Европа може да траат подолго, рече Ки. – Очекуваме ова да биде сторено во ноември, вели тој. – На Кина ќе и треба повеќе време, додаде тој, без да навлегува во детали. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avionite-na-boing-737-maks-najverojatno-od-noemvri-kje-dobijat-evropska-dozvola/feed/ 0
Украинскиот авион сепак бил погоден од ракети: Нови детали од првиот официјален извештај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-avion-sepak-bil-pogoden-od-raketi-novi-detali-od-prviot-oficijalen-izveshtaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-avion-sepak-bil-pogoden-od-raketi-novi-detali-od-prviot-oficijalen-izveshtaj/#respond Sun, 23 Aug 2020 10:37:05 +0000 https://kurir.mk/?p=394095

Анализата од црните кутии на украинскиот патнички авион „Боинг 737“, што во јануари се урна веднаш по полетувањето од аеродомот во Техеран, покажува дека леталото, во период од само 25 секунди, било погодено од две ракети и дека патниците уште некое време биле живи непосредно по првата експлозија, сооопштија денеска иранските власти. Соопштението на иранската Организација за цивилно воздухопловство е прв официјален извештај за содржината на црната кутија и податоците од пилотската кабина, што во јули беше испратен на анализи во Франција, пренесоа британските медиуми. Техеран призна дека во јануари случајно собори украински авион, во време на екстремни тензии со САД. Загинаа сите 176 патници и членови на екипажот на авионот. „Деветнаесет секунди откако првата ракета го погоди авионот, гласовите на пилотите во кокпитот укажуваат дека патниците се живи … 25 секунди подоцна втората ракета го погодила авионот“, се вели во соопштението. Иранската револуционерна гарда на 8 јануари со ракета земја-воздух го собори украинскиот авиопревозник, кратко време по полетувањето од Техеран, што иранските власти подоцна го признаа како „катастрофална грешка“ на нивните сили, кои беа во состојба на зголемена борбена готовност во судирот со САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-avion-sepak-bil-pogoden-od-raketi-novi-detali-od-prviot-oficijalen-izveshtaj/feed/ 0
ВИДЕО+ФОТО: „Боинг“ со 176 лица се урна по полетувањето од Техеран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-foto-boing-so-176-lica-se-urna-po-poletuvanjeto-od-teheran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-foto-boing-so-176-lica-se-urna-po-poletuvanjeto-od-teheran/#respond Wed, 08 Jan 2020 06:45:54 +0000 https://kurir.mk/?p=286590

Украински „Боинг 737“ во кој се наоаѓаа 176 лица, се урна по полетувањето од техеранскиот аеродром. Иранската Црвена полумесечина соопшти дека не постојат шанси да се пронајдат преживеани лица, пренесува Би-Би-Си. Урнатиот авион кој и припаѓал на украинската авиокомпанија се урнал само неколку минути по полетувањето од аеродромот во Техеран. Првичните извештаи велат дека тој летал за Киев. Не е познато дали инцидентот е поврзан со иранско-американската конфронтација, но сообраќајните експерти велат дека најверојатно се запалил моторот на авионот. Спасувачки тимови се испратени на местото на падот. Украинските официјални лица соопштија дека во авионот имало 167 патници и 9 членови на екипажот. Претседателот Зеленски истакнал дека украинската амбасада во Техеран ќе учествува во разјаснувањето на околностите кои довеле до оваа трагедија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-foto-boing-so-176-lica-se-urna-po-poletuvanjeto-od-teheran/feed/ 0