Бојан Јовановски – Боки 13 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Sep 2023 07:58:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бојан Јовановски – Боки 13 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НА БОКИ 13 МУ ОСТАНА САМО 10% ОД ЖЕЛУДНИКОТ, ВО ЗАТВОР ТРПИ ТОРТУРА: Таткото на Јовановски со солзи во очите откри непознати детали за јавноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-boki-13-mu-ostana-samo-10-od-zheludnikot-vo-zatvor-trpi-tortura-tatkoto-na-jovanovski-so-solzi-vo-ochite-otkri-nepoznati-detali-za-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-boki-13-mu-ostana-samo-10-od-zheludnikot-vo-zatvor-trpi-tortura-tatkoto-na-jovanovski-so-solzi-vo-ochite-otkri-nepoznati-detali-za-javnosta/#respond Wed, 20 Sep 2023 07:58:53 +0000 https://kurir.mk/?p=879756

Српски „Блиц“ беше во домот на шоуменот Бoјан Јовановски познат како Боки 13, а неговиот татко Миле за првпат пред камерите проговори за својот син кој е во затвор. – Ми недостига Боки. Неговото здравје не е добро, има речиси 10 проценти од желудникот, а има и други здравствени проблеми. Оваа влада го третира како да е најголемиот терорист во историјата. Катастрофа, тоа е страшно мачење. Тој нема услови таму. Треба да јаде по малку 8, 9 пати на ден. Тој бара да се одмори од казната, но тоа не му го даваат за да се опорави малку. Тој е инвалид на кој му треба помош – изјави Миле за „Блиц“. Тој вели дека мајка му оди во посета. – Боки е жив оган. Тој го прави она што никој не го знае и не може. Боки е осуден за пропаганда. Некој го искористил. Тој е во затвор, а другите се кријат. Смешно е, знаат сите граѓани. Марина додека беше жива доаѓаше и Фута. Кога дојде до тоа спектакуларно апсење, многу луѓе го напуштија. Немале докази, а го осудиле – вели Миле Јовановски. FOTO: BLIC TV / RINGIER Таткото на Боки 13 на крајот од интервјуто се расплакал и им порачал на луѓето кои сѐ уште го сакаат и поддржуваат неговиот син, дека Бојан ќе се врати од затвор како нов човек. – Ја отвори таа телевизија, работеше беспрекорно. Тој сè уште ја сака музиката до ден-денес. Уште како дете почна да диригира. Се гледаше дека беше шоумен, имаше 10, 11 години. На 13 години ја донесе Руслана. Соседите го поздравуваат, сите го фалат, го охрабруваат да издржи. На луѓето кои го сакаат би им рекол „очекувајте го новиот Бојан“ – вели татко му. Боки 13 е осуден во случајот „Рекет“, заедно со екс обвинителката од СЈО, Катица Јанева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-boki-13-mu-ostana-samo-10-od-zheludnikot-vo-zatvor-trpi-tortura-tatkoto-na-jovanovski-so-solzi-vo-ochite-otkri-nepoznati-detali-za-javnosta/feed/ 0
Адвокатот на Боки 13 очекува да паднат и оставки: Никој не е толку црн за да го доведете во животозагрозувачка состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-na-boki-13-ochekuva-da-padnat-i-ostavki-nikoj-ne-e-tolku-tsrn-za-da-go-dovedete-vo-zhivotozagrozuvachka-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-na-boki-13-ochekuva-da-padnat-i-ostavki-nikoj-ne-e-tolku-tsrn-za-da-go-dovedete-vo-zhivotozagrozuvachka-sostojba/#respond Fri, 17 Mar 2023 19:18:54 +0000 https://kurir.mk/?p=813327

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Бојан Јовановски-Боки 13, за „Макфакс“ посочува дека очекува оставка од неколку лица што во изминатиот период одлучувале по однос на барањето за прекин на казната. Туфегџиќ посочува дека токму тие што одлучувале и го оставиле Боки 13 во „Идризово“ со влошено здравје треба да сносат одговорност. Осудениот денеска е хоспитализиран и во болница, каде што треба да му биде извршена операција. „Реално, лично очекувам морален чин на оставка од неколку лица што постапувале и одлучувале во изминатиот период бидејќи ниту еден осуденик не е до толку црн за со своето постапување дополнително да го казнувате и да го доведете во животозагрозувачка состојба, а сето тоа можело да се одбегне“, вели Туфегџиќ за „Макфакс“. Тој додава дека докторите и тој како адвокат алармирале дека може да се избегнат овие последици ако Боки 13 бил третиран во согласност со насоките од докторите. „На овие последици врз животот и здравјето на осуденото лице во изминатите 7 месеци предупредуваа лекарите специјалисти од областа и јас како бранител. Укажуваа како и на кој начин да се одбегнат тешките последици врз животот и здравјето на лицето и сите укажувања се составен дел од списите на предметите водени во Основниот кривичен суд Скопје и Управата за извршување на санкциите. Во конкретниот случај надлежните органи што постапувале однапред знаеле за здравствената состојба, биле свесни за настапувањето на последиците, кои извесно може да настанат, па оттаму оправдано е барањето за одговорност упатено од семејството“, додава Туфегџиќ. Утринава, правниот тим на Боки 13 посочи дека тој е хоспитализиран во болница. По правење на проверките, тој ќе биде и опериран, соопштија тие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-na-boki-13-ochekuva-da-padnat-i-ostavki-nikoj-ne-e-tolku-tsrn-za-da-go-dovedete-vo-zhivotozagrozuvachka-sostojba/feed/ 0
ДЕТАЛИ ЗА ДРАМАТА ВО ИДРИЗОВО – Боки 13 го претепале три лица, има видливи повреди, отоци и огреботини во пределот на главата и рацете! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-dramata-vo-idrizovo-boki-13-go-pretepale-tri-lica-ima-vidlivi-povredi-otoci-i-ogrebotini-vo-predelot-na-glavata-i-racete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-dramata-vo-idrizovo-boki-13-go-pretepale-tri-lica-ima-vidlivi-povredi-otoci-i-ogrebotini-vo-predelot-na-glavata-i-racete/#respond Fri, 21 Oct 2022 13:13:35 +0000 https://kurir.mk/?p=749078

Бојан Јовановски-Боки 13 синоќа е донесен на преглед во Ургентниот центар со анамнестички податок за физички напад. Констатирани се видливи надворешни повреди, отоци и огреботини во пределот на глава, шака, рачен зглоб и надлактица. По направени иследувања, прегледан е од неврохирург, трауматолог и дигестивен хирург, по што е пуштен поради лекарска проценка дека нема потреба од хоспитализација, информираа за МИА од Ургентниот центар. Претходно, извори од МВР за МИА потврдија дека три лица вчера физички го нападнале Бојан Јовановски во кругот на затворот „Идризово“, каде тој ја издржува затворската казна. Оттаму посочуваат дека вчера во 20 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ј. (36) од Скопје. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-dramata-vo-idrizovo-boki-13-go-pretepale-tri-lica-ima-vidlivi-povredi-otoci-i-ogrebotini-vo-predelot-na-glavata-i-racete/feed/ 0
Боки 13 пред операција која има висок ризик од смртност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-pred-operacija-koja-ima-visok-rizik-od-smrtnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-pred-operacija-koja-ima-visok-rizik-od-smrtnost/#respond Thu, 28 Jul 2022 17:58:34 +0000 https://kurir.mk/?p=711519

Низа испитувања му се прават на Бојан Јовановски-Боки 13, по кои треба да се одлучи дали ќе му се отстрани желудникот, операција за која има висок ризик од смртност. Двајца хирурзи ја разгледуваат секоја можност за да му се подобри здравствената состојба, откако тој беше хоспитализиран во болница. Докторот Божин Ефтимов за „А1он“ посочува дека прават обиди за да се подобри здравјето на Јовановски без операција, но испитувањата ќе го дадат конечниот одговор. „Доколку не дојде до подобрување на здравствената состојба пациентот ќе мора да биде опериран. Се прават дополнителни медицински иследувања по кои ќе донесеме одлука“, вели хирургот Ефтимов за „А1он“. Бојан Јовановски е хоспитализиран веќе една недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-pred-operacija-koja-ima-visok-rizik-od-smrtnost/feed/ 0
Врховниот суд ги одби барањата на Катица Јанева и Боки 13, осудените остануваат во затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovniot-sud-gi-odbi-baranjata-na-katica-janeva-i-boki-13-osudenite-ostanuvaat-vo-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovniot-sud-gi-odbi-baranjata-na-katica-janeva-i-boki-13-osudenite-ostanuvaat-vo-zatvor/#respond Wed, 01 Jun 2022 12:42:17 +0000 https://kurir.mk/?p=684960

Врховниот суд ги одби барањата за вонредно преиспитување на пресудите за случајот „Рекет” на Бојан Јовановски и поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Jанева. – Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот КВПКОК2бр.19/21, познат во јавноста под името „Рекет“, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие, велат од Врховен суд. Воедно, во јули минатата година Апелациониот суд – Скопје ја потврди пресудата на Кривичниот суд – Скопје за случајот „Рекет” со кој Јанева е осудена на казна затвор од седум години за „примање награда за противзаконито влијание“ и „злоупотреба на службена положба и овластување, а Јовановски на девет години затвор за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhovniot-sud-gi-odbi-baranjata-na-katica-janeva-i-boki-13-osudenite-ostanuvaat-vo-zatvor/feed/ 0
Пресуда за „Меѓународен сојуз“: Боки 13 доби 9 години затворска казна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presuda-za-megjunaroden-sojuz-boki-13-dobi-9-godini-zatvorska-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presuda-za-megjunaroden-sojuz-boki-13-dobi-9-godini-zatvorska-kazna/#respond Thu, 07 Apr 2022 10:28:55 +0000 https://kurir.mk/?p=659598

Кривичниот суд – Скопје денеска ја објави пресудата за предметот „Меѓународен сојуз”, каде првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13, а обвинети се и уште четири други лица, меѓу кои и поранешната пратеничка Фросина Ременски. Имено, судијката Софче Гаврилова – Ефремова пресуди дека Бојан Јовановски е виновен затоа што со дејствијата кои таа ги прочита сторил кривично дело измама од членот 247 ставот 4 во врска со став 1 во врска со членот 45 од Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело членот 273 и ставот 1 од Кривичниот законик со што судот заклучно со цитираните законски одредби од член 4, 32, 33, 35, 39 од Кривичниот закон му утврдува казна затвор од по 5 години и согласно член 44 од Кривичниот законик го осудува на единствена казна затвор во траење од 9 години. Јасна Мандиќ е прогласена за виновна за кривично дело измама и е осудена на единствена затворска казна од 4 години. Поранешната пратеничка од СДСМ Фросина Ременски се ослободува од обвинението. Таткото на Бојан, Миле Јовановски е осуден на eдинствена условна казна од две години. Според обвинителниот акт, во периодот од 8 јули 2017 година до 13 април 2018 година првообвинетиот, како претседател на обвинетата невладина организација Меѓународен сојуз, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, ги искористил документите од посочената НВО и довел и одржувал во заблуда две оштетени лица. Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност, и тоа 719 905 евра, односно 233 821 евра во денарска противвредност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presuda-za-megjunaroden-sojuz-boki-13-dobi-9-godini-zatvorska-kazna/feed/ 0
Завршни зборови на Боки 13 за случајот „Меѓународен сојуз“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-na-boki-13-za-sluchajot-megjunaroden-sojuz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-na-boki-13-za-sluchajot-megjunaroden-sojuz/#respond Fri, 18 Mar 2022 09:08:08 +0000 https://kurir.mk/?p=649302

Бојан Јовановски-Боки 13 денеска во Основниот Кривичен суд Скопје треба да ги даде завршните зборови за случајот „Меѓународен сојуз“. Адвокатот на првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“ на претходното рочиште побара да се одложи завршниот говор, затоа што обвинетиот не бил подготвен за тоа. Обвинителството бара Бојан Јовановски, татко му, неговата асистентка, Јасна Ерцеговиќ и екс-пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски да бидат прогласени за виновни и да им ги вратат парите на оштетените. Ременски тврди дека не влијаела врз бизнисмени да склучат договори со организацијата „Меѓународен сојуз“ на Боки 13. Обвинетата во случајот на завршни зборови потенцираше дека не учествувала во проектот за старечки домови, а најмалку била запознаена со финансиската вредност. Според неа, наводите дека е угледна личност не се доволен доказ за да биде обвинета. Таа кажа дека не договарала и преговарала и дека не е автор, ниту потписник на договорот. Вели дека потполно неоправдано и неосновано ја обвиниле. „Судот не ги зел во предност сите учесници во овој процес и нивните врски со многу институции на локално и државно ниво. Силјан Мицевски на прашање пред бранителот, одговорил дека Фросина Ременски и Александар Кирацовски не влијаеле врз никој, ниту таа ја договорала цената на овој договор“, кажа Ременски. Таа ја обвини обвинителката Ивана Трајчева за злоупотреба на службената положба, истакнувајќи дека се обидува да симулира кривично дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshni-zborovi-na-boki-13-za-sluchajot-megjunaroden-sojuz/feed/ 0
Утре завршни зборови на Бојан Јовановски-Боки 13 за случајот „Меѓународен сојуз“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zavrshni-zborovi-na-bojan-jovanovski-boki-13-za-sluchajot-megjunaroden-sojuz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zavrshni-zborovi-na-bojan-jovanovski-boki-13-za-sluchajot-megjunaroden-sojuz/#respond Thu, 17 Mar 2022 16:57:40 +0000 https://kurir.mk/?p=649053

Првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“ Бојан Јовановски утре во Основниот Кривичен суд Скопје ќе ги даде завршни зборови, бидејќи на претходното рочиште по барање на адвокатите беше одложено, затоа што обвинетиот не бил подготвен за тоа. Во меѓувреме Обвинителството бара обвинетите во „Меѓународен сојуз“ да се огласат за виновни затоа што во постапката се докажало дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кој се обвинети, односно дека материјалните докази биле поткрепени со изјави на сведоците Хуманоста на невладината „Меѓународен сојуз" остана само на хартија, а во реалност се случи измама, со овие зборови обвинителот Трајче Пеливанов ги почна завршните зборови во случајот „Меѓународен сојуз", каде првообвинет е Бојан Јовановски Боки 13. Според обвинителот Пеливанов, во тек на ова постапка било докажано дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кој се обвинети, односно дека материјалните докази биле поткрепени со изјави на сведоците. Обвинетите сериозно работеле да оставаат силен впечаток во јавноста. Неспорно е дека оваа дело обвинетиот Бојан Јовановски, не можел да го реализира сам, туку со влијание на останатите обвинети. Неспорна е и улогата на обвинетата Ременски, таа знаела дека извршната власт не стоела зад договорите. Оштетените кажаа дека доколку не била обвинетата Ременски, немале да ги склучат договорите, рече Пеливанов, наведувајќи дека што се однесуваа на обвинетата Јасна Мандиќ, таа ги контактирала странките и знаела се што се случува во невладината „Меѓународен сојуз". Според Пеливанов, обвинетата Јасна Мандиќ свесно и по сопствена волја му помогнала на обвинетиот Бојан Јовановски во извршувањето на кривичното дело „измама". Застапникот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од Судот да ги прогласи обвинетите за виновни, имајќи ја предвид тежината на кривичното дело. Воедно, полномошниците на оштетените Силјан Мицевски и Адријан Амзовски најавија отштетно побарување. Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари"'. Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, татко на првообвинетиот Бојан Јовановски, и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама", Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари", а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари" и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје". Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз". Обвинетите се изјаснија дека не чуствуваат вина за делата кои обвинети. Судењето за „Меѓународен сојуз" почна на 1 јули, но беше одложено поради барањето на поранешната потпретседателка на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Рускоска за понатамошно постапување во овој случај. Кон барањето за иземање на обвинителката Рускоска, се приклучи и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13. Советот за оценка на 12 мај годинава во целост го прифати обвинителениот акт против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „измама" и „перење пари и други приноси од казниво дело". Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз" на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра. Основачот на невладината „Меѓународен сојуз", Бојан Јовановски-Боки 13, е обвинет на девет години затвор со неправосилна пресуда за случајот „Рекет", каде што е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание" и за „перење пари", заедно со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која доби затворска казна од седум години за „злоупотреба на службена положба и овластувања". Во случајот „Меѓународен сојуз“, освен Бојан Јовановски - Боки 13, Судењето за „Меѓународен сојуз" почна на 1 јули, но беше одложено поради барањето на поранешната потпретседателка на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Рускоска за понатамошно постапување во овој случај. Кон барањето за иземање на обвинителката Рускоска, се приклучи и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13. Советот за оценка на 12 мај годинава во целост го прифати обвинителениот акт против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „измама" и „перење пари и други приноси од казниво дело". Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз" на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра. Основачот на невладината „Меѓународен сојуз", Бојан Јовановски-Боки 13, е обвинет на девет години затвор со неправосилна пресуда за случајот „Рекет", каде што е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание" и за „перење пари", заедно со поранешната СЈО Катица Јанева, која доби затворска казна од седум години за „злоупотреба на службена положба и овластувања". Во случајот „Меѓународен сојуз“, освен Бојан Јовановски - Боки 13, обвинети се Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска, за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-zavrshni-zborovi-na-bojan-jovanovski-boki-13-za-sluchajot-megjunaroden-sojuz/feed/ 0
Боки 13 се огласи на Инстаграм – објави фотографии од судницата и интересна српска песна алудирајќи на судот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-se-oglasi-na-instagram-objavi-fotografii-od-sudnicata-i-interesna-srpska-pesna-aludirajkji-na-sudot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-se-oglasi-na-instagram-objavi-fotografii-od-sudnicata-i-interesna-srpska-pesna-aludirajkji-na-sudot-foto/#respond Sat, 05 Feb 2022 14:29:42 +0000 https://kurir.mk/?p=627445

Бојан Јовановсски или во јавноста позат како Боки 13 повторно се огласи на Инстаграм и испрати интересна порака. Тој објави фотографија на која седи на обвинителната клупа, додека во позадина ја оди песната „Ne lomite mi bagrenje“ на познатиот пејач Ѓорѓе Балашевиќ. Еден од стиховите на овој познат хит на Балашевиќ оди вака: „Верујем, цењени суде да добро познајеш лјуде ви бар имате посла јер ћуд је ћуд, а суд је суд. Верујем, цењена главо да си и учио право да сваком судиш поштено јер част је част, а власт је власт“ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-se-oglasi-na-instagram-objavi-fotografii-od-sudnicata-i-interesna-srpska-pesna-aludirajkji-na-sudot-foto/feed/ 0
Јовески: ОЈО Скопје постапува по кривичните пријави на Боки -13 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-ojo-skopje-postapuva-po-krivichnite-prijavi-na-boki-13/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-ojo-skopje-postapuva-po-krivichnite-prijavi-na-boki-13/#respond Mon, 03 Jan 2022 09:39:35 +0000 https://kurir.mk/?p=615715

На Бојан Јовановски (Боки 13) во неколку наврати му е овозможено на записник во Основното јавно обвинителство Скопје да ги изложи обвинувањата за повеќе лица, да поднесе кривични пријави, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА, во однос на писмото од Боки -13 во кое има серија обвинувања и напади за криење докази. –По овие кривични пријави Обвинителството постапува и колку што сум информиран постапката е при крај и очекувам Обвинителството во блиско време да донесе одлука во врска со овие негови наводи, вели Јовески. Тој рече дека Јовановски имал неколку можности да ги истакне тие повреди или тие незаконитости или извршувањето на кривични дела од одредени поединци. Пред се, како што посочи Јовески, тоа можеше да го направи во текот на истрагата што се водеше против него, а ако немаше доверба во истрагата тоа можеше да го истакне на главната расправа каде што присуствуваа медиумите и можеше сите тие работи да се приопштат кон јавноста. -Бојан Јовановски потоа бараше на записник да даде кривична пријава во делот на таквите негови сознанија, наводи и докази за кои тврди дека ги поседува. Јас определив и јавен обвнител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, кој врз основа на дадена согласност од судијата на претходна постапка го посети во притвор со намера на записник да му земе наводи за кривична пријава. Бојан Јовановски ја одби таа соработка и после извесно време во неколку наврати, мислам дека во три му е овозможено на записник во Основното јавно обвинителство Скопје да ги изложи, да поднесе кривични пријави, истакна државниот јавен обвинител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-ojo-skopje-postapuva-po-krivichnite-prijavi-na-boki-13/feed/ 0