бојан јовановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Mar 2023 08:29:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бојан јовановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здравјето на Боки 13 е АЛАРМАНТНО влошено, правниот тим открива дека тој преживува агонија и тиранија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravjeto-na-boki-13-e-alarmantno-vlosheno-pravniot-tim-otkriva-deka-toj-prezhivuva-agonija-i-tiranija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravjeto-na-boki-13-e-alarmantno-vlosheno-pravniot-tim-otkriva-deka-toj-prezhivuva-agonija-i-tiranija/#respond Thu, 09 Mar 2023 08:29:26 +0000 https://kurir.mk/?p=809794

На ден 07.03.2023 на ЈЗУ УК за ГЕХ Скопје, на осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13, му беше напревена Горнодигестивна ендоскопија, Гастроскопија , при која инвестигација, во наодот од истата е констатирано крајно и алармантно влошување на здравствената состојба на Бојан Јовановски, со предлог за оперативен третман тотална гастректомија со езофаго-јејуно анастомоза, односно целосно отстранување на витален орган желудник, бидејќи врз пациентот терапевтскиот третман не е спроведуван, ниту реализиран, односно со ова медицинско иследување и наод се потврдува фактот дека осудениот Бојан Јовановски нема услови и можност да се лекува и да се третира во пенални затворски услови. Целото соопштение од Правниот тим на Бојан Јовановски, го пренесуваме во продолжение: Наодот од извршената гастроскопија е рефериран и одобрен од стручниот колегиум на Клиниката УК за ГЕХ Скопје. Животот на осудениот Бојан Јовановски е ставен во ризик, бидејќи извесно е во секој момент да настане компликација која ќе биде фатална по неговиот живот, па наместо законита постапка имаме состојба на хазардерско постапување од страна на надлежните органи, а како влог е ставен животот на осудениот Бојан Јовановски! Оттука, потенцираме дека Основниот кривичен суд Скопје веќе цели 4 месеци нема донесено правосилна одлука по барањето за прекин, постапка која по својот карактер и итна, а истовремено судот не презема никакви дејствија и не одлучува по жалбената постапка ниту во разумен рок, иако до судот навремено се доставени сите овие медицински докази и од страна на одбраната се преземени сите расположливи средства предвидени со закон, но за жал, негативната тенденција и тортура кон осудениот Боја Јовановски е поголема од сите реални факти и законски основи за уважување на барањето за прекин на издржување на казна затвор. Воедно ја информираме јавноста дека на ден 01.02.2023 година поднесено е барање за прекин и до директорот на Управата за извршување на санкциите, кој е суверен во својата одлука и не е врзан со одлуката на судот, но и од овој орган нема сѐ уште одлука! Ја информираме општата и стручната јавност дека оваа агонија и тиранија кон осудениот Бојан Јовановски трае повеќе од 7 ( седум ) месеци и дека во текот на двете последователни постапки за прекин кон судот и кон двете постапки за прекин кон Управата за извршување на санкциите, од страна на одбраната се поднесени безброј писмени поднесоци, темелени врз основа на цврсти медицински докази кои укажуваат на сериозноста и животно-загрозувачкиот карактер на болеста на осудениот Бојан Јовановски, кој е дефинитивно предмет на нечовечно однесување, истиот се третира како експериментален предмет, а не како човек, врз осудениот Бојан Јовановски веќе несомнено се спроведува тортура од највисок степен и му се нарушуваат сите загарантирани човекови права согласно Устав и согласно Европската конвеција за заштита на човекови права. Вакво институционално постапување и директно изживување од позиција на моќ е незапаметено во поновата историја, дотолку повеќе што однапред предупредувавме во барањата за прекин дека доколку осудениот Бојан Јовавски не се лекува и третира согласно специјалистичките извештаи и конзилијарните мислења на десетици специјалисти и суб-специјалисти, ќе дојде до оваа крајна и непосакувана последица, а тоа е операција со висок ризик на смртност и настанување на траен инвалидитет кај Бојан Јовановски. После сето ова веруваме, но не сме убедени, дека за Бојан Јовановски еднакво важи загарантираното Уставно начело на неповредливост на физичкиот и психичкиот интегритет, како и за сите други граѓани во Р.С.Македонија. Оттука, јавно прашуваме на кого му одговара да настанат смртоносни последици по животот на осудениот Бојан Јовановски? Дали системот свесно, организирано и координирано, секојдневно и стихијно го убива Бојан Јовановски? Кој ќе понесе одговорност за веќе настанатите последици по здравјето и животот на Бојан Јовановски? Осудениот Бојан Јовановски беше осуден и пред да биде осуден со пресуда на сомнително правен начин, но тоа е тема за друго идно време, а на оваа тортура мора да се стави крај! Знаеме и свесни сме од каде доаѓаат наредбите за ова изживување кон Бојан Јовановски, но по словото на законот и легалитетот ќе се бориме со сите законски средства до крајна линија на секој расположлив начин со наредбодавачите и извршителите на оваа системска тортура и линч! Порачуваме дека не се откажуваме од намерата за правдата да добие светлост на денот и дека не се плашиме од директните и индиректните закани, од причини што бранејќи ги правата на осудениот Бојан Јовановски, ја браниме законитоста, а преку тоа ја браниме и правната стабилност која е сериозно разнишана преку вакви негативни примери. И секако важно за напомена е дека барањето за прекин на издржување казна затвор претставува институт од времен карактер, а не ослободување од изречената санкција! Во прилог на ова соопштение ви го испраќаме специјалистичкиот извештај од извршената Гастроскопија од УК за ГЕХ Скопје од 07.03.2023 година и дополненијата на барањата за прекин на издржување на казна затвор кон судот и Управата за извршување на санкциите од 08.03.2023 година од бранителот м-р Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје. Согласно вашите потреби и цели на вашето информирање, согласни сме да користите содржина од доставените прилози и истите да ги објавите и прикажете и визуелно во целост, согласно ваша одлука и потреба.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravjeto-na-boki-13-e-alarmantno-vlosheno-pravniot-tim-otkriva-deka-toj-prezhivuva-agonija-i-tiranija/feed/ 0
Правниот тим на Боки 13: 11 лекари од Брза помош утврдија дека Јовановски не може да се лекува во затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravniot-tim-na-boki-13-11-lekari-od-brza-pomosh-utvrdija-deka-jovanovski-ne-mozhe-da-se-lekuva-vo-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravniot-tim-na-boki-13-11-lekari-od-brza-pomosh-utvrdija-deka-jovanovski-ne-mozhe-da-se-lekuva-vo-zatvor/#respond Sat, 04 Mar 2023 11:10:31 +0000 https://kurir.mk/?p=808003

Правниот тим на Бојан Јовановски - Боки 13, испрати соопштение за неговата здравствена состојба, и неможноста за санирање во пенални услови. Велат, сето изнесено е аргументирано со мислења на кои се повикува и Кривичниот суд, но и со потврди од Итната медицинска помош која 11 пати бил повикана во затворот „Идризово“ и дала потврда дека не може да се аплицира терапија, ниту да се одржи хигиено-диететски режим. -Сите веќе доставени медицински докази (медицински конзилијарни стручни мислења) до судот кои со сигурност упатуваат на фактот дека осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13 не може да се лекува во пенални услови, а особено поради конзилијарното мислење од ЈЗУ УК за Дигестивна хирургија Скопје од 23.01.2023 година, мислење кое беше истакното и издвоено од страна на Основниот Кривичен суд при известувањето до јавноста од страна на судот на ден 17.02.2023 година. Во посоченото мислење од ЈЗУ УК за Дигестивна хирургија Скопје се вели дека специјалист истите од таа клиника се согласни со дадените препораки од страна на колегите хирурзи од ЈЗУ УК СВ. НАУМ ОХРИДСКИ за препишаната терапија и за потребата од спроведување на строг хигиено-диетски резим, истите се оградуваат од прашањето дали има услови за спроведување на хигиено-диетскиот режим во затворот и во последниот пасус наведуваат дека во насока на сето наведено општата состојба на пациентот не е компромитирана, особено доколку му се овозможат соодветни услови за апликација на тераписки третман и примена на хигиено диетски режим. Во однос на сето наведено, а доведено во корелација со мислењата од државни универзитетски клиники, ја информираме јавноста дека е констатирано и утврдено дека во затворот, односно во пенални услови не постои ниту начин, ниту постојат услови за неопходно лекување и третман на Бојан Јовановски. Од страна на 11 доктори од Итната помош која доаѓала секојдневно во затворот констатирано е дека препишаната терапија од отпусното писмо од 17.02.2023 година нема услови целосно да се спроведе во затворски услови и да се аплицира и дека на лице место во затворот е утврдено од 11 лекари дека нема услови и можност за спроведување и примена на неопходниот хигиено-диетски режим. За констатираното и утврденото од докторите од Медицинската итна служба изготвени се писмени потврди од самите доктори со нивни печат и потпис кои ви ги доставуваме во ова соопштение за јавност. Овие докази се доставени до Основниот кривичен суд каде сеуште трае жалбената постапка за барањето за прекин на ден 02.03.2023 година, доставени се и до Управата за извршување на санкции на ден 03.02.2023 година, како и специјалистички контролен извештај од 01.02.2023мгодина од ЈЗУ УКХБ св.Наум Охридски. Во прилог на ова соопштение откако институционално во законска форма се доставени сите докази до надлежните органи, ги доставуваме и до јавноста, се со цел јавноста да ја знае и увиди вистинската слика за тортурата која му се случува на осудениот Бојан Јовановски кој и покрај сите јасни недвојбени лекарски препораки, не му се овозможува прекинот кој го има како законска можност како и секое друго осудено лице. Ве информираме дека жалбената постапка сеуште трае и дека целата постапка за прекин на казна трае веќе 4 месеци, иако согласно закон се работи за постапка од итен карактер, а во правна смисла ќе се согласиме дека постапка од итен карактер е недозволиво и законски незамисливо да трае 4 месеци! Овие докази кои ги доставуваме до медиумите и до јавноста ја покажуваат тортурата на дело, па оттука гласно го поставуваме прашањето кој ќе сноси одговорност за оваа организирана и координирана хајка и најважно од се е кој ќе сноси одговорност доколку настанат компликации кои директно може да резултираат со смртоносни последици по животот на Бојан Јовановски, бидејќи од сето приложено и сега докажано на лице место во затворската установа од 11 лекари дека нема услови за лекување и третман во затворот. Апелираме и истакнуваме барање до сите надлежни органи, а особено до сите домашни и меѓународни институции и организации за заштита на човековите права веднаш да преземат активности и дејствија во рамки на своите надлежности, со цел да се спречи оваа незапаметена тортура и флагрантно кршење на загарантираните човекови права кој согласно Устав ги има и осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13, велат адвокатите на Боки. До медиуми доставија и 11 потврди од Итна медицинска помош потпишани од 11 различни доктори и друга медицинска документација.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravniot-tim-na-boki-13-11-lekari-od-brza-pomosh-utvrdija-deka-jovanovski-ne-mozhe-da-se-lekuva-vo-zatvor/feed/ 0
Боки 13 подготвен да достави „бомби“ до Абази за криминал во највисоките државни структури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-podgotven-da-dostavi-bombi-do-abazi-za-kriminal-vo-najvisokite-drzhavni-strukturi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-podgotven-da-dostavi-bombi-do-abazi-za-kriminal-vo-najvisokite-drzhavni-strukturi/#respond Wed, 22 Feb 2023 08:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=803499

Адвокатскиот тим на Бојан Јовановски - Боки 13 информира дека тој иницирал постапка пред јавниот обвинител Ислам Абази, шеф на ОЈО за ГОКК Скопје. На ден 16.02.2023 година Бојан Јовановски во писмена форма, своерачно потпишана од негова страна, побара да биде изведен во најкус можен рок, исклучиво пред обвинителот Ислам Абази и во присуство на полномошниците м-р адвокат Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје и Сашо Дуковски адвокат од Скопје, поради тоа што истакнува дека единствено има доверба во посочениот јавен обвинител. Бојан Јовановски во писмото до јавниот обвинител истакна барање за поднесување на кривини пријави на записник кои се однесуваат на лица и настани поврзани со коруптивни, казниви дела и криминални дејствија на лица од највисоките државни структури од сферата на политиката, правосудството, бизнис елитата и други лица кои биле во заедничка корелација на сторување. Со наведеното ја информираме јавноста дека започнува исклучително сериозен и сензитивен процес, дотолку повеќе што Бојан Јовановски при поднесувањето на кривичните пријави на записник ќе ги предаде сите докази во поткрепа на пријавите , а доказите кои ги поседува се во форма на снимени разговори, транскрипти, пораки, фотографски и видео записи ( т.н. "бомби" ) како што е и наведено и во самото барање до јавниот обвинител од страна на Бојан Јовановски, се вели во соопшетението. Адвокатите на Боки 13 информираат и дека ќе бидат споделувани информации за отпочнатиот процес и ја повикуваат јавноста со внимание да го следи процесот, особено важно, како што велат, поради статусот и положбата на подносителот Бојан Јовановски. Апелираат дека после започнување на овој процес, тој ќе биде изложен на интензивирана тортура, притисоци и закани, па оттука повикуваме на разумност и поддршка од општата и стручната јавност.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-podgotven-da-dostavi-bombi-do-abazi-za-kriminal-vo-najvisokite-drzhavni-strukturi/feed/ 0
Боки 13 и испрати писмо на амбасадорката на САД: Се соочувам со закани по животот, имам сензитивни податоци, ве молам за заштита https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-i-isprati-pismo-na-ambasadorkata-na-sad-se-soochuvam-so-zakani-po-zhivotot-imam-senzitivni-podatotsi-ve-molam-za-zashtita/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-i-isprati-pismo-na-ambasadorkata-na-sad-se-soochuvam-so-zakani-po-zhivotot-imam-senzitivni-podatotsi-ve-molam-za-zashtita/#respond Mon, 20 Feb 2023 09:22:52 +0000 https://kurir.mk/?p=802539

Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13 и испрати писмо на американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, во кое наведува дека е соочува со сериозна тортура и незаконито и криминално постапување од страна на судските власти. Боки 13 бара заштита од амбасадорката, а причина за тоа како што вели во писмото, се сензитивните податоци кои ги поседува. Во продолжение интегрален текст од писмото на Боки 13 испратено до амбасадорката на САД. -Јас осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13, осуден на казна затвор за предметот познат во јаноста како Рекет, со овој писмен поднесок до вас сакам да ве запознаам и да ве известам за целата тортура која ја доживувам, покрај тоа што сум осуден без докази за сторено кривично дело, туку поради интереси на политичките и бизнис моќници во нашата држава. Во моментов се соочувам со сериозна тортура и незаконито и криминално постапување од страна на судските власти, поточно од страна на Основниот кривичен суд Скопје, па оттука чувствувам за потребно да ве известам за реалните состојби во нашиот правосуден систем, дотолку повеќе што за истите мои наводи располагам со докази. Со оглед на вашата императивна заложба за владеење на правото во нашата држава, чувствувам за должност да ви ги приложам следните документи од кои неспорно ќе можете да утврдите тенденциозно и незаконито постапување од страна на судот и поигрување со човечки живот, особено важно што мојата здравствена состојба е со животно загрозувачки карактер, согласно сите медицински докази кој ви ги доставувам во овој писмен поднесок заедно со судките одлуки од каде неспорно ќе можете да ја утврдите селетивноста и незаконитото постапување на судот, дотолку повеќе што за ова судско решение изразувам основано сомневања дека е фалсификувано и антидатирано, за кое сомневање иницирав постапки пред надлежните правосудни органи. Молам за помош од ваша страна и молам во најкус можен рок да ме посетите во КПУ ИДРИЗОВО, вие или друго службено лице кое би било делегирано од ваша страна од причини што ценам дека е потребно и значајно со вас да споделам важни и сензитивни податоци со кој располагам а истите се од крајно сериозен карактер и директо се поврзани со коруптивни дејствија на поединци и криминал поврзан со лица од највисоки државни структури. Во тоа име, ве молам за заштита од ваша страна, бидејќи се соочувам со реални закани по мојот живот, особено поради тоа што инволивираните лица поседуваат реална моќ и влијание. Во прилог на овој писмен поднесок ви ја доставувам комплетната медицинска документација и судските решенија погореопишани и ве молам за брза реакција.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-i-isprati-pismo-na-ambasadorkata-na-sad-se-soochuvam-so-zakani-po-zhivotot-imam-senzitivni-podatotsi-ve-molam-za-zashtita/feed/ 0
Потребно е постапување во однос на нападот врз Бојан Јовановски во Идризово, смета Тупанчевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potrebno-e-postapuvanje-vo-odnos-na-napadot-vrz-bojan-jovanovski-vo-idrizovo-smeta-tupanchevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potrebno-e-postapuvanje-vo-odnos-na-napadot-vrz-bojan-jovanovski-vo-idrizovo-smeta-tupanchevski/#respond Tue, 25 Oct 2022 12:12:17 +0000 https://kurir.mk/?p=750179

Министерот за правда Никола Тупанчевски рече дека треба да се постапи во однос на настаните што се случија во затворот „Идризово“ кога физички бил нападнале Бојан Јовановски – Боки 13 во кругот на затворот, каде тој ја издржува затворската казна. –Значи апсолутно треба да се постапи во однос на настаните што пред некој ден што се случија во „Идризово“. Верувам дека ќе имаме завршница и доколку има елементи за кривично дело ќе постапи Јавното обвинителство, одговори Тупанчески на новинарско прашање денеска на маргините на конференцијата по повод Европскиот ден на правдата и одбележување на две години од кампањата за подигање на свеста за бесплатна правна помош.
Во однос на затворската управа, како што рече, ќе биде постапено доколку се утврди каква било одговорност. -Кога велам Обвинителството и полицијата односно надлежните органи до колку се утврди каква било одговорност зборувам и за припадниците на КПД Идризово, и во однос на другите сите субјекти коишто се инволвирани би требало да има одговорност. Дали ќе биде дисциплинска, кривична, да го оставиме тоа на органите коишто се надлежни и за постапување, истакна министерот. Три лица на 20 октомври физички го нападнале Бојан Јовановски – Боки 13 во кругот на затворот „Идризово“, каде тој ја издржува затворската казна. Од МВР информираа дека на 20 октомври во 20 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ј. (36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15:40 часот во кругот на Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“, каде издржувал затворска казна, Јовановски бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potrebno-e-postapuvanje-vo-odnos-na-napadot-vrz-bojan-jovanovski-vo-idrizovo-smeta-tupanchevski/feed/ 0
Боки 13 претепан во „Идризово“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-pretepan-vo-idrizovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-pretepan-vo-idrizovo/#respond Fri, 21 Oct 2022 09:56:11 +0000 https://kurir.mk/?p=748893

Со повреди на главата и телото се здобил Бојан Јовановски - Боки 13 откако бил претепан во затворот „Идризово“ каде ја издржува затворската казна. Од МВР велат дека случајот бил пријавен и кај нив од страна на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“. -На 20.10.2022 во 20.00 часот во СВР Скопје - Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со поврди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. „А1он“ објави дека Боки 13 бил нападнат од три лица, а на нападот не му претходеле расправии. Наводно, нападот се случил во дворот на затворот, по што Јовановски со Брза помош бил пренесен во болница.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-pretepan-vo-idrizovo/feed/ 0
Јанева се пожали дека ја третирале како “провинцијалка“, Јовановски очекува вистината да биде утврдена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janeva-se-pozali-deka-ja-tretirale-kako-provincijalka-jovanovski-ochekuva-vistinata-da-bide-utvrdena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janeva-se-pozali-deka-ja-tretirale-kako-provincijalka-jovanovski-ochekuva-vistinata-da-bide-utvrdena/#respond Fri, 15 Apr 2022 15:43:23 +0000 https://kurir.mk/?p=663741

Судењето за предметот за оштетното побарување на Орце Камчев од Бојан Јовановски и Катица Јанева за случајот „Рекет“ продолжува на 11 мај, откако во Основниот граѓански суд – Скопје денеска беа сослушани тужителот и тужените. Тужената Катица Јанева на денешното рочиште истакна дека во текот на нејзиниот мандат како специјален јавен обвинител „многу трпела влијание од страна на политичките партии“. -Многу трпев влијание од страна на политичките партии, за сите одлуки. Тие мислеа дека јас, како провинцијалка не го познавам правото, дека ќе им дозволам да влијаат на моите одлуки, но, после четиригодишно согледување на работите ја извртеа целата работа и го конструираат овој небулозен предмет „Рекет“, рече Јанева. Дополни дека во пресудата за „Рекет“ „не е изведен ниту еден доказ од кој би се утврдило нејзино незаконито постапување“. Јанева истакна дека нејзините дејствија воопшто не се поврзани со паричниот износ кој се побарува. На денешното рочиште, претходно, Камчев ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец, кој, покрај Јовановски и Јанева, беше еден од тужените од кои Камчев претходно бараше да му се исплати штетата. Тој во својот исказ денеска хронолошки ги образложи случувањата преку кои тој смета дека му е нанесена штетата. Тужениот Бојан Јовановски, пак, во својот исказ истакна дека целосно го отфрла оштетното побарување. -Целосно го отфрлам оштетеното побарување од причина што во целост го негирам делото за кое сум правосилно осуден. Пред овој Суд истакнувам, покрај тоа што го негирам делото и покрај правосилната пресуда, дека ќе дојде момент кога ќе се утврди вистинската фактичка состојба, рече Јовановски. Во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски доби затвор од девет години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, додека Јанева е осудена на седум години затворска казна за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителниот акт, Бојан Јовановски влијаел врз Катица Јанева, за таа да бара поблаги мерки против Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја“, случај кој го почна поранешното Специјално јавно обвинителство. Судењето за овој предмет продолжува на 11 мај со сослушување на сведоците предложени од тужителот, Ана Камчева, Ратка Куновска Камчева, Кристина Камчева и Мирјана Бошкова. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janeva-se-pozali-deka-ja-tretirale-kako-provincijalka-jovanovski-ochekuva-vistinata-da-bide-utvrdena/feed/ 0
Боки го вади валканиот веш на виделина: Во сомнителен договор биле вмешани Заев и Филипче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-go-vadi-valkaniot-vesh-na-videlina-vo-somnitelen-dogovor-bile-vmeshani-zaev-i-filipche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-go-vadi-valkaniot-vesh-na-videlina-vo-somnitelen-dogovor-bile-vmeshani-zaev-i-filipche/#respond Fri, 15 Apr 2022 14:45:17 +0000 https://kurir.mk/?p=663717

Бојан Јовановски на денешното рочиште проговори за релациите што ги имал со бизнисменот Орце Камчев и тогашниот премиер Зоран Заев и минитерот за здравство Венко Филипче. На средбите во домот на Боки тема била болницата “8 Септември”. -Камчев сакаше да ја земе „8 Септември” со јавно-приватно партнерство. Беа кај мене дома со Филипче. Венко му нудеше да земе болници во други градови, но Орце ја сакаше „8 Септември”. На една од средбите телефонски беше вклучен и Заев, откри детали Јовановски, пренесе Пресинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-go-vadi-valkaniot-vesh-na-videlina-vo-somnitelen-dogovor-bile-vmeshani-zaev-i-filipche/feed/ 0
Боки 13: Камчев парите нека си ги бара кај оние што му ветувале и кај обвинителката Русковска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-kamchev-parite-neka-si-gi-bara-kaj-onie-shto-mu-vetuvale-i-kaj-obvinitelkata-ruskovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-kamchev-parite-neka-si-gi-bara-kaj-onie-shto-mu-vetuvale-i-kaj-obvinitelkata-ruskovska/#respond Fri, 15 Apr 2022 14:32:09 +0000 https://kurir.mk/?p=663714

Бојан Јовановски одговорно тврди дека ниту зел ниту преборил пари кои наводно му ги дал Орце Камчев. Тој објасни дека клучниот ден, како и многупати досега, бил во домот на Камчев заедно со Кичеец, но дека пари ниту видел ниту зел. -Претходно Кичеец дојде кај мене дома и ми побара пари кои наводно треба да му ги позајми на Камчев. Парите беа во “Космо” кеса. На средбата кај Камчев не се случуваше ништо невообичаено и во еден момент Камчев и Кичеец се тргнаа во друга просторија. На излегување Кичеец носеше Луј Витон торба, а што имало внатре не знам бидејќи не прашав, а и многупати пред тоа Камчев му даваше слични работи на Кичеец. Тужителот мене ме доведе до заблуда и ме злоупотреби. Затоа Камчев парите треба да ги бара кај оние што му ветувале нешто и кај обвинителката Русковска, истакна тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-kamchev-parite-neka-si-gi-bara-kaj-onie-shto-mu-vetuvale-i-kaj-obvinitelkata-ruskovska/feed/ 0
Пресуда за случајот „Меѓународен сојуз” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presuda-za-sluchajot-megjunaroden-sojuz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presuda-za-sluchajot-megjunaroden-sojuz/#respond Thu, 07 Apr 2022 05:28:58 +0000 https://kurir.mk/?p=659445

Кривичниот суд – Скопје денеска ќе ја објави пресудата за предметот „Меѓународен сојуз”, каде првообвинет се Бојан Јовановски – Боки 13 и уште четири други лица, меѓу кои и поранешната пратеничка Фросина Ременски. Судењето за овој предмет го води судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева. Според обвинителниот акт, во периодот од 8 јули 2017 година до 13 април 2018 година првообвинетиот, како претседател на обвинетата невладина организација Меѓународен сојуз, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, ги искористил документите од посочената НВО и довел и одржувал во заблуда две оштетени лица. Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност, и тоа 719 905 евра, односно 233 821 евра во денарска противвредност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presuda-za-sluchajot-megjunaroden-sojuz/feed/ 0