бојан стојаноски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 18:50:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бојан стојаноски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стојаноски: Ставот за уставните измени е јасен, суштината на македонските политичари е да ги застапуваат националните интереси за кои што се платени со народни пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-stavot-za-ustavnite-izmeni-e-jasen-sushtinata-na-makedonskite-politichari-e-da-gi-zastapuvaat-natsionalnite-interesi-za-koi-shto-se-plateni-so-narodni-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-stavot-za-ustavnite-izmeni-e-jasen-sushtinata-na-makedonskite-politichari-e-da-gi-zastapuvaat-natsionalnite-interesi-za-koi-shto-se-plateni-so-narodni-pari/#respond Tue, 31 Oct 2023 18:50:08 +0000 https://kurir.mk/?p=895050

Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Телма ТВ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој што истакна дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени се јасни а суштината на македонските политичари е да ги застапуваат македонските интереси за кои и што се платени од народни пари. -Секој кој што сака да разговара со ВМРО-ДПМНЕ и да ги слушне нашите аргументи е добредојден. Нашите аргументи остануваат исти сметаме дека она што беше кажано во таа насока не беше доволно за да ни го промени нашиот став од аспект на уставни измени. Од она што може да се заклучи еве денес е ден после таа посета нема никакво подобрување ниту во здравството енергетиката труд и социјалата, финансиите, тоа значи дека сепак ние самите дома ќе треба да ги подобриме тие перформанси за да можеме да аплицираме на тој план за раст кој што го претстави самата претседателка на Европската Комисија, посочи Стојаноски. Стојаноски посочи дека суштината на македонските политичари е да ги застапуваат македонските интереси за кои што се платени од народни пари. -Но она кое што е важно и кое што е суштина е сепак треба да знаеме дека Фон Дер Лајен ги претставува интересите на ЕУ и за тоа е платена, додека ние како политичари сме платени од народните пари да ги застапуваме интересите на граѓаните кои што живеат овде и македонските интереси. На крајот од денот треба да ги штитиме нашите интереси кои се пред и над се. Кога ги коментираме изјавите на европските политичари еве холандскиот амбасадор Коп кој што кажа дека едноставно влечеме средства од европските даночни обврзници а немаме никакви реформи во таа насока за да го приближиме стандардот на македонското општество до европското, нагласи Стојаноски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-stavot-za-ustavnite-izmeni-e-jasen-sushtinata-na-makedonskite-politichari-e-da-gi-zastapuvaat-natsionalnite-interesi-za-koi-shto-se-plateni-so-narodni-pari/feed/ 0
Стојаноски до Ковачевски: Пропаста на економијата го зема данокот и 600 илјади граѓани живеат на маргини на опстанок, мислите ли дека просечен пензионер може да преживее од пензијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-do-kovachevski-propasta-na-ekonomijata-go-zema-danokot-i-600-iljadi-gragani-zhiveat-na-margini-na-opstanok-mislite-li-deka-prosechen-penzioner-mozhe-da-prezhivee-od-penzijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-do-kovachevski-propasta-na-ekonomijata-go-zema-danokot-i-600-iljadi-gragani-zhiveat-na-margini-na-opstanok-mislite-li-deka-prosechen-penzioner-mozhe-da-prezhivee-od-penzijata/#respond Thu, 26 Oct 2023 14:55:49 +0000 https://kurir.mk/?p=893464

Во изминатиот период беше актуелен извештај на Светската банка кој со жежок шамар ги симна розевите наочари на власта. Сиромаштијата и пропаста на економијата толку го зема данокот што 600 илјади граѓани живеат на маргини на опстанок, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања. Стојаноски посочи дека откако Димитар Ковачевски е премиер цената на храната е повисока за 44 проценти, цените за одржување на здравјето се повисоки за 13 проценти, за комуналии скоро 27 проценти. Оттука Стојаноски го праша Ковачевски: „Дали мислите дека во вакви услови просечен пензионер може пристојно да го помине месецот“. Стојаноски посочи дека Анкетната комисија за случајот Онкологија и Комисијата за финансирање и буџет расправаа за извештајот на Ревизија. „По ова ве прашувам дали гарантирате дека нема да се случи ваков сличен скандал во друга јавна здравствена установа во скоро време“. Вака гласеше второто прашање на Стојаноски до Ковачевски. Трето прашање од Стојаноски до Ковачевски се однесување на одржување на претстојните парламентарни и претседателски избори. „Вакво вешто бегање од избори немало досега, бегате од соочување со народот, не сакате да разговарате за датум за избори очигледно јасно ви е со што ќе се соочите на изборите. Затоа јасно ве прашувам кога ќе престанете да бегате од соочување со народот и зошто бегате од двојни избори“, го праша Стојаноски премиерот Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-do-kovachevski-propasta-na-ekonomijata-go-zema-danokot-i-600-iljadi-gragani-zhiveat-na-margini-na-opstanok-mislite-li-deka-prosechen-penzioner-mozhe-da-prezhivee-od-penzijata/feed/ 0
Стојаноски: Економскиот тим на Владата да си поднесе оставка, за 7 години немаат ниту еден капитален проект, а граѓаните едвај преживуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-ekonomskiot-tim-na-vladata-da-si-podnese-ostavka-za-7-godini-nemaat-nitu-eden-kapitalen-proekt-a-graganite-edvaj-prezhivuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-ekonomskiot-tim-na-vladata-da-si-podnese-ostavka-za-7-godini-nemaat-nitu-eden-kapitalen-proekt-a-graganite-edvaj-prezhivuvaat/#respond Sun, 15 Oct 2023 13:05:37 +0000 https://kurir.mk/?p=889058

„Економијата е онаа платформа на која граѓаните гледаат дали нивниот квалитет на живот е подобар, полош и тоа врз основа на нивната економска состојба ги носат и другите сериозни животни одлуки. Капиталните инвестиции во секој еден Буџет се оние средства кои се одвојуваат за капитални проекти, односно за нови училишта, болници, автопати, патишта, експресни патишта и сето она коешто е како објект, а којшто треба да го зголеми квалитетот на животот на граѓаните“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната Дебата за Македонија – Економски политики за достоинствен живот и ЕУ интеграција во Неготино во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависта промените!“. Тој посочи дека власта на СДСМ и ДУИ изминатите 7 години не заковала ниту една шајка. „Апсолутно се согласувам со квалификацијата дека една шајка не заковаа, бидејќи ова може најмногу да се види преку оној мерлив критериум дали во изминатите 7 години додека ДУИ и СДСМ се на власт можете да се сетите на некаков голем проект, дали тоа е нов изграден клинички центар, можеби нов стадион, нова сала, некое ново игралиште, ново започнат нов автопат, експресен пат, магистрален пат, за тоа колку локални патишта се изградиле итн., а замислете се потрошија преку 22-23 милијарди евра ако ги соберете сите оние средства кои биле планирани за оваа намена“, рече Стојаноски. Стојаноски додаде дека власта секогаш кога ќе почне годината вели дека тоа ќе била рекордна година во која се предвидени средства за капитални инвестиции, но средствата секогаш се крадат. „Секогаш кога ќе започне годината ни велат оваа година ќе биде рекордна година во која се предвидени средства за капитални инвестиции, таква требаше да биде 2023-та година каде овие "Махери за економија" како што ги видовме на овој клип каде не знаат како се донесени одредени одлуки предвиделе 800-тини милиони евра за да ги реализираат во оваа намена и секогаш се случуваат две или три работи кои особено се интересни. На 9-ти месец, заклучно да го земеме и 10 ти месец да го земеме како што сега сме во моментов нема реализација поголема од 55-56% на таа сума и сега невозможно е од 10-ти до 12-ти месец да се реализираат овие средства кои се останати и што се случува? Наместо да изградиме ние тоа некој голем проект кој ќе остане за граѓаните, тие средства се прави одредена злоупотреба преку тоа што се префрлаат кон ЕЛЕМ, Пошти, Македонски железници за да може тие претпријатија да бидат ликвидни, е сега замислете од 2021-та година заклучно со денешниов датум 380 милиони евра се префрлени кон ЕЛЕМ за набавка на електрична енергија и за исплаќање на плати нешто што додека Гордана Димитриеска Кочоска беше во тоа претпријатие или гордо можам да кажам додека ВМРО-ДПМНЕ управуваше со институциите таа компанија беше една од најдобро ликвидните и беше една од најпрофитабилните државни институции. Понатаму може да видите дека тие средства секогаш се крадат или се пренаменуваат во средства кон македонската банка за развој, па се даваат брзи кредити за стопанството и на тој начин се крева процентот на реализација на капиталните проекти“, рече Стојаноски. Тој истакна дека треба да се погледне и тоа што изградила власта како капитални проекти. „Кога ќе видиме малку по аналитички дали се имаат изградени капитални проекти еве ќе ве потсетам само на еден проект а тоа е автопатот Кичево – Охрид. Тоа е еден споменик на неспособноста на СДСМ кој замислете го оставивме ние како Влада кога ги напуштавме институциите на 50 проценти реализација, па прво беше трасата искривена, па потоа немало клучки за да ден денес иако кажаа дека рокот е 2023-та година јас ве уверувам тука дека сеуште трасата не е пробиена. Се сеќавате на автопатите Миладиновци – Штип каде не можеа да го завршат безмалку една година или Демир Капија – Смоквица каде само чочек удрија и единствено нешто што направија е што го прекрстија автопатот „Пријателство“„, истакна Стојаноски. Стојаноски рече дека она што ќе остане како наследство од СДСМ е тоа што државата и граѓаните ќе плаќаат пенали за нереализираните капитални проекти. „Од она кое треба да се нотира и што ќе остане како наследство на СДСМ е тоа што сите ние тука ќе платиме пенали за нереализирани капитални инвестиции покрај тоа што се обезбедени средства и изработени се проекти и само требаше да ги продолжат. Такви беа зградите на ФИНКИ и ФФК, таква беше ситуацијата и со клиничкиот центар во Скопје. Се сеќавате дека тогаш за 170-тина милиони евра требаше да отпочне изградбата на нов наместо на тоа што го предвиде Венко Филипче и овие кои се економистиве во владава за половина милијарда евра за кој нормално ние не дадовме дозвола да се изгради затоа што ќе беше нова плачка на векот како што сега е оваа со Коридориве на Артан Груби. Тој не само што не го отпочнаа тука ние заедно што седиме ќе треба да плаќаме пенали во износ од 18 милиони евра. Исто така оваа година сите ние заедно тука плативме 18 милиони евра за пенали заради тоа што еден потпис фалел за да се издаде еврообврзница“, вели Стојаноски. Стојаноски е дециден дека во однос на пенали државата треба да плати 36 милиони евра. „Ако ги собереме само овие средства во однос на пенали што оваа држава треба да ги исплати тоа се 36 милиони евра, а 36 милиони евра се 36 нови градинки, што значи оваа година ние нема да имаме новоизградена градинка никаде во државава, нема да се изгради ново основно училиште, нема да се градат средни училишта и факултети, нема да се изгради клиничката болница во Штип, Скопје, Кичево, нема да започнеме нов автопат но ќе платиме 36 градинки, 36 милиони евра во однос на пеналите“, потенцираше Стојаноски. Според Стојаноски економистите од Владава и економскиот тим треба да си поднесат оставка. „Она што треба да го направат овие економистиве од Владава и економскиот тим е тоа веднаш и без исклучок да си поднесат оставка бидејќи да имате вие ситуација до државата каде 7 години нема да отпочнете ниту 2-3 метри, не зборувам за километри бидејќи километри се научна фантастика за овие луѓе, почнати патишта или некаков капитален проект и да имате ситуација каде ќе гледате видео клипови секојдневно на сите на ТВ станици во државата во националните дневници како луѓе плачат за да не можат да си обезбедат еден леб дома или да си го протуркаат месецот најдоброто нешто што можете да го направите да си поднесете оставка“, заклучи Стојаноски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-ekonomskiot-tim-na-vladata-da-si-podnese-ostavka-za-7-godini-nemaat-nitu-eden-kapitalen-proekt-a-graganite-edvaj-prezhivuvaat/feed/ 0
Стојаноски за ревизијата на Онкологија: Во рамки на Клиниката има еден организиран систем на криминални активности за препродавање на лекови! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-za-revizijata-na-onkologija-vo-ramki-na-klinikata-ima-eden-organiziran-sistem-na-kriminalni-aktivnosti-za-preprodavane-na-lekovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-za-revizijata-na-onkologija-vo-ramki-na-klinikata-ima-eden-organiziran-sistem-na-kriminalni-aktivnosti-za-preprodavane-na-lekovi/#respond Thu, 12 Oct 2023 15:45:44 +0000 https://kurir.mk/?p=888144

Ревизорскиот извештај е направен професионално и може да се види нефункционалноста на системот во една институција. Во рамки на Клиниката за онкологија има еден организиран систем кој служи на криминални активности за препродавање на лекови и е претворена во еден концентарционен логор, рече пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата на седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која се разгледуваше ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија. Стојаноски осврнувајќи се на презентираниот извештај од главниот државен ревизор Максим Ацевски посочи на неправилностите во работата на Клиниката, поточно на менаџментот кој ја водел. „Внатре во оваа институција можеби се менувале менаџментите, но тој инсталиран систем за лично богатење и убиство, буквално убиство на пациентите бил организиран на многу повеќе од 7 лица за кои што во моментов не известија дека се води истрага. Затоа што тоа не е завршено заклучно со денот во кој што излезе овој случај, туку тоа се уште трае секојдневно и во моментов додека седиме тука оваа организирана криминална банда која што убивала луѓе за профит се уште продолжува да работи затоа што никој од нив не е оддалечен и има можност да ги прикрие доказите и да влијае на сведоците“, кажа Стојаноски. Стојаноски информираше дека на седницата бил повикан и јавниот обвинител Љубомир Јовевски кој не се појави на истата. „Требаше да дојде зошто има многу работи кои требаше да ни ги објасни“, рече Стојаноски. Според него, а повикувајќи се на ревизорскиот извештај, има низа неправилности во работата на Онкологија или неусогласени податоци. „Во извештајот на ревизијата може да се види неповолно мислење во однос на финансиските извештаи кои биле во одговорност на директорите или на медицинскиот, Никола Васев и организацискиот директор Нехад Нухиу“, рече Стојаноски. Пратеникот Стојаноски укажа и на фактот дека сметководствена евиденција не одговара на реалноста што е скандалозно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-za-revizijata-na-onkologija-vo-ramki-na-klinikata-ima-eden-organiziran-sistem-na-kriminalni-aktivnosti-za-preprodavane-na-lekovi/feed/ 0
Стојаноски: Владата двојно го зголеми данокот на производи кои секојдневно граѓаните ги купуваат – зарем кашкавалот, урдата, цвеклото, лутеницата, фефероните, сладоледот, чајот се луксузни производи? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-vladata-dvojno-go-zgolemi-danokot-na-proizvodi-koi-sekojdnevno-graganite-gi-kupuvaat-zarem-kashkavalot-urdata-tsvekloto-lutenitsata-feferonite-sladoledot-chajot-se-luksuzni-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-vladata-dvojno-go-zgolemi-danokot-na-proizvodi-koi-sekojdnevno-graganite-gi-kupuvaat-zarem-kashkavalot-urdata-tsvekloto-lutenitsata-feferonite-sladoledot-chajot-se-luksuzni-proizvodi/#respond Mon, 09 Oct 2023 10:14:16 +0000 https://kurir.mk/?p=886892

Владата предводена од ДУИ и СДСМ нема намера да се откаже од покачувањето на ДДВ за илјадници прехранбени производи. За потсетување, министрите пред речиси 2 недели одлучија двојно да се зголеми данокот за кашкавалот, урдата, цвеклото, лутеницата, фефероните, сладоледот, чајот и други производи од секојдневието на секој еден од нас. Ова ли се тие луксузни производи? - истакнува Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Премиерот ги навредува граѓаните велејќи им дека шират паника, наместо да се радуваат што данокот бил повластени 10%, а не 18%. Каква навреда за интелигенцијата на народот. Не постои друга држава во Европа, а веројатно и во светот, што во време на ваква инфлација се одлучува дополнително да ги покачи цените на прехранбените производи со цел да прибере повеќе данок. Даночната реформа на СДСМ и ДУИ е всушност арач за граѓаните и стопанството, истакна тој. Стојаноски обвинува дека власта на ДУИ и СДСМ зголемува даночен товар за да земат што повеќе пари за да може да ги поделат на своите фирми. -Со вашите пари ќе се платат тендерите за ископ на јаглен, со вашите пари ќе работат подизведувачи на автопат за кој нема проект, со вашите пари ќе се организираат настани организирани од Еуровиа, со вашите пари ќе се плати за учебниците што доцнат, а ги печати Арберија дизајн, со вашите пари Пиксел ќе инсталира фотоволтаици и безброј други примери на сомнителни и коруптивни зделки во секој сегмент. Во следните неколку месеци со оваа власт ќе биде тешко, ќе прават притисоци, ќе крадат, ќе се корумпираат, ќе зголемуваат давачки, ќе се луксузираат, ќе бидат арогантни, ќе амнестираат. Се чуствуваат промените, а тоа го знаат и на Илинденска број 2. Преостануваат уште неколку месеци до падот на оваа власт, тие се исплашени, се одмаздуваат на секој начин затоа што никој не им верува, им се стеснува кругот и доаѓа денот кога ќе се соочат со гласот на народот, посочува пратеникот. „Важно е да издржиме сите заедно против таа мала група неспособни клептомани. Важно е да се соочат со одговорност и казна за секоја неправда која секојдневно ја нанесуваат. Важно е листата на прехранбени производи со 10% ДДВ веднаш да биде корегирана. Важно е да има промени затоа што вака веќе не може“ - порача Стојаноски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-vladata-dvojno-go-zgolemi-danokot-na-proizvodi-koi-sekojdnevno-graganite-gi-kupuvaat-zarem-kashkavalot-urdata-tsvekloto-lutenitsata-feferonite-sladoledot-chajot-se-luksuzni-proizvodi/feed/ 0
Стојаноски: Ја повикуваме влада да свика седница и да ја корегира листата на производи со зголемено ДДВ, сите производи кои се дел од секојдневната употреба да се вратат на 5% https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-ja-povikuvame-vlada-da-svika-sednitsa-i-da-ja-koregira-listata-na-proizvodi-so-zgolemeno-ddv-site-proizvodi-koi-se-del-od-sekojdnevnata-upotreba-da-se-vratat-na-5/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-ja-povikuvame-vlada-da-svika-sednitsa-i-da-ja-koregira-listata-na-proizvodi-so-zgolemeno-ddv-site-proizvodi-koi-se-del-od-sekojdnevnata-upotreba-da-se-vratat-na-5/#respond Fri, 06 Oct 2023 09:23:09 +0000 https://kurir.mk/?p=885975

Власта на ДУИ и СДСМ е штетна за граѓаните, штетна за стопанството, штетна за државата. Секој ден со овие две партии е трагикомедија. Најновата претстава од Илинденска број 2 е поврзана со цените на прехранбените производи. Имено, во текот на минатата недела, поточно во четвртокот Владата ја донесе листата на производи кои треба да се оданочуваат со 10% ДДВ наместо 5%. Тоа е трагичниот дел, затоа што во услови на највисока инфлација во изминатите децении, Власта го покачува данокот за 100%. Сега ќе ви го кажам и комичниот дел. Во листата на производи што од денес ќе биде со 10% наместо 5% ДДВ се наоѓаат и прехранбени производи кои се со замрзнати цени до 30 ноември оваа година, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. -Значи министрите во неколку дена за едни исти производи ги замрзнаа цените бидејќи се основни прехранбени производи, а во исто време ги ставија и на листа на луксузни производи. Има ли капетан на бродот или сидрото силно влече напред, ама кон дното? Се обидовме да ги разубедиме колегите пратеници од СДСМ и ДУИ да не ги поддржат измените на законот за ДДВ предложени од Владата, но за жал нивната волја е киднапирана од извршната власт. Со измените на Законот се предвидува да ви се земат десетици милиони евра поради покачено ДДВ на храна. Пред мене имам листа на прехранбени производи кои Власта смета дека се луксуз и за кои ќе плаќате двојно повисок данок. Тука нема перка од ајкули, месо од делфин, кит ама замрзнатите теста, млечни и сирни намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдемер и гауда кашкавал, павлака за готвење, растителните сирења и намази ќе бидат дополнително оданочени. Поскапи ќе бидат и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи и нудли станаа луксуз според Ковачевски, па народот ќе треба да ги плаќа поскапо. Поскапува и храната за децата, како гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видови сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините. Ова се производи од секојдневието на секој од нас, кои Власта одлучи да ги поскапи. Живее во време на двоцифрена инфлација изминативе две години која е особено висока кај храната и надминува 30%, а кај некои прехранбени производи и над 50%. Ја повикуваме Владата уште денес да свика седница и да си ја корегира листата и сите производи кои се дел од секојдневието на граѓаните да ги врати со стапка на ДДВ од 5%. За крај би сакал да истакнам дека е неопходно час поскоро оваа власт да биде заменета, затоа што нивната неспособност ја плаќаме секојдневно, додава Стојаноски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-ja-povikuvame-vlada-da-svika-sednitsa-i-da-ja-koregira-listata-na-proizvodi-so-zgolemeno-ddv-site-proizvodi-koi-se-del-od-sekojdnevnata-upotreba-da-se-vratat-na-5/feed/ 0
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заедно со претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски поднесоа амандман каде зголемувањето на блок дотациите за пожарникарите ќе биде под капата на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalitsijata-zaedno-so-pretsedatelot-na-zels-ortse-gorgievski-podnesoa-amandman-kade-zgolemuvaneto-na-blok-dotatsiite-za-pozharnikarite-ke-bide-pod-kapata-na-drzhav/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalitsijata-zaedno-so-pretsedatelot-na-zels-ortse-gorgievski-podnesoa-amandman-kade-zgolemuvaneto-na-blok-dotatsiite-za-pozharnikarite-ke-bide-pod-kapata-na-drzhav/#respond Thu, 28 Sep 2023 17:38:46 +0000 https://kurir.mk/?p=882959

Пратеникот Бојан Стојаноски во негова изјава рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заедно со претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓоргиевски придружен градоначалникот на Велес, Марко Колев и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов денеска се обврзаа да се поднесе амандман каде општините од аспект на плаќање пожарникарите би бил од капата на државата, од аспект на зголемувањето на блок дотациите. -Денеска на маил примивме иницијатива од претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски каде се побара сите пратенички групи каде во моментот се расправа одлука за прераспределба на средства помеѓу централните институции и фондовите да се обезбедат дополнителни средства со што сега товарот кој сега го имаат општините од аспект на плаќање пожарникарите би бил од капата на државата од аспект на зголемувањето на блок дотациите. Сакам да ве информирам дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија денеска го повика претседателот на ЗЕЛС кој што дојде во придружба на градоначалникот на Велес, Марко Колев и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов и се обврза да поднесе амандман со што овие средства ќе бидат дополнително обезбедени, истакна Стојаноски. Стојаноски во текот на својата изјава укажа дека министерот за финансии, Фатмир Бесими се обврзал дека овие средства ќе бидат обезбедени. -Во текот на денот, во 16 часот имавме средба во Парламентот каде присуствуваа делегацијата од ЗЕЛС и министерот за финансии, Фатмир Бесими на кој што се обврза дека тие средства ќе бидат обезбедени. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе амандман кој беше прифатен од мнозинството и овие средства ќе бидат обезбедени до крајот на годината, со што значи општините и единиците на локалната самоуправа ќе добијат дополнителен простор од аспект на сопствените буџети, овие средства кои нема да ги даваат на плати на пожарникарите бидејќи државата ќе ги обезбеди, ќе можат да ги реализираат од аспект на проекти и од инфраструктурата, рече Стојаноски. Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски во својата изјава кажа дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска излегоа во пресрет да се реши еден децениски проблем на општините. -Ова утро како претседател на ЗЕЛС, нашата асоцијација поднесе амандман односно барање до сите пратенички групи во Собрание, и сакам да се заблагодарам на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата што излегуваат во пресрет не само на ЗЕЛС туку и на сите општини практично во Македонија со обезбедување на овие 60 милиони денари кои и те како ќе значат за општините. Ние имаме илјадници нерешени прашања во минатото, но ова е една помала битка би рекол која што ја добивме како ЗЕЛС после долги години функционирање како ЗЕЛС како асоцијација на сите општини. Како што спомена Стојноски, ние денеска успеавме заеднички да издејствуваме да бидат обезбедени 30 милиони денари од една страна кои што ќе бидат употребени од страна на општините за покачувањата на платите од една страна и регресот до крајот на годината за преостанатите три месеци и дополнително уште 30 милиони, значи вкупно 60 милиони денари. Останатите 30 милиони денари би се употребиле и министерот даде согласност и ветување дека во наредниот период од десетина дена ќе потпише согласности кои со години чекаат за вработување во противпожарните едници секаде низ Македонија, кажа Ѓорѓиевски. Ѓоргиевски потенцираше дека тие како ЗЕЛС барале средба и со премиерот Ковачевски но и со министерството за одбрана но владата не нашла време да ги прима и да се разговара за овој проблем. - На жалост изминатиов период Владата е апсолутно глува на сите наши барања. Ние баравме неколку пати баравме и средба со премиерот, но не најде време да не прими и да поразговараме меѓу другите теми и ова беше од важни теми. Исто така баравме и средба со министерката за одбрана која што е ресорен министер поврзан со овие проблеми. Во тие услови кога сите се практично глуви драго ни е што конечно некој има слух за проблемите на општините и се надевам дека уште многу горливи проблеми кои не мачат, во наредниот период ќе изнаоѓаме начин и вакви решенија за да можеме да ги надминуваме, порача Ѓорѓиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-i-koalitsijata-zaedno-so-pretsedatelot-na-zels-ortse-gorgievski-podnesoa-amandman-kade-zgolemuvaneto-na-blok-dotatsiite-za-pozharnikarite-ke-bide-pod-kapata-na-drzhav/feed/ 0
Стојаноски до Ковачевски: Дали како родител сте спремен да ги амнестирате помагателите на убиствата на децата кај Смилковското езеро со предложениот закон за амнестија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-do-kovachevski-dali-kako-roditel-ste-spremen-da-gi-amnestirate-pomagatelite-na-ubistvata-na-detsata-kaj-smilkovskoto-ezero-so-predlozheniot-zakon-za-amnestija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-do-kovachevski-dali-kako-roditel-ste-spremen-da-gi-amnestirate-pomagatelite-na-ubistvata-na-detsata-kaj-smilkovskoto-ezero-so-predlozheniot-zakon-za-amnestija/#respond Thu, 28 Sep 2023 14:48:06 +0000 https://kurir.mk/?p=882878

На денешната собраниска седница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски упати три прашања до Ковачевски. Првото прашање се однесува на тоа дали Ковачевски како родител е спремен да ги амнестира помагателите на убиствата на децата кај Смилковското езеро со овој закон кој го предложува во Собранието? „Во вашиот предложен закон за амнестија господине Ковачевски деликтите како тешка телесна повреда, загрозување со опасно орудије при тепачка, противправно лишување од слобода, мачење или друго сурово нечовечко или понижувачко постапување, грабнување, малтретирање во вршење на службата, згрозување на сигурноста, повреда на угледот на Република Македонија, излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците, запуштање и малтретирање на малолетно лице, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори, овозможување на употреба на наркотични дроги, тешки дела против здравјето на луѓето, кражба, кражба на електрична енергија, топлинска енергија или гас, тешка кражба, измама, бесправно градење, оштетување или повластување на доверители, изнуда, уцена, лихварство, перење пари, фалсификување пари и други преноси од казниво дело, даночно затајување се делата кои ќе бидат амнестирани доколку вашиот закон во Собранието помине“, истакна Стојаноски. Тој додаде дека има еден загрижувачки дел од овој закон каде се амнестираат оние кои се воени повратници кои војувале во други држави како оние од ИСИС и една вознемирувачка информација која не може да го остави рамнодушен, а тоа е дека со овој закон ќе се амнестираат и ќе бидат на слобода две лица за помагање на тешкото и мачно грозоморно убиство на децата кај Смилковци. Неговото второ прашање се однесуваше на кривичниот законик и амнестијата која ја направија пуштајќи ја со европско знаменце и со тоа го направија набрзо изгласан закон во историјата на Собранието. „Со тој закон се елиминираат 2 важни члена а тоа е законот за злоупотреба службена должност и злосторничко здружување нешто заради кое и вашата партија првично имаше момент да организира протести со „Нема правда, нема мир“ и дека сите криминалци ќе одговараат“, рече Стојаноски. Стојаноски конкретно го праша Ковачевски со кој се консултирал тој и врз кој точен акт на Европската Унија амнестира функционери од одговорност. Тој запраша во која друга држава е донесен ваков закон со кој се амнестираат функционери од сторена одговорност? „Наместо владеење на правото вие со овие два закони ќе направите и ќе го официјализиравте тоа веќе што се случува во оваа државата. Тоа е дека со оваа држава не владее Владата, не владеат оние кои седат во Владата туку владее мафијата која има киднапирано државата и која исклучиво ги користи институциите за тендери во четири очи. Ова е ништо друго освен брза амнестија на криминалот на ДУИ и СДСМ односно сите оние деликти кои се случени до 2019-та година тие дела застаруваат“, рече Стојаноски. Во однос на третото прашање Стојаноски истакна дека оваа Влада од аспект на економската политика е најслаба во историјата до сега. Стојаноски го запраша Ковачевски дали после потрошени 24,6 милијарди евра за овие 6 години дали тој како човек е задоволен од економската состојба во Република Македонија „Третото прашање кое е неминовно неколку дена ве гледаме вас и министерот за економија како шетате по маркетите и се фалите дека конечно ја ставате инфлацијата под контрола нешто што сметаме дека апсолутно не е вистина. Во последните две години цените на храната и пијалаците се имаат покачено за 50 проценти, за последните 6 години јавниот долг е зголемен за 100 проценти односно кога замина ВМРО-ДПМНЕ беше 4,7 милијарди сега е некаде 8,3 со големи тенденции да стигне до крајот на годината до 9 милијарди затоа што вие лично најавивте ново задолжување од 300 милиони евра од 9 до 12ти месец без при тоа да кажете како ќе го покриете дефицитот во буџетот“, изјави Стојаноски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-do-kovachevski-dali-kako-roditel-ste-spremen-da-gi-amnestirate-pomagatelite-na-ubistvata-na-detsata-kaj-smilkovskoto-ezero-so-predlozheniot-zakon-za-amnestija/feed/ 0
Стојаноски: Нема да ја поддржиме Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-nema-da-ja-poddrzhime-odlukata-za-preraspredelba-na-sredstva-pomegu-budhetskite-korisnitsi-na-tsentralnata-vlast-i-pomegu-fondovite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-nema-da-ja-poddrzhime-odlukata-za-preraspredelba-na-sredstva-pomegu-budhetskite-korisnitsi-na-tsentralnata-vlast-i-pomegu-fondovite/#respond Tue, 26 Sep 2023 11:04:31 +0000 https://kurir.mk/?p=881821

ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи Предлог- одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, за која денеска почнува расправа на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Ова денеска го изјави Бојан Стојаноски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во прес-салата на Собранието. - Формално ова не е ребаланс иако промените се значајни и власта можела да достави ребаланс на Буџетот до Собранието. Причината за ваквото избегнување е неажурноста, бегањето од редовна постапка и рокови и немањето капацитет да се изработи ваков значаен документ. Одлуката за прераспределба тежи околу 300 милиони евра според зборовите на министерот за финансии, а образложението кое е во прилог е само 138 зборови, изјави Стојаноски. Тој се осврна на дел од промените кои се содржани во Одлуката за прераспределба. Посочи дека се намалуваат приходите од ДДВ за 120 милиони евра. Власта, како што рече, планира да повлече дополнителни 150 милиони евра од домашните банки преку долгорочни обврзници. - Се кратат средства од зелен развој, програма што ја воведе оваа Влада и секоја година стои во Буџетот, но при секој Ребаланс парите се пренаменуваат, а зелениот развој остана само флоскула на ДУИ. Владата крати и од управувањето и заштитата на води, третманот на отпадни води, просторни планови и унапредување на животната средина. Со оваа Одлука за прераспределба се кратат десетици милиони евра и од армијата т.е. Министерството за одбрана. Македонија е една од земјите која испрати своја воена опрема на Украина, но власта наместо да ја замени со нова и современа опрема предвидените средства ги крати, потенцира Стојаноски. Изјави дека над 1 милион евра се кратат за градинки и додаде оти загрижувачки е односот на власта во образованието. - ВМРО – ДПМНЕ нема да поддржи ваква Одлука за прераспределба која под превезот на поголеми плати за јавниот сектор значи повеќе пари за тендери во четири очи, криминал и корупција во период кога власта ги одбројува последните денови. Без капитални инвестиции, нема развој. Не постои извештај од меѓународна економска организација која ни воочува дека продуктивноста ни е ниска, а покачувањето на платите вештачко што доведува до покачување на цените, а со тоа и се повеќе граѓани запаѓаат во сиромаштија или имаат влошен животен стандард, нагласи Стојаноски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-nema-da-ja-poddrzhime-odlukata-za-preraspredelba-na-sredstva-pomegu-budhetskite-korisnitsi-na-tsentralnata-vlast-i-pomegu-fondovite/feed/ 0
Стојаноски: Законот за данок на солидарност ќе влијае лошо врз целокупната економија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-zakonot-za-danok-na-solidarnost-ke-vlijae-losho-vrz-tselokupnata-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-zakonot-za-danok-na-solidarnost-ke-vlijae-losho-vrz-tselokupnata-ekonomija/#respond Fri, 22 Sep 2023 09:21:52 +0000 https://kurir.mk/?p=880623

Солидарниот данок е новото економско промашување. Власта на СДСМ и ДУИ внесува нестабилност во работењето на бизнисот во Република Македонија, ова денеска од собраниската говорница го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. -Имено, со донесениот Закон за таканаречен данок на солидарност, власта воведува арач за успешните компании наместо да се бори со сивата економија. Сведоци сме дека одредени делови од Македонија се даночни раеви, а се врши трговија и во странски валути што е истотака казниво. За потсетување на јавноста со овој закон за солидарност, секоја фирма која работела успешно во 2022 година ќе плаќа дополнителен еднократен данок од 30% покрај веќе постоечките 10% данок на добивка. Ова не е солидарност, ова е арамилук. Власта го злоупотреби европското знаменце за да донесе Закон со кој фирми од сите сектори, а не само фирми од енергетскиот сектор како што е во Европа, ќе го плаќаат овој данок. Дополнително, овој закон уште со денот на негово објавување во службен весник ќе биде обжален од сите Стопански комори во државата. ВМРО - ДПМНЕ не го поддржи овој Закон од повеќе причини: 1. Воведува правна несигурност кај компаниите. Непредвидливоста во даночните политики го намалува инвестирањето на постојните компании, внесува дополнителен ризик кај потенцијалните инвеститори, а за ваквата појава стопанските комори секојдневно реагираат, но власта никако да се корегира веќе 6 години. 2. Не постои ваков закон во рамки на Европа. Како што кажав и погоре, постои Закон за дополнително оданочување на екстремните добивки кај енергетските компании кои стекнаа огромни добивки поради нарушувањата на пазарите на енергија поради војната во Украина. 3. Владата не е солидарна со бизнисот. Ова најдобро се потврдува ако го разгледате Буџетот за 2023та година и како се трошат парите на даночните обврзници. Секојдневно гледаме скандали каде фирми блиски до функционери од власта добиваат тендери во милионски износи. 4. Сериозно нарушување на ликвидноста кај компаниите. Во услови кога се повеќе компании имаат проблеми со наплата на свои побарувања, кога се соочуваат со зголемени каматни стапки на кредитите, а со тоа и повисоки рати за исплаќање, власта одлучи да им одземе голем дел од ликвидните средства и со тоа ќе им нанесе сериозни последици во работењето. 5. Новоформираните компании не се опфатени. Пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија побара и компании формирани во 2022 година да бидат опфатени со овој Закон, но власта тоа не го прифати. После едно тв гостување на најмоќниот партиски претседател од владината коалиција, ни стана јасно зошто мнозинството го одби нашиот предлог, со кој претприемачките способности на овој бизнис- политички клан ќе беа опфатени. 6. Се дестимулираат инвестициите. Со вака поставениот Закон, сите компании кои остваруваат поголеми добивки поради свои поранешни инвестиции во машини, опрема, во дополнително надоградување на своите вработени, ќе бидат сериозно обесправени, а како резултат на тоа ќе размислат добро дали повторно да инвестираат, вели Стојаноски. Тој додава дека ова се само дел од причините поради кои сметаме дека Законот за данок на солидарност ќе влијае лошо врз целокупната економија. Власта планира со овој Закон да собере дополнителни 76 милиони евра за да може да ги подели на тендери во четири очи со свои компании. Власта прави прераспределба на средства со која крати од Заштита на животната средина и зелен развој, модернизација во Министерството за одбрана, урбанизам и градежништво, водостопанство, изградба и реконструкција на основни и средни училишта и студентски домови итн. -Ден повеќе на власт со СДСМ и ДУИ е само на штета на државата во секое поле. Економските последици кои ги предизвикуваат се долгорочни и колку побрзо си заминат, толку побрзо ќе може Македонија да почне со раст и развој каков што бараат и заслужуваат граѓаните и стопанството. На Македонија и е неопходно граѓаните да одлучат дали сакаат да се продолжи со моменталните штетни политики или силна и просперитетна Република Македонија, вели Стојаноски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-zakonot-za-danok-na-solidarnost-ke-vlijae-losho-vrz-tselokupnata-ekonomija/feed/ 0