бојко борисов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jul 2023 05:44:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бојко борисов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Борисов се откажа од пратеничкиот имунитет поради истрагата за аферата „Барселонагејт“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/borisov-se-otkazha-od-pratenichkiot-imunitet-poradi-istragata-za-aferata-barselonagejt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/borisov-se-otkazha-od-pratenichkiot-imunitet-poradi-istragata-za-aferata-barselonagejt/#respond Thu, 06 Jul 2023 05:44:31 +0000 https://kurir.mk/?p=853372

Претседателот на една од бугарските владејачки партии ГЕРБ (Граѓаните за европски развој на Бугарија), и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, соопшти дека се откажал од пратеничкиот имунитет. -Разговарав со членовите на пратеничката група на ГЕРБ. Ќе се откажам од имунитетот и покрај тоа што поранешниот државен обвинител го направи против мене, рече Борисов во парламентот, иако претходно изјави дека „категорично одбива“ да му се одземе имунитетот. Тој додаде дека има доверба во бугарските судови и обвинителство, јави Радио Бугарија. Градското обвинителство во Софија претходно му предложи на државниот обвинител да побара укинување на пратеничкиот имунитет на Борисов поради случајот „Барселонагејт“. Станува збор за афера во која поранешниот премиер е под истрага три години, а според обвинителот, собрани се докази дека Борисов перел пари давајќи незаконски стекнати пари на трети лица за купување недвижен имот во странство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/borisov-se-otkazha-od-pratenichkiot-imunitet-poradi-istragata-za-aferata-barselonagejt/feed/ 0
Борисов: На никаков начин не ја туркаме земјата кон војна https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-na-nikakov-nachin-ne-ja-turkame-zemjata-kon-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-na-nikakov-nachin-ne-ja-turkame-zemjata-kon-vojna/#respond Fri, 23 Jun 2023 07:18:29 +0000 https://kurir.mk/?p=848847

Лидерот на бугарската владејачка партија ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, денеска во ходниците на Народното собрание во Софија, експресно му одговори на бугарскиот претседател Румен Радев, изјавувајќи дека владата на ниту еден начин не ја турка земјата кон војна. -Ние во никој случај не ја туркаме земјата во војна, изјави Борисов, во коментарот до Радев, кој утринава изјави дека „курсот на новата влада е да ја турка Бугарија уште поблиску до војна“. „Немам причина да зборувам во име на Владата, можам да зборувам само во името на мојата пратеничка група. Целиот демократски свет и помага на Украина на кој и да е начин“, истакна Борисов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-na-nikakov-nachin-ne-ja-turkame-zemjata-kon-vojna/feed/ 0
Бугарското обвинителство побара одземање на имунитетот на Борисов https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskoto-obvinitelstvo-pobara-odzemane-na-imunitetot-na-borisov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskoto-obvinitelstvo-pobara-odzemane-na-imunitetot-na-borisov/#respond Thu, 01 Jun 2023 11:37:25 +0000 https://kurir.mk/?p=841191

Софиското градско обвинителство побара одземање на имунитетот на лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов, за да биде ставен од истрага во случајот за перење пари, познат во Бугарија како „Барселонагејт“, пренесува „Еурактив“. Истрагата почна пред речиси три години, додека Борисов сè уште беше премиер, кога во анонимна група на Фејсбук беше споделено видео за луксузен имот во богато предградие на Барселона каде што поранешната бугарска манекенка Борислава Јовчева живееше со своето дете. Анонимниот клип алудираше дека детето е на Борисов, нешто што тој секогаш го негираше. Случајот прво го истражуваше шпанското обвинителство, кое откри индиректни траги на перење пари, но без директно поврзување со Борисов, а во 2021 година истрагата беше префрлена во Бугарија. Бугарското обвинителство почна да покажува активен интерес во истрагата „Барселонагејт“ пред само три недели, откако партијата на Борисов објави дека ја поддржува долгоочекуваната судска реформа во земјата насочена кон намалување на овластувањата на бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев. Веднаш потоа Гешев се закани дека ќе го исчисти „политичкото ѓубре“. Во вторникот, Градското обвинителство на Софија побара одземање на пратеничкиот имунитет на Борисов бидејќи постојат доволно докази за перење пари. Бугарските пратеници можат сами да се откажат од имунитетот или тој да им биде одземен со гласање на парламентот „Бев без имунитет две години. Сега категорично нема доброволно да се откажам од имунитетот, бидејќи треба да си слеп за да не видиш што се случува во моментов“, рече Борисов. Според него, обвинителството дејствувало во вторникот за да спречи избор на редовна влада со поддршка на неговата партија и коалицијата „Промената продолжува – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), која ги поддржува судските реформи. Тензиите околу Борисов и обвинителството се случуваат во екот на преговорите за формирање а редовна прозападна влада меѓу ГЕРБ и ПП-ДБ, што ќе стави крај на политичката криза во земјата која трае две и пол години. Се очекува гласањето да биде кон средината на следната недела. „Не се грижам за „Барселонагејт“. Воопшто. Не сум имал, немам и нема да имам имот во Шпанија! Што повеќе да одговорам?“ изјави Борисов. Клучен сведок во случајот е поранешната манекенка и мис на Бугарија, Ивајла Бакалова, која е пријателка на Јовчева и живеела во куќата во Барселона. Таа тврди дека Борисов е татко на детето на Јовчева и дека знае доволно за „Барселонагејт“. На крајот на минатата недела, пратеничката група на ГЕРБ објави дека ќе ги бојкотира сите барања на обвинителството за одземање на имунитетот на бугарските пратеници. Кандидатот за премиер Николај Денков повика обвинителството да не се користи како политичка алатка. „Обвинителството не треба да се користи како политички клуб. Мигот кога првите две политички сили ќе кажат дека се подготвени да владеат, ќе видите што ќе се случи“, рече Денков. Пратениците од другите политички партии, популистичката Има таков народ и проруските БСП и Вазраждане повикаа да се укине имунитетот на Борисов за да може да биде под истрага за „Барселонагејт“. „Ако тој тврди дека е невин, тоа треба да го докаже во транспарентен судски процес“, рече лидерката на БСП, Корнелија Нинова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskoto-obvinitelstvo-pobara-odzemane-na-imunitetot-na-borisov/feed/ 0
Борисов: Опција е и уставна влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-optsija-e-i-ustavna-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-optsija-e-i-ustavna-vlada/#respond Fri, 19 May 2023 07:06:02 +0000 https://kurir.mk/?p=836154

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека Марија Габриел ги има сите права да преговара и да носи одлуки, бидејќи ако следната недела ако нне се формира влада тогаш нема да има ниту буџет. - Опција е и уставна влада, бидејќи за промена на Уставот се потребни најмалку 160 гласови, истакна Борисов. Според него ако не се избере влада, државата во јуни нема да може да исплати плати и пензии. - Не е само буџетот заложник, туку и Планот за закрепнување, Шенген, еврозоната и фондовите. Имаме толку многу проблеми кои во моментов се заложници на политичките игри. Од првиот ден зборувам за одговорност на сите партии, посочи Борисов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-optsija-e-i-ustavna-vlada/feed/ 0
Бојко Борисов: Ако се договориме за програмата, не е важно во кој мандат ќе се случи влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bojko-borisov-ako-se-dogovorime-za-programata-ne-e-vazhno-vo-koj-mandat-ke-se-sluchi-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bojko-borisov-ako-se-dogovorime-za-programata-ne-e-vazhno-vo-koj-mandat-ke-se-sluchi-vlada/#respond Thu, 27 Apr 2023 09:04:33 +0000 https://kurir.mk/?p=828207

Ако се договориме за програмата, нема да има значење во кој мандат ќе се случи, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, во врска со можностите за формирање на редовна влада на Бугарија. Борисов рече дека денеска ќе се разговара по сектори во рамките на програмата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП – ДБ) за да се види колку е таа реална, дали е преценета, дали се финансира. Според Борисов, програмата на ГЕРБ-СДС е многукратно подобра, поконкретна, подетална, со сите сектори во неа. Тој нагласи дека се обидел да се огради од разните „коментатори“, но додаде дека „не е фер кон гласачите“ на неговата партија. Борисов потенцираше и дека ГЕРБ-СДС не поставувала ултиматуми до ПП-ДБ. За да зборуваш за втор мандат и да кажеш дека дотогаш нема да покажете влада е некако нелогично, смета тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bojko-borisov-ako-se-dogovorime-za-programata-ne-e-vazhno-vo-koj-mandat-ke-se-sluchi-vlada/feed/ 0
Борисов: Праведно е пред да се формира влада, лидерите на сите партии да се произнесат за буџетот и да кажат за што ќе гласаат https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-pravedno-e-pred-da-se-formira-vlada-liderite-na-site-partii-da-se-proiznesat-za-budhetot-i-da-kazhat-za-shto-ke-glasaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-pravedno-e-pred-da-se-formira-vlada-liderite-na-site-partii-da-se-proiznesat-za-budhetot-i-da-kazhat-za-shto-ke-glasaat/#respond Sat, 22 Apr 2023 12:17:48 +0000 https://kurir.mk/?p=826397

Праведно е пред да се формира влада, лидерите на сите партии да дадат коментар за буџетот и да кажат за што ќе гласаат. Ова го изјави лидерот на „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ), Бојко Борисов на прес-конференција во седиштето на партијата. На прес-конференцијата учествуваа претседателката на пратеничката група на ГЕРБ-СДС, Десислава Атанасова и пратениците Деница Сачева, Дељан Добрев и Красимир Валчев. Тема на брифингот е предлог-буџетот предложен од преодната влада со кој се предвидува буџетски дефицит од 6,4 отсто. „Потребни се три заклучоци и со најдобра намера апелирам до лидерите на партиите да се произнесат за буџетот и да кажат зад која одлука стојат“, рече Борисов. Според лидерот на ГЕРБ, државниот долг ќе надмине 70 милијарди лева. Тој додаде дека со овој индикатор станува бесмислен разговорот за приклучување на Бугарија во еврозоната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-pravedno-e-pred-da-se-formira-vlada-liderite-na-site-partii-da-se-proiznesat-za-budhetot-i-da-kazhat-za-shto-ke-glasaat/feed/ 0
Борисов по консултациите со Радев: Нема да бидам кандидат за премиер https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-po-konsultatsiite-so-radev-nema-da-bidam-kandidat-za-premier/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-po-konsultatsiite-so-radev-nema-da-bidam-kandidat-za-premier/#respond Thu, 20 Apr 2023 14:55:38 +0000 https://kurir.mk/?p=826004

Нема да бидам кандидат за премиер, изјави денеска претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по завршувањето на консултациите со бугарскиот претседател Румен Радев. -Половина од пратеничката група на ГЕРБ-СДС се министри и многу брзо може да се направи предлог владин кабинет, појасни Борисов. ГЕРБ-СДС имаат опција и за експертски и за партиски владин кабинет. -Убеден сум дека најдоброто нешто за Бугарија е коалиција меѓу двете најголеми политички сили -ГЕРБ-СДС, од една, и „Промените продолжуваат - Демократска Бугарија“, од друга страна, , додаде лидерот на ГЕРБ. Притоа поранешниот бугарски премиер по средбата со претседателот Радев истакна дека „секој кој ја сака државата мора да направи компромис“. -Омразата што ја видов во парламентот меѓу другите партии ме потсетува на она што беше против нас пред две години, рече Борисов, потенцирајќи дека оваа омраза никаде нема да ја однесе Бугарија и затоа повика на трпение и внимание. Шефот на државата, Румен Радев, претходно денеска одржа консултации со ГЕРБ-СДС и притоа тој посочи дека најголемата одговорност за формирање влада сноси најголемата политичка сила во Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-po-konsultatsiite-so-radev-nema-da-bidam-kandidat-za-premier/feed/ 0
ЊУЗ БГ: Борисов и Трифонов разговараа за заедничка Влада која ќе заземе многу поцврста позиција кон Македонија за влез во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nuz-bg-borisov-i-trifonov-razgovaraa-za-zaednichka-vlada-koja-ke-zazeme-mnogu-potsvrsta-pozitsija-kon-makedonija-za-vlez-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nuz-bg-borisov-i-trifonov-razgovaraa-za-zaednichka-vlada-koja-ke-zazeme-mnogu-potsvrsta-pozitsija-kon-makedonija-za-vlez-vo-eu/#respond Thu, 13 Apr 2023 17:31:39 +0000 https://kurir.mk/?p=823799

Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов имал разговори за состав на влада на Бугарија со партијата Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов и се договориле меѓу другото и за односите кон Република Македонија. Тие разговарале на повеќе теми, како што е усвојувањето на еврото, но и случајот со Македонија, чие вето беше укинато на иницијатива на ГЕРБ и пронашле заеднички јазик, пренесува Њуз бг, повикувајќи се на изјава на Борисов. – Многу поодговорна, поцврста позиција во однос на РС Македонија – нема шанси нивниот претседател да зборува на овој начин и да го игнорира нашиот претседател, вели Борисов за консензусот постигнат меѓу двете политички сили. Тој, според бугарскиот медиум, сепак одбил да зборува, како што рече, во име на друга партија избегнувајќи да одговори на прашање за реакцијата на ИТН на темата РСМ. Целиот текст на БГ њуз може да го погледнете на бугарски јазик ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nuz-bg-borisov-i-trifonov-razgovaraa-za-zaednichka-vlada-koja-ke-zazeme-mnogu-potsvrsta-pozitsija-kon-makedonija-za-vlez-vo-eu/feed/ 0
Кирил Петков не сака да коалицира со Бојко Борисов https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kiril-petkov-ne-saka-da-koalitsira-so-bojko-borisov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kiril-petkov-ne-saka-da-koalitsira-so-bojko-borisov/#respond Fri, 07 Apr 2023 10:46:38 +0000 https://kurir.mk/?p=821445

Коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ) нема да поддржат влада со мандат или учество на ГЕРБ, изјави денеска лидерот на Продолжуваме со промените Кирил Петков на заедничка прес прес конференција со другите партиски челници. – Нашата одлука да не ја поддржиме ГЕРБ во првиот мандат се заснова на вредности. Тоа што го видовме во минатиот парламент и на овие избори се заснова на овие вредносни разлики. Ќе разговараме со сите партии, бидејќи на бугарските граѓани им ветивме јасни политики за справување со актуелните проблеми. Почнувајќи од буџетот, кој не може да биде заложник на разговорите меѓу политичките партии – рече Петков. Според него, доколку ГЕРБ не успее да формира влада со првиот мандат, ПП-ДБ ќе предложи кабинет со вториот мандат. Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов пред два дена соопшти дека единствената задача пред новото Народно собрание е формирање редовна влада. Тој рече ќе биде пратеник во 49. Народно собрание и лично ќе ги води преговорите со другите партии и нагласи дека нови избори значат ризик за парламентарната демократија. Бугарски аналитичари изразуваат загриженост дека Бугарија ќе продолжи со генерирање кризи. – Бидејќи ниту ГЕРБ, ниту ПП-ДБ не можеа да соберат критична маса гласови за да ѝ се стави крај на политичката криза, Бугарија тргна во насока на претседателско владеење. Претседателот Румен Радев практично ја користи извршната власт преку привремените кабинети што ги назначува од мај 2021 година. Реизбран за втор мандат во 2022 година, Радев е во силна политичка позиција. Без редовна влада на власт, тој го има последниот збор преку привремениот кабинет за критичните одлуки – дали Бугарија ќе испраќа оружје во Украина или како да го приспособи енергетскиот сектор на земјата на регионалниот и глобалниот пазар што брзо се менува. Работите да бидат уште полоши, шефот на државата не одговара пред законодавниот дом, кој мора да се самораспушти секогаш кога нема да гласа за новата влада – изјави политичкиот аналитичар и универзитетски професор Димитар Бечев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kiril-petkov-ne-saka-da-koalitsira-so-bojko-borisov/feed/ 0
Борисов: На Бугарија и е потребна влада по секоја цена https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-na-bugarija-i-e-potrebna-vlada-po-sekoja-tsena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-na-bugarija-i-e-potrebna-vlada-po-sekoja-tsena/#respond Wed, 05 Apr 2023 14:56:49 +0000 https://kurir.mk/?p=820644

Лидерот на политичкиот сојуз ГЕРБ-УДФ, Бојко Борисов денеска изјави дека на Бугарија и е потребна влада „по секоја цена“. ГЕРБ-УДФ освои најголем број гласови на парламентарните избори одржани на 2 април. Борисов истакна дека ако му биде доделен мандатот за составување на нова влада дека ќе разговара со сите партии. - Бугарите на овие избори порачаа не можат без ГЕРБ, но и дека не можат без партијата Продолжуваме со промените (ПП) и Демократска Бугарија (ДБ). Нашите лични чувства не се важни, истакна Борисов. Тој додаде дека неопходно е да се создаде влада, „колку и да ги чини политичките партии“. Копретседателот на Асен Василев на ПП, второпласираната партија на изборите, претходно ја отфрли можноста за коалиција со ГЕРБ. Тоа најверојатно навестува продолжување на долгорочната политичка криза во Бугарија, која во рок од две години одржа петти парламентарни избори. Кризата во Бугарија веќе ја принуди земјата да го одложи очекуваниот датум за воведување на еврото, а претстои и изгласување на нацрт-буџетот за 2023 година. На трето место по освоените гласови е националистичката партија Преродба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-na-bugarija-i-e-potrebna-vlada-po-sekoja-tsena/feed/ 0