бојкот на настава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 May 2021 13:52:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бојкот на настава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Средношколците се заканија со бојкот на наставата и протести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkolcite-se-zakanija-so-bojkot-na-nastavata-i-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkolcite-se-zakanija-so-bojkot-na-nastavata-i-protesti/#respond Fri, 07 May 2021 13:52:05 +0000 https://kurir.mk/?p=507214

И независното здружение на средношколци со свои барања до Министерството за образование и наука – физичко присуство на часовите со почитување на мерките за заштита и откажување на концептот за дигитализација на образованието. Од иницијативата „Средношколски глас“ денеска пред МОН ги претставија нивните барања. Велат дека доколку ресорното министерство не ги земе предвид, уште помасовно ќе ја бојкотираат наставата и ќе излезат на улица. -Бараме да се организира јавна расправа за предложениот закон, каде што ќе сослушани сите страни како и стручни преттавници кои непосредно би учествувале во неговата ревизија и интервенција на законскиот текст. Ваквиот начин за промени во образованието, не ги решава проблемите туку создава нови, велат од „Средношколски глас“. Во меѓувреме, неколкудневниот бојкот е прекинат, поради ветувањата на претставниците на МОН дека ќе ги разгледаат барањата на родителите кои очекуваат до понеделник повик за повторна средба. Доколку тоа не се случи, масовно ќе протестираат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkolcite-se-zakanija-so-bojkot-na-nastavata-i-protesti/feed/ 0
По најавите за бојкот на наставата, се огласи министерката Царовска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-najavite-za-bojkot-na-nastavata-se-oglasi-ministerkata-carovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-najavite-za-bojkot-na-nastavata-se-oglasi-ministerkata-carovska/#respond Wed, 30 Sep 2020 13:59:12 +0000 https://kurir.mk/?p=410679

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес на прес-конференција истакна дека од суштинско значење за образовниот е да не дозволиме да го загрозиме јавното здравје што дополнително може да ја отежне учебната година. -Деновиве има родители и родителски совети кои најавуваат бојкот на онлајн наставата и бараат настава со физичко присуство. Јас ги разбирам, но мораме сите ние да разбереме дека одлуките кои ги донесе комисијата се во интерес на јавното здравје и заштита на здравјето на сите нас. Ако одлуката која ја донела комисијата е дека нема услови во училиштето за физичка настава, тоа е во интерес токму на заштита на здравјето на децата и родителите. Апелирам до родителите да ја почитуваат таа одлука. Да разберат дека бојкотот не носи никому добро, а одлуката која е донесена не е заради ничија желба или хир, туку заради препорака на здравствените власти која мора да ја почитуваме, рече Царовска. Министерката ги повикува општините, наставниците, родителите и сите учесници во образовниот процес  на соработка, бидејќи заедничката цел на сите е заштитa на  здравјето на децата, а истовремено и овозможување на процесот на учење и на развивање. -Ова бара труд и напор, но целта е премногу значајна за да не соработуваме или да не си помагаме. Ајде заеднички да ги надминеме почетните предизвици за да што побрзо се прилагодиме и започнеме со учење, рече Царовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-najavite-za-bojkot-na-nastavata-se-oglasi-ministerkata-carovska/feed/ 0