Боко Харам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Jul 2022 13:34:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Боко Харам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/upad-na-boko-haram-vo-zatvor-vo-abudza-izbegaa-okolu-300-zatvorenici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/upad-na-boko-haram-vo-zatvor-vo-abudza-izbegaa-okolu-300-zatvorenici/#respond Wed, 06 Jul 2022 13:34:26 +0000 https://kurir.mk/?p=701088

Околу 300 затвореници се во бегство откако исламистички милитанти на Боко Харам упаднаа во затвор во главниот град на Нигерија, Абуџа. Секретарот на Министерството за внатрешни работи, Шуаиб Белгоре, пред затворот во Абуџа, во кој се сместени околу 900 затвореници, изјави дека еден чувар бил убиен синоќа при упад и дека уште тројца вработени во затворот се ранети. Тој рече дека осомничените напаѓачи на Боко Харам дошле да ги земат нивните членови кои отслужуваат затворски казни. „Тие дојдоа по своите соучесници, но бидејќи некои од нив беа измешани со останатите затвореници, избегаа и други, а многу од нив се вратија“, додаде Белгоре. Тој истакна дека повеќе од 600 затвореници избегале, но половината биле фатени и потрагата по бегалците продолжува. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/upad-na-boko-haram-vo-zatvor-vo-abudza-izbegaa-okolu-300-zatvorenici/feed/ 0
По насилствата во Скадар, Рама ги спореди Мета и Бериша со терористите на Боко Харам https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-nasilstvata-vo-skadar-rama-gi-sporedi-meta-i-berisha-so-teroristite-na-boko-haram/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-nasilstvata-vo-skadar-rama-gi-sporedi-meta-i-berisha-so-teroristite-na-boko-haram/#respond Sat, 12 Dec 2020 18:31:33 +0000 https://kurir.mk/?p=442488

По денешниот насилен протест во северниот град Скадар, албанскиот премиер и лидер на Социјалстичката партија Еди Рама, ги обвини претседателот Илир Мета и поранешноот претседател Сал Бериши дека ги злоупотребуваат децата и ги спореди со терористите на Боко Харам, кои ги злопуотребуваат децата како камикази. -Терористите на Боко Харам ги користат децата како бомбаши самоубијци. Историјата познава криминални случаи со деца, но да се појави во Албанија како последно прибежиште на маскенбалот на опозициската политика, ова е крајно болно! Многу посакувам и силно верувам дека нема демократски и опозициски родител кој ја прифаќа оваа крајна злоупотреба на малолетници на водачите без татковина, без знаење и вера, без душа и мозок, на ова мизерна опозиција, со нејзината морална празнина и нејзиниот криминален карактер. Никогаш не заборавјте го ова, стои во реакцјата на Рама. Во денешниот протест во Скадар, во кој главно учествуваа млади, целосно се уништени просториите на Социјалистичката партија. Од просториите беше извадено се што се наоѓаше во нив и потоа запалено. Учесниците во протестот оштетија и други објект. За смирување на состојбата интеревенираа припадниците на специјалната полициска единца за итни интервенции. На протестот учествувала и градоначалничката Волтана Адеми, која пак за последиците од протестот ја обвини полицијата која, според неа доцнела во интервенцијата. Протест е најавен во Тирана и за вечерва. Тоа ќе биде четврт протест по убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полициски специјалец. Поради тоа главнот град целосно е блокиран од полиција, цистерни со вода, блиндирани возила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-nasilstvata-vo-skadar-rama-gi-sporedi-meta-i-berisha-so-teroristite-na-boko-haram/feed/ 0
Боко харам уби 43 земјоделци во Нигерија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boko-haram-ubi-43-zemjodelci-vo-nigerija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boko-haram-ubi-43-zemjodelci-vo-nigerija/#respond Sun, 29 Nov 2020 08:26:54 +0000 https://kurir.mk/?p=435841

Најмалку 43 земјоделци вчера се убиени во нападот на џихадистите од Боко харам во североисточна Нигерија. -Пронајдовме 43 безживотни тела и шест лица тешко повредени, соопшти нигериската полиција. Осум земјоделци се водат како исчезнати и се претпоставува дека се киднаприрани од припадниците на џихадистичката група. Нападот се случил во оризово поле на 10 километри од Мајдугури, главниот град на нигериската сојузна држава Борно. Во соопштението од полицијата се истакнува дека „нема сомнеж оти нападот е дело на Боко харам“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boko-haram-ubi-43-zemjodelci-vo-nigerija/feed/ 0
Во напад на Боко Харам во Чад убиени 92 војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napad-na-boko-haram-vo-chad-ubieni-92-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napad-na-boko-haram-vo-chad-ubieni-92-vojnici/#respond Tue, 24 Mar 2020 20:53:15 +0000 https://kurir.mk/?p=321678

Деведесет и двајца војници на армијата на Чад загинаа во најсмртоносниот напад на џихадистите од Боко Харам врз вооружените сили во земјата, изјави претседателот на Чад Идрис Деби Итно, јавија француските медиуми. -Загубивме 92 наши војници и офицери во нападот во градот Бома, рече тој. „За првпат губиме толку многу војници“, рече тој, откако го посети местото на нападот во провинцијата Лак, која се граничи со Нигер и Нигерија, од каде упаѓаат џихадистите на Боко Харам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napad-na-boko-haram-vo-chad-ubieni-92-vojnici/feed/ 0
Во Нигерија уапсен „мозокот“ на Боко Харам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nigerija-uapsen-mozokot-na-boko-haram/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nigerija-uapsen-mozokot-na-boko-haram/#respond Sat, 22 Dec 2018 10:00:17 +0000 https://kurir.mk/?p=143529

Нигериската полиција соопшти дека уапсила едно лице за кое постои сомневање дека бил „мозокот“ на бомбашките напади што исламистичката организација Боко Харам ги изведе во 2015 година во нигериската престолнина Абуџа. – Полицајците уапсија маж во главниот трговски град Лагос, се наведува во соопштението на полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nigerija-uapsen-mozokot-na-boko-haram/feed/ 0
Нигер: Боко харам киднапира 18 девојчиња https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/niger-boko-haram-kidnapira-18-devojchinja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/niger-boko-haram-kidnapira-18-devojchinja/#respond Sun, 25 Nov 2018 09:35:54 +0000 https://kurir.mk/?p=131659

Регионалниот официјален претставник на Нигер, Ламидо Хароуна Мумуни изјави дека терористичката група Боко харам киднапирала 18 девојчиња од две села. Тој истакна дека припадниците на Боко харам киднапирале 15 девојчиња од селото Блахарде и три од селото Баге, додавајќи дека овие две места се наоѓаат во близина на подрачјето каде екстремистите убија најмалку седум лица пред една недела. Мумуни побара од Владата на Нигер да направи се што е можно за да го заштити населението, вклучувајќи дури и дијалог со Боко харам. Боко харам води деветгодишна борба во Нигерија, при што се убиени повеќе илјади луѓе, а често преминува и во соседните земји Нигер, Чад и Камерун.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/niger-boko-haram-kidnapira-18-devojchinja/feed/ 0
Најмалку 16 загинати при напад на Боко Харам во Нигерија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-16-zaginati-pri-napad-na-boko-haram-vo-nigerija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-16-zaginati-pri-napad-na-boko-haram-vo-nigerija/#respond Thu, 09 Aug 2018 19:30:22 +0000 https://kurir.mk/?p=86340

Најмалку 16 припадници на нигериската Армија загинаа денеска при напад од заседа на припадници на исламистичкото движење Боко Харам во областа Борно во североисточниот дел на Нигерија. Борно е меѓу областите во Нигерија во кои припадниците на Боко Харам се најактивни. Од формирањето на Боко Харам во 2009 години, при напади на негови припадници во Борно загинаа над 30.000 лица. Денешниот напад следува откако пред неколку недели исчезнаа 20 припадници на Армијата на Нигерија, за кои се претпоставува дека се жртви на Боко Харам. Движењето Боко Харам се залага за формирање на исламска држава на територијата на северна Нигерија и делови на соседните земји. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-16-zaginati-pri-napad-na-boko-haram-vo-nigerija/feed/ 0
Осум припадници на Боко харaм признаа учество во киднапирање девојчиња https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osum-pripadnici-na-boko-haram-priznaa-uchestvo-vo-kidnapiranje-devojchinja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osum-pripadnici-na-boko-haram-priznaa-uchestvo-vo-kidnapiranje-devojchinja/#respond Wed, 18 Jul 2018 14:37:05 +0000 https://kurir.mk/?p=78395

Нигериската полиција денеска соопшти дека осум уапсени, за кои постои сомневање дека се членови на милитантната група Боко харам, признале дека учествувале во киднапирањето на околу 270 девојчиња од североисточното село Чибок во 2014 година. Тоа масовно киднапирање  девојчиња од училиште ја доведе во центар на осудата оваа милитантна група, која се обидува да создаде исламска држава во североисточниот дел на Нигерија од 2009 година. Името на групата значи „западното образование е забрането“.  (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osum-pripadnici-na-boko-haram-priznaa-uchestvo-vo-kidnapiranje-devojchinja/feed/ 0
Над 1.000 луѓе ослободени од заробеништво на Боко Харам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-1-000-lugje-oslobodeni-od-zarobenishtvo-na-boko-haram/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-1-000-lugje-oslobodeni-od-zarobenishtvo-na-boko-haram/#respond Tue, 08 May 2018 06:26:28 +0000 https://kurir.mk/?p=51275

Армијата на Нигерија соопшти дека спасила повеќе од илјада луѓе кои беа држани во заробеништво од страна на исламистичката група Боко Харам. - Меѓу заробениците најголем број се деца и жени. Тие беа држени во четири села во областа Бама, во нигериската држава Борно, изјави портпаролот на нигериската армија, Тексас Чувку. Тој додаде дека мажите биле принудени да се борат на страната на Боко Харам. Чувку не наведе детали кога е спроведена и колку траела спасувачката операција. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-1-000-lugje-oslobodeni-od-zarobenishtvo-na-boko-haram/feed/ 0
Нигериската војска спасила над 1.000 заложници на Боко Харам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nigeriskata-vojska-spasila-nad-1-000-zaloznici-na-boko-haram/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nigeriskata-vojska-spasila-nad-1-000-zaloznici-na-boko-haram/#respond Mon, 07 May 2018 20:40:06 +0000 https://kurir.mk/?p=51221

Војската на Нигерија соопшти дека спасиле повеќе 1.000 заложници, поголемиот дел жени и деца, кои исламските екстремисти од групата Боко Харам ги држеле на севериостокот од земјата. Заложниците се спасени од четири села во сојузната држава Борно, посочува војската, која не прецизираше кога акцијата била изведена. Меѓу спасените има и неколку мажи кои биле принудени да се борат за Боко Харам. Таа група е одговорна за илјадници киднапирања, особено на девојчиња и жени, откако во 2009. година почна вооружениеот бунт во Нигерија и околните земји. Нигериската војска претходно изведе неколку акции за спасување, но многу жртви се уште се водат за исчезнати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nigeriskata-vojska-spasila-nad-1-000-zaloznici-na-boko-haram/feed/ 0