боледување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 29 Oct 2023 19:40:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png боледување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британец кој бил на боледување 15 години ја тужел компанијата затоа што не му ја зголемила платата во тој период https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/britanets-koj-bil-na-boleduvane-15-godini-ja-tuzhel-kompanijata-zatoa-shto-ne-mu-ja-zgolemila-platata-vo-toj-period/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/britanets-koj-bil-na-boleduvane-15-godini-ja-tuzhel-kompanijata-zatoa-shto-ne-mu-ja-zgolemila-platata-vo-toj-period/#respond Sun, 29 Oct 2023 20:02:20 +0000 https://kurir.mk/?p=892709

Иан Клифорд, 50-годишен ИТ вработен во технолошкиот гигант IBM ја тужел компанијата затоа што не му ја зголемила годишната плата од 62.000 евра во периодот од 15 години колку што бил на боледување. Клифорд тврделдека бил жртва на дискриминација поради инвалидитет бидејќи неговата плата не била покачена во 15-те години кога бил без работа. Тој смета дека „не е алчно да се сака зголемување на платата“. ИТ експертот добивал повеќе од 62.000 евра годишно според здравствениот план на IBM и гарантирано ќе зема плата до 65-годишна возраст. Сепак, Клифорд тврдел дека тоа „не е доволно дарежливо“, бидејќи неговата плата ќе „овене“ со текот на времето поради инфлацијата. 50-годишникот зел боледување поради ментално здравје во 2008 година, а во 2012 година му била  дијагностицирана леукемија во четврта фаза. Сепак, минатата година тој ја тужел компанијата за дискриминација на инвалидитет бидејќи IBM не му ја зголемила платата од 2013 година. Но, трибуналот за вработување во Ридинг, Беркшир, го отфрли неговото барање, при што судијата му кажал на Клифорд дека му била дадена „многу значајна придобивка“ и „поволен третман“. Зборувајќи за првпат по пресудата, Клифорд рече дека сака да се погрижи неговиот син да биде згрижен и дека шансата тој да живее до 65 години е „малку веројатна“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/britanets-koj-bil-na-boleduvane-15-godini-ja-tuzhel-kompanijata-zatoa-shto-ne-mu-ja-zgolemila-platata-vo-toj-period/feed/ 0
Боледување од 3 ипол години рекорд во Македонија, откриен при случајна проверка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boleduvanje-od-3-ipol-godini-rekord-vo-makedonija-otkrien-pri-sluchajna-proverka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boleduvanje-od-3-ipol-godini-rekord-vo-makedonija-otkrien-pri-sluchajna-proverka/#respond Tue, 05 Apr 2022 05:32:43 +0000 https://kurir.mk/?p=658445

Пациент три и пол години е постојано на боледување, но никој досега не го упатил да побара инвалидска пензија. Контролите на Фондот за здравствено осигурување случајно го откриле овој случај каде пропусти има во целиот систем – матичен, специјалисти, комисии за продолжување на отсуствата од работа, објави Сител. Од ФЗО потврдиле за телевизијата дека за осигуреникот дале препорака веднаш да оди на проверка на работната способност а дали и за кого ќе има казни што со години се одлевале пари од фондовската каса без запазување на процедурите, дополнително ќе се утврдува. Согласно Законот за здравственото осигурување, во случај на подолго траење на привремената спреченост за работа до 12 месеци, лекарската комисија на Фондот го упатува осигуреникот до надлежниот орган за оценување на работната способност, според прописите за пензиското и инвалидското осигурување. Во случај ако се констатира дека осигуреникот не ги исполнува условите за корисење на правото на инвалидска пензија тогаш истиот може да го продолжи боледувањето на товар на Фондот, ако за тоа постојат медицински индикации кои ги утврдуваат лекарските комисии на Фондот. Ова не е единствен предмет за злоупотреби на боледувањата, особено во времето на пандемијата со ковид 19. Дали граѓани седат дома иако здравствената состојба им е добра притоа користејќи извештаи со дијагнози како постковид компликации? Првите три месеци годинава од 39 контроли на боледувања што ги направил Фондот кај 11 констатирале неправилности – неуредна медицинска документација, неизвршени процедури за дијагнозата наведена во извештајот за спреченоста од работа, ретроактивно издавање на боледување прекршувајќи ги законските процедури. Но има и кривични елементи при издавање на боледувања кога биле фалсификувани резултати од биохемиски анализи, непостоечки креиран упат и користење на туѓи факсимили. За ваков предмет Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе поднел кривична пријава до ОЈО за случај од минатата година. Инаку од Државниот санитарен и здравствен инспекторат ни одговорија дека доставуваат иницијативи за формирање на комисии за стручен надзор кои понатаму врз основа на доставената документација одлучуваат дали има пропусти (злоупотреби) за издадените боледувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boleduvanje-od-3-ipol-godini-rekord-vo-makedonija-otkrien-pri-sluchajna-proverka/feed/ 0
Црна Гора руши рекорди: Континуирано боледување од над шест години https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-rushi-rekordi-kontinuirano-boleduvanje-od-nad-shest-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-rushi-rekordi-kontinuirano-boleduvanje-od-nad-shest-godini/#respond Wed, 30 Mar 2022 09:16:59 +0000 https://kurir.mk/?p=655511

Рекордното боледување во Црна Гора траело подолго од шест години, покажува евиденцијата на Фондот за здравствено осигурување. Алармантно е тоа што има поединци кои се на добар пат да го соборат овој рекод, изјави Вукосава Пејовиќ од Фондот за здравствено осигурување. – Моментално имаме боледувања од 54 месеци, 58 месеци, што значи дека веќе четири и пол години во континуитет пациентите се болни, појасни Пејовиќ за ТВЦГ. Постојат сомневања за можни злоупотребени боледувања, наведува Фондот. – Најчесто, луѓето кои се склони на злоупотребување, се оние кои во некоја реорганизација се распоредени на некое место што не им одговара, или не им одговара новиот менаџмент или можеби некоја ситуација на работа, па тогаш, најлесно им е да одат на боледување, додаде Пејовиќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-rushi-rekordi-kontinuirano-boleduvanje-od-nad-shest-godini/feed/ 0
ССМ: Ковид-19 да се признае како професионално заболување, да се исплаќа 100 проценти од основицата на плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-kovid-19-da-se-priznae-kako-profesionalno-zaboluvanje-da-se-isplakja-100-procenti-od-osnovicata-na-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-kovid-19-da-se-priznae-kako-profesionalno-zaboluvanje-da-se-isplakja-100-procenti-od-osnovicata-na-plata/#respond Wed, 28 Apr 2021 08:52:52 +0000 https://kurir.mk/?p=503194

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа побара Ковид -19 да се признае како професионално заболување за сите работници, а на вработените кои ќе отсуствуваат од работа поради оваа болест, да им бидат исплатени 100 проценти од основицата на плата утврдена со закон. Според ССМ, потребна е заедничка акција на претставниците на работниците и на работодавачите во насока на подигнување на јавната свест за здравите и безбедни услови за работа. Неопходно е и ефикасно делување на инспекциските служби со цел навремено да се откријат слабостите кои треба да се заменат со решенија за унапредување на здравите и безбедни работни места. – Последиците од пандемијата можат да бидат катастрофални. Апелираме на заедничко, брзо делување на сите релевантни чинители затоа што од сите нас, без исклучок, зависи дали во периодот кој ни претстои ќе бидеме на висината на задачата да преземеме активности кои ќе обезбедат опстанок, изјави секретарот на Советот на Сојузот на синдикати на Македонија, Златко Цветковски на денешната прес-конференција. Во изминатиот период, прогласување на Ковид-19 за професионално заболување и исплата на 100 проценти плата за заболените побараа и Конфедерацијата на слободни синдикати и Македонското здружение за заштита при работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-kovid-19-da-se-priznae-kako-profesionalno-zaboluvanje-da-se-isplakja-100-procenti-od-osnovicata-na-plata/feed/ 0
Почина Александар Шиколе, истакнат нефролог и професор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-aleksandar-shikole-istaknat-nefrolog-i-profesor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-aleksandar-shikole-istaknat-nefrolog-i-profesor/#respond Thu, 25 Mar 2021 06:03:58 +0000 https://kurir.mk/?p=487372

По кратко и тешко боледување, почина истакнатиот професор д-р Александар Шиколе на 67 годишна возраст. Шиколе беше редовен професор на катедрата за интерна медицина и вработен на Универзитетска Клиника за нефрологија во Скопје, каде подолг временски период ја извршуваше директорската функција. Докторирал во 1994 година од областа на примената на еритропоетинот кај пациенти лекувани со ХД, проблематика на која континуирано работеше. Дома и во странство објавил над 250 труда од неговата специјалност. Како истакнат меѓународен експерт бил гувернер на Европското здружение за вештачки органи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-aleksandar-shikole-istaknat-nefrolog-i-profesor/feed/ 0
ФЗОМ: Исплатите на надоместоците за боледувања и породилни отсуства течат редовно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzom-isplatite-na-nadomestocite-za-boleduvanja-i-porodilni-otsustva-techat-redovno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzom-isplatite-na-nadomestocite-za-boleduvanja-i-porodilni-otsustva-techat-redovno/#respond Tue, 05 Jan 2021 14:37:21 +0000 https://kurir.mk/?p=452207

Во врска со преземените приватни пораки од социјалните мрежи, објавени во некои од пораталите, во кои се навдува дека доцнат исплатите на наодместоците за боледувања и породилни отсуства, Фондот ја информира јавноста за следното: Исплатите на надоместоците течат редовно, односно исплати се вршат 3 пати неделно. Поголемиот дел од исплатите за ноември се завршени, а доколку кај определни осигуреници не е реализирана исплата, истите треба да проверат кај својот работодавач, дали се поднесени нивните документи навремено и истите се коректни. Исто така, треба да се има предвид, за да се реализира навремена исплата, работодавачот треба навремено да ги уплаќа придонесите за здравствено осигурување. Најчесто кога има доцнење на исплата на надоместоците, станува збор за ненавремено поднесување документи, некоректна документација и (несовпаѓање на бројот на часови кои ги доставува работодавачот до Управата за јавни приходи), како и нередовно плаќање на придонесите од страна на работодавачот. Откако осигуреното лице ќе провери со работодавачот, тогаш треба да се јави во соодветната подрачна служба на Фондот каде претходно се поднесени барањата за да се утврди дали треба да се направи корекција на часови во МПИН декларација на УЈП. Обично последниот месец од исплатата на надоместоците за породилно отсуство се прима надоместокот откако ќе заврши месецот, со цел часовите во МПИН да се прикажат согласно ИСР образецот. Доцнење има во случај кога датумот на завршување на боледувањето не е усогласен со ИСР образецот што го издава матичниот лекар, што не е по вина на Фондот туку по вина на самиот работодавач кој не ги прикажал часовите точно. Доколку осигурениците, со право се револтирани поради ненавремена исплата, Фондот ги замолува прво да проверат дали работодавачот уредно ги извршил своите обврски кон нив, за да може и Фондот навремено да ги врши исплатите. Истовремено наместо да се објавуваат револтирани пораки на одредени поединци со кој се стекнува впечаток дека Фондот не врши исплата на надоместоците, треба информациите да содржат релевантни податоци, а не паушални заклочоци базирани на приватни пораки на социјалните мрежи. Фондот продолжува да работи во интерес на осигурените лица и на здравствените работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzom-isplatite-na-nadomestocite-za-boleduvanja-i-porodilni-otsustva-techat-redovno/feed/ 0
Одлучено: Еве како ќе се регулираат боледувањата на заболените од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlucheno-eve-kako-kje-se-reguliraat-boleduvanjata-na-zabolenite-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlucheno-eve-kako-kje-se-reguliraat-boleduvanjata-na-zabolenite-od-kovid-19/#respond Wed, 04 Nov 2020 08:00:18 +0000 https://kurir.mk/?p=424626

Владата информира дека на вчерашната седница ја разгледала Информацијата во врска сo регулирање на боледување на вработени лица заболени од КОВИД-19 како и вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза. -Донесен е заклучок министерствата и органите на државната управа при регулирање на овие прашања на вработените лица кои имаат симптоми или се заболени од КОВИД-19 и на лица кои се во изолација заради спречување на ширење на заразата, но се асимптоматични, а за кои е констатирано дека се заболени од КОВИД-19, задолжително да побараат ИСР образец, односно боледување согласно кој висината на надоместокот на плата за привремена спреченост за работа поради КОВИД-19 да изнесува 100% од основицата за надоместок на плата, информираат од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlucheno-eve-kako-kje-se-reguliraat-boleduvanjata-na-zabolenite-od-kovid-19/feed/ 0
Власта си тераше кампања, а граѓаните оставени без надоместок за боледување и породилно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vlasta-si-terashe-kampanja-a-gragjanite-ostaveni-bez-nadomestok-za-boleduvanje-i-porodilno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vlasta-si-terashe-kampanja-a-gragjanite-ostaveni-bez-nadomestok-za-boleduvanje-i-porodilno/#respond Fri, 17 Jul 2020 09:04:22 +0000 https://kurir.mk/?p=377504

Владата на СДСМ очигледно толку навлезе во кампањата за изборите и ги ангажираше своите партијци во институциите на ова поле, што тотално заборави на граѓаните. Граѓаните се бесни и очајни затоа што нивните законски надоместоци доцнат и неизвесно е кога ќе ги добијат. Ги убива, велат, не само доцнењето, туку и неконзистетноста на ислатите, кои некогаш се исплаќаат на средина, некогаш на крај на месец, некогаш, пак, ги нема и по два месеца, па не можат ни да планираат кога би го имале следниот прилив. Загриженост, неизвесност, стрес. Вака им поминуваат деновите на лицата што користат боледување, родителите што се на породилно отсуство, како и останатите лица што своите основни средства за живот ги чекаат преку државната каса. Плата законски се зема до 15-ти, а боледувања кога, реагираат граѓаните, прашувајќи „Кога ќе ви текне ќе исплатите боледување?“ Не сме битни ние што сме на боледување, па нека си течат камати на рати на пр, суплеметни и лекови не мора да се купат кој не е*е, храна ние нема потреба да конзумираме ние сме на боловање! Еј не сте свесни колкави гревови правите! Удирате по најосетливите! Па да вие само така знаете! Избори праевте со наши пари и на крај ги потрошивте парите и за најосетливата група? СРАМОТА!!, реагираат на социјалните мрежи. Со дополнителни проблеми се соочуваат и оние што отсустваат од работа поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, а кои поради корона-кризата остануваат дома до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот. Тие сè уште се дома, не можат да работат зошто градинките сè уште се затворени, и се оставени на милост и немилост на Фондот за здравствено осигурување. Меѓу нив има и самохрани мајки на кои ова им е единствениот приход, а и такви каде другиот родител ја изгубил работата во новонастанатава ситуација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vlasta-si-terashe-kampanja-a-gragjanite-ostaveni-bez-nadomestok-za-boleduvanje-i-porodilno/feed/ 0
„Телма“: Сопруга на вработен во СЈО го издала боледувањето на Јанева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telma-sopruga-na-vraboten-vo-sjo-go-izdala-boleduvanjeto-na-janeva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telma-sopruga-na-vraboten-vo-sjo-go-izdala-boleduvanjeto-na-janeva/#respond Tue, 30 Jul 2019 14:38:02 +0000 https://kurir.mk/?p=224749

Директорката на психијатриската болница во Негорци, Љуба Цилкова го издала боледувањето за специјалната обвинителка Катица Јанева, дознава Телма, а истите извори велат дека нејзиниот сопруг е вработен во СЈО. -Вработените во обвинителството потврдуваат дека Методи Цилков кој е сопруг на докторката е вработен во приемното одделение. И двајцата по потекло се од Гевгелија од каде доаѓа и Јанева, објави телевизијата. Од Телма се обиделе да ја проверат информацијата во болницата, но никој не се јавувал на фиксниот телефон. -Од СЈО пак само кусо одговараат дека боледувањето било прекинато за осум дена, но и по една недела нема одговор на колку денови било дадено. Вчера пак пратеникот Антонио Милошовски објави фотографија на која пишуваше дека е дадено на еден месец. Повика да се испита дали е дадено наменски, бидејќи се совпадна со денот на нејзината оставка но и со притворањето на двајцата осомничени во Рекет со кои се поврзува и името на Јанева, објави Телма.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telma-sopruga-na-vraboten-vo-sjo-go-izdala-boleduvanjeto-na-janeva/feed/ 0
Катица Јанева е на боледување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katica-janeva-e-na-boleduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katica-janeva-e-na-boleduvanje/#respond Thu, 18 Jul 2019 10:45:11 +0000 https://kurir.mk/?p=219741

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на 16-ти јули отворила боледување, информираат од СЈО за „Фокус“. Обвинителката Јанева на 15 јули преку соопштение ја информираше јавноста дека поднесува оставка, се до избирање на нејзин наследник. Истиот ден, Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага за случајот „Рекет“, по што Бојан Јовановски и Зоран Милески беа осомничени и завршија во притвор. Истиот ден по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција беше одземен мобилниот телефон на Катица, но засега таа не е осомничена во истрагата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katica-janeva-e-na-boleduvanje/feed/ 0